Common use of Обезбедување јавни електронски комуникациски услуги Clause in Contracts

Обезбедување јавни електронски комуникациски услуги. Македонски Телеком обезбедува електронски комуникациски услуги во согласност со Законот за електронски комуникации (во понатамошниот текст: Законот) и подзаконските акти. Јавните електронски комуникациски услуги се достапни на секој корисник според недискриминаторски, објективни и транспаренти услови, освен во случаи на ограничувања што се во врска со капацитетот на Македонски Телеком. Македонски Телеком нема да одбие да задоволи разумно барање за електронска комуникациска услуга од страна на кое било лице што е подготвено да ги прифати и да ги почитува условите за користење на услугите на Македонски Телеком. Македонски Телеком обезбедува приклучок и/или пристап до јавната електронска комуникациска мрежа и/или до јавните електронски комуникациски услуги на своите претплатници - крајни корисници во согласност со листата на јавно објавени услуги, содржана во официјалниот Ценовник на Македонски Телеком, врз основа на склучен договор, а по претходно добиено барање за склучување претплатнички договор, освен во случаи на ограничувања што се во врска со капацитетот и техничките можности на Македонски Телеком, за кои во писмена форма го известува подносителот на барањето.

Appears in 4 contracts

Samples: Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос