Common use of Ограничување или прекин на комуникациските услуги Clause in Contracts

Ограничување или прекин на комуникациските услуги. Македонски Телеком може привремено да го ограничи или да го прекине пристапот кон јавните електронски комуникациски услуги во следниве случаи: • доколку тоа е потребно заради реконструкција, модернизација, одржување или во случај на технички пречки или недостатоци на мрежата, до завршување на работите или отстранување на пречките; • ако се утврдат технички пречки или недостатоци на претплатничката терминална опрема или инсталации, до отстранување на овие пречки, односно недостатоци; • доколку претплатникот не ја плати сметката за користење на услугите во рокот за плаќање определен во сметката, до целосно плаќање на истата, освен во случај на поднесен приговор за износот на сметката, кога претплатникот треба да го плати износот на месечната претплата до датумот наведен во сметката, до конечноста на одлуката по приговорот; • доколку претплатникот ја користи претплатничката линија и соодветните комуникациски услуги за давање на комуникациски услуги на други лица со надомест, а без склучен соодветен договор со Македонски Телеком; • доколку утврди или доколку постои сомнеж дека претплатникот на незаконски начин се стекнал со претплатничката линија • ако претплатникот не дозволи преглед на исправноста на неговата терминална опрема или инсталации, до извршување на прегледот; • ако претплатникот приклучи терминална опрема која што не е во согласност со важечките прописи; • доколку јавната комуникациска услуга се користи или е наменета да се користи за цел спротивна на Законот за електронските комуникации, прописите донесени врз основа на него или друг закон или пропис, констатирана од страна на надлежен орган; • доколку јавната комуникациска услуга се користи или е наменета да се користи за цел спротивна на условите од претплатничкиот договор. Македонски Телеком по електронски пат, писмено или преку медиумите во случаите на привремено ограничување или прекин на пристапот кон комуникациските услуги утврдени во став 1 алинеи 1 и 2 од овој член, кои траат подолго од 30 минути ги известува корисниците и Агенцијата за електронски комуникаци најмалку 48 часа пред планираното ограничување или прекин на пристапот, како и не подолго од 48 часа по прекинот кај ограничувањата или прекините предизвикани од технички пречки или од недостатоци на мрежата. Во случај на прекин во обезбедувањето на јавните комуникациски услуги настанат поради дефект за кој Македонски Телеком не е одговорен, ги известува корисниците за очекуваното време за отстранување на дефектот и за повторното вклучување на истите во комуникацискиот сообраќај. Во случај на планирани технички работи и работни зафати, а што се однесуваат на интервенција во мрежата и опремата, Македонски Телеком навремено испраќа информација до корисниците и до Агенцијата за причините за исклучувањето, времето на исклучување и повторното вклучување. Македонски Телеком ги презема сите неопходни мерки, ограничувањата или прекините да траат што е можно пократко. Македонски Телеком не е должен однапред да го извести претплатникот за исклучувањето, доколку се: • предизвикува моментална и сериозна закана по јавниот ред, јавната безбедност, здравјето на луѓето и на животната средина или • предизвикува голема материјална или оперативна штета. Доколку е технички можно, Македонски Телеком има право да го ограничи пристапот само до оние услуги во однос на кои претплатникот не постапил според условите наведени во претплатничкиот договор, освен во случаи на злоупотреба констатирани од страна на надлежен државен орган и континуирано доцнење со плаќањето или неплаќање на сметките.

Appears in 4 contracts

Samples: Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос

Ограничување или прекин на комуникациските услуги. Македонски Телеком АД - Скопје може привремено да го ограничи или да го прекине пристапот кон јавните електронски комуникациски комуникациските услуги во следниве случаи: • доколку тоа е потребно заради реконструкција, модернизација, одржување или во случај на технички пречки или недостатоци на мрежата, до завршување на работите или отстранување на пречките; • ако се утврдат технички пречки или недостатоци на претплатничката терминална опрема или инсталации, до отстранување на овие пречки, односно недостатоци; • доколку претплатникот не ја плати сметката за користење на услугите во рокот за плаќање определен во сметката, до целосно плаќање на истата, освен во случај на поднесен приговор за износот на сметката, кога претплатникот треба да го плати износот на месечната претплата до датумот наведен во сметката, до конечноста на одлуката по приговорот; • доколку претплатникот ја користи претплатничката линија и соодветните комуникациски услуги за давање на комуникациски услуги на други лица со надомест, а без склучен соодветен договор со Македонски Телеком; • доколку утврди или доколку постои сомнеж дека претплатникот на незаконски начин се стекнал со претплатничката линија • ако претплатникот не дозволи преглед на исправноста на неговата терминална опрема или инсталации, до извршување на прегледот; • ако претплатникот приклучи терминална опрема која што не е во согласност со важечките прописи; • доколку јавната комуникациска услуга се користи или е наменета да се користи за цел спротивна на Законот за електронските комуникации, прописите донесени врз основа на него или друг закон или пропис, констатирана од страна на надлежен орган; • доколку јавната комуникациска услуга се користи или е наменета да се користи за цел спротивна на условите од претплатничкиот договор. За време на привременото прекинување на услугата во случаите утврдени во став 1 алинеи 1 и 2 од овој член со времетраење подолго од 48 часа, месечната претплата и надоместоците за дополнителните услуги се намалуваат за износ пропорционален со времетраењето на прекинот. Македонски Телеком АД - Скопје по електронски пат, писмено или преку медиумите во случаите на привремено ограничување или прекин на пристапот кон комуникациските услуги утврдени во став 1 алинеи 1 и 2 од овој член, кои траат подолго од 30 минути ги известува корисниците и Агенцијата за електронски комуникаци најмалку 48 часа пред планираното ограничување или прекин на пристапот, како и не подолго од 48 часа по прекинот кај ограничувањата или прекините предизвикани од технички пречки или од недостатоци на мрежата. Во случај на прекин во обезбедувањето на јавните комуникациски услуги настанат поради дефект за кој Македонски Телеком АД - Скопје не е одговорен, ги известува корисниците за очекуваното време за отстранување на дефектот и за повторното вклучување на истите во комуникацискиот сообраќај. Во случај на планирани технички работи и работни зафати, а што се однесуваат на интервенција во мрежата и опремата, Македонски Телеком АД - Скопје навремено испраќа информација до корисниците и до Агенцијата за причините за исклучувањето, времето на исклучување и повторното вклучување. Македонски Телеком АД - Скопје ги презема сите неопходни мерки, ограничувањата или прекините да траат што е можно пократко. Македонски Телеком АД - Скопје не е должен однапред да го извести претплатникот за исклучувањето, доколку се: • предизвикува моментална и сериозна закана по јавниот ред, јавната безбедност, здравјето на луѓето и на животната средина или • предизвикува голема материјална или оперативна штета. Доколку е технички можно, Македонски Телеком АД - Скопје има право да го ограничи пристапот само до оние услуги во однос на кои претплатникот не постапил според условите наведени во претплатничкиот договор, освен во случаи на злоупотреба констатирани од страна на надлежен државен орган и континуирано доцнење со плаќањето или неплаќање на сметките.

Appears in 2 contracts

Samples: General Terms and Conditions for Subscription Services, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос