ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРАДИЛИШТЕТО Примери за клаузули

ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРАДИЛИШТЕТО. ИЗВЕДУВАЧОТ потврдува дека е целосно запознат со односните работни активности на ГРАДИЛИШТЕТО и со сите ризици и ограничувања поврзани со истите, како и со работната, социјалната и човековата средина во која треба да се извршува секој ДОГОВОР и се обврзува уредно да го известува КУПУВАЧОТ за овие аспекти за време на целото извршување на односниот ДОГОВОР. ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги адаптира своите работи на ГРАДИЛИШТЕТО и на на работите и активностите на ГРАДИЛИШТЕТО во секоја фаза на извршувањето на УСЛУГИТЕ, земајќи ги предвид сите безбедносни правила и ЗАКОНИ. ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги земе предвид сите работи извршени на ГРАДИЛИШТЕТО било од страна на на КУПУВАЧОТ или било кое трето лице за време на истиот период и ќе ги спроведува и исполнува сите инструкции дадени од страна на Директорот на договор на КУПУВАЧОТ. ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги извршува сите мерки за спроведувањето на ДОГОВОРОТ да не може на било кој начин да влијае ниту да ја повреди продуктивноста и активностите на КУПУВАЧОТ на односното ГРАДИЛИШТЕ, и се утврдува дека модалитетите на било кое неизбежно нарушување или суспендирање на продуктивноста или активности на КУПУВАЧОТ поради работата на ИЗВЕДУВАЧОТ ќе бидат изрично претходно договорени помеѓу СТРАНКИТЕ. ИЗВЕДУВАЧОТ исто така ќе ги преземе сите заштитни мерки за избегнување на било која штета на соседите (особено во смисла на шум, прашина, нафта и било кое друго загадување) за одговорноста на КУПУВАЧОТ да не се испитува од страна на на било која јавна администрација или било кое трето лице во однос на ДОГОВОРОТ, РАБОТИТЕ, ОПРЕМАТА, и УСЛУГИТЕ, ИЗВЕДУВАЧОТ е целосно одговорен за последиците што произлегуваат од истите.

Related to ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРАДИЛИШТЕТО

  • Набавки од мала вредност Набавки од мала вредност

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • Критериум за доделување на договорот за јавна набавка 1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени. 1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ број 41/08).

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка 1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката. 1.4.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx. xxx.xx). 1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“. 1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН. Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата, интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени). Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба. 1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.