Common use of Платен одмор Clause in Contracts

Платен одмор. Член 117 Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на една календарска година во следните случаи: − за склучување брак. 3 дена − за склучување брак на дете 2 дена − за раѓање или посвојување дете 2 дена − за смрт на сопружник или дете 5 дена − за смрт на родител, брат, сестра 2 xxxx − за смрт на родител на сопружник. 2 дена − за смрт на дедо или баба 1 ден − за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот 3 дена − за селидба на семејството од едно на друго место 2 дена − за селидба на семејството во исто место 1 ден − за елементарни непогоди 3 дена − и во други случаи утврдени со колективен договор на ниво на работодавач. Во случаите од став 1, отсуството од работа се обезбедува и се користи во деновите на траењето на причината врз основа на која се остварува, без оглед на барањето на процесот на работа. Работникот може да отсуствува од работа и да му се исплатува плата и во следниве случаи: − кога е упатен на стручно усовршување или образование; − кога е упатен на научно-стручна работа; − кога е упатен на синдикално школување и усовршување. Доброволните дарители на крв имаат право на два последователни работни денови за секое давање крв и тоа денот кога дава крв и наредниот ден. Во случај на давање крв во неработен ден, дарителот има право на 2 последователни слободни работни дена. Слободните денови се сметаат како денови поминати на работа. Работникот може да отсуствува од работа во текот на календарската година без надоместок на плата и придонеси од плата најдолго 3 месеци, во следните случаи: − за нега на член на семејство; − за изградба или поправка на куќа, односно стан; − за учество на културни и спортски приредби; − за учество на конгреси, конференции и сл.; − за подготовка и полагање на стручен испит; − за лечење за своја сметка; − во други случаи по барање на работникот. За време на користење на неплатеното отсуство, на работникот му мируваат правата и обврските од работен однос. Решение за користење на отсуството од работа со надомест и без надомест на плата како и за мирување на правата и обврските предвидени со закон и со овој колективен договор, донесува надлежен орган на работодавачот. За користење на платено или неплатено отсуство од работа, работникот е должен да поднесе писмено барање до надлежниот орган на работодавачот.

Appears in 4 contracts

Samples: www.pravdiko.mk, www.pravdiko.mk, www.pravdiko.mk