Подобност на апликантите (т.е. главен апликант и ко-апликант(и)) Примери за клаузули

Подобност на апликантите (т.е. главен апликант и ко-апликант(и)). Учеството во постапки за доделување на под-грантови е регулирано со посебни критериуми за подобност кои се однесуваат на правилата за националност, како и критериуми за исклучување. За да биде подобен за грант, главниот апликант мора: - да биде правно лице регистрирано и да дејствува на територијата на Македонија ( регистрација според Законот за здруженија и фондации); - да биде непрофитна организација; - да биде директно одговорен за подготовката и управувањето со акцијата со ко- апликантот(ите), да не дејствува како посредник; - Локалните (grass-root) граѓански организации да имаат најмалку 1* година конкретно искуство во поддршка на ранливи групи (т.е. поддршка на ромската заедница во целните општини - Локалните граѓански организации да имаат помалку од 80,000 евра обрт за последната фискална година); - ГО мора да има своја регистрирана канцеларија (седиште) или, барем оперативен центар, во една од целните општини; - Секоја организација (ГО) може да поднесе само еден предлог/акциски план како апликант или ко-апликант ; - *1 цела година мора да биде исполнета во времето на поднесување на апликацијата. Потенцијалните кандидати не може да учествуваат во повици за доставување предлози или да им бидат доделени грантови ако се наоѓаат во состојба на банкрот, се прогласени за виновни, не почитување на даночен орган, се предмет на каква било казна, криминална организација, измама или перење пари. Во Анекс 2 од формуларот за аплицирање за грант („изјава од главниот апликант“), главниот апликант мора да изјави дека самиот главен апликант и ко-апликантот(ите) не се наоѓаат во ниедна од овие ситуации. Главниот апликант може да дејствува индивидуално или со ко-апликант(и). Субјектите кои се заинтерсирани да аплицираат, се охрабруваат да формираат сојуз со цел да се зголеми очекуваното влијание и ефикасноста на предложената акција (види ја евалуациската табела) Ко-апликант (и) Ко-апликантите учествуваат во креирање и спроведување на акцијата и трошоците на кои се изложени се подобни на истиот начин како и тие на кои е изложен главниот апликант. Ко-апликантите мора да ги задоволат критериумите за подобност како што е применливо за самиот главен апликант. Ко-апликантите мора да го потпишат мандатот во Анекс 3 од формуларот за аплицирање за грант. Апликантите треба да бидат во можност да обезбедат доказ за горенаведеното со презентирање на следните документи според македонскиот закон:

Related to Подобност на апликантите (т.е. главен апликант и ко-апликант(и))

  • Правниекономскифинансиски И Технички Информации IV.1)Гаранции и авансно плаќање IV.1.1)Изјава за независна понуда:Да IV.1.2)Гаранција на понудата:Не IV.1.3)Изјава за сериозност:Да IV.1.4)Гаранција за квалитетно извршување на договорот:Да [5,00%] IV.1.5)Авансно плаќање:Не IV.1.6)Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда):Не IV.2)Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1)За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2)Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3)Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4)Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5)Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6)Стандарди за управување со животна средина:

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.

  • Исправка на аритметички грешки 5.3.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин: - ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови, - ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје.

  • Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.

  • Право на учество 1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на услуга за одржување на опрема - принтери, скенери и телефонски централи. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тендерската документација и истата е составен дел на тендерската документација.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.