Посебни заклучоци и согледувања Примери за клаузули

Посебни заклучоци и согледувања. Од претходно наведената правна анализа на легислативата на Република Македонија, која се однесува на факторингот се заклучува следното: • Согласно Законот за банките, банките, вклучително и Поштенската банка, може да се бават со факторинг, но само за сметка на своите комитенти, доколку имаат 9.000.000 евра основачки капитал; • Законот за банки, овозможува и финансиски институции кои не се банки да се вршат услуги на факторинг, но во самото законодавство не се дефинира што е финансиска институција и кои услови треба да ги исполнуваат за да се основаат. Заради обезбедување на еднакви услови за вршење на дејноста факторинг, потребно е да се изедначат условите за основање на финансиска институција која ќе може да се бави со факторинг со оние за основање на банките (9.000.000 евра основачки капитал). Исто така, и на банките би требало да им се овозможи да вршат услуги на факторинг и за другите клиенти, не само за своите комитенти; • Законодавецот не ја дефинира дејноста факторинг и не дефинира кои активности се сметаат за факторинг, иако Законот за девизно работење факторингот го третира како комерцијален кредит поврзан со меѓународниот промет на стоки и услуги, односно како работи на откуп на побарувања. Во таа насока, можеби е добро да се размисли да се дефинира дејноста факторинг во

Related to Посебни заклучоци и согледувања

  • Исправка на аритметички грешки 5.3.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин: - ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови, - ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е часот. година, во

  • Лична состојба 2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор: - на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација; - кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; - на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; - на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; - кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и - кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.

  • Гаранции и авансно плаќање IV.1.1) Гаранција на понудата:Не

  • Авансно плаќање 7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1) Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба

  • АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.