Постојна околина Примери за клаузули

Постојна околина. Општина Прилеп е лоцирана во централниот дел на јужниот регион на Република Македонија. Таа се протега преку Прилепско поле, што го претставува северниот дел на најголемата низина во Република Македонија, Пелагонија. Градот е лоциран на 620-650 m надморска висина и претставува административен центар на регионот. Градот е сообраќајно поврзан со Прилеп и Битола со пат и со железница, покрај патниот пристап до Охрид (преку Ресен) и до Кичево. Опсегот на локалната индустрија е скромен, а не обемен за град со население како што е Прилеп. Во неа доминираат воспоставените индустриски дејности - агробизнис, прехранбениот и производниот сектор, коишто постојат во Прилеп веќе долга низа години. Неколку поголеми индустриски работодавачи во Прилеп ги вклучуваат фабриката за тутун, текстилната фабрика „Билјана“, Прилепска пиварница (производител на пијалаци) и Прилепската фабрика за мермер. Планот за развој на градот до 2011 година содржи индустриска зона резервирана за југозападниот сектор на сливот, наменет за идното проширување на индустријата. Општината Прилеп зафаќа 18,248 ha обработливо земјиште, што е еквивалентно на 33% од целокупната површина на Општината. Тутунот е главна земјоделска култура во Општината, каде што исто така се одгледуваат и луцерка и различни градинарски производи за пласман на пазарот. Прилепска река тече низ градскиот центар на Прилеп пред своето влевање во Црна Река на околу 18 km југозападно од Прилеп. Прилеп има значајни атракции за посетители, лоцирани во блиската околина, како што се Црквата Св. Xxxxxx, Манстирот Трескавец и тврдината Маркови Кули. Видот на посетителите, во најголем дел, се дневни минувачи и викенд посетители. За Градот Прилеп не постои пречистителна станица за отпадни води и градската канализација (околу 400 l/s) сега испушта нетретирани отпадни води во реката Прилепска на локација на околу 2 km југозападно од центарот на градот. Канализацискиот систем за (фекални) отпадни води се состои од цевковод од околу 75 km со пречник меѓу 200 m и 700 m, поставен на просечна длабочина од околу 3.1 m. Покрај легалната канализациска мрежа, постои значителен број на илегални, приватно изградени комбинирани канализациски приклучоци, инсталирани од сопственици на индивидуални куќи. Најголем дел од индустриската област на запад од градот не е приклучена на канализацијата и во моментов ги испушта ефлуентите во површинските одводни канали и водотеци, коишто на крајот завршуваат во Прилепска река. Само околу 75% од сегашното население н...

Related to Постојна околина

  • Лична состојба 2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор: - на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација; - кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; - на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; - на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; - кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и - кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган. 2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган; - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган; - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран или доказ за одобрено одложено плаќање на истите. - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство, - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност. 2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува во електронска форма и со електронски потпис ја потпишува самиот економски оператор и истата не треба да биде заверена од надлежен орган. 2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија. 2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи. 2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија. 2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад. 2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи V.2) Услови за доставување на понудите V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до 10.05.2019 во 12:00 часот V.2.2) Краен рок за поставување прашања: 04.05.2019 15:30 V.3) Период на важност на понудата: 90 денови V.4) Услови за отворање на понудите Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите 10.05.2019 во 12:00 Место: скопје V.5) Дополнителни информации V.6) Датум на објава: 26.03.2019

  • Клучен персонал Понудувачот мора да прикаже дека ќе има соодветно квалификуван (и во соодветен број) Клучен персонал, како што е прикажано во табелата подолу, кои се потребни за изведба на Договорот. Понудувачот ќе обезбеди детали за клучниот персонал и другите клучни лица кои Понудувачот смета дека се соодветни, заедно со нивните академски квалификации и работно искуство. Понудувачот ќе ги пополни релевантните обрасци дадени во Поглавје IV, Обрасци на понудата. Изведувачот ќе побара согласност од Работодавачот доколку треба да направи замена на клучниот персонал (Посебни услови на договорот 9.1).

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката. 6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи: - податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште), - податоци за застапникот или полномошникот, - назив и седиште на договорниот орган, - број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка, - број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган, - податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган, - опис на фактичката состојба, - опис на неправилностите и образложение по истите, - предлог на докази, - жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и - потпис на овластено лице. 6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката. 6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена. 6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до Договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата Договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот. 6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа: - до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност, - од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност, - од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомес- ток од 300 евра во денарска противвредност или - над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност. 6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Разлики во цена (корекција на цени) 7.3.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.

  • НАДОМЕСТ НА ШТЕТА Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска. До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.

  • Општи Информации Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење: