Потреба од предложениот проект Примери за клаузули

Потреба од предложениот проект. Со цел да се постигнат целите на Европската Унија за интеграција на енергијата од обновливи извори на енергија (ОИЕ), Северна Македонија прави напори за да ја зголеми интеграцијата на овие извори на енергија во националниот електроенергетски систем. Имајќи ги предвид поволните климатски услови, инвестициите во обновливи извори на енергија (ветерна енергија, сончева енергија и хидроенергија) се економски најпогодни во југоисточниот дел на Северна Македонија. Оттука е за очекување дека најголем дел од инвестициите за искористување на обновливите извори на енергија се /ќе бидат лоцирани во овој регион (слика подолу). Преносната мрежа во овој дел на Македонија се приближува кон крајот на својот животен век, и нема капацитет на неа да се поврзат нови, обновливи извори на енергија. Како таква, мрежата треба да се реконструира поради нејзината застареност. Освен тоа, Проектот ќе обезбеди и поголема сигурност во снабдувањето. Во оваа фаза, Проектот е разработен на ниво на изводливост – во толку детали колку што се смета дека е доволно за да се утврди дали предложените интервенции се технички изводливи и за да се овозможи првична оцена на нивниот еколошки и социјален интегритет, односно на нивните еколошки и социјални влијанија, т.е. на ниво на техничка оцена (концептуално решение) што одговара на студија за изводливост. Од тие причини, степенот на деталност на оваа Оцена на ЖСС е во согласност со концептуалното решение на Проектот, чијашто содржина и чијшто опсег не се конкретно уредени со релевантното македонско законодавство.1 Како такво, концептуалното решение не се смета за формален проектантски документ, и за него не е потребен процес на давање административна согласност за да биде усвоено од надлежните органи. Понатамошното проектирање, вклучувајќи ја и прецизната локација на столбовите (за новите далноводи), и новите пристапни патеки (каде што се потребни), ќе се изврши штом ќе се разработи техничкиот проект(идеен проект и проект на изведена состојба) согласно барањата на релевантното македонско законодавство и пред да се започне со изградбата.

Related to Потреба од предложениот проект

  • ДОГОВОРЕН ОРГАН I.1) Податоци за договорниот орган

  • ОУД 8.1 Ангажирање на други изведувачи: Не се применува.