Првенство на минување. Релевантното македонско законодавство3 бара да се воспостави заштитен појас (безбедносен појас) или првенство на минување (ПМ) по должина на далноводот и во близина на трансформаторската станица. Овој појас е пропишан со Мрежните правила на МЕПСО, согласно кои – „заштитниот појас е површината и просторот под, над и покрај постојните електроенергетски преносни објекти, потребен за просторно планирање, заштита и одржување на истите, во кој е ограничено правото на сопственост или е ограничена можноста за изведување градежни работи и други активности без дозвола дадена од МЕПСО“.4За оперативниот далновод, заштитниот појас се одредува според напонот на водот: 30 м и 20 м широк коридор по должина на трасата на водот, за 400 kV и 110 kV соодветно. За оперативната трансформаторска станица со номинален напон од 400 kV и 110 kV, потребното безбедносно растојание изнесува 5 метри од надворешниот раб на оградата или ѕидот на трансформаторската станица. Целта на оваа регулатива е да се овозможи непречено функционирање на преносната мрежа, да се осигура безбедното работење, да се исполнат барањата на санитарните и безбедносните норми, и да се спречат несреќи. Во заштитниот појас не смеат да се градат згради и други објекти, а се ограничуваат и одредени други активности со цел да се осигура безбедното работење на далноводот, но и безбедноста на луѓето. Ова претежно се однесува на земјоделските активности во рамките на ПМ, што вклучува одгледување растенија и дрвја кои достигнува ат височина којашто може да 3 Правилник за изградба на надземни електроенергетски водови со номинален напон од 1 kV до 400 kV (Службен весник на РМ бр. 25 од 1.2.2019) 4 Мрежни правила на МЕПСО (2021) претставува оперативен безбедносен ризик по далноводот5, или земјоделски техники кои подразбираат употреба на опрема за прскање, како и фиксна или преносна опрема за наводнување. Исто така, потребно е да се отстранат дрвјата и вегетацијата од ПМ заради безбедно работење на далноводот. Затоа, во подрачја со шуми и шумско земјиште, ќе биде потребно да се изврши расчистување на обете страни од далноводите во рамките на заштитниот појас, согласно правилата дефинирани со релевантното македонско законодавство6.