Права на Македонски Телеком АД - Скопје Примери за клаузули

Права на Македонски Телеком АД - Скопје. Во согласност со развојната програма и техничките планови, да изврши промена на повикувачкиот број на претплатникот, согласно со важечките законски прописи, со претходно известување на претплатникот за промената и за новиот повикувачки број, доставено до претплатникот најдоцна 15 дена пред промената. Од своите Претплатници да ги побара личните податоци утврдени со закон. Да ги користи личните податоци на претплатниците за директен маркетинг на производи и/или услуги на Операторот единствено со нивна предходна согласност, со обврска на претплатниците да им овозможи во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства, да го спречат користењето на нивните лични податоци. Да ги обработува податоците за сообраќај заради маркетинг на електронски комуникациски услуги или заради давање услуги со додадена вредност, за периодот на времетраење на претплатничкиот договор. Со потпишувањето на претплатничкиот договор, се смета дека Претплатникот дал согласност за обработка на податоците за сообраќај за погоренаведените цели. Да наплатува надоместок за почетно приклучување, месечен надоместок за претплатничка линија (претплата), како и надоместок за остварениот обем на комуникациски сообраќај и дополнителните услуги што ги користи. За повторно вклучување на исклучената претплатничка линија поради ненавремено плаќање или неплаќање на сметката, да го задолжи претплатникот, покрај заостанатиот долг, да плати надоместок за повторно приклучување на претплатничката линија, во согласност со Ценовникот. Да стави забрана на користење на дополнителни услуги и услуги со додадена вредност, кои Македонски Телеком АД - Скопје со посебен договор ги обезбедува од некои оператори и/или даватели на услуги, а за кои претплатникот при користењето на тие услуги направил долг што не го платил во рокот определен со претплатничкиот договор. Доколку е технички можно, Македонски Телеком АД - Скопје има право да го ограничи пристапот само до оние услуги во однос на кои претплатникот сторил повреда, освен во случај на злоупотреба и континуирано доцнење со плаќањето или неплаќање на сметките. Да врши преглед и контрола на исправноста на терминалната опрема и на инсталациите на претплатникот. Поради ненавремено плаќање на сметките, да изврши исклучување и на другите претплатнички линии вклучени во ист претплатнички договор, дури и ако другите сметки претплатникот ги платил на време. Да пристапи кон конечно прекинување на услугите во случај на злоупотреба или постојано одлагање на плаќањет...

Related to Права на Македонски Телеком АД - Скопје

  • Исправка на аритметички грешки 5.3.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин: - ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови, - ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена. 5.3.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги корегира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него. 5.3.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде издадена негативна референца од страна на договорниот орган заради прекршување на изјавата за сериозност на понудата.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) . 4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. 4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Способност На Економските Оператори 6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.

  • Инструкции За Економските Оператори II ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • Правниекономскифинансиски И Технички Информации IV.1)Гаранции и авансно плаќање IV.1.1)Изјава за независна понуда:Да IV.1.2)Гаранција на понудата:Не IV.1.3)Изјава за сериозност:Да IV.1.4)Гаранција за квалитетно извршување на договорот:Да [5,00%] IV.1.5)Авансно плаќање:Не IV.1.6)Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда):Не IV.2)Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1)За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2)Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3)Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4)Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5)Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6)Стандарди за управување со животна средина:

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]