Common use of Промена на претплатнички број Clause in Contracts

Промена на претплатнички број. Секоја претплатничка линија добива свој претплатнички број, кој го определува Македонски Телеком, а по претходно добиено решение за доделување на броеви и серии на броеви од страна на Агенцијата за електронски комуникации во согласност со Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги во Република Македонија. Македонски Телеком може да го промени претплатнички број на претплатничката линија поради технички причини, без согласност од претплатникот, со писмено известувањенајмалку 30 дена пред промената. Во ваков случај, претплатникот нема право на надомест на штета настаната како последица на промена на корисничкиот повикувачки број. Стариот повикувачки број за период од минимум 30 дена не се доделува на друг претплатник. Во системите во кои постојат технички можности, се даваат говорни известувања за промената на броевите, така што за време од 30 дена на секој повик упатен од стариот број се дава известување за настанатата промена со информација за новиот број. За претплатниците - правни лица, известувањето за настанатата промена на броевите се дава за време од 60 дена. Промена на претплатничкиот број може да се изврши и по барање на претплатникот со поднесување на писмено барање до Македонски Телеком, доколку претплатникот претходно ги намири сите стасани обврски кон Македонски Телеком. Претплатникот може да бара измени на претплатнички број на претплатничката линија, а Македонски Телеком по правило ако за тоа постојат технички можности, го одобрува. За истата услуга Македонски Телеком може да наплати соодветен надоместок, согласно со Ценовникот. Претплатникот може да се изјасни дали сака новиот претплатнички број да биде соопштуван од Службата за информации и објавен во именикот на Македонски Телеком.

Appears in 4 contracts

Samples: Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос