Резиме на прашањата на квалитетот на животната средина Примери за клаузули

Резиме на прашањата на квалитетот на животната средина. Податоците за квалитет на водата укажуваат дека Прилепска река е категоризирана како Класа IV / Класа V – загадена, изразено еутрофна вода / многу загадена, хипертрофна вода според индикаторите за микробиолошко загадување, а во Класа V - многу загадена, хипертрофна вода според физичко-хемиската анализа поради зголемените вредности за амонијакот, во согласност со Уредбата за класификација на водите. Според официјалното мислење и податоците на Управата за хидрометеоролошки работи во однос на сегашното испуштање на непречистени отпадни води во Прилепска река, постои голема веројатност за избивање на епидемија и пролиферација на заболувања предизвикани од вода, како што се хепатитис и гастроентеритиса. Покрај тоа, се смета дека природното живеалиште и водниот екосистем се уништени. Продолженото испуштање на урбани непречистени отпадни води во Прилепска река ја загадува и Боротинска река и има негативно влијание на квалитетот на водите во Црна река, преку Пелагониската низина. Јасно е дека денес Прилепска река е под значителен еколошки стрес во поголед на нејзиното оптоварување со нутриенти. Во реалност, таа нема преостанат капацитет за прифаќање на понатамошни оптоварувања со непречистени комунални отпадни води од сегашното и идното население на урбаниот слив од Прилеп.

Related to Резиме на прашањата на квалитетот на животната средина

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Извор на средства 1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ Вкупната вредност на овој договор изнесува: - Вкупно без ДДВ ,00 денари - ДДВ 18% ,00 денари Вкупно со ДДВ ,00 денари Со зборови денари, со вклучен ДДВ.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .