СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАД СКОПЈЕ Примери за клаузули

СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАД СКОПЈЕ. Град Скопје е главниот град во Република Македонија и претставува административен, политички, стопански, културен и образовно – научен центар. Се наоѓа на средишниот дел на Балканскиот полуостров, распространет на бреговите на реката Вардар. Територијата на Град Скопје е конципирана како склоп на 10 општини со своите локални самоуправи, како и заедничката самоуправа на Град Скопје. Статусот и надлежностите на општините се утврдуваат со законот за децентрализација, а статусот и надлежностите на Град Скопје се дефинирани со Законот на Град Скопје (Сл. Весник бр.55/2004) Правните и територијалните ограничувања укажуваат на тоа дека Градот Скопје е надлежен за булеварите, главните улици, културните објекти, средните училишта и библиотеките, а општините се задолжени за споредните улици, основните училишта и детските градинки. Во насока на спроведување на енергетските и еколошките политики, во февруари 2006 година , Скопје стана член на мрежата на енергетски градови – Energie CITIES, со цел да се постигне развој на партнерство меѓу градовите, размената на искуства и технологии во областа на управувањето со енергијата , развој на локалните обновливи извори на енергија, како и во намалување на загадувањето и емисиите на штетни гасови. Во 2008 на иницијатива на ЕУ за поврзување на градоначалниците со цел размена на искуства за подобрување на ЕЕ, Градот Скопје ја потпиша Спогодбата на градоначалниците со што се обврза да изготви Акциски план за одржлив енергетски развој (Sustainable Energy Action Plan ‐ SEAP). Како поддршка на оваа иницијатива во 2009 год изготвена е Студија за ЕЕ на објектите на Град Скопје. Акцискиот план за одржлив енергетски развоја на Град Скопје е усвоен за период 2011 – 2020 (СЕАП) и претставува локална енергетска стратегија на Градот Скопје за целокупната територија. Овој план дава конкретни насоки за спроведување на мерки за ЕЕ на градско ниво, со кои оваа Програма за ЕЕ на Град Скопје треба да се усогласи. 3.1 Применет метод за детална обработка на Програмата за ЕЕ

Related to СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Инструкции За Економските Оператори II ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ

  • Правниекономскифинансиски И Технички Информации IV.1)Гаранции и авансно плаќање IV.1.1)Изјава за независна понуда:Да IV.1.2)Гаранција на понудата:Не IV.1.3)Изјава за сериозност:Да IV.1.4)Гаранција за квалитетно извршување на договорот:Да [5,00%] IV.1.5)Авансно плаќање:Не IV.1.6)Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда):Не IV.2)Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1)За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2)Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3)Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4)Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5)Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6)Стандарди за управување со животна средина:

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) . 4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. 4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]