We use cookies on our site to analyze traffic, enhance your experience, and provide you with tailored content.
For more information visit our privacy policy.НАДОМЕСТ НА ШТЕТА Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска. До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.
Правниекономскифинансиски И Технички Информации IV.1)Гаранции и авансно плаќање IV.1.1)Изјава за независна понуда:Да IV.1.2)Гаранција на понудата:Не IV.1.3)Изјава за сериозност:Да IV.1.4)Гаранција за квалитетно извршување на договорот:Да [10,00%] IV.1.5)Авансно плаќање:Не IV.1.6)Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда):Не IV.2)Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1)За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2)Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3)Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4)Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5)Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6)Стандарди за управување со животна средина:
Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката. 6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи: - податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште), - податоци за застапникот или полномошникот, - назив и седиште на договорниот орган, - број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка, - број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган, - податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган, - опис на фактичката состојба, - опис на неправилностите и образложение по истите, - предлог на докази, - жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и - потпис на овластено лице. 6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката. 6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена. 6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до Договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата Договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот. 6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа: - до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност, - од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност, - од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомес- ток од 300 евра во денарска противвредност или - над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност. 6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал бво моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.
Исправка на аритметички грешки 5.3.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин: - ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови, - ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена. 5.3.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги корегира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него. 5.3.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде издадена негативна референца од страна на договорниот орган заради прекршување на изјавата за сериозност на понудата.
Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање. 1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2. 1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и 4.9 од Инструкциите за понудувачите.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1)Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба