ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Примери за клаузули
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ. Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал бво моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ. 1. Настанот со оглед на кој се склучува осигурувањето (осигурениот случај) мора да биде иден, неизвесен и независен од исклучивата волја на договарачот.
2. Договорот за осигурување е ништовен доколку во моментот на неговото склучување веќе настанал осигурениот случај, или тој бил во настапување, или било извесно дека ќе настапи, или доколку веќе тогаш престанала можноста тој да настане.
3. Во случај кога е договорено дека со осигурувањето ќе биде опфатен определен период кој му претходи на склучувањето на Договорот, Договорот ќе биде ништовен само доколку во моментот на неговото склучување на заинтересираната страна ѝ било познато дека веќе настанал осигурениот случај, односно дека веќе тогаш престанала можноста тој да настане.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ. Како осигурен случај се смета оштетно побарување кое нарачателот на услугата или трето лице писмено го бара од осигуреникот и од осигурувачот, и двете за времетраење на осигурувањето односно најдоцна во рок од 30 дена по истекот на осигурувањето, за стручна грешка до која дошло за времетраење на осигурувањето, освен ако не е поинаку договорено.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ. Осигурен случај е иден, неизвесен и независен од исклучивата волја на осигуреникот, штетен настан, врз основа на кој трето оштетено лице би можело да бара надомест на штета. Се смета дека осигурениот случај настанал оној момент кога таквиот настан почнал да се остварува.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ. За осигурен случај според овие услови се смета законската одговорност на нотарот и заменикот на нотарот за пропуст или грешка во вршење на нотарската служба (во поединечен нотарски акт, записник или потврда, односно при застапување пред судовите или друг орган на власта), со што ќе предизвика штета на трети лица во време на осигурувањето. Се смета дека осигурениот случај настанал оној момент кога се остварил штетен настан врз основа на кој би можело да се истакне оштетно барање од трето лице за чисто имотна штета. Осигурениот случај треба да биде иден, неизвесен и независен од исклучива воља на осигуреникот. Се смета дека осигурениот случај настанал тогаш кога е сторено дејствие, односно настанало пропуштање при обавување на дејност означена во полисата, со кое е предизвикана чиста имотна штета на трето лице.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ. 1. Настанот со оглед на кој се склучува осигурувањето (осигурениот случај), мора да биде иден, неизвестен и независен од исклучивата волја на осигуреникот.
2. Договорот за осигурување е ништовен ако во моментот на неговото склучување веќе настанал осигурениот случај, односно настанала смрт на осигуреникот од несреќен случај или утврден траен инвалидитет од над 50%, или тој бил во настапување или било извесно дека ќе настапи, или ако веќе тогаш престанала можноста тој да настане.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ. 1. Осигуреникот или корисникот се должни по настапот на осигурениот случај да поднесат до осигурувачот писмена пријава во рок од 14 дена од денот на настанот.
2. Пријавата се пополнува на соодветен образец на осигурувачот и со неа се поднесуваат следните документи: • оригинал полиса за осигурување на живот; • доказ за датумот на раѓање на осигуреникот и копија од документ за идентификација.
3. Ако настапи смрт на осигуреникот: • Извод од матична книга на умрените или некоја друга соодветна службена исправа која ја докажува смртта на осигуреникот; • Xxxxxxxx извештај за времето, причината за настанување на смрт; • Потврда од лекарот кој го лекувал починатитот; • Решение за наследување, ако како корисник со полисата се одредени законски наследници; • Доказ за роднинските врски, ако корисникот не е одреден со именување;
4. Осигурувачот има право да бара и други докази потребни за утврдување на правото на исплата.
5. Подносителот на пријавата ги сноси трошоците кои настанале во врска со пријавувањето на осигурениот случај.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ. [1] Се смета дека осигурен случај настапил оној момент кога настанала една од осигурените опасности опфатени со ова осигурување. [2] По исклучок, со претходна согласност на осигурувачот, се смета дека осигурен случај настанал во моментот кога осигуреното животно поради осигурен ризик било предадено на принудно колење. [3] Кај осигурувањето за лекување на животните, осигурен случај настанал оној момент кога животното заболело, односно во времето на извршување на договорените здравствени услуги. [4] По настанувањето на осигурен случај кај кој осигурените животни поради болест или повреда се лекувани, осигурителното покритие се продолжува (ако не е поинаку договорено), а за животните кои поради настанување на осигурен случај пцовисале или биле принудно заклани, осигурителното покритие престанува. [5] Договорот за осигурување е ништовен ако во моментот на неговото склучување веќе настанал осигурен случај или тој бил во настанување, или било извесно дека ќе настане, или ако веќе тогаш постоела можност тој да настане.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ. Според овие услови се смета дека настанал еден од осигураните случаи во рамките на времетраење на осигурувањето и тоа денот кога:
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ. Кај осигурувањето од одговорност се смета дека настанал осигурен случај во моментот на настанување на штетниот настан што е опфатен со склучениот договор за осигурување и поради кој против осигуреникот можат да се поднесат оштетни побарувања.