ДОГОВОР ЗА ПРЕПРОДАЖБА НА BOOM TV ДИГИТАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА
ДОГОВОР ЗА ПРЕПРОДАЖБА НА BOOM TV ДИГИТАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА
Склучен помеѓу
А1 Македонија ДООЕЛ Скопје
и
[ПРEПРОДАВАЧ]
2019 година
Договор за препродажба на BoomTV дигитална телевизија Договор за препродажба на BOOM TV дигитална телевизија (во понатамошниот текст: Договор)
склучен помеѓу
Друштво за комуникациски услуги A1 Македонија ДООЕЛ Скопје, Плоштад Пресвета Богородица бр.1, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, ЕМБС: 7068310, претставувано од Извршниот директор Xxxxxx Xxxxx п.п. и Раководителот за корпоративни и правни работи Xxxxxx Xxxxxxxxx п.п. (во понатамошниот текст „Оператор“) од една страна
и
[ПРЕПРОДАВАЧ], со седиште на [адреса], [град], Република Северна Македонија, ЕМБС/Регистарски бр. [ ЕМБС ], претставувано од [Управител] (во понатамошниот текст
„ПРЕПРОДАВАЧ“) од друга страна,
во понатамошниот текст заеднички именувани како „Страни”
со следните рокови и услови:
СОДРЖИНА
Главен Дел:
1. ЦЕЛ НА ДОГОВОРОТ 4
2. ОПШТА ОСНОВА ЗА СОРАБОТКА НА СТРАНИТЕ 4
3. ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ПРИСТАП ДО УСЛУГАТА ЗА ПРЕПРОДАЖБА НА BOOMTV ДИГИТАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА 6
4. БАРАЊА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА 7
5. РАБОТА И ОДРЖУВАЊЕ, ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРЕЧКИ И БЕЗБЕДНОСТ НА МРЕЖА
7
6. НАДОМЕСТОЦИ, ФАКТУРИРАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ | 8 | |
7. КОМУНИКАЦИЈА | 11 | |
8. ОБВРСКИ ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ | 13 | |
9. ДОВЕРЛИВОСТ | 14 | |
10. ПРЕНЕСУВАЊЕ И ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРАВА | 14 | |
11. ВИША СИЛА | 15 | |
12. ПРИВРЕМЕН ПРЕКИН НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА | 16 | |
13. ПРЕКРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ И ЗАКОНСКИ ПОСЛЕДИЦИ | 17 | |
14. ДЕЛОКРУГ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ | 20 | |
15. ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРЕПРОДАЖБА | НА | BOOMTV |
ДИГИТАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА | 21 | |
16. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ | 22 | |
17. ВАЖЕЧКИ ЗАКОН, РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ | 23 | |
18. ОСТАНАТИ И ПРЕОДНИ ОДРЕДБИ | 24 | |
ПРИЛОЗИ: ПРИЛОГ 1: ДЕФИНИЦИИ И ОБЈАСНУВАЊА ПРИЛОГ 2: ОПИС НА УСЛУГАТА ПРИЛОГ 3: НАДОМЕСТОЦИ ПРИЛОГ 4: ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРЕЧКИ ДОДАТОЦИ: ДОДАТОК А: ПРИЈАВА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРЕЧКИ ДОДАТОК Б: ОПЕРАТИВНИ ТОЧКИ ЗА КОНТАКТ |
ДОДАТОК В: ЛИСТА НА ТЕЛЕВИЗИСКИ КАНАЛИ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ОПЕРАТОРОТ
1. ЦЕЛ НА ДОГОВОРОТ
1.1 Цел на Договорот за препродажба на Boom TV дигитална телевизија
Целта на овој договор е да обезбеди што е можно поширока распространетост и употреба на услуги за дигитална телевизија меѓу корисниците; да ги регулира прашањата за соработка во врска со препродажбата на услуга за дигитална телевизија помеѓу Операторот и ПРЕПРОДАВАЧОТ; да му овозможи на ПРЕПРОДАВАЧ да ги обезбедува и продава кон крајни корисници, услугите кои се предмет на овој договор под Boom TV брендот.
1.2 Структура на Договорот
1.2.1 Главен текст, негови прилози и додатоци
Договор за препродажба на Boom TV дигитална телевизија се состои од главен текст на Договорот и приложените прилози и додатоци, кои претставуваат составен и неодвоив дел на истиот, како што се наведени во Содржината.
1.2.2. Дефиниции
Термините кои се користат во овој договор, дефинициите на термините и кратенките кои се користат се содржани во Прилог 1 (Дефиниции и објаснувања).
1.3 Предмет на Договорот
1.3.1 Операторот е обврзан да му обезбеди и продаде на ПРЕПРОДАВАЧОТ BoomTV дигитална телевизија, според условите и роковите утврдени во овој Договор. За таа цел, Операторот ќе ги обезбеди сите технички средства и услови и ќе ги изврши сите активности потребни за обезбедување на услуги кон ПРЕПРОДАВАЧОТ.
1.3.2 Техничките карактеристики, вклучувајќи ги и деталните технички спецификации, како и информации за квалитетот на дигиталната телевизија, се дадени во Прилог 2 (Опис на услугата), како составен дел на овој Договор.
1.3.3 ПРЕПРОДАВАЧОТ е должен да достави Xxxxxx за препродавање на BOOM TV во кое ќе ги наведе своите намери а склучување на договор за препродажба на BoomTV дигиталната телевизија. Барањето ќе биде составен дел на овој договор.
2. ОПШТА ОСНОВА ЗА СОРАБОТКА НА СТРАНИТЕ
2.1 Операторот гарантира дека своето делување во врска со предметот на овој Договор ќе го услогласи со следното:
а) ќе обезбеди ист квалитет на услугите предмет на овој договор кон ПРЕПРОДАВАЧОТ, како што обезбедува и кон било која трета страна;
б) поседува национална лиценца за пренос на дигитални телевизиски услуги преку јавна комуникациска мрежа (DVB-T) во Република Македонија доделена од Владата на Република Македонија; и
в) Во случај кога Операторот треба да ги обезбеди и правата за дистрибуција на телевизиски сигнали, Операторот гарантира дека поседува легално договорени права за дистрибуција на индивидуалните телевизиски сигнали во Република Македонија од оригиналните сопственици на тие права, односно дека ги има регулирано сите авторски и сродни права во врска со програмските сервиси, односно содржини, за целиот период на времетраењето на овој Договор. Операторот гарантира дека склучувањето на овој Договор и неговото целосно исполнување нема да повреди права на трети лица утврдени со закон и/или каков било друг договор.
г) Операторот се обврзува на ПРЕПРОДАВАЧОТ, да му ја обезбеди услугата програмски водич (EPG) која е составен дел од BOOM TV услугата.
д) Операторот се обврзува реемитувањето на програмите, односно на делата содржани во нив, да биде истовремено, непроменето и непрекинато како и без додатоци или измени.
ѓ) Операторот ќе вложи соодветен напор да овозможи квалитетно реемитување на програмските сервиси од овој договор во согласност со технолошките можности и техничкото поврзување на договорните страни.
е) Страните се согласни да се исклучи било каква одговорност на страната на ПРЕПРОДАВАЧОТ за правата на содржината и програмските сервиси што ги ре-емитува освен кога ПРЕПРОДАВАЧОТ е обврзан да потпише директни договори со оригиналните сопственици на телевизиските права за оние телевизии кои се реемитуваат на ДВБ-Т платформата. Доколку било која трета страна поднесе оштетно барање до ПРЕПРОДАВАЧОТ, поврзано со авторските и други сродни права на содржината и програмските сервиси, Операторот е согласен да стапи во целост на местото на ПРЕПРОДАВАЧОТ по писмено барање од ПРЕПРОДАВАЧОТ доколку ОПЕРАТОРОТ е одговорен да ги обезбеди овие права, како и да ги вложи сите напори јавно да објави дека ПРЕПРОДАВАЧОТ не е одговорен за регулирањето на авторските и други сродни права и дека склучувањето на овој Договор и неговото целосно исполнување не ги повредува права на трети лица утврдени со закон и/или каков било друг договор. Доколку ПРЕПРОДАВАЧОТ е одговорен да обезбеди соодветни дозволи од оригиналните сопственици на телевизиските права, тогаш ОПЕРАТОРОТ е исклучен од било каква одговорност по било какво оштетно барање.
2.2 ПРЕПРОДАВАЧОТ гарантира дека своето делување во врска со предметот на овој Договор ќе го услогласи со следното:
а) продава дигитални телевизиски програмски пакети во иста форма како што се дефинирани за BoomTV и кои се обезбедени со овој Договор само до крајни корисници со кои има склучено претплатнички договор. ПРЕПРОДАВАЧОТ има право да ја препродаде услугата предмет на овој Договор, единствено на претпријатија со кои е капитално поврзан и/или се во негова сопственост.
б) за прием на дигитални телевизиски сигнали ќе ја користи и дистрибуира само онаа корисничка опрема (CPE) која е набавена од Операторот и/или производителот препорачан од Операторот;
г) во врска со дистрибуцијата на телевизиски сигнали, работи во согласност со легислативата за права на интелектуална сопственост.
2.3 Меѓусебна соработка и заштита
2.3.1 За да се постигне целта дефинирана во член 1.1,
а) ПРЕПРОДАВАЧОТ ќе направи сe што е во негова моќ да го заштити интегритетот и безбедноста на мрежата на Операторот;
б) Страните ќе направат се што е во нивна моќ да ги заштитат податоците кои ги разменуваат меѓусебно и да обезбедат нормално функционирање на услугите.
2.3.2 ПРЕПРОДАВАЧОТ има право да ја користи ознаката и називот BoomTV. ПРЕПРОДАВАЧОТ нема право да користи било која друга ознака на услуга, трговски називи, дизајни, заштитни знаци или права на слична интелектуална сопственост на Операторот или било кое негово структурно поврзано претпријатие освен оние за кои писмено ке добие согласност. ПРЕПРОДАВАЧОТОТ, во своите договори со крајните корисници може да наведе дека за обезбедување на услугата ја користи Boom TV дигиталната телевизија обезбедена од Операторот.
3. ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ПРИСТАП ДО УСЛУГАТА ЗА ПРЕПРОДАЖБА НА BOOMTV ДИГИТАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА
3.1 Покриеност на Услугата
Географската покриеност на територијата на Република Македонија каде што услугата за BoomTV дигитална телевизија е обезбедена од страна на Операторот е дефинирана во Прилог бр. 2 (Опис на Услугата).
3.2 Техничко решение за пристап до Услугата за дигитална телевизија
Општите карактеристики и имплементацијата на услугата за препродажба на BoomTV дигитална телевизија се содржани во Прилог бр. 2 (Опис на Услугата).
3.3 Технички измени и развој
Доколку Операторот планира да ја менува или развива својата мрежа и/или услуги, кои се очекува да имаат техничко или оперативно влијание на страната на ПРЕПРОДАВАЧОТ, Операторот ќе го информира ПРЕПРОДАВАЧОТ за истото вклучувајќи го и планираниот датум и време за имплементација како што е наведено во член 5.1.2.
4. БАРАЊА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
4.1 Барања
За активација и деактивација на услугата за BoomTV дигитална телевизија за крајните корисници, ПРЕПРОДАВАЧОТ треба да достави барање до Операторот.
За таа цел, Операторот ќе овозможи соодветен интерфејс кон неговата DVB-T платформа преку кој ПРЕПРОДАВАЧОТ ќе доставува барања за активацијата и деактивација на услугата за дигитална телевизија за крајните корисници.
За секое реализирано барање за активација или деактивација на услугата за BoomTV дигитална телевизија (независно дали е привремена), преку интерфејсот (Web service) кон својата DVB-T платформата Операторот ќе обезбеди повратна информација или променет статус како потврда за реализација на барањето.
4.2 Имплементација
Операторот ќе овозможи реализација на барањата на ПРЕПРОДАВАЧОТ за активацијата и деактивација на Услугата за дигитална телевизија за крајните корисници според постапката и со почитување на крајните рокови утврдени во Прилог бр. 2 (Опис на услугата)
4.3 Активирање на услуга и фактурирање
Активацијата на услугата за BoomTV дигитална телевизија за краен корисник почнува во моментот на активација на програмската картичка, а престанува по истекот на 12 месеци од денот на активација. Соодветно на тоа, Операторот пресметува, односно издава 12 фактури за месечни надоместоци за користење на услугата за дигитална телевиија од краен корисник, сметајќи од денот кога е активирана програмската картичка па за секој месец во кој услугата е извршена.
5. РАБОТА И ОДРЖУВАЊЕ, ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРЕЧКИ И БЕЗБЕДНОСТ НА МРЕЖА
5.1 Извршување на однапред закажани активности за одржување
5.1.1 Операторот е согласен да работи со системи за постојан надзор на предавателската мрежа (дваесет и четири часа на ден, седум дена во неделата) За сите поголеми испади во предавателската мрежа, Операторот ќе испрати известување до ПРЕПРОДАВАЧОТ заедно со проценка на потребното време за отколнување на проблемот.
5.1.2 Операторот ќе издаде известување за активноста за одржување најдоцна до следните рокови:
а) во случај на активност за одржување кога се претпоставува дека нема да се предизвика прекин на Услугата, но ќе биде потребна зголемена подготвеност за реакција на
ПРЕПРОДАВАЧОТ, 2 (два) дена пред отпочнувањето на планираната активност за одржување;
б) во случаи кои вклучуваат привремен прекин на Услугата за период помеѓу 00:00 часот и 08 :00 часот:
I) кога привремениот прекин на Услугата не надминува 3 (три) последователни дена: 3 (три) дена пред отпочнувањето на планираната активност за одржување;
II) кога планираниот привремен прекин на Услугата надминува 3 (три) последователни дена: 8 (осум) дена пред отпочнувањето на планираната активност за одржување.
5.2 Обврски за отстранување на пречки
5.2.1 Операторот ќе обезбеди услуга за управување со пречки која ќе работи 24x7 дена во неделата.
5.2.2 Во тек на процесот на отстранување на пречки, Страните треба да ги извршат следните главни активности:
а) откривање, локализирање и класифицирање (категоризација) на пречки б) интерни активности за отстранување на пречки
в) меѓусебни известувања
г) заедничко отстранување на пречки, доколку е потребно д) затварање на пријава за пречка
5.2.3 Процесот на управување со пречки е опишан во Прилог бр. 4 (Отстранување на пречки)
6. НАДОМЕСТОЦИ, ФАКТУРИРАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ
6.1 Надоместоци
6.1.1 Пресметката на Надоместокот за услугата помеѓу Страните ќе се врши на месечна основа со следниот преглед на надоместоци кои треба да се наплатат за дадениот месец:
а) Месечни надоместоци и б) Други надоместоци.
6.1.2 Месечниот надоместок се плаќа на Операторот редовно, на месечна основа, од денот на обезбедување на услугата (активирање), и истиот ќе биде вклучен во пресметката за секој месец во кој е обезбедена услугата како што е опишано во Прилог бр. 3 (Надоместоци).
6.1.3 Во други надоместоци спаѓаат надоместоци кои се плаќаат на Операторот по обезбедување на дополнителни услуги или продажба на опрема, и истите ќе бидат прикажани во соодветната месечна пресметка за месецот во кој е обезбедена услугата, како што е опишано во Прилог бр. 3 (Надоместоци)
6.2 Измени на надоместоците
6.2.1 Надоместоците дадени во Прилог бр. 3 (Надоместоци) на Договорот се валидни за времетраење на Договорот.
6.2.2 Во случај на непредвидени промени на цените, наметнати кон Операторот од сопствениците на права на интелектуална сопственост за дистрибуција на телевизиски сигнали, кои може да предизвикаат зголемување на обврските на ПРЕПРОДАВАЧОТ, двете Страни се согласни да започнат со преговори за соодветна измена на надоместоците дефинирани во Прилог бр. 3 (Надоместоци).
6.3 Фактурирање
6.3.1 Операторот ќе му издава фактура на ПРЕПРОДАВАЧОТ, чија содржина ќе биде во согласност со важечките прописи.
6.3.2 Операторот ќе ја испрати фактурата преку препорачана пошта најдоцна до десеттиот ден од наредниот календарски месец на адресата за доставување на фактури на ПРЕПРОДАВАЧОТ, утврдена точка 6.4.2.
6.3.3 Надоместоците ќе бидат прикажани на една фактура, подготвена од Операторот како што е објаснето во Прилог 3 (Надоместоци).
6.3.4 Фактурите издадени од Операторот на ПРЕПРОДАВАЧОТ може да ги содржат само услугитен обезбедени во согласност со овој Договор.
6.3.5 Страните ќе се известат меѓусебно за било каква промена на нивната адреса за доставување на фактури, најмалку 1 (еден) месец пред стапувањето во сила на промената.
6.4 Услови за плаќање
6.4.1 ПРЕПРОДАВАЧОТ ќе ја исполни својата обврска за плаќање во рок од 20 (дваесет) календарски дена од датумот на прием на фактурата во Секторот за централна архива на ПРЕПРОДАВАЧОТ, со банкарски трансфер на бројот на сметката во банка наведен во фактурата. Доколку крајниот рок се паѓа во неработен ден или државен празник, или кој било друг празник кој го нема во календарот, крајниот рок истекува на првиот работен ден по тој ден. Датумот кога средствата се префрлаат на банкарската сметка на Операторот ќе се смета за датум на плаќање.
6.4.2 За датум на прием на фактурата ќе се смета датумот кога Секторот за централна архива на ПРЕПРОДАВАЧОТ ја примил фактурата.
Операторот се согласува дека доколку има било каков долг кон ПРЕПРОДАВАЧОТ, компанијата може да направи компензација на овој долг со фактурата на Операторот без понатамошна дополнителна согласност од истиот. Во овој случај ПРЕПРОДАВАЧОТ е должен само да го извести Операторот за деталите на компензацијата (датумот на важност, износот, детална листа на релевантни фактури).
6.4.3 Контактите за фактурирање се дадени во Додаток Б (Оперативни точки за контакт).
6.4.4 Каматата за задоцнето плаќање ќе биде еднаква на затезната камата согласно законските прописи и нема да ја надминува законската казнена каматна стапка, а ќе се смета од денот по истекот на рокот за плаќање. Таквата камата ќе биде прикажана како посебна ставка во фактурата за следниот месец. Во случај на еднодневно задоцнување, Страните взаемно ќе се откажат од затезната камата за задоцнето плаќање.
6.5 Приговор на фактура
6.5.1 Во случај ако ПРЕПРОДАВАЧОТ има некоја забелешка за форматот на поднесената фактура датумот во насловот на фактурата, доколку фактурата не е во согласност со законот), тогаш доставува писмен приговор и ја испраќа назад оригиналната фактура на Операторот, најдоцна 10 (десет) дена после денот на прием на фактурата. Во приговорот е вклучен спорниот елемент на фактурата (на пример: неточна адреса, единствен даночен број, итн.), а исто така и точни податоци.
6.5.2 Во случај ако ПРЕПРОДАВАЧОТ има некоја забелешка на подточките набројани во фактурата кои се однесуваат на надоместоците (ставки, елементи од надоместокот, тарифна сума), тогаш треба да поднесе писмен приговор до Операторот во рок од 10 (десет) дена сметано од денот на приемот на фактурата при што нема да ја врати назад оригиналната фактура на ПРЕПРОДАВАЧОТ. Приговорот треба да ги содржи сите подточки што ПРЕПРОДАВАЧОТ ги смета за правилни и неправилни.
6.5.3 Во случај на навременo поднесен приговор согласно точките 6.5.1 и 6.5.2 од овој член, Страните ќе ја следат следнава постапка: По приемот на приговорот Операторот почнува да ја истражува основаноста на истиот. Ако се покаже дека приговорот е основан, тогаш Операторот ќе ја исправи првичната фактура и така корегираната фактура ќе ја достави до ПРЕПРОДАВАЧОТ, од кога почнува да тече рокот за плаќање на фактурата утврден во точка
6.4.1. Ако се покаже дека приговорот е неоснован, Операторот за истото ќе го извести ПРЕПРОДАВАЧОТ и тогаш ПРЕПРОДАВАЧОТ е обврзан да ја исплати првичната фактура во рамките на рокот за плаќање на фактурата утврден во точка 6.4.1. Целата постапка за решавање на приговорот мора да заврши во рок од 7 (седум) дена од денот на приемот на приговорот. Во случај на прекорачување на рокот за решавање на приговорот рокот за плаќање на фактурата утврден во точка 6.4.1 ќе биде соодветно пролонгиран.
6.6 Фактурирање на Крајните корисници на услугата
6.6.1 Фактурирањето и наплатата на надоместоците на Крајните корисници на услугата не спаѓа во делокругот на Договор за препродажба на BoomTV дигитална телевизија.
6.6.2 Независно од Договорот за препродажба на Boom TV дигитална телевизија, ПРЕПРОДАВАЧОТ:
а) ќе ги утврди сопствените претплатнички надоместоци, и
б) ќе издава фактури за услугите на своите претплатници со кои има Претплатнички Договор за фактурираните услуги и ќе ги наплати износите наведени во фактурите.
6.6.3 ПРЕПРОДАВАЧОТ е одговорен за трошоците за продажбата на големопродажната услуга за дигитална телевизија на Крајниот корисник.
6.7 Обезбедување на банкарска гаранција
6.7.1 Навременото извршување на обврските за плаќање дефинирани во член 6,4,1, ПРЕПРОДАВАЧОТ го гарантира со доставување на банкарска гаранција со важност од една година. Висината на банкарската гаранција изнесува, односно се пресметува на количина од 5.000 основни пакети помножен со 3 (три) соодветни месечни надоместоци со вкалкулиран ДДВ.
Банкарската гаранција треба да се обезбеди од Банка со седиште во Република Македонија и истата ќе биде активирана согласно условите дефинирани во член 6.7.3.
6.7.2 Во случај да Операторот ја поднесе за наплата банкарската гаранција во согласност со точка 6.7.3, ПРЕПРОДАВАЧОТ ќе обезбеди нова банкарска гаранција во рок од 30 дена на начин што новата банкарска гаранција ќе биде во согласност со точка 6.7.1.
6.7.3 Гаранцијата се активира доколку ПРЕПРОДАВАЧОТ не ги подмири своите обврски за плаќање по овој Договор по две последователни и усогласени фактури доставени на начин и со елементи дефинирани во член 6.3 и 6.4, а во рок од 15 (петнаесет) календарски дена од доставување на писмена опомена од Операторот за подмирување на обврските,
7. КОМУНИКАЦИЈА
7.1 Лица за контакт
7.1.1 Во спроведувањето на овој договор, ПРЕПРОДАВАЧОТ и Операторот ќе бидат во постојан контакт за сите активности во врска со услугата за препродажба на BoomTV дигитална телевизија. Страните постојано ќе се известуваат за сите активности што може да влијаат на обезбедување и функционирање на услугата во рамките на овој договор.
7.1.2 Податоците за имињата и начините за контактирање на лицата за контакт на Страните се дадени во Додаток Б (Оперативни точки за контакт).
7.1.3 Соодветните лица на исто ниво на Страните ќе комуницираат едни со други во согласност со нивните овластувања и доколку е потребно ќе ги ескалираат прашањата што треба да се разрешат на нивните соодветни страни.
7.1.4 Доколку настане промена во податоци или лица за контакт, Страните се обврзани писмено да се известат за извршената промена во рок од 15 (петнаесет) дена по извршената промена.
7.2 Писмена комуникација
7.2.1 Операторот се обврзува да му ги достави на ПРЕПРОДАВАЧОТ сите документи, потврди и записници кои се неопходни за да може ПРЕПРОДАВАЧОТ да ги спроведе неговите права и да ги исполни неговите обврски во однос на Крајниот корисник.
7.2.2 Кореспонденцијата, известувањата и приложените документи од било која од Страните ќе бидат напишани на македонски јазик. Во случај на било какво правно несогласување или спор во врска со толкувањето, македонската верзија ќе преовлада наспроти преведената.
7.2.3 Страните ќе испраќаат кореспонденција, известувања и приложени документи во однос на овој Договор, во писмена и/или во електронска форма на начин и на адресите дефинирани во Додаток Б (Оперативни точки за контакт).
7.2.4 Кореспонденцијата, известувањата и приложените документи ќе се сметаат за доставени во следните случаи и до следните датуми:
Начин на достава | Услов за да се смета за доставено | Xxxxx на достава |
Курир | Потпис на потврдата за прием во Архива | Xxxxx на прием во Секторот за архива на ПРЕПРОДАВАЧОТ |
Препорачано писмо | - | Xxxxx на прием во Секторот за архива на ПРЕПРОДАВАЧОТ |
Препорачано писмо со потврда за прием | - | Датум на прием во Секторот за архива на ПРЕПРОДАВАЧОТ |
Телеграма | - | Еден ден по датумот на испраќање |
Телефакс | Потврда од факс машината на страната која праќа за успешно извршено праќање | Xxxx ден по датумот на испраќање на факсот |
Електронска пошта | Страната која испраќа да добие одговор со неизменета содржина на пораката во своето електронско поштенско сандаче | Еден ден по датумот на испраќање на пораката |
7.2.5 Известувањето испратено со потврда за прием ќе се смета за доставено дури и ако известувањето е вратено по две последователни достави и е означено како “не е доставено”, или “одбиен прием”. Во такви случаи, датумот на достава е петтиот ден по вториот обид за достава.
7.2.6 Во оспорени случаи, испраќањето го докажува испраќачот.
8. ОБВРСКИ ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
8.1 Општи обврски за заштита на податоци
Страните се обврзуваат да ги вршат своите активности во текот на исполнувањето на овој Договор во согласност со Законот за електронски комуникации, Законот за заштита на личните податоци и другите прописи од областа на заштитата на податоци кои ја регулираат заштитата на податоци.
8.2 Управување и користење на податоци
Од аспект на нивниот правен однос, во согласност со овој Договор, двете Страни ќе управуваат со податоците евидентирани од нивна страна.
8.3 Права на интелектуална сопственост
8.3.1 Одговорност на Страните
Страните изјавуваат дека ниту еден софтвер и други ИТ решенија кои ги користат не ги прекршуваат правата на интелектуална сопственост на било која трета страна.
8.3.2 Задржување на права, сопственост и интереси
8.3.2.1 Двете Страни ги задржуваат сите права поврзани со сопственост на а) софтвер;
б) развојни алатки; или
в) документација во нивна сопственост вклучувајќи ја и целокупната интелектуална сопственост воопшто
и имаат право да ги користат слободно сите идеи и концепти создадени во текот на исполнувањето на Договор за препродажба на BoomTV дигитална телевизија како и стручното знаење стекнато од своите вработени.
8.3.2.2 Двете Страни ги задржуваат правата на патенти, правата на пронајдоци, иновации, користење или индустриски патенти.
8.3.2.3 Непренесени права на интелектуална сопственост
Освен доколку не е посебно утврдено поинаку од Страните, ништо нема да се толкува како доделување на било какво право од една од Страните на нивните права на интелектуална сопственост на другата Страна.
9. ДОВЕРЛИВОСТ
9.1 Страните прифаќаат и се согласуваат во секое време да ги третираат услугите и документацијата како деловна тајна.
9.2 Секоја од Страните се согласува да ги третира како доверливи деталите на овој Договор и сите информации добиени од другата Страна како резултат на преговорите во врска со овој Договор, или како резултат на извршување на обврските според овој Договор, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: проекти, планови, софтвер, дадените услуги, податоци за корисниците и можностите на мрежата (,,доверлив материјал,,) и дека нема да му ги открие таквите информации на ниту едно друго лице, освен доколку доверливиот материјал:
а) им е ставен на располагање на вработените на една од Страните или на изведувачите ангажирани од Страните на овој Договор, во случај кога тоа е неопходно; б) бил законски поседуван од Страната пред започнувањето на преговорите што довеле до овој Договор, и/или е веќе јавно познат или ќе стане таков на некоја идна дата (на начин кој не е резултат на прекршување на оваа одредба); в) е побаран од примателот на податоци од страна на овластен државен орган или од надлежен суд, со легитимна наредба врз основа на закон. За ваквото барање примателот на податоци веднаш ќе го извести давателот на податоци.
Секоја од Страните ќе ги направи сите оправдани напори за да обезбеди нејзините вработени и изведувачи да се придржуваат кон одредбите на оваа клаузула и да обезбеди дека се подложни на договорна обврска за таквото придржување. ПРЕПРОДАВАЧОТ и Операторот со претходна меѓусебна согласност, можат да им го откријат доверливиот материјал на оние застапници или подизведувачи кои во писмена форма ќе се согласат на еквивалентни услови за доверливост применливи на доверливите информации и кои се директно инволвирани во користењето на услугите.
9.3 Обврската за Доверливост ќе важи за времетраењето на овој Договор и ќе продолжи да важи во период од (3) три години по неговото завршување.
10. ПРЕНЕСУВАЊЕ И ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРАВА
10.1 Пренесување предмет на овластување од другата Страна
10.1.1 Ниту една од Страните нема право да продава, пренесува или да се ослободи на сличен начин од своите обврски и права кои произлегуваат од овој договор, делумно или целосно, без писмена согласност на другата Страна.
10.1.2 Двете Страни имаат право да се служат со посредство на трети страни, поддоговарачи и застапници за исполнување на некоја од обврските од овој договор .
10.1.3 Страната која сака да пренесе или додели права ќе поднесе писмено барање за писмена согласност најмалку 15 (петнаесет) дена пред датумот на планираното пренесување.
10.2 Пренесување кое не е предмет на овластување од другата Страна
10.2.1 Било која од Страните може слободно да продава, пренесува или да се ослободи на сличен начин од своите обврски и права кои произлегуваат од овој договор, доколку тие треба да се пренесат на нивни законски наследници или на нивна компанија ПРЕПРОДАВАЧ, која ја контролира дадената Страна, или со која се предмет на заедничка контрола на управување.
10.2.2 Другата Страна ќе се информира во писмена форма за таквото пренесување во рок од 8 (осум) дена.
10.3 Обврска за исполнување на Договорот за препродажба на BoomTV на дигитална телевизија
Страната која сака да пренесе или додели права има право и е должна да ги исполнува своите обврски кон другата Страна додека не добие известување за одобрување.
11. ВИША СИЛА
11.1 Настани на виша сила
Неизбежни настани кои се случуваат независно од волјата, активностите или лицата на Страните како што се:
а) војна, граѓански немири, вонредна состојба, штрајк, природни непогоди или други итни случаи, б) реконструкција и/или регрупирање на услуги кое станало неопходно како последица на настаните наведени погоре се сметаат за настани на виша сила која значително го попречува или го прави невозможно исполнувањето на овој договор, под услов овие настани да се случат I) по потпишувањето на овој договор; или II) пред потпишувањето на овој договор, но последиците од истите кои влијаат на имплементацијата на договорот не можеле да се предвидат во тоа време.
11.2 Влијание на настани на виша сила на обврските на Операторот
11.2.1 Околностите на виша сила ќе го иземат Операторот од исполнувањето на своите обврски од овој договор сe додека и во степен до кој
а) настанот на виша сила го попречува Операторот во исполнувањето на своите договорни обврски; и
б) преовладува влијанието на наведениот настан.
11.2.2 Откако ќе се случи настан на виша сила, Операторот ќе го информира ПРЕПРОДАВАЧОТ за почетокот и предвидениот крај на таквиот настан на виша сила во писмена форма во најкраток очекуван разумен рок.
11.2.3 Настанот од виша сила нема сам по себе да го иземе Операторот од исполнување на своите обврски кои инаку би ги почитувал во согласност со овој договор, кои требало да се имплементираат пред настанувањето на виша сила, или врз чие исполнување не влијае вишата сила.
11.3 Соработка во случај на настан на виша сила
11.3.1 Страните ќе соработуваат на начин пропишан со соодветните законски прописи, според упатставата од надлежното министерство (министерства), меѓусебно и со даватели на електронски комуникациски услуги и со оператори на електронски комуникациски мрежи како трети страни во развојот и имплементацијата на акциониот план кој ќе се примени во случај на виша сила.
11.3.2 Во такви случаи, Страните ќе постапуваат во интерес на заштита на јавната безбедност - во рамките утврдени со соодветните законски прописи од таа област.
12. ПРИВРЕМЕН ПРЕКИН НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА
12.1. Операторот може делумно или целосно привремено да го прекине обезбедувањето на услугата во случај на:
а) на барање на ПРЕПРОДАВАЧОТ
б) во случај на вршење на активности за одржување (делумен прекин во согласност со однапред најавеното времетраењето на обнова, замена, одржување, реорганизација или проширување на мрежата или поради некоја друга релевантна активност наведена во член 12.2, или
в) во случај на виша сила (делумен или целосен привремен прекин во зависност од околностите);
12.2 Активностите кои предизвикуваат плански прекин на Услугата спаѓаат во следните категории:
а) активности во врска со редовното работење
б) активности поврзани со интервентно одржување в) активности поврзани со инвестициско одржување г) инвестиции и развој
д) активности во врска со воведувањето и проширувањето на услуги ѓ) обнова поради итност
12.3 Привремено исклучување
12.3.1 Доколку ПРЕПРОДАВАЧОТ ја прекрши определена обврска утврдена со овој Договор, Операторот може привремено да ја исклучи Услугата на Страната која го предизвикува нарушувањето доколку:
а) Операторот се повика на тоа;
б) определи рок не пократок од 30 (триесет) дена за исполнување на обврската;
в) ги посочи правните последици кои ќе произлезат од неисполнувањето на обврската, со цел прекин на прекршувањето на договорот и
г) рокот истече без резултати.
12.3.2 Продолжување на правниот однос
Привремениот прекин не влијае на продолжувањето на правниот однос. Операторот веднаш ќе ги воспостави услугите по престанувањето на околностите кои го предизвикале прекинот.
13. ПРЕКРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ И ЗАКОНСКИ ПОСЛЕДИЦИ
13.1 Неисполнување или делумно исполнување на обврските од било која од Страните регулирани во овој договор ќе се смета за прекршување на договорот.
13.2 Општи правни последици
13.2.1 Покрај примената на посебните правни последици поврзани со неисполнувањето или делумното исполнување на обврските на Страните, правилата кои ќе се применуваат за надомест на штета причинета на другата Страна ќе се раководат според релевантните општи одредби од Законот за облигациони односи.
13.3 Посебни правни последици
13.3.1 Задоцнето или погрешно извршување на работата
13.3.1.1 Доколку Операторот не ја обезбеди услугата за препродажба на BoomTV дигитална телевизија (активирање на краен корисник) во рокот утврден во описот на услуги од причини за кои е одговорен Операторот, Операторот ќе плати пенал на ПРЕПРОДАВАЧОТ за засегнатата услуга. Основата за пресметување на пеналот за задоцнување ќе биде пет пати поголема од месечниот надомест без вкалулиран ДДВ, за засегнатата услуга. Износот на пеналот ќе биде еднаков на 0,3% од основата на пеналот за секој ден на задоцнување, но најмногу 50% од основата.
13.3.1.2 Операторот ќе плати пенал за задоцнето или погрешно извршување на работата по поднесен приговор од страна на ПРЕПРОДАВАЧОТ. Во период од 20 (дваесет) дена од приемот на приговорот, Операторот ќе испита дали приговорот е оправдан и ќе го извести ПРЕПРОДАВАЧОТ за резултатот. Секое испитување мора да се документира и резултатот да се достави до ПРЕПРОДАВАЧОТ со разумно ниво на детали. Доколку Операторот процени
дека приговорот е оправдан, Операторот ќе го надомести пеналот, по доставена фактура од ПРЕПРОДАВАЧОТ.
13.3.1.3 Операторот ќе се смета за одговорен само доколку причината за доцнењето е по вина на Операторот. Со други зборови, Операторот ќе биде ослободен од обврската за плаќање на пенал доколку докаже дека доцнењето се случило од причини кои се надвор од контрола на Операторот.
13.3.1.4 Операторот нема да биде одговорен за доцнење во извршувањето на работата, доколку истото се случи на барање од ПРЕПРОДАВАЧОТ. Во такви случаи, Операторот има право да одреди нов краен рок за исполнување на своите договорни обврски, и нема да биде должен да плаќа пенал до новиот рок.
13.3.2 Несоодветен квалитет
13.3.2.1 Доколку Операторот обезбеди целосна месечна достапност на дадена услуга за препродажба на дигитална телевизија во дадена година, која е помала од вредноста утврдена во Прилог бр.2 (Опис на услугата), Операторот ќе изврши намалување на месечниот надоместок кој го фактурира на ПРЕПРОДАВАЧОТ за засегнатата услуга. Постапувајќи по известување од ПРЕПРОДАВАЧОТ, Операторот ќе изврши намалување на месечниот надоместок кој го фактурира на ПРЕПРОДАВАЧОТ во износ еднаков на намалувањето на вкупната годишна достапност во процентни поени од сумата на месечни надоместоци без вкалкулиран ДДВ, за големопродажната услуга за дигитална телевизија на која влијае таквото погрешно извршување на работата, пресметано за една година (на пример, за намалување од 1 процентен поен на месечната достапност, Операторот ќе изврши намалување за 1%).
13.3.2.2 Операторот ќе изврши намалување на месечниот надоместок за несоодветен квалитет (достапност на услугата помала од вредноста утврдена во Прилог бр. 2) врз основа на приговор поднесен од страна на ПРЕПРОДАВАЧОТ. Во период од 7 (седум) дена од приемот на приговорот, Операторот ќе испита дали приговорот е оправдан и ќе го извести ПРЕПРОДАВАЧОТ за резултатот. Секое испитување мора да се документира и резултатот да се достави до ПРЕПРОДАВАЧОТ со разумно ниво на детали. Доколку Операторот процени дека приговорот е оправдан, Операторот ќе го надомести пеналот, по доставена фактура од ПРЕПРОДАВАЧОТ.
13.3.2.3 Операторот ќе се смета за одговорен само доколку несоодветното извршување на работата е по вина на Операторот, со други зборови, Операторот ќе биде ослободен од обврската да изврши намалување на месечниот надоместок, доколку докаже дека несоодветното извршување на работата се случило од причини кои се надвор од контролата на Операторот.
13.3.2.4 Операторот нема да биде одговорен за несоодветното извршување на работата, доколку истото се случило по вина на ПРЕПРОДАВАЧОТ. Во такви случаи, Операторот нема да биде должен да изврши намалување на месечниот надоместок.
13.3.3. Казна за задоцнето отстранување на пречки
13.3.3.1. Доколку Операторот не успее да ја исполни својата обврска за отстранување на пречка на дадената услуга според Договорот за препродажба на BoomTV дигитална телевизија во рокот утврден во Прилог бр. 2 (Опис на услугата) по своја вина, Операторот ќе плати пенал на ПРЕПРОДАВАЧОТ за засегнатата големопродажна услуга за дигитална телевизија согласно критериум “А” или критериум “Б” .
Критериум “А” - Пресметување на пенал за целокупна DVB-T услуга:
Основа за пресметување на пеналот за задоцнување е големопродажниот месечен надоместок без вкалулиран ДДВ на број на засегнати крајни корисници помножен со соодветниот надоместок изразен во проценти во случај на одстапување од договорена вредност прикажан во Табела 1 Доколку пеналот за задоцнето отстранување на пречки е пресметан согласно критериум “A”, ПРЕПРОДАВАЧОТ нема право да бара исплата на пенал кој произлегува од критериум “Б”
Табела бр.1
Параметар за квалтет | Месечна Договорна вредност | Xxxxxxxxxx во случај на отстапување од договорна вредност |
Месечна расположливост на целокупната DVB-T услуга | 99% | 0% |
од 95% до 98,99% | 10% | |
од 90% до 94,99% | 15% | |
од 80% до 89,99% | 30% | |
под 80% | 100% |
Критериум “Б” - Пресметување на пенал за месечна расположливост по реон/подрчје на DVB-T услуга:
Основа за пресметување на пеналот за задоцнување е големопродажниот месечен надоместок без вкалулиран ДДВ на број на засегнати крајни корисници од соодветен реон/подрачје прикажан во Прилог 5 помножен со соодветниот надоместок изразен во проценти во случај на одстапување од договорена вредност прикажан во Табела 2
Табела бр.2
Параметар за квалтет | Месечна Договорна вредност | Xxxxxxxxxx во случај на отстапување на 3 MP | Надоместок во случај на отстапување на 2 MP | Надоместок во случај на отстапување на 1 MP |
Месечна расположливост по реон/подрачје | 98% | 0% | ||
од 95% до 97,99% | 10% | 6,7% | 3,3% | |
од 90% до 94,99% | 15% | 10% | 5% | |
од 80% до 89,99% | 30% | 20% | 10% | |
под 80% | 100% | 67% | 33,3% |
13.3.3.2. Операторот ќе плати пенал за задоцнето отстранување на пречка по поднесен приговор од страна на ПРЕПРОДАВАЧОТ. Во период од 20 (дваесет) дена од приемот на приговорот, Операторот ќе испита дали приговорот е оправдан и ќе го извести ПРЕПРОДАВАЧОТ за резултатот. Секое испитување мора да се документира и резултатот да се достави до ПРЕПРОДАВАЧОТ со разумно ниво на детали. Доколку Операторот процени дека приговорот е оправдан, Операторот ќе го надомести пеналот, по доставена фактура од ПРЕПРОДАВАЧОТ.
13.3.3.3. Операторот ќе се смета за одговорен само доколку причината за задоцнето отстранување на пречка е по вина на Операторот. Со други зборови, Операторот ќе биде ослободен од обврската за плаќање на пенал доколку докаже дека доцнењето се случило од причини кои се надвор од контрола на Операторот.
13.3.3.4. Операторот нема да биде одговорен за задоцнето отстранување на пречка, доколку истото се случило по вина на ПРЕПРОДАВАЧОТ. Во такви случаи, Операторот нема да биде должен да плаќа пенал како што е дефинирано во точка 13.3.3.1.
14. ДЕЛОКРУГ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
14.1 Важење на Договорот за препродажба на BoomTV дигитална телевизија
14.1.1 Овој договор ќе стапи во сила, доколку е потпишан од двете Страни. Ако потпишувањето на двете Страни не се случи во исто време, тогаш датумот кога Договорот стапува на сила ќе биде датумот кога било последното потпишување.
14.1.2 Овој договор за препродажба на BoomTV дигитална телевизија ќе важи за период од 5 (пет) години сметано од датумот утврден согласно Член 14.1.1.
14.1.3 Најдоцна 3 (три) месеци пред истекот на важењето на Договор за препродажба на BoomTV дигитална телевизија ПРЕПРОДАВАЧОТ има право писмено да побара продолжување на важењето на Договорот, за дополнителен период кој не може да биде подолг од 8 Јули 2025 година, во кој случај Страните ќе склучат Анекс кон Договор за препродажба на BoomTV дигитална телевизија за продолжување на неговата важност согласно применото писмено барање од ПРЕПРОДАВАЧОТ.
14.1.4 По истекот на периодот на важење на Договор за препродажба на BoomTV дигитална телевизија утврден во Член 14.1.3 (т.е. после 8 Јули 2025 година), неговата важност може да се продолжи само со взаемна согласност на двете Страни.
14.2 Територијален делокруг
Договор за препродажба на BoomTV дигитална телевизија опфаќа активности и соработка на Страните кои ќе се вршат на територијата на Република Македонија.
15. ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРЕПРОДАЖБА НА BOOMTV ДИГИТАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА
15.1 Иницирање на измени и дополнувања на Договорот
15.1.1 Иницирање на измени и дополнувања поради измени во правната средина Xxxxxxx
а) се појави измена која влијае на содржината на Законот за електронски комуникации и/или на прописите за имплементацијата на истиот што исто така влијае на содржината на овој договор, или
б) Агенција за електронски комуникации, Комисија за заштита на конкуренцијата или надлежен суд донесе решение кое исто така влијае и на содржината на овој договор;
било која од Страните може да иницира разгледување на Договорот за препродажба на дигитална телевизија и негова измена и дополнување во согласност со измените во законодавството или толкувањето на правната средина.
15.1.2 Измени и дополнувања иницирани со меѓусебна спогодба
Било која од Страните може да иницира измени на овој Договор со меѓусебна спогодба.
15.2 Постапка за измена и дополнување на договорот
15.2.1 Секоја од наведените Страни во секое време со заедничка согласност може да го промени договорот, вклучувајќи ги и неговите прилози, во писмена форма. Секоја од страните може да иницира разговори за да се извршат измени на договорот.
15.2.2 Измена и дополнување на договорот може да се иницира со испраќање на предлог измена и дополнување на договорот од една од Страните до другата Страна. Предложената измена и дополнување на договорот ќе го вклучува следново:
а) опис и основи на предложените измени и дополнувања; x
б) нацрт текст на предложената измена и дополнување на договорот.
15.2.3 Страната која го добила предлогот за измена и дополнување ќе ја извести Страна која го иницирала истиот во рок од 10 (десет) дена од приемот на предлогот за датумот на започнување на преговори за измена и дополнување или ќе ја повика Страната која го ининцирала предлогот да достави дополнителни податоци и документи потребни за измена и дополнување на договорот.
15.2.4 Страните ќе го изменат и дополнат договорот во писмена форма, по пат на меѓусебна спогодба, во рок од 30 (триесет) дена од датумот утврден во Дел 15.2.3.
15.2.5 Доколку Страните не можат да постигнат спогодба за измена и дополнување на договорот во рок од 30 (триесет) дена сметајќи од датумот утврден во Дел 15.2.3, Страните ќе започнат постапка за решавање на спор опишана во точка 17.2, освен за причината за измена и дополнување регулирана во Дел 15.1.1.
15.3 Измена и дополнување на прилозите и додатоците на договорот
15.3.1 Измена и дополнување на прилозите
Прилозите на овој договор можат да се изменат и дополнат преку постапката за измена и дополнување опишана во Дел 15.2 погоре.
15.3.2 Измена и дополнување на додатоците
15.3.2.1 Страните можат по потреба да ги дополнуваат или менуваат додатоците на овој договор со цел да го олеснат управувањето со промените кои можат да се случат во текот на нивната соработка, во согласност со соодветните рокови и услови од договорот.
15.3.2.2 Таквите измени и дополнувања нема да се сметаат за измени и дополнувања на договорот како што е утврдено во Дел 15.1, но можат да се сметаат како дел на засегнатиот додаток на договорот само по потпишувањето на истите од двете Страни, по заедничката имплементација на соодветните постапки.
16. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
16.1 Овој Договор ќе биде раскинат:
а) со заедничка согласност на Страните,
б) ПРЕПРОДАВАЧОТ не ги прифаќа промените на Договорот направени од страна на Операторот.
Договорот ќе се смета за раскинат по истекот на 30 (триесет) дена од датумот на прием на известувањето од ПРЕПРОДАВАЧОТ дека не ја прифаќа промената,
в) по истекот на дефинираната важност, освен ако Страните не се договорат поинаку;
г) со вонредно писмено известување за раскинување, со непосреден ефект, во следниве случаи:
1) Другата Xxxxxx направи повреда на условите содржани во овој Договор и притоа не успее да ги отстрани последиците од повредата на Договорот во рок од 15 (петнаесет) дена по добивањето на писмено известување кое повикува на исполнување или доспеано исполнување на обврските,
2) Другата Страна го загрозува интегритетот на мрежата на засегнатата Страна која претходно има веќе побарано од Страната-прекршител да го прекине прекршувањето на Договорот во рок од 15 (петнаесет) календарски дена, а другата Страна не постапила така
3) Другата Страна
I) Подлежи на стечајна постапка, или
II) Прекинувањето на Договорот е наложено со судска одлука, или
III) Престанува со работа без правен наследник
16.2 ПРЕПРОДАВАЧОТ има право веднаш да го раскине овој договор доколку Операторот го прекрши Законот за спречување на корупција на Република Македонија или постапи спротивно на одредбите од клаузулата за спречување на корумпирано однесување.
16.3 Раскинувањето на овој Договор не ги ослободува Страните од плаќање на пристигнатите и неплатени обврски или исполнување на останатите договорни обврски, пристигнати пред датумот на раскинување на овој Договор.
16.4 Пресметка по раскинување на договорот
16.4.1 Пресметка
ПРЕПРОДАВАЧОТ е должен да го плати месечниот надомест со кој се задолжува до датумот на раскинување на овој договор - или ако датумот на раскинување на Договорот не е последниот ден во месецот, тогаш 1/(број на денови во соодветниот месец) од истиот по ден. Сите отворени обврски за плаќање за услугите ќе доспеат за плаќање на денот на раскинување на овој договор.
16.4.2 Спроведување на барања
Раскинувањето на договорот нема да влијае на правото на засегнатата Страна да ги спроведе сите свои барања кои произлегуваат од овој договор.
17. ВАЖЕЧКИ ЗАКОН, РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
17.1 Важечко право
Овој Договор е составен врз основа и во согласност со законите на X. Македонија и истиот ќе се раководи според одредбите од важечките правни прописи во Република Македонија. Во однос на прашањата кои не се регулирани со овој Договор, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи, Законот за електронски комуникации и прописите донесени согласно овој закон.
17.2 Постапка за решавање на спорови
17.2.1 Страните ќе настојуваат, сите меѓусебни спорови кои произлегуваат од овој Договор директно, да ги решат спогодбено.
17.2.2 Ако во рок од 30 (триесет) дена од известувањето на едната договорна Страна до другата договорна Страна, истите не најдат спогодбено решение, Основниот Суд Скопје 2 Скопје ќе биде надлежен да ги реши настанатите спорови, коишто може да се појават во текот на важењето на овој Договор.
17.2.3 За сите околности коишто не се утврдени со овој Договор, или било кој спор којшто произлегува од или е во врска со овој Договор, ќе се применат одредбите и конечно ќе се разреши спорот во согласност со Законот за облигациони односи.
17.3 Исклучување на можност за откажување
Ако некоја од Страните го искористи правото поради прекршувањето на Договорот од другата Страна, со одложување или воопшто не го искористи истото во еден или повеќе случаи, или не го искористува правото кое произлегува од овој Договор во било кој друг случај (во случај на прекршување на Договорот или во друг случај), - вклучувајќи го и правото за прекинување на Договорот – тоа нема да се смета за откажување од ниеден услов, право или барање од дадената Страна, ниту пак може истото да се смета за прифаќање на прекршувањето на Договорот и одредбите од Договорот, и обврските кои се вклучени продолжуваат да бидат валидни, правата и обврските продолжуваат да важат во полна сила, правата и барањата исто така кои подлежат можат да бидат искористени и во иднина.
18. ОСТАНАТИ И ПРЕОДНИ ОДРЕДБИ
18.1 Овој Договор е направен на македонски јазик во 4 (четири) идентични примероци, од кои по 2 (два) примероци за секоја од Страните.
18.2 Сите Прилози, Xxxxxx, Додатоци, Формулари, Записници и други документи, поврзани со предметот на овој Договор претставуваат негов составен дел и ја следат неговата правна судбина.
18.3 Доколку постои било каква противречност помеѓу одредбите наведени во главниот текст, прилозите и додатоците на Општиот договор за обезбедување на големопродажна услуга за дигитална телевизија, мора да се почитува следниот приоритетен редослед, при толкувањето на одредбите: а) главен текст на договорот; б) прилози на договорот; и в) додатоци на договорот.
18.4 Во случај на некое правно несогласување или спор во врска со толкувањето, верзијата на македонски јазик ќе преовладува во однос на евентуалниот превод. Во случај на евентуална неконзистентност помеѓу овој документ подготвен на македонски јазик и некоја копија на друг јазик, ќе преовладува македонската верзија.
18.5 Овој Договор заедно со неговите составни делови го содржи меѓусебниот договор на Страните, и истиот во целост ги заменува и поништува сите претходни усни или писмени
договори, преговори, спогодби и кореспонденција меѓу Страните во врска со предметот и целта на Договорот.
18.7 Верзија
Бројот на верзијата и датумот на главниот текст на Договорот за препродажба на BoomTV дигитална телевизија ќе бидат наведени во табелата подолу:
Верзија Бр. | Датум |
Верзија 1.0 | 2019 година |
18.8 Потписи
Овластени претставници на Страните го потпишуваат овој Договор како целосен одраз на нивната волја. Истиот стапува на сила на денот на негово потпишување од овластени потписници од двете Страни.
A1 Македонија ДООЕЛ Скопје [ПРЕПРОДАВАЧОТ]
Xxxxxx Xxxxx [ Име и презиме на одговорно лице]
Извршен директор п.п [ТИТУЛА]
Xxxxxx Xxxxxxxxx [ Име и презиме на одговорно лице] Раководител за корпоративни и правни работи п.п [ТИТУЛА]
ПРИЛОГ 1: ДЕФИНИЦИИ И ОБЈАСНУВАЊА
Следните дефиниции и објаснувања важат за термините содржани во Општиот Договор за препродажба на BoomTV дигитална телевизија
СОДРЖИНА
1. Дефиниции 27
1.1 Типови на договори 27
1.2 Договорни страни и трети страни 27
1.3 Краен корисник 27
1.4 Мрежа 27
1.5 DVB-T платформа 27
1.6 Услуги за пристап 29
1.7 “Smart картичка” 29
1.9 Термини поврзани со квалитет на услуга 29
2. Тарифи и надоместоци 30
3. Главни правила на толкување 30
3.1 Толкување на временски интервали 30
3.2 Еднина и множина 31
4. Значење на кратенките 31
1. Дефиниции
1.1 Типови на договори
4.2.3 “ Договор за препродажба на BoomTV дигитална телевизија” или “Договор” е договор склучен за препродажба на BoomTV дигитална телевизија која ја обезбедува Операторот.
1.2 Договорни страни и трети страни
1.2.1 “ПРЕПРОДАВАЧ” значи [ИМЕ и АДРЕСА НА ПРЕПРОДАВАЧОТ].
1.2.2 “Страна” се мисли или на ПРЕПРОДАВАЧОТ или на Операторот во зависност од контекстот. Терминот “Страни” подразбира ПРЕПРОДАВАЧОТ и Операторот заедно.
1.2.3 “Оператор“ е сопственик на јавна комуникациска мрежа или давател на јавна комуникациска услуга во согласност со Законот за електронските комуникации.
1.2.4.”Подружница” на Договорна страна е правно лице кое:
директно или индиректно ја поседува или контролира Договорната страна е под директна или индиректна сопственост или контрола од истото правно лице директно или индиректно поседувајки или контролирајки ја Договорната страна директно или индиректно поседуван или контролиран од Договорната страна за толку долго за колку би траела самата сопственост
1.3 Краен корисник
“Краен корисник” подразбира физичко или правно лице, со склучен претплатнички договор со ПРЕПРОДАВАЧОТ, на кого ПРЕПРОДАВАЧОТ му обезбедува малопродажна услуга за дигитална телевизија и со доделена Smart картичка и дигитален приемник (STB) со свои идентификациски броеви внесени во дигиталната DVB-T платформа на Операторот.
1.4 Мрежа
“Мрежа” ја подразбира јавната комуникациска мрежа на Операторот.
1.5 DVB-T платформа
“DVB-T платформа” се состои од систем за прием на Live ТВ канали, систем за заштита на Content и администрација на претплатници и систем за трансмисија. Во системот за прием на Live ТВ канали истите се добиваат преку сателитски/терестријални приемници или преку директни врски до ТВ куќите при што се врши нивно прекодирање во MPEG-4, H.264.AVC
облик. Каналите што треба да бидат заштитени се носат до системот за заштита каде се врши нивно скремблирање со примена на Viaccess системот за заштита. Во системот за трансмисија претходно обработените канали се мултиплексираат во доделениот DVB-T мулпиплекс во фреквенцискиот опсег UHF 470 – 862 MHz и истите се емитираат преку мрежата од предаватели. Контролата на пристап на корисниците се врши преку Viaccess системот во кој се администрираат сериските броеви од Smart Card картичките што корисниците ги добиваат при обезбедување на услугата. Smart Card картичката се вградува во STB и е неопходна за декодирање на каналите што се заштитени. На следната слика е прикажан опис на DVB-T платформата:
1.6 Услуги за пристап
1.6.1 “Услуга за препродажба на BoomTV дигитална телевизија” или “Услуга” е услуга за дигитална телевизија базирана на технологијата на Операторот како што е подетално дефинирана во Прилог бр. 2 од овој Договор. Услугата ја обезбедува Операторот, а ја користи ПРЕПРОДАВАЧОТ во рамките на овој Договор.
1.6.2 “BoomTV дигитална телевизија” или “BoomTV” е трговското име под кое Операторот ја продава услугата на своите крајни корисници и која е предмет на овој Договор.
1.6.3 “BoomTV основен пакет” е пакет од ТВ канали дефинирани во Прилог В (Листа на канали)
1.6.4 “Дополнителен ЕКСТРА ПАКЕТ ПЛУС пакет” е пакет од ТВ канали дефинирани во Прилог В (Листа на канали).
1.6.5 “Дополнителен HBO пакет” е пакет од ТВ канали дефинирани во Прилог В (Листа на канали
1.7 “Smart картичка”
картичка со идентификациски број преку кој се обезбедува големопродажната услуга за дигитална услуга на крајните корисници на ПРЕПРОДАВАЧОТ. Оваа картичка мора да биде набавена од истиот Добавувач (Viacces Orca) бидејќи DVB-T Платформата подржува само еден систем за условен пристап до заштитените ТВ канали.
1.8 “Корисничка опрема (CPE)” – сет-топ боксови за DVB-T прием со безбедносен систем купени и доставени до крајните корисници.
1.9 Термини поврзани со квалитет на услуга
1.9.1 Термини поврзани со расположливоста
1.9.1.1 “Време на прекин на услуга” го претставува периодот помеѓу откривање (пријавување) на пречката и обновувањето на услугата.
1.9.1.2 “Годишно време на прекин” подразбира вкупно време на прекин на услугата поради поединечни пречки во една календарска година.
1.9.1.3 “Годишна расположливост” е односот на (правилно) употреблив дел од дадениот годишен период во целата календарска година изразено во проценти. Периодите на прекин
поради активностите за одржување не се вклучени во пресметаната вредност на Годишна расположливост.
1.9.1.4 “Расположливост” го подразбира периодот за време на кој услугата може правилно да се користи. Период на нерасположливост започнува после 10 (десет) последователни секунди со многу грешки. Десетте секунди се вклучени во периодот на нерасположливост. Период на расположливост започнува после 10 (десет) последователни секунди со малку грешки.
1.9.2 Отстранување на пречки, одржување
1.9.2.1 “Време на отстранување на пречки” е периодот помеѓу откривање на пречката од страна на Операторот или пријавувањето на пречка од ПРЕПРОДАВАЧОТ и обновувањето на услугата.
1.9.2.2 “Просечно време за отстранување на пречка” го подразбира просечното време потребно за отстранување на една пречка.
1.9.2.3 “Време на локализирање на пречка” е периодот помеѓу откривање на пречката од Операторот или пријавување на пречката од ПРЕПРОДАВАЧОТ и локализирањето на пречката од Операторот вклучувајќи го и известувањето за истата.
1.9.2.4 “Активности за одржување” го опфаќа откажувањето на услуга – однапред испланирано и координирано со другата Страна – за извршување на одржување, обновување, замена на софтвер, надградување или други поврзани задачи.
2. Тарифи и надоместоци
2.1 “Еднократен надомест” значи надомест кој ПРЕПРОДАВАЧОТ е должен да му го плати на Операторот кога дадената услуга се користи за прв пат.
2.2 “Месечен надомест” е надомест кој ПРЕПРОДАВАЧОТ го плаќа секој месец на Операторот за користење на дадената услуга.
2.3 “Надомест за услуга” подразбира надомест кој ПРЕПРОДАВАЧОТ ќе му го плати на Операторот за користењето на услугата во дадениот месец, како сума на Еднократни надоместоци и Месечни надоместоци.
3. Главни правила на толкување
3.1 Толкување на временски интервали
3.1.1 Периодите определени во форма на даден број на “денови” означуваат временски интервал пресметан врз база на календарски денови кои се сметаат за работни денови според македонските прописи.
3.1.2 Периодите определени во форма на даден број на “недели”, “месеци” или “години” се мисли на календарски денови, недели, месеци или години освен ако не е поинако назначено во дадениот текст.
3.1.3 Ако во согласност со контекстот месецот се толкува како период, тогаш периодот започнува на денот кој следи по референтниот датум и
а) трае до денот кој одговара на референтниот датум од следниот месец; или ако нема таков ден во наредниот месец
б) до последниот ден од наредниот месец.
3.2 Еднина и множина
Каде што од текстот тоа се бара, зборовите дадени во еднина може да означуваат множина и обратно.
4. Значење на кратенките
DVB-T – Digital Video Broadcasting Terrestrial
ПРИЛОГ 2: ОПИС НА УСЛУГАТА
1.Краток опис на услугата
1.1 Операторот му обезбедува на ПРЕПРОДАВАЧОТ услуга за препродажба на BoomTV дигитална телевизија која ќе му овозможи на ПРЕПРОДАВАЧОТ да им нуди на своите крајни корисници услуга за дигитална телевизија под брендот на Операторот.
Услугата за препродажба на BoomTV дигитална телевизија според “retail minus” моделот вклучува:
Пакети со дигитални телевизиски сигнали/канали (програмска шема) Форма на пакет со телевизиски сигнали
Дистрибуција на дигитални телевизиски сигнали
1.2. Во “retail minus” моделот Операторот изнајмува на месечна основа дигитални телевизиски сигнали/канали на ПРЕПРОДАВАЧОТ кои се дел од програмската шема наведена во Додаток В кон овој Договор. Операторот гарантира дека сите права за дистрибуција на дигиталните телевизиски сигнали/канали кои се дел од програмската шема се обезбедени од оригиналните сопственици.
Телевизиските сигнали кои Операторот ги обезбедува на ПРЕПРОДАВАЧОТ со во иста форма и со ист квалитет како и за било која трета страна. Телевизиските сигнали се кодирани со MPEG-4 код алгоритам.
Телевизиските сигнали, кои Операторот ќе ги обезбеди на ПРЕПРОДАВАЧОТ, може во форма специфицирана во претходниот став, да бидат дистрибуирани од секоја точка на пренос прикажана во член 4.
1.3 Операторот обезбедува на ПРЕПРОДАВАЧОТ телевизиски сигнали/канали во форма на програмски пакети кои може да се продаваат на крајните корисници во форма на самостоен продукт или во пакет со други продукти на ПРЕПРОДАВАЧОТ .
1.4 Во случај на на измена на програмските пакети или воведување други нови услуги, Операторот е обврзан да го информира ПРЕПРОДАВАЧОТ во рок од 1 (еден) месец пред имплементацијата. Ваквите измени ќе бидат применети за било која трета страна на која Операторот обезбедува услуга за дигитална телевизија.
1.5 Обезбедувањето на корисничка опрема (CPE) за прием на телевизиските сигнали/канали за крајните корисници е обврска на ПРЕПРОДАВАЧОТ . За оваа цел ПРЕПРОДАВАЧОТ ќе ја користи и дистрибуира само онаа корисничка опрема (CPE) која е одобрена и тестирана од Операторот.
2. Технички услови на страна на Операторот
Технички услуга за препродажба на BoomTV дигитална телевизија ќе биде понудена и обезбедена и ќе биде идентична како BoomTV услугата на Операторот. Инсталацијата и одржувањето на услугата за препродажба на BoomTV дигитална телевизија ќе биде обезбедена од Операторот под BoomTV брендот .
2.1. Имплементација на услугата
За активација и деактивација на услугата за препродажба на BoomTV дигитална телевизија за крајните корисници, ПРЕПРОДАВАЧОТ треба да достави барање до Операторот.
За таа цел, Операторот ќе овозможи соодветен интерфејс (Web service) кон неговата DVB-T платформа преку кој ПРЕПРОДАВАЧОТ ќе доставува барања за активацијата и деактивација на BoomTV дигитална телевизија за крајните корисници (во “retail minus” моделот).
Барањето за активација и деактивација на услугата за дигитална телевизија за крајните корисници треба да ги содржи следните податоци:
ЕМБГ или ЕДБ на крајниот корисник Сериски број на дигиталниот приемник
Сериски број на програмската картичка - Smart Card Услуга која треба да се активира
За секое реализирано барање за активација или деактивација на услугата за препродажба на BoomTV дигитална телевизија (независно дали е привремена), преку интерфејсот (Web
service) кон својата DVBT платформата Операторот ќе обезбеди повратна информација или променет статус како потврда за реализација на барањето.
2.2 Страните може да договорат поинакви процедури во врска со обезбедување на Услугата предмет на овој Договор
2.3. Услуги кон крајни корисници
За крајните корисници услуги за грижа на корисници обезбедува ПРЕПРОДАВАЧОТ .
Во случај кога Smart картичката е изгубена, украдена или оштетена, крајниот корисник на ПРЕПРОДАВАЧОТ ќе ја контактира службата за грижа на крајни корисници на ПРЕПРОДАВАЧОТ . Со цел навремена и квалитетна поддршка кон крајните корисници, вработените во Центрите за грижа на крајни корисници на ПРЕПРОДАВАЧОТ редовно ќе контактираат и соработуваат со вработените во Центрите за грижа на крајни корисници на Операторот, кои ќе овозможат 24 часовна поддршка, 7 (седум) дена во неделата.
3. Достапност на услугата
Параметар за квалитет | Основно ниво |
Време на активирање на услугата по краен корисник | 1 (еден) работен ден од прием на барање од страна на ПРЕПРОДАВАЧОТ |
А. Месечна расположливост за целокупната големопродажна услуга за дигитална телевизија | 99% |
Б. Месечна расположливост по реон/подрачје | 98% |
Време за деактивација на услугата | 1 (еден) работен ден од прием на барање од страна на ПРЕПРОДАВАЧОТ |
Време за отстранување на пречка за целокупната големопродажна услуга | 2 (два) часа |
Време за отстранување на пречка по реон/подрачје | 90% од случаите (пријавени во месецот) за 4 (четири) часа, останатите случаи за 8 (осум) часа |
Расположивоста се мери врз база на валидни пријави на пречки согласно Прилог бр. 4 (Отстранување на пречки) при што пријавите за пречки кои се предизвикани по грешка на Крајниот корисник не се земаат во предвид како валидни пријави на пречки.
4. Географска покриеност на територијата на република Македонија каде што големопродажната услуга за дигитална телевизија е обезбедена од страна на Операторот
Операторот се обврзува постојано да го известува ПРЕПРОДАВАЧОТ за проширување на области опфатени со големопродажната услуга за дигитална телевизија.
ПРИЛОГ 3: НАДОМЕСТОЦИ
1. Надоместоци
1.1. Месечни надоместоци
1.1.1. Операторот наплаќа месечен надоместок за обезбедување на услугите од точка 1.3 (Надоместоци) од овој Прилог бр.3 кон Договорот кој не зависи од фактичкото користење.
1.1.2. Операторот наплаќа еднократен надоместок за обезбедување на секоја услуга за која ваков надоместок е предвиден во точка 3 (Надоместоци) од овој Прилог бр.3 кон Договорот
1.1.3. Ако датумот на обезбедување на услугата во текот на соодветниот месец не е првиот работен ден во месецот, или датумот на завршување на услугата не е последниот ден од месецот, тогаш Операторот ќе наплаќа месечен надоместок само за деновите за кои ја обезбедувал услугата, така што ќе изнесува 1/(број на денови во соодветниот месец) од
основниот месечен надоместок по ден. Секој започнат временски период од 24 (дваесет и четири) часа ќе се смета како полн ден.
1.1.4. Операторот ќе наплаќа за потточките во фактурата со целосни, заокружени суми во денари, пресметани според основните правила за заокружување.
Операторот доставува фактура до ПРЕПРОДАВАЧОТ за користењето на услугата предмет на овој договор.
1.1.5. Доколку во период од 5 години од денот на потпишување на Договорoт, ОПЕРАТОРОТ понуди на пазарот други BoomTV Основни пакети кои не соодветствуваат со карактеристиките на BoomTV Основен пакет наведен во Член 1.3., Операторот се обврзува на ПРЕПРОДАВАЧОТ да му понуди пакет со карактеристики блиски до сегашниот „BoomTV Основен пакет“.
1.2. Данок на додадена вредност
Надоместоците кои фигурираат во точка 1.3 (Надоместоци) од овој Прилог бр. 3 кон Договорот не го вклучуваат данокот на додадена вредност. Истиот ќе биде дополнително пресметан на износите на услугите.
1.3. Надоместоци
Месечниот надоместок за користење на услугите е даден во табелата 1.3 подолу:
Табела 1.3 | Услуга | Xxxxxxxxxx [ден] |
1 | BoomTV Основен пакет | 338,00 |
2 | BoomTV Основен пакет ДУО пакет | 412,37 |
3 | BoomTV Основен пакет ТРИО пакет | 486,75 |
4 | Дополнителен ЕКСТРА ПАКЕТ Плус пакет | 160,21 |
5 | Дополнителен HBO пакет | 228,05 |
Месечните надоместоци дадени во табелата 1.3 ги вклучуваат трошоците за телевизиски канали и нивна дистрибуција.
ПРЕПРОДАВАЧОТ е обврзан да плати еднократен надоместок за поврзување и интеграција со системите на Операторот врз основа на пресметка за реални трошоци доставена до ПРЕПРОДАВАЧОТ.
ПРЕПРОДАВАЧОТ е обврзан да обезбеди корисничка опрема – Xxxxxxxxx приемник (STB) која ќе биде тестирана и одобрена од страна на Операторот.
ПРЕПРОДАВАЧОТ е обврзан да ги обезбеди/нарача СМАРТ КАРТИЧКИТЕ за условен пристап до дигиталните телевизиски услуги од истиот Добавувач како што го има ОПЕРАТОРОТ. ПРЕПРОДАВАЧОТ ќе ги подмири трошоците за набавка на СМАРТ КАРТИЧКИ после доставување на фактура од страна на Операторот.
За сите сегашни и идни малопродажни или големопродажни кампањи на Операторот за услугите предмет на овој Договор ќе бидат понудени соодветни големопродажни верзии и за ПРЕПРОДАВАЧОТ.
1.4. Наплата на услугите од крајните претплатници со кои ПРЕПРОДАВАЧОТ склучил претплатнички договор за обезбедување на Услугата за дигитална телевизија
Функциите фактурирање, наплата и управување со ненаплатени побарувања кон корисници со кои ПРЕПРОДАВАЧОТ склучил договор за обезбедување на Услугата за дигитална телевизија се одговорности на ПРЕПРОДАВАЧОТ. Сметки до крајните корисници доставува директно ПРЕПРОДАВАЧОТ. Операторот доставува фактура до ПРЕПРОДАВАЧОТ за користењето на услугата предмет на овој договор.
A1 Македонија ДООЕЛ Скопје [ПРЕПРОДАВАЧОТ]
Xxxxxx Xxxxx [ Име и презиме на одговорно лице]
Извршен директор п.п [ТИТУЛА]
Xxxxxx Xxxxxxxxx [ Име и презиме на одговорно лице] Раководител за корпоративни и правни работи п.п [ТИТУЛА]
ПРИЛОГ 4: ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРЕЧКИ
СОДРЖИНА
1. Процедури за известување за општи оперативни прашања 38
2. Промени на мрежата и планирани прекини 38
3. Управување со пречки 38
3.1. Пречка во сопствената мрежа 39
3.2. Писмени извештаи 39
3.3. Класификација на пречки 39
а. Рок за враќање во нормална состојба 39
3.4. Времетраење на пречката 40
3.5 Процедури за ескалација 40
1. Процедури за известување за општи оперативни прашања
Комуникацијата помеѓу оперативните тимови на Страните се врши преку известувања. Формуларот за пријава на пречки за Услугата е даден во Додаток X.
Сите известувања треба да содржат референтен број. Овој референтен број ќе се користи во сите одговори
и последователната размена на информации за прашањето опишано во известувањето. Се предлага референтен број да биде датумот плус сериски број: [год.-мес.-ден.].
Секоја Страна има единствени контакт лица за целите на известување. Известувањата можат да се разменуваат преку e-mail кога се работи за пречки и отстранување на пречки во Мрежата на Опеарторот, освен доколку Страните не се договорат за друг начин на комуникација.
Кога настаните налагаат регионалниот или локалниот персонал на Страните да работи директно еден со друг, контакт лицата ќе ги обезбедат неопходните информации за контакт.
2. Промени на мрежата и планирани прекини
Операторот и ПРЕПРОДАВАЧОТ треба меѓусебно да се известат пред почетокот на планираната работа и превентивното одржување што може специфично да влијае на Големопродажната услуга за дигитална телевизија.
Операторот ќе го известува ПРЕПРОДАВАЧОТ за промени во мрежата во следниве рокови: За значителни промени на мрежата, 2 (две) недели пред имплементацијата,
За поголеми промени на мрежата, 5 (пет) работни дена пред имплементацијата,
За помали промени на мрежата, 1 (еден) работен ден пред имплементацијата.
Ваквите известувања треба да ги содржат главните карактеристики, техничките детали и можното влијание од промените на мрежата и сите други информации коишто разумно можат да се очекуваат.
Последователните известувања треба да се испраќаат кога ќе почне и кога ќе заврши планираната работа.
Доколку Страната не може да ја заврши планираната работа во рамките на очекуваната временска рамка, другата Страна треба да биде известена во најскоро можно време за времето кога ќе продолжат активностите.
3. Управување со пречки
3.1. Пречка во сопствената мрежа
Операторот ќе обезбеди услуга за управување со пречки која ќе работи 24/7 дена во неделата
Доколку Операторот открие пречка во својата мрежа, Операторот ќе го информира ПРЕПРОДАВАЧОТ за пречката, веднаш штом тоа ќе биде возможно, преку договореното одговорно контакт лице согласно со процедурата за известување. Операторот ќе ги достави информациите за отстранетата пречка до ПРЕПРОДАВАЧОТ преку истото контакт лице.
3.2. Писмени извештаи
Доколку една од Страните сака да добие детален писмен извештај за пречката што влијаела на услугата или на наплатата, другата Страна треба да го подготви извештајот во рок од 1 (една) недела. Содржината на извештајот ќе биде договорена помеѓу ПРЕПРОДАВАЧОТ и Операторот на првиот работен состанок.
3.3. Класификација на пречки
Страната од којашто потекнува извештајот за пречката треба да го назначи нејзиниот приоритетен статус како:
Приоритет 1 – пречка за целокупната големопродажна услуга:
Пречка за којашто се претпоставува дека сериозно влијае на Услугата или на нејзината наплата на значителен број на крајни корисници.
Приоритет 2 – пречка по реон/подрачје:
Пречка за којашто се претпоставува дека влијае на Услугата или на наплатата на значителен број на крајни корисници.
Приоритет 3 – недостапност на канал:
Секоја друга пречка којашто селективно влијае на крајните корисници и којашто не е категоризирана како критична или голема и не се работи за приговор од еден краен корисник.
Приоритет 4 – пречка по краен корисник а. Рок за враќање во нормална состојба
Време за отстранување на пречка за целокупната големопродажна услуга | 2 (два) часа |
Време за отстранување на пречка по реон/подрачје | 90% од случаите (пријавени во месецот) за 4 (четири) часа, во останатите случаи за 8 (осум) часа |
3.4. Времетраење на пречката
Времетраењето на пречката е времето помеѓу констатирање на пречката и отстранување/неутрализацијата на истата.
3.5 Процедури за ескалација
Доколку пречката не е отстранета / неутрализирана во рамките на роковите утврдени во член 3.4. (Рок за враќање во нормална состојба), проблемот може да се ескалира.
ПРЕПРОДАВАЧОТ може да побара ескалација преку известување коешто ја вклучува идентификацијата на лицето(-ата) во организацијата на Операторот што треба да се контактираат.
Страните може да договорат поинакви процедури за отстранување на пречки во врска со обезбедување на Услугата предмет на овој Договор.
ДОДАТОК А:
ПРИЈАВА НА ПРЕЧКИ / ИЗВЕШТАЈ ОД ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРЕЧКА
ДОДАТОК Б ОПЕРАТИВНИ ТОЧКИ ЗА КОНТАКТ
Од страна на ПРЕПРОДАВАЧОТ:
Доставување на барања, известувања фактури
Телефон: + Факс: +
Контакт лице за продажба:
Телефон: + Факс: +
E-mail:
Контакт лице за ескалирање:
Телефон: + Факс: +
E-mail:
Контакт за известување за испади и планирани прекини на предавателската мрежа
Телефон: + Факс: +
E-mail:
Телефон: + Факс: +
E-mail:
Контакт лице за фактурирање:
Телефон: + Факс: +
E-mail:
Од страна на Операторот:
Доставување на барања, известувања фактури
Друштво за комуникациски услуги A1 Македонија ДООЕЛ Скопје Плоштад Пресвета Богородица бр.1
1000 Скопје Телефон: + Факс: +
Контакт лице за продажба:
Телефон: + Факс: +
E-mail:
Контакт лица за ескалирање:
Телефон: + Факс: +
E-mail:
Контакт лица за технички прашања:
Телефон: + Факс: +
E-mail:
Контакт лице за фактурирање:
Телефон: + Факс: +
E-mail:
ЛИСТА НА ТЕЛЕВИЗИСКИ КАНАЛИ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ОПЕРАТОРОТ
Македонски ТВ канали
1. Канал 5+ BoomTV основен пакет
2. Сител 3 BoomTV основен пакет
3. Наша ТВ BoomTV основен пакет
4. ТВ 21 Македонија BoomTV основен пакет
Корисниците на услугата на ПАРТНЕРОТ ќе може да ги гледаат и македонските национални и регионални дигитални канали кои се емитуваат некодирано (незаштитено).
Странски ТВ канали:
1. N1 TV BoomTV основен пакет
2. Discovery Chanel BoomTV основен пакет
3. National Geographic BoomTV основен пакет
4. Animal Planet BoomTV основен пакет
5. Discovery TLC BoomTV основен пакет
6. ID Extra BoomTV основен пакет
7. Da Vinci Learning BoomTV основен пакет
8. History BoomTV основен пакет
9. Eurosport BoomTV основен пакет
10. Eurosport 2 BoomTV основен пакет
11. Sport Klub 1 Дополнителен ЕКСТРА ПАКЕТ Плус пакет
12. Sport Klub 2 Дополнителен ЕКСТРА ПАКЕТ Плус пакет
13. Sport Klub 3 Дополнителен ЕКСТРА ПАКЕТ Плус пакет
14. Fox TV BoomTV основен пакет
15. Fox Life BoomTV основен пакет
16. Fox Crime BoomTV основен пакет
17. Fox Movies BoomTV основен пакет
18. AXN BoomTV основен пакет
19. HBO MKD Дополнителен HBO пакет
20. HBO Comedy Дополнителен HBO пакет
21. Cinestar TV BoomTV основен пакет
22. Cinestar Action&Thriller Дополнителен ЕКСТРА ПАКЕТ Плус пакет
23. Cinestar Premiere 1 Дополнителен ЕКСТРА ПАКЕТ Плус пакет
24. E! Entertainment BoomTV основен пакет
25. MTV Adria BoomTV основен пакет
26. VH1 BoomTV основен пакет
27. GRAND NARODNA TV BoomTV основен пакет
28. DM SAT BoomTV основен пакет
29. Cartoon network BoomTV основен пакет
30. Boomerang BoomTV основен пакет
31. Orlando Kids BoomTV основен пакет
32. BabyTV BoomTV основен пакет
33. 24 Kitchen BoomTV основен пакет
34. CNN BoomTV основен пакет
35. Dorcel Дополнителен ЕКСТРА ПАКЕТ Плус пакет
36. Hustler Дополнителен ЕКСТРА ПАКЕТ Плус пакет
37. Brazzers Дополнителен ЕКСТРА ПАКЕТ Плус пакет Радио станици:
1. Македонско радио 1
2. Македонско радио 2
3. Антена 5
4. Метрополис
5. Канал 77