ТЕРМИНАЛНА ОПРЕМА Примери за клаузули

ТЕРМИНАЛНА ОПРЕМА. Претплатниците на комуникациските услуги не треба да приклучат на јавната мрежа терминална опрема која не е во согласност со условите пропишани со прописите со кој се уредува радио и телекомуникациската терминална опрема и/или со планот за намена на радиофрекфенциските опсези во Република Македонија. Доколку претплатникот при склучување на претплатничкиот договор купува или добива на користење терминална опрема која е ограничена (заклучена) да се користи само во мрежата на Операторот со кои има склучено претплатнички договор, Операторот ќе го извести претплатникот дали оваа опрема може да ја користи кај друг Оператор во случај на раскинување на претплатничкиот договор, како и да го извести за цената и начинот на отклучување на истата доколку ги обезбедува. Доколку терминалната опрема од ставот (2) на овој член има вградени ограничувања од Операторот на некои функционалности кои се достапни од производителот на опремата, Операторот во ценовникот и/или каталогот, кои се јавно достапни, ќе ја наведе цената за отклучување на секоја функционалност посебно, начинот и временските ограничувања, доколку ги има, или да наведе дека заклучените функционалности не се достапни за таа терминална опрема.
ТЕРМИНАЛНА ОПРЕМА. 3.1. Терминалната опрема е во сопственост на Операторот, освен во случаи кога истото е поинаку дефинирано со склучување на Прилог кон овој Договор. 3.2. Инсталирањето на терминалната опрема ќе ја врши Операторот самостојно или преку негов подизведувач. 3.3. Со денот на инсталирање на терминалната опрема на локација дадена од страна на Претплатникот, овластено лице на Операторот ќе состави и врачи посебен документ - реверс со кој му ја предава терминалната опрема во владение на Претплатникот. 3.4. Претплатникот е должен да ја чува терминалната опрема како добар домаќин, да ја користи терминалната опрема во согласност со нејзината намена и техничките спецификации пропишани од Операторот, како и да дозволи преглед на терминалната опрема на Барање на Операторот, Во понатамошниот текст Операторот и Претплатникот колективно ќе се нарекуваат „Договорни страни
ТЕРМИНАЛНА ОПРЕМА. 2.1. Терминалната опрема е во сопственост на Операторот. 2.2. Инсталирањето на терминалната опрема ќе ја врши Операторот самостојно или преку негов подизведувач. 2.3. Со денот на инсталирање на терминалната опрема на локација дадена од страна на Претплатникот, овластено лице на Операторот ќе состави и врачи посебен документ - реверс со кој му ја предава терминалната опрема во владение на Претплатникот. 2.4. Претплатникот е должен да ја чува терминалната опрема како добар домаќин, да ја користи терминалната опрема во согласност со нејзината намена и техничките спецификации пропишани од Операторот, како и да дозволи преглед на терминалната опрема на барање на Операторот. 2.5. Претплатникот може, поради технички причини да побара замена на испорачаната терминална опрема со друг тип на терминална опрема согласно Општите услови на Операторот.

Related to ТЕРМИНАЛНА ОПРЕМА

  • Извор на средства 1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

  • ВИША СИЛА Ниту една од договорните страни не одговара и нема да биде одговорна за неисполнување на обврските по овој Договор до кое би дошло поради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена поради Виша сила, должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ. По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • НАДОМЕСТ НА ШТЕТА Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска. До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.

  • Право на учество 1.9.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество. 1.9.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка. 1.9.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката. 1.9.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот. 1.9.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи. 1.9.6 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор: 1.9.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]