Виша сила Примери за клаузули

Виша сила. Член 12 Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на овој договор до кое би дошло заради виша сила. Ако една од договорните страни е спречена во исполнувањето на своите обврски заради виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ. По отстранување на вишата сила договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
Виша сила. Член 10 Договорниот орган и Економскиот оператор се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон друга за губиток, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор кои се предизвикани од виша сила.
Виша сила. Користењето на услугите што ги обезбедува Македонски Телеком може да биде прекинато поради дејство на виша сила. Под виша сила се подразбира настан независен од волјата на договорните страни, чие настапување не можело да се спречи или предвиди и поради кои исполнувањето на обврските од договорот станало отежнато или неможно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: природни настани, општествени настани (штрајк, немири, војна), акти на јавна власт, нарушувања во функционирањето на системот. Македонски Телеком нема да сноси никаква одговорност кон претплатникот поради прекин на неговите услуги, предизвикан од настан на виша сила.
Виша сила. Страните нема да бидат пдгпвпрни за неизвршуваое на билп кпи пд нивните пбврски наведени вп пваа РПИ и Дпгпвпрпт за интекркпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИ кпга таа невпзмпжнпст е заради Виша сила настаната пп склучуваое на Дпгпвпрпт за интекркпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИ. Страните спгласнп утврдуваат дека вп случај на непредвидени пкплнпсти вп ппстапката за прибираое на пптребните пдпбренија пд страна на надлежните државни тела пптребни за извршуваое на пбврските пд пваа РПИ и Дпгпвпрпт за интеркпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИ, а кпи ќе имаат влијание на привремена немпжнпст за извршуваое на пбврските сппред пваа РПИ и Дпгпвпрпт за интеркпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИ, ќе се применуваат пдредбите пд пвпј член. Страната кпја е ппгпдена пд дејствптп на Виша сила мпра без пдлпжуваое, а најдпцна вп рпк пд 24 (дваесет и четири) часа, пп писмен пат да ја извести другата Страна и да наведе кпи пд свпите дпгпвпрени пбврски не е вп спстпјба да ги изврши заради дејствптп на Виша сила. Вп случај на дејствп на Виша сила ппгпдената Страна ќе влпжи максимален наппр вп извршуваоетп на свпите пбврски сппред пваа РПИ и Дпгпвпрпт за интеркпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИ. Дпкплку Вишата сила спречува извршуваое на еден дел пд Дпгпвпрпт за интекркпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИ, а кпј дел не влијае врз извршуваоетп на пваа РПИ и Дпгпвпрпт за интекпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИвп целпст, ппгпдената Страна ќе прпдплжи да извршува дел пд свпите пбврски врз кпи не влијае дејствптп на Вишата сила, дпкплку таквптп делумнп извршуваое е прифатливп за другата Страна. Дпкплку дејствптп на Вишата сила трае ппдплгп пд 3 (три) месеци, Страните ќе се дпгпвпрат за тпа дали Дпгпвпрпт за интеркпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИ ќе пстане вп сила. Акп Страните не ппстигнат дпгпвпр вп рпк пд 7 (седум) дена, Дпгпвпрната страна ппгпдена пд дејствптп на Виша сила има правп да гп раскине Дпгпвпрпт за интеркпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИсп писменп известуваое сп мпментален учинпк.
Виша сила. Член 15 Договорните страни нема да бидат одговорни за неисполнување или доцнење со исполнување на обврските, како резултат на причини или околности настанати по влегување во сила на овој договор, а кои не можеле да се предвидат ниту да се отстранат (виша сила).
Виша сила. Користењето на улугите на Операторот може да биде прекинато поради дејство на „виша сила“. Под „виша сила“ се подразбира настан независен од волјата на договорените страни, чие настанување не можело да се спречи или предвиди и поради кои исполнувањето на обврските од договорот станало отежнато или неможно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: природни настани, општествени настани (штрајк, немири, војна), акти на јавна власт. Операторот нема да сноси никаква одговорност кон претплатникот поради прекин на неговите услуги, предизвикан од настан на „виша сила“.
Виша сила. 18.1 Ниедна договорна страна не е одговорна за неисполнување на обврска од договорот, којашто би настанала поради виша сила. Во случај ако некоја од договорните страни не може да ги исполни своите обврски од договорот поради виша сила, таа е должна за тоа веднаш да ја извести спротивната страна, при што во известувањето мора детално да ја наведе и причината за вишата сила.
Виша сила. Користењето на услугата на микроплаќање може да биде прекинато поради дејство на виша сила. Под виша сила се подразбира настан независен од волјата на Договорните страни, чие настапување не можело да се спречи или предвиди и поради кои исполнувањето на обврските од Договорот станало отежнато или неможно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: природни настани, општествени настани (штрајк, немири, војна), акти на јавна власт. МКТ нема да сноси никаква одговорност кон Корисникот на микроплаќање поради прекин на услугата на микроплаќање, предизвикан од настан на виша сила.
Виша сила. Ако (и до онаа мера во која) било која од Договорните страни е спречена на било каков начин да изврши било која од своите обврски што произлегуваат од овој Договор поради настан што се должи на Виша сила, тогаш Договорната страна така спречена да ги изврши своите обврски нема да биде одговорна за никаков пропуст или одложување на извршувањето под услов таквата Договорна страна итно да ги извести другите Договорни страни за тој пропуст или одложување и за причините што довеле до него, и да ги преземе сите разумни чекори за да продолжи со целосно извршување на обврските во најскоро можно време. Ако таквиот настан на Виша сила трае повеќе од триесет (30) календарски денови, тогаш Договорната страна што не е Договорната страна која е спречена да ги исполни своите обврски поради Виша сила, има право да го раскине овој Договор, и тоа веднаш, откако писмено ќе ги извести другите Договорни страни, без да има никакви обврски спрема нив.
Виша сила. 13.1. Ниту една од Страните нема да сноси одговорност за неисполнување на своите договорни обврски, доколку истата е спречена да ги исполни обврските за испорака или прифаќање во ситуација кога причина за таквиот неуспех се настани и услови кои во моментот на настанување биле вон контрола на Страната, не можела да ги предвиди, избегне или надмине и покрај преземањето на сите разумни напори.