УСЛОВИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ Примери за клаузули

УСЛОВИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ. Подолу наведените услови за извршување на услугите во рамки на реализацијата на договорот претставуваат минимални побарувања и не можат да подлежат на измени: усогласени динамиката на реализација на активностите од договорот, како и сите дополнителни детали. Во рок од 10 (десет) дена по одржување на овој состанок заеднички ќе се договори и усогласи Акционен план за реализација на активностите од Договорот. 1. Достапност на услугата за примарната линија на крајните точки по локација 99% на месечно ниво по локација, односно време на достапност на услугите по локација на месечно ниво. За секое отстапување ќе се наплаќаат пенали на следниов Вклучувајќи комплетна достапност на системот, т.е прекин на било која компонента од ланецот на услуги (терминална опрема, мрежа, централна опрема на начин: - Достапност од 96% до 98,99% месечната фактура што се однесува на дадената изнајмена линија се намалува за 10% - Достапност од 92% до 95,99% месечната фактура што се однесува на дадената изнајмена линија се намалува за 15% - Достапност помала од 91,99% месечната фактура што се однесува на дадената изнајмена линија се намалува за 20%. добавувачот) ќе се смета за прекин на услугата 2. Просечно време на одзив за отстранување на недостапност на примарната линија - не подолго од 30 мин. во нормални работни денови (08:00 – 16:00), - не подолго од 1 час во нормални работни денови (16:00 – 22:00), - не подолго од 2 часа во нормални работни денови (22:00 – 08:00) и неработни денови, вклучувајќи и национални празници За секое отстапување ќе се наплаќаат пенали во висина од 20% од делот на месечната фактура што се однесува на дадената изнајмена линија за која бил пријавен проблемот. Просечно време на месечно ниво изминато од времето на пријава на прекинот до времето на отстранување на прекинот 3. Просечна месечна загуба на пакети по локација 0,1% За секое отстапување ќе се наплаќаат пенали на следниов начин: - Просечна месечна загуба на пакети од 0,1 % до 0,5 % месечната фактура што се однесува на дадената изнајмена линија се намалува за 5 % - Просечна месечна загуба на пакети од 0,51% до 1% месечната фактура што се однесува на дадената изнајмена линија се намалува за 10 % - Просечна месечна загуба на пакети поголема од 1% месечната фактура што се однесува на дадената изнајмена се намалува за 15 % Просечна загуба на пакети по локација во текот на еден месец Просечно време на пренос на пакети 50мс Во случај на прекин ќе се наплаќаат Доколку просечното време на пренос на пакети по
УСЛОВИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ. Подолу наведените услови за извршување на услугите во рамки на реализацијата на договорот претставуваат минимални побарувања и не можат да подлежат на измени. - Во рок од 10 (десет) дена по потпишување на Договорот, ќе се одржи почетен состанок помеѓу контакт лица од Договорниот орган и експертите предложени од Носителот на набавката, на кој ќе бидат договорени и усогласени динамиката на реализација на активностите од договорот, како и сите дополнителни детали. Во рок од 10 (десет) дена по одржување на овој состанок заеднички ќе се договори и усогласи Акционен план за реализација на активностите од Договорот. Акциониот план ќе содржи детален преглед на системските софтвери, софтверите за база на податоци и оперативните системи и нивните верзии, како и бројот на лиценци кои ќе се користат. - Изведувањето на активностите од Акциониот план ќе се одвива во период кој ќе биде договорен со назначените лица од Царинската управа, но најдоцна пред истекот на 9 месеца од денот на потпишувањето на договор. - Носителот на набавката потребно е да ги достави до Договорниот орган следниве документи (пожелно на англиски јазик): 1. Детална документација за инсталација, администрација и конфигурација на опремата и софтверите, односно целокупната инфраструктура за централна консолидација на ИКТ системи: • Дизајн (детален приказ) на инфраструктурата, • Техничка документација и упатства за користење (user manuals) од производителот 2. Потврда/доказ дека сопственоста на софтверските лиценци е на име на Договорниот орган 3. Протокол за тестирање на опремата и системскиот софтвер 4. Протокол за перформансно тестирање за секој сегмент • проверка на инсталацијата • проверка на главни конфигурациски параметри • симулација на испади на одредени сегменти од елементот • перформансен тест • потпишување од соодветните вклучени во тестот. 5. Детално образложен Xxxxxxxx за инсталација на хардверот откако ќе заврши инсталацијата на хардверот 6. Детално образложен Xxxxxxxx за инсталација на софтверот откако ќе заврши инсталацијата на софтверот 7. Протокол за примопредавање на инфраструктура за централна консолидација на ИКТ системите на Царинската управа. Документите треба да бидат предадени на Договорниот орган во печатена форма и електронски на CD. Доставените протоколи треба да бидат одобрени и потпишани од двете договорни страни.
УСЛОВИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ. Подолу наведените услови за извршување на услугите во рамки на реализацијата на договорот претставуваат минимални побарувања и не можат да подлежат на измени. • Носителот на набавката, интервенциите и тестирањето на системот ќе може да ги врши со далечински пристап, за случаите кога експертот не е локално присутен и/или не може самостојно да го реши проблемот. Далечинскиот пристап ќе се овозможи по потпишување на Договор за заштита на информации и далечински пристап помеѓу двете договорни страни и Изјава за тајност на податоци потпишана од страна на секој експерт кој ќе пристапува далечински. Носителот на набавката за секој далечински пристап до системот поднесува барање за далечински пристап до Договорниот орган, со наведена причина за поврзувањето и интервенцијата. По завршениот далечински пристап Носителот на набавката е должен да достави извештај за направената интервенција за време на пристапот до Договорниот орган.

Related to УСЛОВИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Склучување на договорот за јавна набавка 6.4.1 Договорниот орган ќе го достави Договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување. 6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише Договорот за јавна набавка и истиот да му го врати на Договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање на Договорот. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од Договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган. 6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише Договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на Договорот и да ја објави негативната референца.

  • ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ Вкупната вредност на овој договор изнесува: - Вкупно без ДДВ ,00 денари - ДДВ 18% ,00 денари Вкупно со ДДВ ,00 денари Со зборови денари, со вклучен ДДВ.

  • ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ Предмет на овој Договор е регулирање на односите меѓу Фондот и Здравствената установа за обезбедување и извршување на основни здравствени услуги на осигурените лица во примарната здравствена заштита, начинот на плаќање на услугите, правата и обврските на договорните страни како и други прашања кои се однесуваат за уредување на меѓусебните односи помеѓу договорните страни.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба. 1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.