Услови на плаќање со платежни картички Примери за клаузули

Услови на плаќање со платежни картички. Корисникот може да ја користи картичката до висина на расположивото салдо и во рамки на утврдените дневни лимити, во моментот на настанување на трансакцијата, односно во моментот на задолжување на сметката. • Корисникот на основната картичка ја овластува Банката, трошоците настанати со користење на основната и дополнителните картички да ги наплатува од неговата платежна сметка. • Корисникот на основната картичка, за наплата на сите достасани а ненаплатени трошоци кои може да настанат на платежната сметка со користење на основната и дополнителните картички, со склучување на Договорот ја овластува Банката без негова дополнителна согласност да воспостави налози и да врши наплата од сите сметки отворени во Банката на име на Корисникот на основната картичка. • Доколку во рок од 60 (шеесет) дена од денот на користење на картичката Корисникот на картичката во изводот на сметките не добие известување за задолжувањата на направените трошоци, должен е веднаш да ја извести Банката. • Банката одредува дневни лимити за користење на картичката на банкомат, во трговија на ПОС терминал и лимити за трансакции преку Интерент, за кои Корисникот на картичката е информиран при подигнување на картичката. Xxxxxxx го задржува правото да врши промена на дневните лимити. • На барање на Корисникот на основната картичка може да се дефинираат дневни лимити по картичка за трговија (на продажно место или преку Интернет) и подигање на готовина од банкомат, при што овие лимити може да бидат поинакви од дневните лимити дефинирани од страна на Банката. Барање за промена на дневните лимити се врши на шалтерите на Xxxxxxx означени за таа намена или со повик на контакт-центарот за картички, на кој Банката има 24-часовна поддршка, и телефонскиот број е наведен на позадината на картичката, 02/3247-474. Постои можност промената на дневните лимити да се изврши и самостојно од страна на Корисникот на картичка преку Интернет или мБанка. • Дневниот лимит се однесува кумулативно за платежната сметкa, без разлика на валутата, зависно од типот на дебитната картичка.

Related to Услови на плаќање со платежни картички

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • Авансно плаќање 7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.

  • Исправка на аритметички грешки 5.3.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин: - ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови, - ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Гаранции и авансно плаќање IV.1.1) Гаранција на понудата:Не

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.