Користење на картичката Примери за клаузули

Користење на картичката. Картичката не е пренослива на други лица и може да ја користи само Корисникот на картичката чие име е втиснато на картичката. • Корисникот може да ја употребува картичката за безготовинско плаќање на производи и услуги на сите продажни места во Р. Северна Македонија (на продажно место или преку интернет) и странство, кои имаат MasterCard и/или Visa ознаки, како и за подигнување готовина во домицилна валута на сите банкомати и кај сите банки во Р. Северна Македонија и странство, кои имаат MasterCard и/или Visa ознаки. • За сите користења на дебитните картички Debit MasterCard и Debit MasterCard World во странство, пресметката се врши во ЕУР, а задолжувањето се врши во денари на денарската сметка на Корисникот, по среден курс, согласно курсната листа на банката, кои важат на денот на задолжувањето. При користење на картичката во странство, конверзијата на трошоците, од останати валути во ЕУР и од ЕУР во денари, при авторизација на трансакцијата, се врши по курсевите на MasterCard Worldwide. Трошоците за конверзија помеѓу валутите се на товар на Корисникот на картичката. • За сите користења на дебитната картичка Visa Debit во странство, пресметката се врши во ЕУР, а задолжувањето се врши во денари на денарската сметка на Корисникот, по продажен курс, согласно курсната листа на банката, кои важат на денот на задолжувањето. При користење на картичката во странство, конверзијата на трошоците, од останати валути во ЕУР и од ЕУР во денари, при авторизација на трансакцијата, се врши по курсевите на Visa International. Трошоците за конверзија помеѓу валутите се на товар на Корисникот на картичката. • За користење на дебитна картичка Maestro во странство, независно од валутата која се користи во таа земја, потребно е корисникот на платежната сметка во девизи да има евра. При користење на картичката во странство, конверзија на трошоците од останати валути во евра, при авторизација на трансакцијата се врши по курсевите на MasterCard Worldwide. Трошоците за конверзија помеѓу валутите се на товар на корисникот. • За користење на картичката Debit MasterCard World за безготовинско плаќање на производи и услуги на сите продажни места во Р. Северна Македонија (на продажно место или преку интернет) и странство банката на месечно ниво пресметува поврат на средства од остварениот промет, кој се исплаќа во вид на Подарок картичка, во моментот кога ќе се акумулираат 1.000 денари. За месечен реализиран промет во трговија до 10.000 денари, повратот на средства е од 0,2% од остварен...
Користење на картичката. Картичката не е пренослива на други лица и може да ја користи исклучиво Корисникот на картичката чие име е втиснато на картичката; • За плаќање на стоки и услуги и подигнување готовина од шалтер, Корисникот на картичката потпишува потврда за извршена трансакција (слип) на местото на трансакцијата, при што потписот мора да биде еднаков со потписот на картичката. Еден примерок од потврдата, Корисникот на картичката задржува за своја евиденција. Сите согледани неправилности на потврдата за извршена трансакција, корисникот ги оспорува непосредно при купувањето, односно користењето на услугата, пред потпишување на слипот; • Корисникот е должен да ги чува сите документи во врска со плаќањата извршени со картичката најмалку 6 месеци. На прво барање на Xxxxxxx, доколку за тоа се појави потреба должен е истите да ги достави до Банката; • Корисникот на картичката е должен на барање на продавачот на стока, односно вршителот на услуга да се легитимира со лична карта, односно пасош; • За проверка на идентитетот на Корисникот на картичката при користење на банкоматот, Корисникот употребува посебен личен идентификационен број (PIN), кој е единствен и таен. Личниот идентификационен број му го доделува Банката на Корисникот при издавање на картичката. PIN-от му е познат исклучиво на Корисникот на картичката и потребно е со истиот да се постапува строго доверливо и да не биде достапен за трети лица. PIN-от не смее да се запишува на картичката и никаква писмена трага за PIN-от не смее да биде доведена во врска со картичката; • Во случај на губење или заборавање на PIN-от, Корисникот на картичката треба веднаш да се обрати во Банката за повторно издавање на PIN.
Користење на картичката. 4.1 Картичката може да се користи за подигање на готовина и безготовинско плаќање на стоки и услуги во трговска мрежа во земјата и во странство, на сите места каде е истакнат знакот на MasterCard/Visa. 4.2 Корисникот може да ја користи картичката во рамки на дневниот лимит и висината на расположливото салдо. 4.3 Вкупниот дневен лимит на кредитната картичка изнесува 200.000,00 МКД. (Подигнување готовина: 50.000,00 МКД, Трговија: 200.000,00 МКД). 4.4 Корисникот е должен на барање на трговецот, при плаќање на стоките и услугите да овозможи увид на документ за лична идентификација. 4.5 Корисникот на картичката потпишува потврда за извршена трансакција (слип) на местото на трансакцијата, при што потписот мора да биде еднаков со потписот на картичката и/или внесува XXX. Еден примерок од потврдата, Корисникот на картичката задржува за своја евиденција. Сите согледани неправилности на потврдата за извршена трансакција, корисникот ги оспорува непосредно при купувањето, односно користењето на услугата, пред потпишување на слипот. Бесконтактната трансакција се извршува само со доближување на картичката до ПОС терминалот и износот на истата е определен согласно правилата на MasterCard/Visa. 4.6 За проверка на идентитетот на Корисникот на картичката при подигнување готовина од банкомат, Корисникот употребува посебен личен идентификационен број (PIN), кој е единствен и таен. 4.7 Xxxxxxxxxx е должен да ги чува сите документи во врска со плаќањата извршени со картичката најмалку 12 месеци. На прво барање на Xxxxxxx, доколку за тоа се појави потреба должен е истите да ги достави до Банката. 5.1 Сите надоместоци и камати поврзани со картичката се одредени со Одлуката за тарифата на надоместоци на Банката и Одлуката за висина на каматните стапки на Банката. Истите се променливи согласно актите на Банката и се достапни на интернет страната на Банката и на шалтерите на Банката. 5.2 Банката е должна за секој календарски месец да го известува Барателот за сите настанати трансакции со картичката со доставување на извод за трансакции во месецот. 6.1 Корисникот е должен да чува копија од сметката или слипот во случај на рекламации, затоа што Банката не е должна да прифати рекламации доколку корисникот не достави примерок или копија на сметката. 6.2 Корисникот на картичката по извршената трансакција, односно по приемот на изводот за извршени трансакции, може да утврди неправилност и по писмен пат, да изврши рекламација до Банката за спорната трансакција. Рекламацијата мора да биде п...
Користење на картичката. Картичката не е пренослива на други лица и може да ја користи исклучиво Корисникот на кој му е издадена и чие име е наведено на Картичката. За користење на Картичката, т.е. за подигнување на готовина, Корисникот употребува посебен Личен идентификационен број (ПИН-код), кој е единствен и таен. ПИН кодот му го доделува Динерс Клуб на Корисникот при издавање на Картичката, се праќа преку СМС порака на контакт моб. број назначен од Корисникот. ПИН-кодот му е познат исклучиво на Xxxxxxxxxx и потребно е со истиот да се постапува строго доверливо и да не биде достапен за трети лица. При користењето на Картичката на банкоматите, ќе се смета дека со внесувањето на ПИН–кодот Корисникот го одобрил трошокот. Во случај на губење или заборавање на ПИН-кодот, Корисникот треба веднаш да се обрати во Динерс Клуб за повторно издавање на ПИН код. За користењето на Динерс Клуб картичката на Корисникот се доставуваат Сметки.
Користење на картичката. Картичката не е пренослива на други лица и може да ја користи исклучиво корисникот на картичката чие име е втиснато на картичката. Корисникот на Mastercard Debit може да ја употребува картичката за безготовинско плаќање на производи и услуги на сите продажни места во Р.С. Македонија и во странство, кои имаат Mastercard Debit ознаки. Картичката може да се користи и за подигнување готовина во домицилна валута (или во друга странска валута) на сите банкомати и кај сите банки во Р.С. Македонија и во странство, кои имаат Mastercard Debit ознаки. Користењето на картичката во странство подлежи на Законот за девизно работење и на други прописи кои го регулираат девизното работење. При користење на картичката на банкомат, корисникот се идентификува со PIN, а на РОЅ терминал се идентификува со PIN и/или потпис, кој треба да биде идентичен со потписот на картичката. Корисникот на картичката задржува еден примерок од потврдата за купопродажба за своја евиденција. Корисникот ги оспорува сите согледани неправилности на потврдата за извршена трансакција непосредно при купувањето, односно користењето на услугата. Корисникот е должен да ги чува сите документи во врска со плаќањата извршени со картичката најмалку 6 месеци. На прво барање на Xxxxxxx, доколку за тоа се појави потреба, должен е истите да ги достави до Банката. Корисникот на картичката е должен на барање на продавачот на стока, односно вршителот на услуга, да се легитимира со лична карта, односно пасош. PIN-от му е познат исклучиво на корисникот на картичката и потребно е со истиот да се постапува строгодоверливо и да не биде достапен за трети лица. PIN-от не смее да се запишува на картичката и никаква писмена трага за PIN-от не смее да биде доведена во врска со картичката. Во случај на губење или заборавање на PIN-от, корисникот на картичката треба веднаш да се обрати во Банката за повторно издавање PIN.
Користење на картичката. 4.1. Картичката не е пренослива и секогаш е во сопственост на „Шел“. Деловниот партнер мора да му ја врати картичката на „Шел“, доколку „Шел“го бара тоа. 4.2. Картичката може да се користи само во следниве случаи: • доколку се работи за активна картичка, на која сè уште не ѝ изминала важноста, не била поништена или блокирана од страна на „Шел“ или на барање на Деловниот партнер; • доколку се работи за купувања ограничени со категоризацијата на купувањата, географско ограничување или ограничување од насловот - мрежи на бензинските сервиси; • доколку се работи за ограничувања на вредноста на купување од насловот велосити лимит и контролниот кредитен лимит; • доколку се работи за картичка за која Деловниот партнер не се јавил дека е украдена или изгубена; • доколку корисникот на картичката го употреби ПИН-кодот при купување таму каде што тоа е потребно. 4.3. Картичката не смее да се користи во следниве случаи: • доколку возилото за кое била издадена картичката е продадено, украдено, уништено или повлечено од употреба; • доколку изминал рокот на важност на картичката; • доколку се работи за лица кои починале или прекинале правен однос со „Шел“; • доколку се работи за раскинување договор; • доколку се работи за блокирање на картичка во согласност со член 11 од Општите услови; • доколку се работи за издавање заменска картичка (менување на регистарскиот број на возилото). 4.4. Картичката смее да се користи само за купување стоки за возилото чиј регистарски број е наведен на картичката. Персоналот на бензинскиот сервис може да провери дали корисникот на картичката става гориво во возилото за кое е издадена картичката. 4.5. Доколку картичката е издадена на име и презиме, таа мора да биде потпишана во просторот за потпис од задната страна на картичката. Персоналот во бензинскиот сервис може да го провери идентитетот на корисникот на картичката. 4.6. Картичките што гласат на регистарскиот број на возилото му се издаваат на Деловниот партнер како алат за управување со информации за правилно користење на картичките. Таквите картички не нудат дополнителна безбедност. Деловниот партнер е обврзан да ги плати сите износи и кога се работи за трансакција во врска со возило кое не е возилото што е наведено на картичката.
Користење на картичката. (1) Картичката не е пренослива на други лица и може да ја користи исклучиво Корисникот на кој му е издадена и чие име е наведено на Картичката. (2) За користење на Картичката Корисникот употребува посебен Личен идентификационен број (ПИН-код), кој е единствен и таен. ПИН кодот му го доделува Динерс Клуб на Корисникот при издавање на Картичката. ПИН-кодот му е познат исклучиво на Xxxxxxxxxx и потребно е со истиот да се постапува строго доверливо и да не биде достапен за трети лица. При користењето на Картичката на банкоматите, ќе се смета дека со внесувањето на ПИН–кодот Корисникот го одобрил трошокот. (3) Во случај на губење или заборавање на ПИН-кодот, Корисникот треба веднаш да се обрати во Динерс Клуб за повторно издавање на ПИН код. (4) За користењето на Динерс Клуб картичката на Корисникот се доставуваат Сметки.
Користење на картичката 

Related to Користење на картичката

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање. 1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2. 1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и 4.9 од Инструкциите за понудувачите.

  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ Договорот се склучува за временски период 12 (дванаесет) месеци од денот на потпишувањето на Договорот од страна на двете договорни страни.

  • Способност На Економските Оператори 6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка 1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката. 1.4.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx. xxx.xx). 1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“. 1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН. Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата, интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени). Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.