Физичко лице - Нерезидент. Банката на Имателот на сметка му отвора сметка ако ги исполнува следните барања и услови: Банката најдоцна во рок од 2 (два) работни дена од приемот на пополнетото барање за отворање на трансакциска сметка и пропишана документација склучува договор и отвора сметка. Xxxxxxx го задржува правото да го одбие барањето за отворање на сметката без притоа да ја наведе причината за одбивањето на барањето за отворање на сметка. При отварање на сметка на нерезидент физичко лице, Xxxxxxx ќе го информира за добивање на третман на резидент согласно регулативата во РСМ којашто се однесува на странски физички лица кои во РМ престојуваат привремено со работна виза или виза за престој од најмалку 6 (шест) месеци. Странското физичко лице коешто се идентификува со документ издаден од МНР (дипломат) има статус на нерезидент.
Appears in 5 contracts
Samples: General Terms and Conditions for Opening and Managing Transaction Accounts, General Terms and Conditions for Opening and Managing Transaction Accounts, General Terms and Conditions for Opening and Managing Transaction Accounts