Цени и плаќање. Македонски Телеком ги утврдува цените за пристап и за користење на јавните електронски комуникациски услуги во официјалниот Ценовник и на својата веб страница. Претплатникот плаќа еднократен надоместок за почетно приклучување, месечен надоместок (претплата), како и надоместок за остварениот обем на комуникациски сообраќај и за дополнителните услуги што ги користи. Цените на јавните електронски комуникациски услуги се одредуваат, менуваат и дополнуваат од страна на Македонски Телеком, во согласност со позитивните прописи. Доколку дојде до менување на цените на услугите или на начинот на нивното тарифирање, Македонски Телеком писмено ќе ги извести претплатниците, во рок не пократок од 30 дена пред денот на воведувањето на измените. Македонски Телеком може да воспостави систем за плаќање однапред за користење на комуникациските услуги преку вредносни ваучери (припејд систем).
Appears in 4 contracts
Samples: Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос