ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОМОШ НА ПАТ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА I ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје со седиште на Бул.Илинден број 1, 1000 Скопје, тел.број 00 0000 000, факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx.
Овие услови се донесени на редовна седница на Управниот одбор одржана на 27.01.2023 година и со одлука број 0202‐9 од 30.01.2023 се применуваат од 01.02.2023 година.
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОМОШ НА ПАТ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА I ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
ЧЛЕН 1
[1] Изразите употребени во овие услови го имаат следново значење:
• осигурувач – Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје, со кое е склучен договор за осигурување;
• договарач на осигурувањето - лице кое склучува договор за осигурување;
• осигуреник - лице чиј имот и/или имотен интерес е осигурен.
• корисник - осигуреникот или секое друго лице кое е овластен возач на осигуреното возило, како и сопатниците (најмногу до бројот на регистрирани места во возилото) кои се превезуваат со осигуреното возило по волја на осигуреникот или на овластениот возач (освен повремени патници - автостопери или патници кои се превезуваат за паричен надомест);
• полиса - исправа за склучен договор за осигурување;
• премија - износ кој договaрачот го плаќа на осигурувачот согласно со договорот за осигурување;
• осигурен случај на асистенција - иден, неизвесен и независен настан од волјата на осигуреникот, кога возилото не е во возна состојба, не е подобно за натамошно возење или е противправно одземено, а кога корисникот го повикал центарот за асистенција заради услуги на асистенција;
• центар за асистенција (помош) на корисникот – договорен партнер на осигурувачот кој организира помош во случај на настанување осигурен случај на асистенција, а којшто корисникот треба да го информира по телефон.
[2] Овие услови се темелат врз Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурувањето, како и останатите подзаконски акти донесени врз основа на овие закони, и на соодветен начин се применуваат на договорот за осигурување кој што го склучуваат договарачот на осигурувањето и осигурувачот.
[3] Општите услови се составен дел на договорот за осигурување кој договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот ќе го склучи со УНИКА АД Скопје .
II ОПШТИ ОДРЕДБИ
ЧЛЕН 2. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
(1) Договор за осигурување на помош на пат на Моторно возило може да склучи секое лице кое што има интерес да не се случи осигурениот случај.
(2) Договорот за осигурување се склучува врз основа на усна или писмена понуда, а се смета за склучен кога договорачот ќе ја потпише полисата за осигурување.
(3) Усната понуда направена до Осигурувачот за склучување на Договор за осигурување не го обврзува ниту понудувачот ниту Осигурувачот.
ЧЛЕН 3.ПОЛИСА
(1) Во полисата за осигурување мора да бидат наведени: договорните страни, предметот на осигурување, ризикот опфатен со осигурувањето – осигурен случај, времетраењето на осигурувањето и периодот на покритие, сумата на осигурување, премијата, датата на издавање на полисата и потписи на договорните страни.
(2) Осигурувачот е должен да го предупреди Договорувачот на осигурувањето дека овие Услови на осигурување се составен дел од договорот за осигурување и да му го предаде текстот на овие Услови, ако тие Услови не се отпечатени на самата полиса.
(3) Извршувањето на обврските од претходниот став мора да биде констатирано на полисата.
(4) Во случај на несогласување на некоја одредба од Условите за осигурување и некоја одредба од полисата ќе се применува одредбата од полисата.
ЧЛЕН 4. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
1. Договорот за осигурување се склучува со период на времетраење од :
a. 30 дена, или
b. за време од една година.
2. Oбврските на осигурувачот, односно почетокот на осигурувањето од договорот за осигурување започнуваат по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток на траење на осигурувањето, ако до тој ден е платена договорената премија, доколку поинаку не е договорено .
3. Обврските на осигурувачот престануваат по истекот на 24 часот на денот што во исправата за осигурување е означен како ден на истек на осигурување.
4. По истекот на периодот, договорот за осигурување не се продолжува автоматски .
5. Склучениот договор не може да откаже,одложи или да се прекине ( делумно или целосно) од страна на договорните страни .
ЧЛЕН 5. ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
(1) Договорувачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата за осигурување, а Осигурувачот е должен да ја прими уплатата на премијата од секое лице кое што има правен интерес таа да биде платена.
(2) Премијата по правило се плаќа одеднаш при склучување на договорот, ако поинаку не е договорено.
(3) Се смета дека премијата е платена на денот кога утврдениот износ на премијата е уплатен на сметката на Осигурувачот.
(4) Договорувачот на осигурувањето нема право на враќање на премијата по ниту еден основ.
ЧЛЕН 6. ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
(1)Ако е договорено премијата да се плаќа при склучувањето на договорот, обврската на осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува наредниот ден од денот на уплатата на премијата.
(2)Ако е договорено премијата да се плаќа по склучувањето на договорот, обврската на осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува од денот определен во договорот како ден на почеток на осигурувањето.
(3)Во секој случај договорот за осигурување престанува според самиот закон ако премијата не биде платена во рок од една година од стасаноста.
ЧЛЕН 7. СПРЕЧУВАЊЕ НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ И СПАСУВАЊЕ
(1) Осигуреникот е должен да ги преземе пропишаните, договорените и сите останати мерки потребни да се спречи настапувањето на осигурениот случај, а доколку осигурениот случај настапи, должен е да преземе сé што е во негова моќ да се ограничат штетните последици.
(2) Осигурувачот е должен да ги надомести трошоците, загубите, како и другите штети предизвикани од разумен обид да се отстрани непосредната опасност од настапување на
осигурениот случај, како и од обидот да се ограничат неговите штетни последици, дури и кога тие обиди остануваат без успех.
(3) Ако Осигуреникот не ја исполни својата обврска за спречување на осигурениот случај или обврската за спасување, а за тоа нема оправдување, обврската на Осигурувачот се намалува за онолку колку што настанала поголема штета поради тоа неисполнување.
(4) Осигурувачот има право да врши контрола на извршувањето на одредбите за заштитните мерки од овој член.
ЧЛЕН 8. ВЛИЈАНИЕ НА ПРОМЕНА НА СОПСТВЕНОСТА НА ВОЗИЛОТО ВРЗ ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Со промена на сопственоста на осигуреното возило, правата и обврските на договорувачот на осигурувањето преминуваат врз прибавувачот .
ЧЛЕН 9. ПРОМЕНА НА АДРЕСА
[1] Договарачот на осигурувањето мора да го извести осигурувачот за промена на адресата на живеење, односно седиштето, како и за промена на своето или името на фирмата во рок од 15 дена од денот на промената.
[2] Ако договарачот на осигурувањето ја промени адресата на станот, односно седиштето, како и своето или името на фирмата, а при тоа не го извести осигурувачот, доволно е осигурувачот да испрати известување до договарачот на осигурувањето на адресата која му е последно позната и да го наслови на името кое му е последно познато.
ЧЛЕН 10. НАМЕРА ИЛИ ИЗМАМА
(1) Осигурувачот не е обврзан да го исплати договорениот надомест ако штетата е предизвикана намерно или со измама од страна на Договорувачот на осигурувањето, Осигуреникот или корисникот на осигурувањето.
(2) Доколку Осигурувачот дознае дека постоела намера или измама од претходниот став по исплата на надоместот од осигурувањето има право на регрес за исплатениот дел од надоместот зголемен за соодветна камата од лицето на кое што му е исплатен надоместот.
ЧЛЕН 11. ПРАВНА СИТУАЦИЈА ПО НАСТАНУВАЊЕТО НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
(1) За склучени полиси во кои што е договорен максимален број на настанување на осигурени случаи во текот на времетраењето на осигурувањето – лимит на покритието, покритието за осигурување престанува по настанувањето на договорениот максимален број на осигурени случаи
– исцрпување на лимитот на покритието.
(2) За склучени полиси во кои што не е договорен максимален број на настанување на осигурени случаи – лимит на покритието, покритието за осигурување трае до истекот на полисата или до прекинувањето на осигурувањето во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
ЧЛЕН 12. НАДЛЕЖНОСТ ВО СЛУЧАЈ НА СПОР
Во случај на спор помеѓу Договорувачот на осигурувањето, Осигуреникот, Xxxxxxxxxx и Осигурувачот надлежен е Основниот Граѓански суд Скопје.
III ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
ЧЛЕН 13. ОСИГУРЕНИ ВОЗИЛА
Осигурување на автомобилска асистенција може да се склучи за патнички автомобили - моторни возила наменети за превоз на лица, кои освен седиштето на возачот имаат најмногу 8 седишта и чија тежина не надминува 3,5 тони .
ЧЛЕН 14. ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ НА АСИСТЕНЦИЈА
[1] Осигурен случај е настанот за кој што се склучува договорот за осигурување.
Тој мора да биде иден, неизвесен и независен од волјата на Договорувачот на осигурувањето и Осигуреникот.
Се смета дека до настанување на осигурениот случај дошло оној момент кога Моторното возило за кое што е склучено осигурување не може повеќе да се движи на технички и со прописите предвиден начин заради :
• Сообраќајна незгода настаната со осигуреното моторно возило на патот на кој се врши сообраќај
• Електричен или механички дефект на осигуреното моторно возило
• Незгоди во врска со употребата на Моторното возило (издишени или продупчени пневматици, непроодност на патот поради тешки временски услови и слично)
• Блокирање на патот на кој се врши сообраќај поради временски непогоди или поради оштетувања на истиот .
[2] Со осигурувањето на автомобилска асистенција при настанување на осигурениот случај на осигуреникот му се обезбедуваат услуги на асистенција и се покриваат трошоците за нивно извршување во согласност со овие услови, како и трошоците на центарот за асистенција.
(3) Не се смета дека до настанувањето на осигурениот случај дошло доколку Моторното возило за кое што е склучено осигурувањето за помош на пат во моментот на настанување на некој од настаните од став (1) од овој член се наоѓа на адресата и во местото на престојување (седиштето) на Договорувачот на осигурувањето или на Осигуреникот .
(4)Право на помош на пат од претходните ставови имаат Осигурениците и корисниците одредени со член 1 од овие Услови, под услов таа да се обезбедува исклучиво со помош на Асистентската компанија наведена на полисата за осигурување.
ЧЛЕН 15. ВИДОВИ УСЛУГИ НА АСИСТЕНЦИЈА
[1] Предмет на осигурување во согласност со овие Услови е помош на пат за моторно возило во случај на настанување на осигурениот случај од член 14 од овие Услови и тоа :
1) Контакт центар 24/7
2) Поправка на место на лице место
3) Транспорт на возилото
4) Oбезбедување на заменско возило*
5) Паркирање на возилото
6) Хотелско сместување*
7) Продолжување на патувањето*
8) Tрошоци за такси возило
[2] При настанување на еден осигурен случај, Корисникот односно Осигуреникот има право на избор на само една од услугите наведени во точките 4,6 и 7 од овој член .
ЧЛЕН 16. КОНТАКТ ЦЕНТАР 24/7
1) Оваа услуга вклучува инфо сервис, организација на асистентски услуги, давање на информации по телефонски пат во секое време без лимити, давање препораки и советување .
2) Контакт центарот наведен на полисата за осигурување, овозможува технички совети врзани за моторното возило, локации и контакт телефони на овластени сервиси, совети во врска со настанат дефект на возилото, сообраќајна незгода или кражба на возилото .
3) Oваа услуга не вклучува дополнителни трошоци направени од страна на осигуреникот/договорувачот .
ЧЛЕН 17. ПОПРАВКА НА МЕСТО НА ЛИЦЕ МЕСТО
1) Оваа услуга вклучува поправка во случај на помал дефект, кој опфаќа излегување на изведувачите на поправката на лице место – на местото на кое што се наоѓа осигуреното моторно возило, во рамките на лимитот определен со полисата за осигурување .
2) Поправката на лице место се врши во случај на помали оштетувања кои што не бараат посебно знаење и вештина или употреба на специјализирани алати и опрема за дијагностицирање и отстранување на дефектот (проблем со акумулатор, проблем со пневматик, недостаток на гориво и слично ), и доколку не постојат законски или други ограничувања за поправка на возилото (Услови за гаранција на возилото, итн.).
3) Оспособувањето на Моторното возило за возење со поправка на лице место се смета за нужна поправка, а трајна и погонски безбедна поправка е обврска на Осигуреникот.
4) Со осигурувањето не се покриени трошоците за материјал и за резервни делови ;
5) Лимитот на услугата е определен со полисата за осигурување .
ЧЛЕН 18. ТРАНСПОРТ НА ВОЗИЛОТО
1) Оваа услуга вклучува транспорт на осигуреното Моторно возило од страна на Асистентската компанија до најблискиот сервис, во рамките на лимитот и условите определени со полисата за осигурување.
2) Транспортот на осигуреното Моторно возило се врши со товарење на Моторното возило на друго специјализирано возило или со влечење на Моторното возило со друго специјализирано возило на начин пропишан со закон. Транспорт на осигуреното Моторно возило се врши во случај ако не може да се изврши поправка на лице место.
3) Со осигурувањето не се покриени трошоците за пренос на товар од осигуреното возило .
4) Лимитот на услугата е определен со полисата за осигурување .
ЧЛЕН 19. OБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЗАМЕНСКО ВОЗИЛО*
1) Во случај на незгода, оваа услуга ги вклучува трошоците за замена на возилото доколку истото не може да се поправи во рок од 24 часа, а истовремено незгодата е настаната на дистанца од повеќе од 50 километри од живеалиштето на осигуреникот, односно овластениот возач .
2) Осигурувачот организира наем на заменско возило најмногу во класа еднаква на класата на осигурениот автомобил, почитувајќи ги локалните можности, односно расположливи возила.
3) Осигуреникот е должен да ги почитува условите на наемодавачот на возилото од договорот за наем на заменското возило. Осигурувачот нема обврски во случај на прекршување на наведените услови.
4) Лимитот на услугата е определен со полисата за осигурување .
5) Со осигурувањето не се покриени трошоците за :
o Гориво, патарини, паркинг, транспорт
o Дополнителни осигурувања
o Трошоците за поврат на заменското возило
ЧЛЕН 20. ПАРКИРАЊЕ НА ВОЗИЛОТО
1) Оваа услуга опфаќа паркирање на возилото кое е оштетено во случај на сообраќајна незгода и кога сервисот не работи во моментот кога до истиот е транспортирано возилото.
2) Паркирањето на возилото е обезбедено се до отварање на сервисот, во рамките на лимитот определен со полисата за осигурување .
ЧЛЕН 21. ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ*
1) Оваа услуга ги покрива трошоците за хотеслко сместување во случај да возилото не може да се поправи во рок од 24 часа и доколку дистанцата од незгодата е повеќе од 150 километри од живеалиштето на осигуреникот/овластениот возач или доколку не е можно да се направи транспорт на возилото .
2) Хотелот може да биде со максимална категорија од три ѕвездички(***) .
3) Лимитот на услугата е определен со полисата за осигурување .
ЧЛЕН 22. ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПАТУВАЊЕТО*
1) Оваа услуга ги опфаќа трошоците кои подразбираат продолжување на патувањето на корисниците до местото на престојување, со користење на превоз преку воз или авионска економска класа.
2) Лимитот на услугата е определен со полисата за осигурување .
ЧЛЕН 23. TРОШОЦИ ЗА ТАКСИ ВОЗИЛО
Оваа услуга ги опфаќа трошоците за продолжување на патувањето на корисниците до местото на престојување со користење на такси возило, во рамките на лимитот определен со полисата за осигурување .
ЧЛЕН 24. ИСКЛУЧЕНИ РИЗИЦИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
1) Осигурувачот не обезбедува услуги и не покрива трошоци доколку:
o осигуреникот не поседува важечка документација за возилото: потврда за регистрација, сообраќајна дозвола или потврда за технички преглед на возилото;
o центарот за асистенција не бил известен веднаш или во најкраток можен рок за осигурениот случај на асистенција или осигуреникот воопшто не се јавил во центарот за асистенција;
o осигуреникот организира услуги по ова осигурување без дозвола од центарот за асистенција или доколку услугата ја извршил изведувач кој не е одобрен од центарот за асистенција;
o осигуреникот даде лажни податоци за осигурувањето и за околностите на осигурениот случај на асистенција;
o случајот на асистенција настане при возење надвор од патната мрежа, за време на организирано натпреварување, тренинг, возење по дворови на фабрики, на автодроми и на други патеки направени за таа намена;
o случајот на асистенција настане со употреба на возила за професионален превоз или рент-а-кар;
o се предизвикани штети поради војна и поврзани настани и немири, терористички чин, граѓанска војна и немири, мина, торпедо, бомби или друго оружје, заплена, одземање, затајување, ограничување или задржување како последица на тие случувања или обиди да се изврши саботажа со политички мотиви, детонација на експлозивни уреди, ако лицето кое ги врши тие дејствија делува злонамерно или со политички мотив, запленување, узурпација или други слични мерки кои ги спроведува која било власт или друга слична организација која се бори за власт или поседува власт;
o случајот на асистенција настане поради дејство на нуклеарна енергија, експлозивен товар или природни катастрофи (земјотрес, полава и сл.).;
o случајот на асистенција настане поради тоа што во моментот на несреќата со возилото управува лице под дејство на алкохол. Се смета дека лицето е под дејство на алкохол во следниве случаи:
▪ ако со анализа на крв или други методи за мерење на концентрацијата на алкохол во организмот се утврди повеќе од 0,0‰ за професионални возачи и 0,5 г/кг и повеќе (0,5 ‰ и повеќе) за сите останати лица;
▪ ако алко-тестот е позитивен, но не изврши анализа на крв (ако земањето крв не е штетно по неговото здравје - хемофилија) за точно да се утврди степенот на неговата алкохолизираност;
▪ ако по сообраќајната незгода или сличен настан одбие, оневозможи или со напуштање на местото на настанот го избегне утврдувањето на точниот степен на неговата алкохолизираност или консумира алкохол и на тој начин го оневозможи утврдувањето на количината на алкохол во крвта.
o ако во моментот на несреќата возачот е под дејство на дрога или други опојни средства. Се смета дека возачот е под дејство на дрога или други опојни средства во следниве случаи:
▪ ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на пореметување поради употреба на дрога или други опојни средства;
▪ ако по сообраќајната незгода одбие, оневозможи или со напуштање на местото на настанот го избегне утврдувањето на присуство на дрога или други опојни средства во телото.
o Осигурувачот нема обврска да надомести било која штета ниту трошоците на предметите кои што се превезуваат со Моторното возило за кое што е склучено осигурување во согласност со овие Услови, ниту на неговите делови .
o Осигурувачот нема обврска во случај на настанување на осигурениот случај да ги надомести директните и посредните трошоци кои што ги имале авто стоперите кои што патувале со Моторното возило
o Осигурувачот нема обврска да надомести било која директна или посредна штета ниту трошоците кои што ја надминуваат помошта на пат како предмет на осигурување во согласност со овие Услови и лимитот на услугите определен со полисата за осигурување .
ЧЛЕН 25. ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
1) Кога ќе настане осигурен случај врз основа на кој што се бара помош на пат на Моторно возило, а за да го оствари правото на помош на пат во согласност со овие Услови, Осигурениот е должен да постапи на следниот начин:
o веднаш или во најкраток можен рок од настанувањето на осигурениот случај, да го контактира центарот за асистенција преку контакт телефон или друг вид на контакт кој што е означен на полисата или на друг документ издаден од страна на Осигурувачот, како и да ги следи инструкциите на операторот со цел за извршување на договорените услуги ;
o прописно да ги обезбеди лицата кои што се превезувале со Моторното возило за кое што е склучено осигурување на помош на пат, како и прописно да го обезбеди самото возило;
o во случај на сообраќајна незгода, кражба, оштетувања или уништување на возилото од страна на трети лица да ги извести надлежните полициски органи и обезбеди писмена исправа за истото;
o на центарот за асистенција да и даде точни и прецизни информации кои што тој ќе ги бара од него заради проверка на содржината на пријавата за настанување на осигурен случај, како и информации за осигурениот случај и видот на потребна помош на пат;
o во потполност да ги почитува советите и инструкциите кои што му се дадени од страна на центарот за асистенција;
o сите мерки преземени со цел намалување на штетните последици заради настанување на осигурениот случај да ги спроведе само со консултација на центарот за асистенција.
ЧЛЕН 26. ПРИЈАВА НА ЛАЖЕН ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ И ДАВАЊЕ НЕТОЧНИ ИНФОРМАЦИИ
1) Во случај на пријава на лажен осигурен случај кај центарот за асистенција, Осигуреникот – Корисникот на осигурувањето е должен да ги надомести сите директни и индиректни трошоци кои заради тоа ќе ги поднесе Осигурувачот.
2) Во случај на давање на неточни информации на центарот за асистенција врз основа на кои што се генерирани дополнителни трошоци за Осигурувачот, кои што не би се појавиле да немало неточни информации, овие дополнителни трошоци е должен да ги надомести Осигуреникот – Корисникот на осигурувањето.
ЧЛЕН 27. ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
1) Заради давање на помош на пат на Моторно возило во согласност со овие Услови, Осигурувачот е должен за своја сметка да обезбеди Асистентска компанија одредена со член 1 од овие Услови.
2) Осигурувачот е должен преку Асистентската компанија да обезбеди контакт центар кој што ќе ги прима и обработува информациите од Осигуреникот 24 часа дневно, седум дена во неделата .
3) Во случај на настанување на осигурен случај, Осигурувачот преку Асистентската компанија е должен:
o да му дава совети, информации и инструкции на Осигуреникот;
o квалитетно и ефикасно да ја реализира договорената помош на пат до договорената сума на осигурување, т.е. лимитот на покритието.
o доколку трошоците за помош на пат ги надминуваат договорените суми на осигурувањето и договорените лимити на покритието, оваа разлика во трошоците ја надоместува Осигуреникот.
ЧЛЕН 28. ПРЕТСТАВКА
1. За постапување и решавање по приговори е надлежна УНИКА АД Скопје, а не Центарот за асистенција.
2. Во случај кога осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека друштвото за осигурување не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка до :
a. Организационата единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување ( комисија за постапување по преставки)
b. Службата за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
c. Организацијата за заштита на потрошувачи и
d. Агенцијата за супервизија на осигурување.
3. Преставката може да се поднесе во писмена форма лично или преку полномошник, директно во архивата на Друштвото на адреса на седиштето, по пошта или електронски пат на маил адресата xxxx@xxxxx.xx, или во било која подружници на Друштвото.
4. Друштвото за осигурување преку воспоставен систем и интерни процедури одлучува по поднесените преставки во рок од 30 дена од денот на поднесување на преставката.
5. Друштвото води регистар на доставени и решени преставки и за истите во законските рокови е должно да ја известува агенцијата за супервизија на осигурувањето.
ЧЛЕН 29. ТЕРИТОРИЈАЛНА ВАЖНОСТ НА ДОГОВОРОТ
1. Осигурувањето од автомобилска асистенција важи за случаи на асистенција согласно склуечната полиса за осигурување и одбраниот покритие .
2. Регионалното покритие опфаќа случаи на асистенција кои настануваат на подрачјето на Република Северна Македонија, Албанија, Косово, Бугарија, Црна Гора, Србија, БИХ, Хрватска, Словенија и Грција .
3. Европското покритие опфаќа случаи на асистенција кои настануваат на подрачјето на Европа, со исклучок на Русија, Крим, Белорусија и азискиот дел на Турција .
ЧЛЕН 30. ПРИМЕНА НА ЗАКОН
1. За правата и обврските на договорните страни што не се уредени со овие услови, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување.
2. Ако со овие услови некое прашање се уредува спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од законот.
ЧЛЕН 31. НАДЗОР НАД ОСИГУРУВАЧ
Орган надлежен за супервизија на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување до која осигуреникот ,корисникот или трето лице може да се обрати со допис или барање за заштита на своите права, поднесување на жалби или преставки.
ЧЛЕН 32. ДОВЕРЛИВОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
1. Согласно со Законот за супервизија на осигурувањето , член 107 и член 108, податоците за осигуреникот и полисата се доверливи.
2. Друштвото за осигурување е должно сите податоци за осигурениците и/или други корисници на осигурување со кои се стекнале во текот на вршењето на работи на осигурување, да ги третираат како доверливи податоци.
3. Обврската за чување на доверливи податоци нема да се применува во следниве случаи:
o ако податоците се потребни за утврдување на факти во кривични постапки или друга судска постапка и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
o во случаи предвидени со Законот за спречување перење на пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам;
o ако податоците се потребни за одредување на правните односи меѓу друштвото за осигурување и негов осигуреник и/или друг корисник на осигурувањето при спроведување на законски постапки;
o ако податоците се потребни заради извршување на присилни постапки над недвижен имот на осигуреник или друг корисник на осигурувањето, и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
o ако податоците се побарани од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување или друг надлежен орган за супервизија, а заради спроведување на супервизија во рамките на утврдените одговорности;
o ако податоците се побарани од страна на даночен орган, а во врска со водење на постапки во негова надлежност и
o во случаите предвидени со законот кој го уредува задолжителното осигурување.
4. Осигурувачот постапува исклучиво по поднесено писмено барање од барателот на информацијата
5. Дополнителни податоци за обработката на личните податоци, правниот основ, целите за обработка, роковите за чување на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxxxx.xx/xxxxxxx-xx-xxxxx-xxxxxxxx-xxxxx-x-x-xx/
ЧЛЕН 33. ЗАСТАРУВАЊЕ НА БАРАЊАТА
Побарувањата од договорите за осигурување застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
ЧЛЕН 34. КЛАУЗУЛА ЗА САНКЦИИ
Осигурувачот нема да изврши исплата на надомест на штета или да обезбеди друг вид на надомест
,по основа на оваа полиса, доколку плаќањето на штета или друг вид на надомест e во спротивност и/или го изложи осигурувачот на какво било санкции,забрани,рестрикции и 6 Општи услови за осигурување на живот во случај на смрт или доживување со повеќекратно плаќање на премија ембарго,определени со резолуции на Обединетоте нации, трговски или економски санкции,закони или регулативи на Европската Унија,Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави, или кое било национално законодавство што важи за страните на овој договор.
ЧЛЕН 35. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Овие Општи услови влегуваат во сила на 01.02.2023 година и ќе се применуваат од истиот датум .