СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ Примери за клаузули

СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Договор за осигурување се склучува врз основа на писмена понуда и се смета за склучен кога договорувачот и осигурувачот ќе ја потпишат полисата за осигурување.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. [1] Договорот за осигурување може да се склучи врз основа на понуда, која договарачот на осигурувањето во писмена форма ја поднесува до осигурувачот. [2] По приемот на понудата, осигурувачот може да побара дополнување или појаснување. Се смета дека понудата пристигнала кај осигурувачот кога го добил бараното дополнување или појаснување. [3] Писмената понуда доставена до осигурувачот за склучување на Договор за осигурување го обврзува понудувачот, ако не одредил пократок рок, во период од 8 дена од денот на пристигнување на понудата кај осигурувачот. Ако осигурувачот во тој рок не го одбие барањето, кое не отстапува од условите што ги предложил за осигурување, ќе се смета дека го прифатил барањето и дека договорот е склучен. [4] Во случај да е склучен на далечина, осигурувачот може да одреди дека Договорот за осигурување е склучен со самата уплата на премијата.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Договор за осигурување на имотот може да склучи лице кое има интерес да не настане осигурен случај, затоа што би претрпел некоја материјална загуба.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. [1] Договорот за осигурување се склучува врз основа на писмена или усна понуда. [2] По приемот на понудата осигурувачот може да бара дополнување или појаснување. Се смета дека понудата стигнала до осигурувачот кога го примил барањето за дополнување или појаснување. [3] Одредбите за склучување на договор за осигурување се применуваат и тогаш кога ќе се промени постојниот договор за осигурување, освен во случај на промена на условите за осигурување или тарифата на премии.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. (1) Договорот за осигурување се склучува врз основа на усмена или писмена понуда. (2) Осигурувачот може претходно да побара писмена понуда од договарачот на посебен образец. (3) Ако осигурувачот не ја прифати писмената понуда, должен е во рок од осум дена од денот на нејзиниот прием, писмено да го извести понудувачот за тоа. (4) Ако осигурувачот не ја одбил понудата која не отстапува од условите според кои се врши осигурувањето, ќе се смета осигурувањето за склучено од денот кога понудата пристигнала кај осигурувачот. (5) Ако осигурувачот ја прифатил понудата само под посебни услови, Осигурувањето е склучено од денот кога договарачот се согласил на Изменетите услови. (6) Се смета дека понудувачот се откажал од склучување на договорот, ако на изменетите услови не се согласил во рок од осум дена на приемот на препорачаното известување од осигурувачот. (7) Договорот за осигурување е склучен кога договарачот и осигурувачот ќе ја потпишат полисата за осигурување или листот на покритие.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Договорот за осигурување се склучува врз основа на усмена или писмена понуда, а склучен е кога договорувачите ќе потпишат полиса за осигурување, односно кога согласно Законот за вршење на нотарски работи, нотарот или Комората поднесат барање за осигурување. Усмената понуда упатена на осигурувачот за склучување на договор за осигурување не ги обврзува ни понудувачот ниту пак осигурувачот. Ако осигурувачот во врска со примената писмена понуда побара било какво дополнување или измена, како ден на прием на понудата ќе се смета денот кога осигурувачот ја примил бараната дополна или измена, односно кога ќе биде известен за прифаќање на неговите услови.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. [1] Договорот за осигурување се смета за склучен со потпишување на полисата од двете договорни страни. [2] Со потпишување на полисата за осигурување осигуреникот бил запознаен со условите за склучување и изведување на осигурувањето и дека договорните одредби се во согласност со договореното меѓу договорните страни. [3] Осигуреникот при склучување на договорот за осигурување пополнува и потпишува прашалник за здравствена состојба кој претставува составен дел на договорот за осигурување заедно со документацијата наведена како прилог во прашалникот за здравствена состојба. Врз основа на прашалникот за здравствена состојба и прилог документацијата, осигурувачот во договорот за осигурување ја одредува висината на премијата за осигурување, односно исклучување на сите обврски поврзани со здравствената состојба на осигуреникот при склучувањето. Ако новородено дете се осигура во рок од четиринаесет (14) дена од раѓањето, не е потребно пополнување на прашалник за здравствената состојба и достава на прилог документација туку само отпусно писмо од болницата и лични податоци од изводот од матична книга на родените. [4] Ако за склучување на осигурување е потребен лекарски преглед, осигуреникот на барање на Осигурувачот го прави во рок од четиринаесет (14) дена. Ако за склучување на осигурување е потребна дополнителна здравствена документација, осигуреникот му ја доставува на осигурувачот на негово барање во рок од четиринаесет (14) дена.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Договорот за осигурување е полноважен само ако е склучен во писмена форма. Сите известувања и изјави што се даваат помеѓу договорните страни, а кои се однесуваат на одредбите од склучениот договор за осигурување, мора да бидат во писмена форма.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Договорот за осигурување се склучува врз основа на усна или писмена понуда.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. (1) По пат на класична продажба, осигурување може да се склучи само за лицето, кое во моментот на потпишувањето на договорот престојува на територијата на Р. Северна Македонија и кое поседува xxxxxxx xxxxx кој е должен да го презентира на Осигурувачот при склучување на договорот. 1. Осигурувачот или неговиот претставник пополнува полиса за осигурување за секој осигуреник, во која договарачот со својот потпис го потврдува приемот на овие Услови и информација за основните податоци и карактеристики на договорот за осигурување. 2. Ако премијата се плака со посредство на Банка кај која се води сметката на осигурувачот ,ке се смета дека премијата е платена кога до банката кај која се води сметката на осигурувачот ке пристигне парична дознака во корист на осигурувачот,или налог вирман од банката на договарачот да и го одобри на сметката на осигурувачот износот назначен во налогот. 3.Премијата се плака готовински или вирмански -под готовинско плакање се сметка уплата на готови пари или со платежна картичка, на благајната на осигурувачот. (2) Во случај на интернет продажба на осигурување, договарачот на осигурување односно осигуреникот со користење на електронски средства обезбедeни од страна на осигурувачот сам ги внесува сите потребни податоци за изработка на полисата за осигурување, врз основа на што добива информативна понуда од осигурувачот.Доколку осигуреникот односно договарачот ја прифака понудата ,истото преку електронските средства го потврдува и ги прифака понудените премии и услови за осигурување. 1. Со користење на електронските средства обезбедени од страна на осигурувачот, договарачот на осигурувањето односно осигуреникот врши плаќање на премијата за осигурување со платежна картичка. 2. Откако ке се изврши плаќањето на премијата, договарачот на осигурувањето односно осигуреникот на валидна и точна е-маил адреса која сам ја евидентира во процесот на пополнување на електронските податоци ,добива полиса за осигурување,заедно со полисата за осигурување на наведената е-маил адреса се доставуваат важечките Условите за патничко осигурување. 3. Во случај на интернет продажба на осигурување полисата за осигурување содржи електронски потпис од овластено лице на УНИКА АД како осигурувач. 4.Во случај на интернет продажба плаќањето на премијата се врши пред да биде издадена полисата за осигурување