ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА Примери за клаузули

ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. [1] Договарачот на осигурувањето ја плаќа премијата одеднаш,освен ако не е поинаку договорено. [2] Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на Договорот за осигурување или издавањето на лист на покритие, освен ако не е поинаку договорено. [3] Осигурувачот има право сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплатата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплатата. [4] Ако на договарачот на осигурувањето му се признал попуст за времетраење на осигурувањето, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја наплати разликата до премијата што договарачот на осигурувањето би требало да ја плати кога Договорот за осигурување би бил склучен само за периодот до прекинувањето. Во случај да престане важноста на Договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот треба да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на Договорот за осигурување. Ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот исплатил оштета, договарачот на осигурувањето е должен да ја плати целокупната премија за тековната година на осигурување
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. [1] Првата рата или еднократна премија, договорувачот на осигурувањето мора да ја плати при склучување на договорот за осигурување, а остатокот од премијата за кој е договорена динамика за плаќање на рати треба да се плати најдоцна пред истекот на осигурувањето. При настанување на осигурен случај за наплата доспева целата ненаплатена премија од тековната година на осигурување. [2] Ако е договорено плаќање на премијата на рати, а ратата не е платена до денот на доспевање, може да се пресмета законска камата.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. (1) Договорувачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата за осигурување, а Осигурувачот е должен да ја прими уплатата на премијата од секое лице кое што има правен интерес таа да биде платена. (2) Премијата по правило се плаќа одеднаш при склучување на договорот, ако поинаку не е договорено. (3) Се смета дека премијата е платена на денот кога утврдениот износ на премијата е уплатен на сметката на Осигурувачот. (4) Договорувачот на осигурувањето нема право на враќање на премијата по ниту еден основ.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. Должност за плаќање и примање на премијата (1) Договарачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата на осигурувањето, но осигурувачот е должен да ја прими исплатата на премијата од секое лице кое има правен интерес таа да биде платена. (2) Премијата се плаќа во договорените рокови, а ако треба да се исплати одеднаш, се плаќа при склучувањето на договорот. (3) На износот на премијата што се плаќа во договорени рокови може да се пресмета и наплати договорена камата. (4) Ако договарачот на осигурувањето не ја плати премијата во договорениот рок, осигурувачот може, покрај главницата, да му пресмета и законска казнена камата. (5) Место за плаќањето на премијата е местото во кое договарачот на осигурувањето има свое седиште односно живеалиште, ако со договорот не е одредено некое друго место. (6) Ако премијата се плаќа преку пошта, се смета дека договорувачот на осигурувањето со уплата на должниот износ преку пошта ја измирил својата обврска спрема осигурувачот откако во банката на осигурувачот ќе пристигне паричната дознака. (7) Ако премијата се плака со посредство на Банка кај која се води сметката на осигурувачот ,xx се смета дека премијата е платена кога до банката кај која се води сметката на осигурувачот ке пристигне парична дознака во корист на осигурувачот,или налог вирман од банката на договарачот да и го одобри на сметката на осигурувачот износот назначен во налогот.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. Договорувачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата за осигурување, а Осигурувачот е должен да ја прими уплатата на премијата од секое лице кое што има правен интерес таа да биде платена.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. (1) Премијата за дополнително осигурување од несреќен случај по овие Дополнителни услови се плаќа: 1. Кај осигурувањето на живот со повеќекратна уплата на премија, премијата се плаќа заедно со премијата за осигурување на живот. 2. Кај осигурувањето на живот со еднократна уплата на премија, премијата се плаќа годишно, за целовреметраење на осигурувањето.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. [1] Договарачот на осигурувањето ја плаќа премијата одеднаш, освен ако не е поинаку договорено. [2] Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на договорот за осигурување или издавањето на лист на покритие, освен ако не е поинаку договорено. [3] Осигурувачот е овластен сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплата.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. Премијата за осигурување физичкото лице, договорувач на осигурувањето мора да ја плати при приемот на полисата за осигурување, а правното лице договорувач на осигурувањето во законски рок од денот на испоставување на фактура.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. (1) Премијата за осигурување договорувачот на осигурувањето ја плаќа при склучување на договорот, ако поинаку не е договорено. Кај перманентните и повеќегодишни осигурувања премијата за следниот период на осигурување, стасува за наплата на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток на осигурувањето, освен ако поинаку не е договорено. (2) Договорувачот на осигурувањето ја плаќа премијата на осигурувачот на сопствен ризик и сопствен трошок. (3) Ако премијата е платена по пошта или банка како ден на плаќање на премијата се смета денот кога премијата е уредно уплатена. (4) Ако кај потполно каско осигурување и осигурување од ризикот кршење е договорено осигуреникот да сноси дел од штетата (договорен самопридржај-франшиза) кога ќе настане осигурен случај, надоместот се утврдува така што на товар на осигуреникот паѓа делот на штетата до висината на договорениот самопридржај. (5) Договорениот самопридржај се применува само во случај на остварување на ризиците од член 3 став 1, точка 1 и 2 и член 10 од овие услови.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. Целиот износ на премијата договорувачот го плаќа при приемот на полисата, доколку поинаку не се договори.