Contract
бр.
ДОГОВОР
за трансакциска сметка во странска валута на правно лице - резидент
Склучен во Скопје на ден , помеѓу:
1. Комерцијална банка АД Скопје, (во понатамошниот текст: Банка), застапувана од
и
2. (во понатамошниот текст: Имател на сметка) застапуван од .
Бр.на сметка
Општи одредби
Член 1
Со овој Договор се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности помеѓу договорните страни, кои произлегуваат од отворањето, водењето, работењето и затворањето на трансакциска сметка во странска валута на резидент – правно лице, заради вршење на платен промет со странство, односно наплати и плаќања со нерезиденти и со резиденти во девизи, со вообичаените инструменти на меѓународен платен промет (дознака, инкасо документи, акредитив, чекови и други инструменти на безготовинско плаќање), пренос на средства од/на девизен депозит, како и уплати и исплати во ефективни странски пари, согласно законската и подзаконската регулатива.
Член 2
Услугите поврзани со отворањето, водењето, работењето и затворањето на трансакциската сметка, Xxxxxxx ги извршува согласно овој Договор, Општите услови за отворање и работење со трансакциски сметки во странска валута на правни лица – резиденти на Комерцијална банка АД Скопје (во понатамошниот текст: Општи услови), законската и подзаконската регулатива, актите на Xxxxxxx и останатите документи кои се составен дел на овој Договор.
Отворање на сметката
Член 3
Врз основа на овој Договор, Xxxxxxx отвора трансакциска сметка во странска валута на Имателот на сметката преку која Имателот на сметката ќе врши наплати од нерезиденти, плаќања кон нерезиденти и други активности од платниот промет со странство, согласно законските и подзаконските прописи.
Член 4
Имателот на сметката со потпишување на овој Договор, потврдува дека му е предаден примерок и во целост ја прифаќа и е запознаен со содржината на следнава документација:
- Општите услови за отворање и работење со трансакциски сметки во странска валута на правни лица-резиденти на Комерцијална банка АД Скопје,
- извадок од Одлуката за Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Комерцијална банка АД Скопје во кој се наведени сите трошоци, провизии и надоместоци поврзани со работењето на сметката,
-извадок од Одлуката за каматни стапки на Комерцијална банка АД Скопје со која се утврдува висината на каматната стапка која се исплаќа на трансакциски сметки на прави лица и
- останатите документи кои го регулираат работењето со сметката.
Целокупната документација цитирана во став 1 од овој член претставува составен дел од Договорот.
Член 5
Имателот на сметката и Xxxxxxx се обврзуваат дека при вршење на платниот промет со странство ќе ги почитуваат важечките законски и подзаконски прописи, Општите услови, Договорот и останатите акти и документи со кои се регулира платниот промет со странство и начинот на отворање, водење и затворање на сметката.
Член 6
Банката на Имателот на сметката му издава потписни картони со кои Xxxxxxxx на сметката определува Овластени лица кои ќе располагаат со средствата од сметката. Заради заштита на своите интереси, Имателот на сметката е должен грижливо да ги чува и користи потписните картони.
Банката не сноси никаква одговорност за материјална или било каква друга штета која може да настане за Имателот на сметка како резултат на несовесно или невнимателно чување и користење на потписните картони.
Член 7
Имателот на сметката се обврзува за секоја промена на овластените лица или основните податоци за правното лице-резидент веднаш или најдоцна во рок од три дена да ја извести Банката. За евентулната штета настаната поради ненавремено известување од страна на Имателот на сметката, Xxxxxxx не сноси никаква одговорност.
Поради потребата од ажурирање на документацијата во Банката, Имателот на сметка е обврзан најмалку еднаш во три години да презентира на Банката соодветна документација за идентификација согласно законската и подзаконската регулатива и актите на Банката, доколку поинаку не е уредено со интерните акти на Банката.
Xxxxxxx го задржува правото од Имателот на сметката да побара достава на документацијата и во пократки рокови од роковите утврдени во претходниот став.
Начин на извршување на платниот промет со странство
Член 8
Имателот на сметката е должен да достави исправни и точно пополнети налози за вршење на платниот промет со странство. Банката не презема никаква одговорност за евентуалната штета настаната за Имателот на сметката поради грешки во пополнувањето на налозите.
Xxxxxxx го известува Имателот на сметката за неправилно или некомплетно пополнетите налози за вршење на платен промет со странство кои нема да бидат извршени.
Xxxxxxx го извршува налогот истиот или наредниот работен ден, доколку налогот е уредно пополнет, комплетиран со потребната документација и за негово извршување има расположливо салдо на сметката.
Xxxxxxx го задржува правото да побара и дополнителна документација при извршувањето на налозите, согласно меѓународите страндарди, меѓународната пракса, законската и подзаконската регулатива и интерните акти.
За извршениот налог за плаќање или наплата Xxxxxxx доставува известување до Имателот на сметката, на начин и во рок меѓусебно утврден и договорен.
Член 9
Имателот на сметката може со посебно писмено овластување да ја овласти Xxxxxxx во име и за сметка на Имателот на сметката да врши плаќања во странство и распоред на пристигнатата наплата, односно да ги пополни и дополни инструментите за вршење на платниот промет врз основа на уредно писмено доставени податоци или барана документација согласно законската и подзаконската регулатива.
Пресметување на камата
Член 10
Средствата на сметката се средства по видување со кои Имателот на сметката може да располага во секое време.
На средствата на сметката Xxxxxxx пресметува и плаќа камата по видување согласно Одлуката за каматни стапки на Комерцијална банка АД Скопје важечка на денот на пресметката. Пресметаната камата се припишува на состојбата на сметката.
Член 11
Имателот на сметката може да достави писмено барање до Банката за орочување на средствата на неговата сметка за одреден временски период и каматна стапка согласно Одлуката за каматни стапки на Комерцијална банка АД Скопје. За орочување на средствата се склучува посебен договор помеѓу Банката и Xxxxxxxx на сметката, со кој поблиску се уредуваат меѓусебните односи на договорните страни кои произлегуваат од орочувањето на средствата.
Член 12
Доколку од страна на овластен надлежен орган за средствата евидентирани на сметката е изречена привремена мерка замрзнување, заплена, забрана за вршење трансакции,
забрана за располагање и сл. во однос на камата се применуваат посебни одредби од Одлуката за каматни стапки на Комерцијална банка АД Скопје.
Наплата на надомест
Член 13
За извршување на услугите поврзани со платниот промет со странство и работењето со сметката, Банката наплатува надомест во висина, рокови и на начин определени со Одлуката за Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Комерцијална банка АД Скопје, важечка на денот на извршување на услугата.
Член 14
За сите услуги и трошоци поврзани со платниот промет со странство и сите побарувања на Xxxxxxx кои може да настанат во работењето со сметката, Имателот на сметката ја овластува Xxxxxxx, без негова дополнителна согласност да воспостави налог и да ја задолжи неговата трансакциска сметка во денари.
Доколку на денарската трансакциска сметка нема доволно средства, Имателот на сметка е согласен наплатата на провизиите, надоместоците и трошоците цитирани во претходниот став, да се изврши од трансакциската сметка во странска валута отворена согласно овој Договор. Имателот на сметката ја овластува Xxxxxxx, и дава неотповиклив налог во негово име и за негова сметка, да ги превземе и спроведе сите потребни дејствија и активности, како и да ја потпише целокупната документација потребна за наплата на провизиите, надоместоците и трошоците.
Купопородажбата на девизните средства по налог на Имателот на сметка се врши по договорен куповен или продажен курс во моментот на извршување на трансакцијата.
За достасаните ненаплатени провизии, надоместоци и трошоци, Банката ќе пресметува и наплатува казнена камата согласно законските прописи и Одлуката за каматните стапки на Комерцијална банка АД Скопје.
Имателот на сметката остварува увид во задолжувањата на сметката и наплатите по основ на провизии, надоместоци и трошоци кои ги наплатува Банката, преку увид во промените на изводот на сметката.
Врз основа на писмено барање од Имателот на сметката, Xxxxxxx ќе му достави листа на пресметаните провизии, надоместоци и трошоци за одреден период.
Известувања
Член 15
Имателот на сметката се обврзува да ја известува Банката за сите статусни промени, промена на овластените потписници, адресните податоци и сите други податоци кои ги доставил при склучувањето на овој Договор, веднаш или најдоцна во рок од три дена од настанување на промената.
Имателот на сметката презема целосна одговорност од било какви последици кои може да настанат како резултат на ненавремено пријавување на сите релевантни промени.
Член 16
За состојбата и настанатите промени на сметката, Xxxxxxx го известува Имателот на сметката со доставување на извод за промените и состојбата на сметката, на начин определен и меѓусебно договорен со Имателот на сметката.
Со доставување или подигање на изводот Имателот на сметката се смета за известен за сите промени како на неговата сметка, така и во работењето на Xxxxxxx.
Член 17
Имателот на сметката е должен да ја провери точноста на изводите и доколку утврди неправилности, во рок од осум дена oд добивањето на изводот да достави приговор до Банката. Xxxxxxx одговара на приговорот во рок од осум дена од денот на приемот на приговорот.
Член 18
Банката го задржува правото да врши промена во обемот и содржината на одделните видови на услуги и условите на деловната соработка регулирани со Општите услови, Договорот, Одлуката за Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Комерцијална банка АД Скопје, Одлуката за каматни стапки на Комерцијална банка АД Скопје, актите на Банката и останатите документи кои го регулираат работењето со сметката, за што го известува Имателот на сметката со објавување информација на изводот на неговата сметка или web страницата на Банката.
Член 19
Договорните страни се согласни дека како уредна ќе се смета доставата извршена на последната пријавена адреса од страна на Имателот на сметката во Банката.
Член 20
Доколку Имателот на сметката не се согласува со одредени промени во работењето со сметката може да поднесе писмен приговор или да поднесе барање за раскинување на Договорот во рок од 15 дена по завршување на месецот во кој е објавена информацијата, во спротивно се смета дека е согласен со предложените промени и истите стануваат составен дел на Договорот.
Заштита на податоци
Член 21
Банката во согласност со важечките законски прописи се обврзува да обезбеди тајност и да ги чува податоците за работењето со сметката. Податоците за работењето со сметката може да се достават само на Имателот на сметката, на овластен орган во согласност со закон, или на трети лица врз основа на дадена согласност од страна на Имателот на сметката.
Член 22
Двете договорни страни се обврзуваат дека како доверливи ќе ги чуваат сите податоци и информации за кои добиле сознание во врска со извршување на овој Договор, за времетраење на Договорот, како и по неговото раскинување или откажување, освен за тоа што е пропишано со важечките прописи или ако изричито поинаку не се договорат.
Член 23
Имателот на сметката е должен заради заштита на своите интереси, како строго доверливи да ги заштити и чува сите податоци поврзани со работењето на сметката, вклучувајќи го и бројот на сметката, состојбата на сметката, потписните картони, овластените потписници, начинот на располагање со средствата и слично. Имателот на сметката е должен да го ограничи пристапот кон наведените податоци само на лицата кои е потребно да ги знаат доверливите податоци, како и да ги запознае со обврските преземени со овој Договор сите лица кои на било кој начин се поврзани со работењето со сметката.
Банката не одговара за било каква штета која може да настане за Имателот на сметката како резултат на непочитување на обврските од претходниот став.
Член 24
Банката превзема и обезбедува соодветни мерки за заштита на личните податоци на овластените лица согласно законската регулатива и интерните акти. Личните податоци на субјектите ќе се користат само за потребите на работењето со сметката, врз основа на согласност на субјектите на личните податоци и во случај и на начин предвиден со закон или друг пропис.
Важност и престанок на Договорот и затворање на сметката
Член 25
Овој Договор се склучува на неопределено време. Секоја од договорните страни може да го раскине Договорот со писмено известување упатено до другата договорна страна со отказен рок од 30 дена, а по претходно исполнување на сите обврски кои произлегуваат од овој Договор.
Банката има право еднострано да го раскине Договорот без отказен рок, доколку Xxxxxxxx на сметката се однесува спротивно на одредбите на овој Договор, Општите услови, или спротивно на законската и подзаконската регулатива.
Во случај на раскинување на Договорот или затворање на сметката согласно законската и подзаконската регулатива или интерните акти на Xxxxxxx, Xxxxxxx ќе ги пренесе средствата од сметката на друга сметка, согласно инструкциите дадени од Имателот на сметката. Доколку Имателот на сметката не достави инструкции на која сметка да се пренесат средствата, Xxxxxxx средствата ќе ги пренесе и чува на посебна наменска сметка се до добивање на инструкции од Имателот за трансфер на друга сметка.
Останати одредби
Член 26
Банката не одговара за прекин на услугите поврзани со извршување на платниот промет со странство и за последиците од настанатиот прекин, кој е надвор од контрола на Банката, односно кој е последица на виша сила и околности кои не можеле да бидат предвидени, спречени, отстранети или избегнати.
Банката не одговара за штетата, трошоците или загубата, за било кое намалување во вредност или обврска од било кој вид кои произлегуваат од постапувањето, односно
непостапувањето на Банката согласно со или поврзано со прекинот во системите на плаќање.
Банката не превзема обврска за заштита на средствата на сметката во случај на стечај, постапка на извршување, обезбедување со претходна или привремена мерка или друга слична постапка над Имателот на сметката во согласност со законската и подзаконската регулатува.
Член 27
Доколку настанат промени во законските прописи што го регулираат работењето со сметката и платниот промет со странство, Xxxxxxx ќе ги примени новите законски прописи и одредби кои што ќе влезат во сила во времето на важење на овој Договор. Доколку таквите промени се несоодветни на деловните интереси на Имателот на сметката, тој има право да го раскине овој Договор во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
Член 28
Насловите во овој Договор се користени исклучиво со цел за подобра прегледност на Договорот и нема да се применуваат и толкуваат во интерпретацијата или користењето на Договорот.
Член 29
За се што не е предвидено со овој Договор, важат законските одредби и актите на Xxxxxxx.
Член 30
Во случај на спор надлежен е судот во Скопје.
Член 31
Договорот е составен во два идентични примероци, од кои по еден за секоја договорна страна.
Член 32
Договорот е склучен и стапува во сила со денот на потпишувањето од двете договорни страни.
ИМАТЕЛ НА СМЕТКА | КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ | |
(потпис и печат на овластено лице за застапување) |