Известувања. Имателот на сметката се обврзува да ја известува Банката за сите статусни промени, промена на овластените потписници, адресните податоци и сите други податоци кои ги доставил при склучувањето на овој Договор, веднаш или најдоцна во рок од три дена од настанување на промената. Имателот на сметката презема целосна одговорност од било какви последици кои може да настанат како резултат на ненавремено пријавување на сите релевантни промени.
Известувања. За состојбата и настанатите промени на трансакциската сметка, Xxxxxxx се обврзува да го известува Имателот на трансакциска сметка со доставување на извод за промените и состојбата на средствата на трансакциската сметка, на начин определен од страна на Имателот на трансакциска сметка. Се смета дека Xxxxxxxx на трансакциска сметка го прифаќа изводот доколку не го оспори во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот. Имателот на трансакциска сметка се обврзува на соодветен начин да ја извести Банката за големите очекувани приливи и одливи на трансакциската сметка. Сите известувања во врска со овој Договор, Xxxxxxx ги доставува на Имателот на трансакциска сметка на адресата на неговото регистрирано седиште, преку изводот за промените и состојбата на трансакциската сметка односно со објавување на промените на својата интернет страна. Во врска со ова, Имателот на трансакциска сметка се обврзува редовно да ја известува Банката за секоја настаната промена на неговото регистрирано седиште. Имателот на трансакциска сметка ја известува Xxxxxxx и за измена на сите податоци што ги доставил при склучување на Договорот, најдоцна во рок од три дена од денот на настанување на измената, во спротивно Банката не сноси одговорност за последиците настанати од непријавената промена. Имателот на трансакциска сметка е должен да ја провери точноста на изводите и доколку утврди неправилности, должен е да достави приговор во рок од 8 (осум) дена од денот на добивањето на изводот. Xxxxxxx се обврзува дека ќе го разгледа и ќе одговори на приговорот во рок од 8 (осум) дена.
Известувања. Известувањата кои ни ги испраќате мора да бидат испратени преку електронска пошта на xxxxxxx.xx@xxxxxxxxxxx.xxx или преку контактирање на Службата за корисници. Во согласност со одредбите во Клаузула 21 горе, и освен доколку не е поинаку наведено, можеме да ви испраќаме известувања преку е-пошта или на поштенската адреса дадена при нарачувањето. Се подразбира дека известувањата ќе бидат добиени и ќе се дејствува во согласност со нив штом бидат поставени на веб-локација, 24-часа откако биле испратени преку е-пошта или три дена по датумот на испраќање на секое писмо. Како доказ дека е испратено известувањето ќе биде доволно да се докаже, ако станува збор за писмо, дека било точно адресирано, дека била платена точната поштарина и дека било навремено доставено во поштата или поштенското сандаче; во случај на е-пошта, дека известување било испратено на е-поштата дадена од примачот.
Известувања. Корисникот на сметка е должен веднаш да ја извести Xxxxxxx за сите промени во врска со промена на личните и другите податоци. Банката не сноси никаква одговорност за штетата настаната заради непочитување на обврската за известување за настанатите промени. Корисникот на сметката е должен да подига извод по секоја промена на состојбата на сметката, а најмалку еднаш месечно, да ја проверува состојбата на сметката и да ги следи известувањата на Xxxxxxx за настанатите промени во работењето. Во спротивно ќе се смета дека Xxxxxxxxxx е уредно известен за состојбата и прометот на сметката на последниот ден од месецот. Xxxxxxx нема да одговара за каква било штета настаната во врска со нередовно подигање на изводите од сметката или нередовно следење на промените и состојбата на истата Банката може да му озвоможи интернет пристап до сметката на клиентот.
Известувања. Секое известување за раскинување на овој Договор од страна на VOLVO TRUCKS ќе биде испратено на адресата на е-пошта на клиентот регистрирана на Volvo Connect.
Известувања. Сите известувања предвидени со овој договор или поврзани обврски со неговото извршување, ќе бидат направени во писмена форма, вклучително и по пат на електронски средства.
Известувања. Известувањата кои ни ги испраќате мора да бидат испратени преку електронска пошта на: info- mk@zara.com или преку контактирање на Службата за корисници. Во согласност со одредбите во Клаузула 21 горе, и освен доколку не е поинаку наведено, можеме да ви испраќаме известувања преку е-пошта или на поштенската адреса даденапри нарачувањето. Се подразбира дека известувањата ќе бидат добиени и ќе се дејствува во согласност со нив штом бидат поставени на веб-локација, 24-часа откако биле испратени преку е-пошта или три дена по датумот на поштарина на секое писмо. Како доказ дека е испратено известувањето ќе биде доволно да се докаже, ако станува збор за писмо, дека било точно адресирано, дека била платена точната поштарина и дека било навремено доставено во поштата или поштенското сандаче; во случај на е-пошта, дека известување било испратено на е-поштата дадена од примачот.
Известувања. 1. Договорните органи ги ставаат на знаење, по пат на претходно информациско известување објавено од Комисијата или од нив на нивниот ’профил на купувач‘, како што се опишува во точка 2(б) од Аxxxx XXXX:
Известувања. 1. Договорните органи кои сакаат да организираат конкурс за идејно решение ја објавуваат својата намера во известување за конкурс.
2. Договорните органи кои одржале конкурс за идејно решение известуваат за резултатите од конкурсот во согласност со член 36 и мора да бидат во можност да го докажат датумот на испраќање на известувањето. Кога откривањето информации за резултатот од конкурсот го попречува спроведувањето на законот, спротивно е на јавниот интерес, му нанесува штета на комерцијалниот интерес на одредено претпријатие, јавно или приватно, или може да ја наруши лојалната конкуренција меѓу вршителите на услуги, таквите информации не се откриваат.
Известувања. 17.1 Сите известувања меѓу договорните страни стапуваат на сила ако се испратени во писмена форма на словенечки и/или на англиски јазик, (вклучително и по
17.2 Доколку некоја страна ги промени своите податоци за контакт, мора за тоа да ја извести другата страна во писмена форма веднаш, но најдоцна во рок од 5 (пет) работни дена од настанувањето на промената. Доколку една од договорните страни не ја извести навремено другата страна за промена на адресата или електронската пошта, сите известувања и документи се сметаат за примени ако се испратени на адресата или електронската пошта наведена во овој Договор.
17.3 Сите известувања испратени врз основа на овој Договор и овие Општи услови на работење: