Договорен орган: Здружение на граѓани за унапредување на развојните процеси Про Локал со адреса ул.Питу Гули бр.40/12 Битола, лице за контакт Кристина Петровска, проектен координатор, електронска адреса coordinator@prolocal.mk cso.prolocal@gmail.com;...
Услови за избор за јабна набавка
„Набавка и поставување на опрема, урбана опрема, изградба на младински и спортско-рекреативни и детски игралишта“ со број 05-01/1
Договорен орган: Здружение на граѓани за унапредување на развојните процеси Про Локал со адреса xx.Xxxx Xxxx xx.00/00 Xxxxxx, лице за контакт Xxxxxxxx Xxxxxxxxx, проектен координатор, електронска адреса xxxxxxxxxxx@xxxxxxxx.xx xxx.xxxxxxxx@xxxxx.xxx; xxxxx@xxxxxxxx.xx
Подобност за учество во јавната набавка:
1. Способност за вршење на професионална дејност
1.1 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка.
1.2 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој ги исполнува посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон, а се однесуваат на предметот на набавка.
1.3 За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
– Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка.
-како доказ дека се исполнети посебните услови за вршење на дејноста утврдени во точка 1.2, пропишани со закон а се однесуваат на предметот на набавка понудувачот потребно е да достави:.
- Лиценца Б за изведување градби издадена од Министерството за транспорт и врски на Р. Северна Македонија, односно соодветен документ во земјата каде што е регистриран доколку се работи за странски понудувач.
2. Техничка и професионална способност
2.1 Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови:
- да располага со најмалку 1 (едно) стручно лице – архитект/градежен инженер кое поседува Овластување ,,Б” за изведба од областа на архитектура/градежништво
- опремата за детските игралишта да го задоволува стандардот ЕН1176 all parts
2.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 2.1 со доставување на:
1. опис на техничкиот персонал кој ќе учествува во извршувањето на јавната набавка, особено на оние кои се одговорни за контролата на квалитетот, а во случај на јавна набавка на работи, оние што ќе бидат вклучени во изведување на работите, без оглед на тоа дали се вработени во економскиот оператор или не;
- наведување на делот од јавната набавка, кој економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач.(доколку користи подизведувач).
2.3 Доказите ги изготвува и ги потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган
3. Критериум за избор на најповолна понуда
3.1. Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на:
- цената
3.2. За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најниска понудена цена.
4. Евалуацијата на понудите
4.1. Кај поедноставената отворена постапка, комисијата, најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот.
4.2. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
4.3 Бараното објаснување понудувачот го доставува на мејл xxxxxxxxxxx@xxxxxxxx.xx xxx.xxxxxxxx@xxxxx.xxx или xxxxx@xxxxxxxx.xx во рок кој го определила комисијата.
4.4. Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
4.6. Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
4.7. По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5. Исправка на аритметички грешки
5.1 Доколку комисијата утврди дека постојат аритметички грешки исправка се врши на следниот начин:
1) кадешто има неусогласености на износот изразен во зборови и броеви, преовладува износот изразен во зборови, освен ако износот е поврзан со аритметичка грешка;
2) доколку има неусогласености помеѓу единичната цена и вкупната цена, а вкупната цена е резултат на множење на единичната цена и количината, во тој случај преовладува единичната цена, а вкупната цена ќе се коригира, освен ако не постои очигледно поместување на децималната запирка во единичната цена, при што во таков случај важи наведената вкупна цена, а единичната цена ќе се коригира;
3) доколку има грешка во вкупниот износ што соодветствува на додавањето или одземањето на меѓувредностите, преовладува меѓувредноста, а вкупниот износ ќе се коригира и
6. Поништување на постапката
6.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
6.2. Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку мејл, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
7. Тендерската документација/ Техничка спецификација
7.1 Рок за доставување на прашања е 03.06.2022 до 16 часот на следните мејл адреси: xxxxxxxxxxx@xxxxxxxx.xx, xxxxx@xxxxxxxx.xx, и xxx.xxxxxxxx@xxxxx.xxx
7.2 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од четири дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација.
7.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните четири дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
8. Јазик на понудата
8.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
9. Поднесување на понудата
9.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари.
4.2 Краен рок за доставување на понудите е 08.06.2022 до 16 часот.
9.3 Понудите се поднесуваат електорнски на следните мејл адреси: xxxxxxxxxxx@xxxxxxxx.xx, xxxxx@xxxxxxxx.xx, xxx.xxxxxxxx@xxxxx.xxx
9.4 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да бидат земени во предвид.
9.5 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
- Образец на понуда (Прилог 1),
- Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
- Изјава за докажување способност (Прилог 3) или документи за докажување на способност 10. Период на важност на понудата
10.1 Понудата треба да е со важност од 120 дена.
10.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите
11. Гаранција на понудата
11.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
11.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
- нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
- ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
- ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда.
12. Надзор врз работите ќе врши секој општина на чија територија ќе се реализира набавката.
13. Рокот за извршување на работите од предметот на јавна набавка е до 10 август 2022.
14. Начин на плаќање: вирмански, во рок од 15 дена по завршување на работата и по добивање на писмена потврда од општинските надзори.
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број објавен од страна на Здружение на граѓани за унапредување на развојните процеси Про Локал од Битола а за набавка на работи:
„ Набавка и поставување на опрема, урбана опрема, изградба на младински и спортско-рекреативни и детски игралишта “ со број 05-01/1
Дел 1 – Уредување на детски парк, Општина Демир Хисар
Дел 2 – Зона на енергија, Општина Новаци
Дел 3 – Младите за заедницата, Општина Кривогаштани Дел 4 – Спортски терен за млади, Општина Долнени Дел 5 – Фитенс центар на отворено , Општина Могила Дел 6 – Oтворено кино, Општина Крушево
Дел 7 – Младински Преспа Хаб, Општина Ресен
со спроведување на поедноставена отворена постапка, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
I.5. Матичен број:
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве работи согласно описот во техничките спецификации:
НАПОМЕНА: се пополнуваат табелите прилог на тендерската документација и истите се доставуваат како прилог на понудата
II.2. Ги прифаќаме начинот и рокот на извршување на работите утврдени во тендерската документација.
Дел III – Финансиска понуда
III.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за Дел 1
изнесува: [со бројки] ( износ на ДДВ изнесува .
) [со букви] денари. Вкупниот
Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за Дел 2
изнесува: [со бројки] ( износ на ДДВ изнесува .
) [со букви] денари. Вкупниот
Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за Дел 3
изнесува: [со бројки] ( износ на ДДВ изнесува .
) [со букви] денари. Вкупниот
Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за Дел 4
изнесува: [со бројки] ( износ на ДДВ изнесува .
) [со букви] денари. Вкупниот
Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за Дел 5
изнесува: [со бројки] ( износ на ДДВ изнесува .
) [со букви] денари. Вкупниот
Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за Дел 6
изнесува: [со бројки] ( износ на ДДВ изнесува .
) [со букви] денари. Вкупниот
Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за Дел 7
изнесува: [со бројки] ( износ на ДДВ изнесува .
) [со букви] денари. Вкупниот
III.2. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите финансиските понуди ЗА СИТЕ ДЕЛОВИ, трошоци и попусти, без ДДВ, кој е искажан посебно, изнесува:
Вкупна цена без ДДВ
III.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III. 4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
Место и датум | Одговорно лице (потпис) |
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име и презиме] врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
изјавувам дека нема да ги преземам дејствијата од став 6 на член 101 од Законот за јавните набавки во постапката која се спроведува по огласот за доделување на договор за јавна набавка број за набавка на објавен од страна на и дека понудата е правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Место и датум | Одговорно лице (потпис) |
Прилог 3 – Изјава за докажување на способноста
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека за
[се наведува назив на економскиот оператор] не постојат причини за исклучување од постапката, како и дека во целост ги исполнува бараните услови за утврдување на способноста наведени во тендерската документација за поедноставената отворена постапка за набавка на
[се наведува предметот на набавка] која се спроведува по оглас бр. [се наведува бројот на огласот] објавен од страна на
[се наведува договорниот орган].
Истовремено изјавувам дека ги имам на располагање сите потребни документи за докажување на исполнувањето на бараните услови, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум | Одговорно лице (потпис) |