Техничка и професионална способност Примери за клаузули

Техничка и професионална способност. (Член 92 од Законот за јавните набавки)–се однесува на двата дела од целиот предмет на јавната набавка
Техничка и професионална способност. 5.3.3.1 Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови: - Да има извршено ревитализација или реконструкција, како носител на набавка или подизведувач, на најмалку 7 (седум) 110 kV (или повисоко напонско ниво) полиња во последните пет години. 5.3.3.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 5.3.3.1 со доставување на: - Листа на испораки или извршени услуги - ревитализација или реконструкција (како договорна страна или подизведувач) на 110 kV (или повисоко напонско ниво) полиња во последните пет години, со обезбедување потврда за извршени испораки или извршени услуги. 5.3.3.3 Доказите од точка 5.3.3.2, за потточка 5.3.3.1 освен потврдата за извршени испораки или извршени услуги ги изготвува и електронски ги потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган.
Техничка и професионална способност. Докази и нивни вредносни показатели со цел за утврдување на способноста (ако се предвидени): Евентиални минимални барања (ако се приемнливи):
Техничка и професионална способност. Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови со доставување на: - Решение за упис во Регистарот на учесници на пазарот издадено од операторот на пазарот на електрична енергија, - Потврда дека не му била изречена опомена пред суспензија или одлука за суспензија од учество на пазарот на електрична енергија издадена од операторот на пазарот на електрична енергија, - Изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност заверена на нотар за вкупната количина на тргувана електрична енергија во последните три години (2016, 2017 и 2018). За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор од аспект на неговата професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови: - Да биде учесник на пазарот на електрична енергија на големо во Република Северна Македонија, - Во последните три години, сметано од денот на поднесување на понудата, да не му била изречена опомена пред суспензија или одлука за суспензија од учество на пазарот на електрична енергија согласно Правилата за пазар на електрична енергија, - Во последните три години (2016, 2017 и 2018) кумулативно вкупната количина на тргувана електрична енергија да изнесува најмалку 250 GWh. Просечната годишна тргувана количина на електрична енергија за економскиот оператор кој постои помалку од три години треба да изнесува 80 GWh.
Техничка и професионална способност. 5.3.3.1 Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови: - Економскиот оператор треба да располага со најмалку 1 (еден) обучен имсталатер/сервисер со важечки сертификат издаден од производителот на исправувачите или од него овластена компанија (центар за обуки) за инсталација, пуштање во работа и одржување на исправувачите. 5.3.3.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 5.3.3.1 со доставување на: - Опис на техничкиот персонал и техничките органи кои ќе учествува во извршувањето на јавната набавка, без оглед на тоа дали се вработени во економскиот оператор или не, со прилог Сертификат од производителот на исправувачите или од него овластена компанија (центар за обуки) за инсталатерот/сервисерот. 5.3.3.3 Доказите од точка 5.3.3.2, за потточка 5.3.3.1 освен Сертификатот ги изготвува и електронски ги потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган
Техничка и професионална способност. 5.3.3.1 Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови: 5.3.3.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 5.3.3.1 со доставување на: 5.3.3.3 Доказите од точка 5.3.3.2, за потточка освен потврдите од клиенти ги изготвува и електронски ги потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган.
Техничка и професионална способност. За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
Техничка и професионална способност. 2.1 Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови: - да располага со најмалку 1 (едно) стручно лице – архитект/градежен инженер кое поседува Овластување ,,Б” за изведба од областа на архитектура/градежништво - опремата за детските игралишта да го задоволува стандардот ЕН1176 all parts 2.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 2.1 со доставување на: 1. опис на техничкиот персонал кој ќе учествува во извршувањето на јавната набавка, особено на оние кои се одговорни за контролата на квалитетот, а во случај на јавна набавка на работи, оние што ќе бидат вклучени во изведување на работите, без оглед на тоа дали се вработени во економскиот оператор или не; - наведување на делот од јавната набавка, кој економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач.(доколку користи подизведувач). 2.3 Доказите ги изготвува и ги потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган
Техничка и професионална способност. 2.5.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови: економскиот оператор треба да има овластување од производителот на бараниот предмет на набавка со кое му се дозволува да се јави за учество во тендерската постапка економскиот оператор треба да има Референтна листа на извршени испораки на тестовите кои се предмет на набавка економскиот оператор треба да има потврди од најмалку три договорни органи од референтната листа за успешна соработка од дејноста со промет со лекови и медицински помагала; Производителот на тестовите/реагенсите да има минимум 3 реферернци од Eвропа каде истите тестови се предмет на набавкаи се испорачуваат Економскиот оператор треба да има потврда од производителот на апаратот дека понудените реагенси поседуваат сертификат за употреба на соодветниот апарат Економскиот оператор е должен да обезбеди овластен сервисер за апаратот кој ќе се биде достапен 24/7 и ќе се грижи за калибрирање, сервис и одржување на апаратот за непречено работење во времетрење на користење на неговите реагенси без надомест Количините за Потрошниот материјал за работа задолжително треба да бидат доволни за непречено извршување на сите барани анализи и детално треба да бидат наведени во спецификацијата со количини. Доколку понудените количини на потрошниот материјал не се доволни за непречено извршување на анализите, понудувачот ке ги сноси сите трошоци кои произлегле од спреченоста за извршување на целокупните анализи односно ќе ги обезбедат потребните материјали без надомест . Kаталози за основните карактеристики на реагенсите ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ОБЕЛЕЖАНИ. ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ДОСТАВИ ПРЕВОД НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА ОСНОВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ РЕАГЕНСИТЕ И ПОСТАПКИТЕ ЗА НИВНО КОРИСТЕЊЕ, со вклучени material safety data sheet (MSDS) за понудените реагенси. НА ОСНОВА НА ТОА ЌЕ СЕ УТВРДУВА ДАЛИ ПОНУДЕНИТЕ РЕАГЕНСИ ГИ ИСПОЛНУВААТ БАРАЊАТА ОД ТЕХНИЧКАТА СПЕЦИФИКАЦИЈА. изјава дека понудените реагенси одговараат (се еквивалентни) на соодветните делови од тендерската спецификација (за секој дел поединечно-за оние делови за кој економскиот оператор поднел понуда) Реагенсите при испораката ќе бидат со рок на употреба од најмалку 6 месеци од денот на испораката на материјалите Реагенсите да се за инвитродијагностика и да поседуваат CE сертификат или еквивалент 2.5.2 Економскиот оператор го докажува исполнува...
Техничка и професионална способност. 5.3.3.1 Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови: - Да има на располагање најмалку едно стручно лице кој ќе ги врши поправките кое е обучено за одржување и поправка на моторните пили и кој поседува сертификат, потврда или уверение дека посетувало обука за поправка и одржување на моторните пили кај производителот, - Да располага со сервисен центар (сопствен, под закуп или со договор за деловно-техничка соработка) со потребна инфраструктура за одржување и поправка на моторните пили наведени во техничката спецификација, на територијата на град Скопје. 5.3.3.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 5.3.3.1 со доставување на: - Опис на техничкиот персонал и техничките органи кои ќе учествуваат во извршувањето на јавната набавка, без оглед на тоа дали се вработени во економскиот оператор или не; со доставување на Изјава дека има на располагање најмалку едно стручно лице кој ќе ги врши поправките кое е обучено за одржување и поправка на моторните пили со прилог сертификат, потврда или уверение за посетувана обука за поправка и одржување на моторните пили кај производителот. - Изјава за инструментите, постројките или техничката опрема, која давателот на услугите ја има на располагање за извршување на договорот; со прилог Изјава дека располага со сервисен центар (сопствен, во закуп или со договор за деловно-техничка соработка) со потребна инфраструктура за одржување и поправка на моторните пили наведени во техничката спецификација, на територијата на град Скопје. 5.3.3.3 Доказите од точка 5.3.3.2, за потточка 5.3.3.1 освен сертификатот/потврдата/уверението за посетувана обука ги изготвува и електронски ги потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган.