Гаранција на понудата Примери за клаузули

Гаранција на понудата. Понудувачот ќе обезбеди како дел од понудата, Изјава која ја гарантира понудата или Гаранција на понудата , како што е наведено во ЛПП, во оригинална форма и во случај да доставува Гаранција на понудата, истата треба да биде на износ и во валута наведени во ЛПП. За Изјавата која ја гарантира понудата ќе се користи образецот којшто е дел од Поглавје IV, Обрасци на Понудата. Доколку е потребно да се достави Гаранција за понудата во согласност со ИП 19.1, гаранцијата за понудата може да биде во една од следните форми, во зависност од Понудувачот: безусловна гаранција издадена од страна на банка или финансиска институција (како осигурување, гаранции и компанија осигурува покритие/гаранција) неповратно кредитно писмо; банкарски или сертифициран чек; или некој друг вид на гаранција наведен во ЛПП, издадени од реномирана институција од подобна држава. Доколку безусловна гаранција е издадена од страна на финансиска институција која е лоцирана надвор од државата на Работодавачот, истата треба да има соодветна коресподентна финансиска институција лоцирана во државата на Работодавачот за да може да ја направи извршна, освен доколку Работодавачот се има согласено на писмено, пред доставување на понудите, дека коресподентна финасиска институција не се бара. Доколку станува збор за банкарска гаранција, Гаранцијата на понудата ќе биде поднесена или во форма на Образец за гаранција на понудата кој се наоѓа во Поглавје IV, Обрасци од понудата или друг сличен образец по содржина којшто е одобрен од страна на Работодавачот пред поднесување на понудите. Гаранцијата на понудата ќе остане валидна во период од дваесет и осум (28) дена по периодот на валидност на понудата или по било кој продолжен рок согласно со ИП 18.2. Доколку во ИП 19.1 е назначена Гаранција на понудата или Изјава која ја гарантира понудата, секоја понуда која не содржи соодветна Гаранција на понудата или Изјава која ја гарантира понудата ќе биде одбиена од страна на Работодавачот како Понуда која не ги задоволува барањата. Доколку Гаранцијата на понудата е во согласност со ИП 19.1, Гаранциите на понудите на неуспешните Понудувачи ќе бидат вратени колку што е можно побрзо откако ќе се потпише договорот со успешниот Понудувач и истиот ќе достави Гаранција за квалитетно извршување на договорот и, доколку е наведено во ЛПП, Гаранција за извршување работи од аспект на животна средина и социјални аспектии безбедност и здравје при работа (ЖССАБЗР) во согласност со ИП 48. Гаранцијата на понудата на избраниот Понудув...
Гаранција на понудата. 3.11.1.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата. 3.11.1.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека: - нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност, - ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата, - ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда, - ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот.
Гаранција на понудата. 4.6.1.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана Изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Со изјавата економскиот оператор изјавува дека: нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност, ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата, ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. 4.6.1.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
Гаранција на понудата. (банкарска гаранција за учество), доставува секој понудувач кој доставил понуда.
Гаранција на понудата. 3.9.1.1 Како дел од понудата економскиот оператор задолжително обезбедува гаранција на понудата (гаранција за учество) во износ од најмалку 3% од вкупната вредност на понудата без вклучен ДДВ. 3.9.1.2 Гаранцијата на понудата се доставува заедно со понудата и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите. Секоја понуда што не содржи гаранција на понудата, или содржи гаранција на понудата која не е во согласност со условите во тендерската документација, ќе биде отфрлена од страна на договорниот орган како неприфатлива. 3.9.1.3 Гаранцијата е во форма на банкарска гаранција. За договорниот орган се прифатливи сите банки. 3.9.1.4 Банкарската гаранција треба да е со важност не помалку од денот на истекот на важноста на понудата. Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на банкарската гаранција. 3.9.1.5 Гаранцијата треба да е поднесена во оригиналната форма и кај постапките кои се спроведуваат по електронски пат. Скенирани/Копии не се прифаќаат. Гаранцијата доколку се поднесе во хартиена форма, треба да се достави преку архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај’’, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. Доколку гаранцијата е достапна во оригинална електронска форма /електронска гаранција/ истата се прикачува преку ЕСЈН заедно со понудата и придружната документација. 3.10.1.6 Договорниот орган ја наплаќа банкарската гаранција на понудата ако понудувачот: ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност, не ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата, не го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или не ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот. 3.9.1.7 Доколку дојде до наплата на банкарската гаранција на понудата, договорниот орган во ЕСЈН објавува негативна референца што резултира со исклучување на предметнио...
Гаранција на понудата. 4.6.1 Како дел од понудата економскиот оператор задолжително обез- бедува гаранција на понудата (гаранција за учество) во износ од најмалку 3 % од вкупната вредност на понудата без вклучен ДДВ. 4.6.2 Гаранцијата е во форма на банкарска гаранција. За договорниот орган се прифатливи сите банки. 4.6.3 Банкарската гаранција треба да е поднесена во оригиналната форма заедно со понудата. Скенирани / Копии не се прифаќаат. 4.6.4 Банкарската гаранцијата мора да има рок на важност најмалку 14 дена по денот на истекот на важноста на понудата. 4.6.5 Гаранција на понудата може да биде доставена и во форма на депонирани средства во денари -депозит уплатен на следниот начин: − Назив на примач: Царинска управа на Република Македонија − Банка на примач: НБРМ − Сметка: 100 0000000630 95 − Износ: МКД − Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 0900300175 696 11 − Приходна шифра и програма: 725939 20 − Цел на дознака: Гаранција за учество на оглас ОП број 12/2016. 4.6.6 Секоја понуда што не содржи гаранција на понуда (банкарска гаранција или депозит), или содржи гаранција на понуда која не е во согласност со условите во тендерската документација, ќе биде отфрлена од страна на договорниот орган како неприфатлива. 4.6.7 Гаранцијата на понудата на неуспешните економски оператори се враќа во рок од 30 (триесет) дена по склучување на договорот со најповолниот економски оператор. 4.6.8 Гаранцијата на понудата може да се наплати /да се задржат де- понираните средства, ако понудувачот ја повлече својата понуда пред исте- кот на периодот на нејзината важност, не ја прифати исправката на ариметичките грешки од страна на комисијата, не го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и не обезбеди гаранција за квалитетно извршување на договорот. 4.6.9 Доколку дојде до наплата на гаранцијата на понуда / задржување на депонираните средства, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. 4.6.10 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
Гаранција на понудата. 4.6.1 Како дел од понудата економскиот оператор задолжително обезбедува гаранција на понудата (гаранција за учество) во износ од 3% од вкупната вредност на понудата без вклучен ДДВ. 4.6.2 Гаранцијата е во форма на банкарска гаранција, издадена од реномирана банкарска институција избрана од економскиот оператор. За договорниот орган се прифатливи сите банки.
Гаранција на понудата. 4.6.1 Како дел од понудата економскиот оператор задолжително обезбедува гаранција на понудата во износ од најмалку 2% од вкупната вредност на понудата без вклучен ДДВ. 4.6.2 Гаранцијата е во форма на банкарска гаранција, издадена од реномирана банкарска институција избрана од економскиот оператор. За договорниот орган се прифатливи сите банки. 4.6.3 Гаранцијата треба да е поднесена во оригиналната форма. Копии не се прифаќаат. Гаранцијата мора да има рок на важност најмалку 15 дена од денот на истекот на важноста на понудата. Секоја понуда што не содржи гаранција на понудата, или содржи гаранција на понудата која не е во согласност со условите во тендерската документација, ќе биде отфрлена од страна на договорниот орган како неприфатлива. 4.6.4 Гаранцијата на понудата на неизбраните понудувачи се враќа во рок од 7 дена по склучување на договорот со најповолниот понудувач. 4.6.5 Гаранцијата на понудата може да се наплати, ако понудувачот ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност, не ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата или не го потпише договорот за јавна набавка.
Гаранција на понудата. 4.6.1 Како дел од понудата економскиот оператор задолжително обезбедува гаранција на понудата во износ од најмалку 3% од вкупната вредност на понудата без вклучен ДДВ. 4.6.2 Гаранцијата е во форма на банкарска гаранција. За договорниот орган се прифатливи сите банки. 4.6.3 Доколку банкарската гаранција на понуда е издадена во електронска форма од страна на банката, во оригинална форма електронски се прикачува како составен дел од поднесената понуда заедно со останатите документи. Банкарската гаранција на понуда издадена во хартиена форма во оригинален примерок треба да биде доставена во Архивата на Општина Центар – Скопје, барака број 6 најдоцна до крајниот рок определен за доставување на понудите. 4.6.4 Гаранцијата треба да е поднесена во оригиналната форма. Копии не се прифаќаат. Гаранцијата мора да има рок на важност најмалку 14 дена од денот на истекот на важноста на понудата. Секоја понуда што не содржи гаранција на понудата, или содржи гаранција на понудата која не е во согласност со условите во тендерската документација, ќе биде отфрлена од страна на договорниот орган како неприфатлива. 4.6.5 Гаранцијата на понудата на неизбраните понудувачи се враќа во рок од 7 дена по склучување на договорот со најповолниот понудувач. 4.6.6 Гаранцијата на понудата може да се наплати, ако понудувачот ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност, не ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата, не го потпише договорот за јавна набавка или не обезбеди гаранција за квалитетно извршување на договорот.

Related to Гаранција на понудата

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.