„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста...
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА
ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА СО Е-АУКЦИЈА
ЗА НАБАВКА НА ТЕЧНИ ГОРИВА
/стоки/
Февруари 2020]
Врз основа на член 49 и 81 од Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
За поедноставена отворена постапка за набавка на Електрична енергија Тендерската документација содржи:
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА 6
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА 7
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ 10
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ 12
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА 21
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
................................................................................................................................ 22 8. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА .............
9. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ ..............................................................................
Прилог 1 – Образец на понуда .................................................................................
Прилог 3 – Изјава за докажување на способноста
Прилогг 4- Електронски потпишан модел на договор
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ 1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го
имаат следново значење:
„Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски оператори и договорниот орган чиј предмет е снабдување стоки и обезбедување услуги;
„Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки и услуги;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки и услуги;
„Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки, обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
„Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно известување или периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на договорот, обрасците што ги пополнуваат кандидатите или понудувачите, информациите за општоприменливите прописи и сета дополнителна документација;
„Технички спецификации“ се:
- во случај на јавна набавка на стоки или услуги1, спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста;
„Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка;
„Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
„Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
„Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги предвидел во тендерската документација, но на поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.
1
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорниот орган е Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост – Скопје, со адреса на Xx.Xxxxx Xxxxx xx. 0, мезанин, локал 5, телефон за контакт 02/3231- 117, електронска адреса: xxxxx.xxxxxxxxxx@xxxxxxxx.xx, лице за контакт Xxxxx Xxxxxxxxxx.
1.3 Предмет на постапката за јавна набавка
1.3.1 Предмет на постапката за јавната набавка е набавка на стока: Набавка на течни горива
Подетален опис на предметот на набавката: Набавка на течни горива согласно техничката спецификација, купување течни горива: бензин и дизел гориво за патнички моторни возила во Регионален центар Скопје и Регионален центар Кичево и сукцесивна набавка и испорака на екстра лесно масло за домаќинство, во Битола по вид и количина дадени во Спецификацијата.
1.3.2 Набавката е делива на два дела и тоа:
1 дел - Набавка на моторни бензини (ЕУРОСУПЕР БС-95, И ЕУРОСУПЕР БС-98) И ДИЗЕЛ ГОРИВО (ЕУРОДИЗЕЛ БС-(D-E-V)за патнички моторни возила во Регионален центар Кичево и Регионален центар Скопје- 1.050.000,00 денари без ддв
2 дел- .Набавка на екстра лесно масло за домаќинство во Битола-
150.000,00 денари без ддв
1.3.3 Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од 12 месеци.
1.4 Применливи прописи
1.4.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019) и важечките подзаконски акти.
1.4.2 При подготовка на својата понуда, економските оператори треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови, заштитата при работа, заштита на личните податоци.
Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот
може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа), Дирекцијата за заштита на личните податоци (за заштита на личните податоци).
1.5 Општи мерки за спречување на корупцијата
1.5.1 Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.6 Вид на постапка за јавна набавка
1.6.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на поедноставена отворена постапка.
1.6.2 Оваа постапка се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
1.7 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка2
1.7.1 Електронска аукција
1.7.1.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со користење електронска аукција со цел добивање нови цени коригирани надолу.
1.7.1.2 Предмет на електронската аукција ќе биде: само цената кога критериум за избор на најповолна понуда е само најниската цена.
Предмет на електронската аукција ќе биде збирот на поединечните цени за секој од бараните видови на горива, базирани на важечките највисоки малопродажни цени определени од Регулаторната Kомисија за енергетика на 25.02.2020 г .По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач , бидејќи предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната најниско понудена
2 Овој точка треба да е содржана само доколку се користи еден од пропишаните начини на доделување на договорот. Во спротивно се брише.
цена(пред електронската аукција ) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата). Соодветното намалување (% на попуст) добиено при електронската аукција ќе биде намалувањето кое ќе се одобрува во однос на највисоката малопродажна цена определена од Регулаторната комисија за енергетика , во текот на целото времетраење на Договорот.
Минимална разлика во процесот на негативно наддавање е 0,1% од почетната цена која е предмет на наддавање.
Максималната разлика во процесот на негативно наддавање е 1,0% од почетната цена која е предмет на наддавање
Електронската аукција ќе се одвива во еден круг со времетраење од 15 (петнаесет) минути со можност да се изврши автоматско продолжување на времето на негативно наддавање за дополнителни 3 (три) минути, доколку во последните 3 (три ) минути од времето предвидено за негативно наддавање се достават нови намалени цени.
1.7.1.3 Сите понудувачи што поднеле прифатливи понуди, истовремено ќе се поканат да достават нови цени за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција.
1.7.1.4 Сите понудувачи во секоја фаза од аукцијата ќе имаат пристап до информациите кои ќе им овозможат во секое време да го утврдат својот ранг.
1.7.1.5 Доколку во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, електронска аукција нема да се спроведе.
1.7.1.6 По завршувањето на електронската аукција, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Достапност на тендерската документација
2.1.1 Тендерската документација е достапна на секој заинтересиран економски оператор преку ЕСЈН во формат кој економските оператори може директно да го користат.
2.2 Појаснување на тендерската документација
2.2.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот „Прашања и одговори“ на ЕСЈН, најмалку шест дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.2.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.3 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.3.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од четири дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.3.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните шест дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
-членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
-членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
-членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
-краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН3, .
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.3 Трошоци за поднесување на понуда
3.3.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.4 Јазик на понудата
3.4.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото
3На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.5 Алтернативна понуда
3.5.1 Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуда.
3.6 Цена на понудата
3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно.
3.7 Корекција на цени
3.7.1 Не се предвидува корекција на цените.При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените,односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот.
3.8 Начин и рок на испорака на стоките
3.8.1 Сукцесивна набавка на бензин и дизел гориво за патничките моторни возила на договорниот орган oд бензинските пумпи на економскиот оператор со користење картичка за безготовинско плаќање. Сукцесивната испорака на екстра лесното масло за домаќинство се врши врз основа на претходна писмена порачка од овластено лице на Договорниот орган, во која е определена количината на екстра лесното масло за домаќинство.
Економскиот оператор е должен испораката на екстра лесното масло за домаќинство да ја изврши во рок од 1 (еден) ден од приемот на нарачката и на место определено во нарачката.
Начинот и рокот на испорака на стоките детално се дадени во моделот на договор за набавка на течни горива.
3.9 Начин на плаќање
3.9.1 Договорниот орган се обврзува плаќањето на Економскиот оператор да го врши вирмански во рок од 30 (триесет) дена од доставување на фактурата во Архивата на Договорниот орган (со потпишани испратници за прием за екстра лесното масло за домаќинство и спецификација на сметки за безготовинските картици).
Економскиот оператор е должен на секои 7 (седум) дена да доставува фактура со Спецификација на сметки за направените обврски.
Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки
3.10 Период на важност на понудата
3.10.1 Понудата треба да е со важност oд 90 дена.
3.10.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.11 Средства за обезбедување
3.11.1 Изјава за сериозност
3.11.1.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.11.1.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
- нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
- ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
- ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или
- ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот, ако договорниот орган ја предвидел во тендерската документација.
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во валута утврдена во тендерската документација.
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка. Доколку предметот на набавка е поделен во делови, цената на понудата се изразува посебно за оној дел за кој се поднесува понудата.
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот „Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот „Документи“.
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Оваа документација се доставува во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.10 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 27.02.2020 година, до 12,00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
- Образец на понуда (Прилог 1),
- Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
- Изјава за докажување способност (Прилог 3) или документи за докажување на способност
- (Документи со кои ќе се докаже дека дека не постојат причини за исклучување од постапката)
- Документи со кои ќе се докаже дека се исполнети условите за квалитативен избор- способност за вршење професионална дејност и техничка и професионална способност
- Електронски потпишан модел на договор (прилог 4)
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
− ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
− доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
− доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
− доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 27.02.2020 година во 12,00 часот како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација ул.„Xxxxx Xxxxx“ бр. 9, мезанин, локал 5 во Скопје.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да ѝ предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ 5.1 Утврдување способност
5.1.1 Во постапката за јавна набавка ќе може да учествуваат
економски оператори за кои, договорниот орган преку придружната документација утврдува:
- дека не постојат причини за исклучување од постапката,
- дека се исполнети условите за квалитативен избор, и тоа:
а) способност за вршење професионална дејност; б) техничка и професионална способност
5.1.2 Економскиот оператор во прилог на понудата доставува изјава за докажување на способноста или документи за утврдување способност.
5.1.3 Доколку економскиот оператор во прилог на понудата доставува изјава за докажување на способноста, истата треба да биде изработена на образецот даден во Прилог 3 од тендерската документација и да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него.
5.1.4 Пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен да ги достави документите за утврдување способност, доколку не ги доставил со понудата.
5.1.5 Договорниот орган ги прифаќа документите за утврдување на способност од точка 5.1.4 на овој член кои се издадени и по крајниот рок за поднесување на понудите.
5.1.6 Придружната документација се поднесува во скенирана електронска форма.
5.2 Причини за исклучување од постапката
5.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за јавна набавка економскиот оператор:
1) доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик.
2) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
3) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
4) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
5) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
6) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
7) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
5.2.2 Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци.
5.2.3 Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка во случаите доколку:4
a) договорниот орган оправдано заклучи дека економскиот оператор со други економски оператори постигнал договор чија цел или последица е нарушување на конкуренцијата. Се смета дека заклучокот на договорниот орган од оваа точка е оправдан доколку Комисијата за заштита на конкуренцијата, врз основа на пријава на договорниот орган, во рок од 15 дена го извести договорниот орган дека ќе поведе прекршочна постапка;
б) економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со договорниот орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, барање оштета или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган;
в) економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за јавна набавка.
5.2.4 За докажување дека не постојат услови за исклучување од постапката, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик;
4 Во оваа потточка се содржани опционалните услови за исклучување од постапката. Доколку не се утврдуваат оваа потточка се брише / или останува/ат само оној/ие основ/и кој се утврдува/ат.
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за докажување на способноста и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста.
5.2.5 Изјавата од алинеја 1 од потточка 5.2.4 ја изготвува самиот економски оператор во електронска форма и ја потпишува со квалификуван сертификат за електронски потпис и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
5.2.6 Потврдите од потточка 5.2.4 ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава овие документи или ако тие не ги опфаќаат сите горенаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
5.2.7 Документите од потточка 5.2.4 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за поднесување на понудите наназад.
5.3 Услови за квалитативен избор
5.3.1 Способност за вршење на професионална дејност
5.3.1.1 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.1.2 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој ги исполнува посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон а се однесуваат на предметот на набавка.
За дел 1
5.3.1.3 За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
- Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран
За дел 2
За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
- Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран
- Економскиот оператор треба да достави Лиценца за вршење на енергетска дејност трговија со сурова нафта, нафтени деривати,биогорива и горива наменети за транспорт
5.3.2 Техничка и професионална способност5 за дел 1
5.3.2.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
Искуство во успешно реализирани договори поврзани со предметот на набавка во последните три години
-Техничка можност за користење на систем за безготовинско плаќање (со картичка за безготовинско плаќање a плаќањето ке се врши согласно договорот во рок од 30 дена од достава на фактура во архивата на Договорниот орган)
-Располагање, односно обезбедување на минимум една бензинска пумпа на подрачјето на градот Скопје и минимум една бензинска пумпа на подрачјето на градот Кичево
5.3.2.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови за техничка и професионална способност за Дел 1 со доставување на:
- Листа на главни испораки на понудувачите или кандидатите извршени во последните три години, со вредности , датуми купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување на потврда за извршени минимум 3(три) испораки издадени од примателите или, доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини вон контрола на економскиот оператор, само со негова изјава за извршени испораки ,
-Изјава за користење на систем за безготовинско плаќање(со картичка за безготовинско плаќање a плаќањето ке се врши согласно договорот во рок од 30 дена од достава на фактура во архивата на Договорниот орган) и
-Изјава за располагање, односно обезбедување на минимум една бензинска пумпа на подрачјето на градот Скопје и минимум една бензинска пумпа на подрачјето на градот Кичево.
(Документите од подточка 5.3.2.2 алинеја 1,2 и 3 ги изготвува и потпишува електронски самиот економски оператор)
5.3.3 Техничка и професионална способност6 за дел 2
- Искуство во успешно реализирани договори поврзани со предметот на набавка во последните три години
- Економскиот оператор треба да располага со минимум едно транспортно средство (сопствено или изнајмено за транспорт на екстра лесното масло за домаќинство и транспортното средство да е опремено со мерило за утврдување на точно истоварена количина на екстра лесното масло за домаќинство кое е верифицирано како би се гарантирала точноста мерилото и на истоварената количина гориво, согласно Правилник за начин, и постапка за прва, периодична и вонредна верификација на мерилата („Службен весник на РМ„ бр.25/2007)
5.3.3.1 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на условот за
Дел 2 со доставување на:
-Листа на главни испораки на понудувачите или кандидатите извршени во последните три години, со вредности , датуми
купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување на потврда за извршени минимум 3(три) испораки издадени од примателите или, доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини вон контрола на економскиот оператор, само со негова изјава за извршени испораки
- Економскиот оператор треба да достави копија од сообраќајната дозвола за транспортното средство,
- Економскиот оператор треба да достави изјава дека располага со транспортното средство
-Економскиот оператор треба да достави валиден документ за извршена верификација на мерилото во транспортното средство издаден од Биро за метрологија или друг економски оператор овластен од Министерството за економија за утврдување на точно истоварена количина на гориво.
(Документите од подточка 5.3.3.1 алинеја 1 и 3 ги изготвува и потпишува електронски самиот економски оператор)
5.3.4. Користење способност од други субјекти
5.3.4.1 Во постапката за јавна набавка, економскиот оператор може заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на економската и финансиската состојба и техничката или професионалната способност да ја користи способноста на други субјекти.
5.3.4.3 Ако економскиот оператор користи способност на друг субјект, тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните ресурси.
5.3.4.4 Со цел договорниот орган да може да провери дали субјектот чија способност ја користи економскиот оператор ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и дали постојат причини за негово исклучување, економскиот оператор треба да ја достави документацијата наведена во точките 5.2.4, 5.3.1.3, 5.3.2.2 и 5.3.2.2 и
5.3.3 од оваа тендерска документација.
5.3.4.5 Ако во постапката учествува групата економски оператори, истата може да ја користи способноста на членовите во групата или на други субјекти на начин утврден во точката 5.3.4.3 од оваа потточка.
НАПОМЕНА: Договорниот орган ги прифаќа документите за утврдување на способност од точка 5.1 на оваа тендерска документација кои се издадени и по крајниот рок за поднесување на понудите.
5.6 Критериум за избор на најповолна понуда
5.6.1. Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на:
- цената
5.6.2. За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најниска понудена цена.
5.6.3 % на попуст од највисоката малопродажна цена која е во важност определена од Регулаторната Комисија за енергетика на РМ)
5.7 Евалуацијата на понудите
5.7.1. Кај поедноставената отворена постапка, комисијата, најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член
101 став 13 од законот, на XXXX ја проверува листата на издадени негативни референци.
5.7.2. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.7.3 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.7.4. Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.7.5. Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик.
5.7.6. Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.7.7. По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.8 Заштита на податоци
5.8.1. Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како деловна тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.8.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.8.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
5.9 Исправка на аритметички грешки
5.9.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови;
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.9.2 Во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на ЕСЈН и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда. Во овој случај комисијата ќе ја измени цената внесена на ЕСЈН.
5.10 Поништување на постапката
5.10. 1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.10.2. Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе ја донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка или рамковната спогодба се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка или рамковната спогодба согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавка.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2. Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3. Кај поедноставената отворена постапка, жалба се изјавува во рок од пет дена, од денот на:
1. објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
2. објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
3. отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
4. прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
7.1.4 Жалителот кој пропуштил да изјави жалба во однос на основите од потточка 7.1.3 од 1, 2, 3 и 4, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1. Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
7.2.3 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ќе ги врати мострите, урнеците и документите за кои во оваа тендерска документација е предвидено дека ќе се вратат на понудувачите.
Прилог 4
MОДЕЛ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА ТЕЧНИ ГОРИВА
Склучен помеѓу:
1. Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост - Скопје, со седиште на уx.Xxxxx Xxxxx xx.0
мезанин локал бр.5 Скопје, ЕМБС 6701213 ЕДБ 4080011521604 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје со жиро сметка бр.210067012130168 застапувано од Генерален Директор Шеваљ Цеку дипл.соц. (во
натамошен текст: Договорен орган ), и
2. , со седиште на ул. бр. , со ЕМБС , ЕДБ депонент на
со жиро сметка
застапувано од (во натамошен текст: Економски оператор)
Член 1
Со овој Договор се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорните страни во врска со набавка на течни горива,со примена на поедноставена отворена постапка со користење на електронска аукција, врз основа на Одлука за јавна набавка бр.------- година и Одлуката за избор на најповолна понуда
бр. од година.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој Договор е купување на течни горива – бензин и дизел гориво за патнички моторни возила на Договорниот орган во Регионален Центар Скопје и Регионален центар Кичево и сукцесивна набавка и испорака на екстра лесно масло за домаќинство во Битола, во текот на една година , по вид и количини дадени во спецификацијата од тендерската документација и прифатената Понуда, составен дел на Договорот.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Вкупната вредност на Договорот ќе се утврди врз основа на стварно набавените и испорачаните количини на течно гориво –бензин и дизел гориво и екстра лесно масло за домаќинство од член 2 на овој Договор, согласно Спецификацијата на гориво по вид а потврдени со Спецификација на сметки за безготовинските картички Испратници за прием и Фактури согласно
Понудата/Извештајот од електронската аукција бр. од
година, но не повеќе од ден без ДДВ, ДДВ во износ од
или вкупно со вклучен ДДВ.
По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач , бидејќи предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната најниско понудена цена (пред електронската аукција ) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата). Соодветното намалување (% на попуст) добиено при електронската аукција ќе биде намалувањето кое ќе се одобрува во однос на највисоката малопродажна цена определена од Регулаторната комисија за енергетика , во текот на целото времетраење на Договорот.
Единечната цена на течните горива и екстра лесното масло за домаќинство може да се менува единствено согласно Одлуката на Регулаторната Комисија за енергетика за определување на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати – на малопродажната цена на течните горива и екстра лесното масло за домаќинство, на која се применува попустот од став 2 на овој член и фактурирањето ќе се врши според актуелните цени со вклучениот
попуст.
Во цената се пресметани и акцизите, транспортните трошоци-франко до местата на испораката на горивото определени од Договорниот орган и сите други трошоци и други јавни давачки согласно законските прописи.
НАЧИН, РОК И УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
Член 4
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Економскиот оператор да го врши вирмански во рок од 30 (триесет) дена од доставување на фактурата во Архивата на Договорниот орган (со потпишани испратници за прием за екстра лесното масло за домаќинство и спецификација на сметки за безготовинските картици).
Економскиот оператор е должен на секои 7 (седум) дена да доставува фактура со Спецификација на сметки за направените обврски.
НАЧИН И РОК НА НАБАВКА И ИСПОРАКА НА ТЕЧНО ГОРИВО
Набавка на бензин и дизел гориво Член 5
Договорниот орган сукцесивно набавува бензин и дизел гориво за патнички моторни возила, од бензиските пумпи на Економскиот оператор, со
користење картичка за безготовинско плаќање (во натамошен текст: безготовинска картичка).
Член 6
Безготовинската картичка ја издава Економскиот оператор на овластените Корисници на возилата на Договорниот орган (во натамошниот текст: Корисник на картичка).
Безготовинската картичка се издава врз основа на писмено барање на Договорниот орган.
Во барањето за безготовинска картичка Договорниот орган наведува:
-Вид на возилото
-Регистарски број на возилото
-Месечен лимит на потрошувачката искажан во денари за секое возило одделно
-Список на лица кои смеат да ја користат безготовинската картичка (Корисници на картичката)
--Копие од потписното картонче на Договорниот орган
Барањето се смета за валидно ако е потпишано од одговорното лице на Договорниот орган или од него овластено лице со приложено овластување.
Член 7
Безготовинската картичка може да ја употребуваат само овластените корисници на возилата на сите продажни места на Економскиот оператор за купување на стоки предвидени единствено со предметот на набавката без да плати во готово само со презентација на безготовинската картичка.
При плаќањето со безготовинска картичка, на Корисникот на картичката му се издава сметка во два примерока, од кои едниот примерок за Корисникот на картичката и еден примерок за Економскиот оператор.
Корисникот на картичката е должен сметката за купеното гориво (бензин и дизел гориво) да ја провери на самото продажно место и да ја потпише, а евентуалните рекламации да ги даде веднаш. Во поглед на квалитетот на горивото, евентуалните рекламации Договорниот орган може да ги даде и дополнително.
Корисникот на картичката не може да бара врз основа на безготовинската картичка на продажните места да се исплатува готовински износ на пари.
Член 8
Носителот на картичката е должен:
1. Веднаш да пријави губење или кражба на безготовинската картичка
2. Веднаш писмено да го извести Економскиот оператор за евентуално отуѓување на возилото и безготовинската картичка да се одземе од Корисникот на картичката и да ја достави до Економскиот оператор за поништување.
Член 9
Во случај на злоупотреба на безготовинската картичка, Економскиот оператор има право на продажните места да ја одземе безготовинската картичка од Корисникот на картичката или од друго лице кое неовластено ја користи безготовинската картичка, за тоа да го извести и да ја врати безготовинската картичка на Договорниот орган.
Со цел да го заштити својот начин на работа или од други оправдани причини Економскиот оператор може да ги менува правилата и условите за користење на безготовинските картички на продажните места. За измените и дополнувањата на овие правила Економскиот оператор е должен веднаш писмено да го извести Договорниот орган.
Доколку безготовинската картичка не биде откажана, се смета дека промените се прифатени од Договорниот орган.
Испорака на екстра лесното масло за домаќинство
Член 10
Сукцесивната испорака на екстра лесното масло за горење, се врши врз основа на претходна писмена порачка од овластено лице на Договорниот орган, во која е определена количината на екстра лесното масло за домаќинство
Економскиот оператор е должен испораката на екстра лесното масло за домаќинство да ја изврши во рок од 1 (еден) ден од приемот на нарачката и на место определено во нарачката.
Секоја поединечна испорака на екстра лесното масло за домаќинство од страна на Економскиот оператор се врши со цистерни кои имаат мерач за утврдување на точно истоварена количина на екстра лесното масло за домаќинство со запазување на стандардите за транспорт на нафтени деривати.
Договорниот орган се обврзува приемот на доставеното екстра лесно масло за домаќинство да го потврди и потпише на пропратниот документ од овластено лице на Економскиот оператор - Испратницата и на Записникот за прием на екстра лесното масло за домаќинство, со внесување на личните податоци и бројот на лична карта на лицето овластено за прием на екстра лесното масло за домаќинство од страна на Договорниот орган и овластеното лице испорачател на екстра лесното масло за домаќинство од страна на Економскиот оператор, со што испораката се смета за извршена.
Во Испратницата/Записникот треба да биде евидентирана нарачаната количина на екстра лесното масло за домаќинство наведена во писмената нарачка и количината на испорачаното екстра лесно масло за домаќинство согласно Испратницата.
Договорниот орган и Економскиот оператор се должни секој први во тековниот месец да вршат месечно усогласување на испорачаното екстра лесно масло за домаќинство заради утврдување ,отстапување од договорените количини во Испратницата и Записникот за прием на екстра лесното масло за домаќинство.
Во случај на доцнење со испораката на екстра лесното масло за домаќинство од став 2 на овој член од страна на Економскиот оператор, Договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна - пенали.
Договорната казна-пенали се определува во висина од 2% од вредноста на неиспорачаното екстра лесно масло за домаќинство, за секој ден задоцнување, при што потребно е веднаш од страна на Договорниот орган, по приемот на екстра лесното лесното масло за домаќинство, да му врачи на Економскиот оператор писмено известување дека Договорниот орган го задржува правото на договорна казна-пенали.
КВАЛИТЕТ И КВАНТИТЕТ НА СТОКИТЕ
Член 11
Квантитативен и квалитативен прием на испорачаното екстра лесно масло за домаќинство врши Договорниот орган при примопредавањето на екстра лесното масло за домаќинство во Испратницата и Записникот за прием потпишани од овластени лица за испорака/прием од двете договорни страни.
Договорниот орган може да бара рекламација на количините на испорачаното екстра лесно масло за домаќинство утврдени според мерењата во документот кој ја следи стоката кај Економскиот оператор- Испратница/Записник и тоа во рок од 3 дена од денот на пристигнувањето на екстра лесното масло за домаќинство од неистовареното превозно средство или по приемот на намалената количина на екстра лесното масло за домаќинство.
Договорниот орган е должен да изготви Записник за утврдените разлики меѓу декларираната и најдената количина на екстра лесното масло за домаќинство. Записникот мора да биде потпишан од лицето овластено за прием на екстра лесното масло за домаќинство од страна на Договорниот орган и овластеното лице од Економскиот оператор. Економскиот оператор ќе ја разгледа рекламацијата и најдоцна во рок од 2 дена ќе го извести Договорниот орган.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 12
Во случај на 2 ( две ) последователни неиспораки на екстра лесното масло за домаќинство, Договорниот орган може, по претходно доставено писмено известување до Економскиот оператор за испорака на екстра лесното масло за домаќинство во дополнително оставен рок од 48 часа, да го раскине Договорот со проста изјава за раскинување и за задржување на правото на договорна казна и надомест на штета.
Договорниот орган има право, да го раскине овој Договор и во случај Економскиот оператор, без оправдани причини, да не испорачува бензин/дизел гориво на Корисникот на безготовинската картичката на Договорниот орган.
Во случај на раскинување на Договорот согласно овој член, Економскиот оператор е должен да му плати на Договорниот орган, договорна казна во износ од 10% од вредноста на Договорот од член 3 став 1 на овој Договор. .
Доколку штетата што ќе ја претрпи Договорниот орган е поголема од договорната казна од претходниот став, Економскиот оператор е должен да му ја надомести на Договорниот орган разликата до целосниот надомест на штетата.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 13
Овој Договор стапува во сила од моментот на неговото заверување во Архивата на Договорниот орган.
Член 14
Договорот се склучува на определено време за период од 1 (една) година од денот на склучувањето.
Договорот престанува да важи или по истекот на времетраењето за кој е склучен или со исцрпување на предвидените парични средства.
Член 15
Во случај на спор договорните страни се согласни спорот да го
решат спогодбено.
Доколку спорот не се реши спогодбено истиот ќе го решава надлежниот суд во Скопје.
Член 16
За се што не е предвидено со овој Договор ќе се применуваат одредби од Законот за облигациони односи, Законот за јавните набавки и други позитивни прописи на Република Македонија.
Член 17
Овој Договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци од кои 4 (четири) за Договорниот орган и 2 (два) за Економскиот оператор.
ДОГОВОРЕН ОРГАН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР
Моделот на договор треба да се достави електронски потпишан заедно со понудата
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот бр. објавен од страна на АД за
стопанисување со деловен простор во државна сопственост, за доделување на договор за јавна набавка на: Набавка на течни горива, со спроведување на поедноставена отворена постапка, преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1.Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3.Одговорно лице :
I.4.Даночен број
I.5.Матичен број
_
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве стоки: -Набавка на течни горива
II.2. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака на стоката утврдени во тендерската документација и Моделот на Договор.
Дел III – Финансиска понуда
II.2. Според тоа, вкупната цена на нашата понуда за Дел 1(во денари, вклучувајќи ги сите трошоци, попусти без ДДВ, изнесува:
[со бројки и букви во денари ] Вкупниот износ на ДДВ во денари изнесува:
[со бројки и букви во денари ]
Според тоа, вкупната цена на нашата понуда за Дел 1 во денари, вклучувајќи ги сите трошоци, попусти со ДДВ, изнесува:
[со бројки и букви во денари ]
Вкупна цена на нашата понуда за Дел 2 во денари,вклучувајќи ги сите трошоци и попусти без вклучен ДДВ изнесува:
[со бројки и букви во денари ] Вкупниот износ на ДДВ во денари изнесува:
[со бројки и букви во денари ]
Според тоа, вкупната цена на нашата понуда за Дел 2 во денари, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, со ДДВ, изнесува:
[со бројки и букви во денари ]
Составен дел на понудата Спецификацијата – на гориво по вид и количини со поединечни цени и истата треба да се пополни, во зависност за делот за кој се конкурира.
III.1.2.1. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
Место и датум | Одговорно лице* (потпис) |
Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Спецификација на гориво по вид и количини со поединечни цени – Дел 1
Р.бр. | ОПИС | Единица мерка | Количина | Малопродажна цена по Одлука на Регулаторна комисија без ДДВ важечка на 25 .02.2020 | ДДВ | Малопродажна цена по Одлука на Регулаторна комисија со ДДВ важечка на 25.02.2020 | % рабат |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | |
1. | Еуросупер БС - 95 | Литар | 14.000,00 | ||||
2. | Еуросупер БС - 98 | Литар | 1.000,00 | ||||
3. | Еуродизел БС (Д-Е V) | Литар | 10.000,00 | ||||
ВКУПНО: |
Моторните бензини (ЕУРОСУПЕР БС-95, И ЕУРОСУПЕР БС-98) да бидат во согласност со стандардот: MKC-N 228:2013 или еквивалентно
2. ДИЗЕЛ ГОРИВОTO (ЕУРОДИЗЕЛ БС-(D-E-V) да биде во согласност со стандардот MKC- N 590:2009 или еквивалентно
Спецификација на гориво по вид и количини со поединечни цени – Дел 2
Р.бр. | опис | Единица мерка | Количина | Малопродажна цена по Одлука на Регулаторна комисија без ДДВ важечка на 25.02..2020 | ДДВ | Малопродажна цена по Одлука на Регулаторна комисија со ДДВ важечка на 25..02.2020 | % рабат |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | |
1. | Екстра Лесно масло за домаќинство-1( ЕЛ-1) | Литар | 2.400,00 | ||||
ВКУПНО: |
Екстра лесното масло за домаќинство-1(Ел-1) да биде во согласност со стандардот MKC-Б.X 2 430 или еквивалентно.
Скопје, . .2020 година Одговорно лице потпис
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име и презиме] врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
изјавувам дека нема да ги преземам дејствијата од став 6 на член 101 од Законот за јавните набавки во постапката која се спроведува по огласот за доделување на договор за јавна набавка број
за набавка на стока-Набавка на течни горива објавен од страна на АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост Скопје и дека понудата е правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Место и датум | Одговорно лице* (потпис) |
* Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 3 – Изјава за докажување на способноста
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека
за
[се наведува назив на економскиот оператор] не постојат причини за исклучување од постапката, како и дека во целост ги исполнува бараните услови за утврдување на способноста наведени во тендерската документација за поедноставената отворена постапка за набавка на Течни горива [се наведува предметот на набавка] која се спроведува по оглас бр. [се наведува бројот на огласот] објавен од страна на АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост Скопје [се наведува договорниот орган].
Истовремено изјавувам дека ги имам на располагање сите потребни документи за докажување на исполнувањето на бараните услови, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум | Одговорно лице (потпис) * |
**Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.