Подизведување Примери за клаузули

Подизведување. 4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата: - ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи; - доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи; - доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и - доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
Подизведување. Изведувачот може да склучува договори за подизведување со одобрување од менаџерот на проектот, но не може да го доделува Договорот без писмено одобрување од Работодавачот. Подизведувањето не ги менува должностите на Изведувачот. Изведувачот ќе бара од подизведувачите да ги вршат работите во согласност со Договорот, вклучително и во согласност со релевантните барања за ЖСС и обврските наведени во под-клаузула 28.1. Други изведувачи Изведувачот ќе соработува и ќе ја дели локацијата со други изведувачи, јавни институции, претпријатија, и Работодавачот помеѓу датумите дадени во динамичкиот план за работа на други изведувачи, според даденото во ПУД. Исто така, Изведувачот за нив ќе ги обезбеди средствата и услугите според опишаното во динамичкиот план. Работодавачот може да го модифицира динамичкиот план на други изведувачи и ќе го извести Изведувачот за какви било модификации кои биле направени. Изведувачот исто така треба, како што е наведено во Спецификациите, или согласно инструкциите од менаџерот/каата на проектот да соработува со и одобри соодвени опции за Работодвачот или било кој друг персонал, за што Работодавачот или менаџерот/ката на проектот ќе го извести Изведувачот , а во врска со спроведување процена на животната средина и општествените аспекти.
Подизведување. (член 118 од Законот за јавните набавки)
Подизведување. Подизведување на овој повик не е дозволено.
Подизведување. 4.4.1 Понудувачот може дел од рамковната спогодба за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на рамковната спогодба за јавна набавка, во понудата: - ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од рамковната спогодба за кој има намера да го додели на подизведувачи; - доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи; - доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и - доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
Подизведување. 1.17.1 Економскиот оператор може да учествува како Подизведувач во повеќе од една понуда. 1.17.2 Понудувачот може дел од рамковната спогодба да додели на подизведувач. 1.17.3 Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на рамковната спогодба за јавна набавка, во понудата: 1.17.3.1 ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од спогодбата за кој има намера да го додели на подизведувачи; 1.17.3.2 доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи; 1.17.3.3 доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и 1.17.3.4 доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа. 1.17.4 Носителот на набавката може, за време на извршувањето на рамковната спогодба, од договорниот орган да побара: - промена на подизведувачите за оној дел од рамковната спогодба кој претходно го отстапил на подизведувачи, - воведување еден или повеќе нови подизведувачи чиј вкупен удел не смее да надмине 30% од вредноста на спогодбата за јавна набавка без вклучен ДДВ, без оглед дали претходно отстапил дел од спогодбата на подизведувачи или не, - преземање на извршувањето на дел од спогодбата за јавна набавка кој претходно го дал на подизведувач. 1.17.5 Во случај на вклучување нови подизведувачи, носителот на набавката, заедно со барањето, ги обезбедува податоците и документите од точка 1.17.3 од оваа ТД. 1.17.6 Договорниот орган не смее да го одобри барањето на носителот на набавка: - во случаите од алинеи 1 и 2 од точка 1.17.4 од оваа ТД, доколку носителот на набавката во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот кој го менува, а новиот подизведувач не ги исполнува истите услови или постојат причини за исклучување, - во случаите од алинеја 3 од точка 1.17.4 од оваа ТД, ако носителот на набавка во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот за да ја докаже својата способност, а самиот носител на набавката не ги исполнува тие услови или ако тој дел од спогодбата е веќе извршен. 1.17.7 Договорниот орган може да го одбие предлогот за замена на подизведувач, односно вклучување нов подизведувач, доколку тоа може да влијае на непреченото изведување или завршување на работите. 1.17.8 За одбивањето на подизведувачот, договорниот орган го известува носителот на набавката во рок од десет дена од денот на приемот на барањето 1.17.9 Директното плаќање на подизведувачот е задолжително за договорниот орган и за носителот на набавката док...
Подизведување. 4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата: ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи; доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи; доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа. 4.4.2 Директното плаќање на подизведувачот е задолжително за договорниот орган и за носителот на набавката доколку подизведувачот побарал директно плаќање согласно со условите од Законот за јавни набавки (Службен весник на Р.М бр.24/2019), при што: - подизведувачот приложува согласност врз основа на која обврските на носителот на набавката ќе ги покрие договорниот орган, - носителот на набавката, во прилог на неговата времена ситуација, ги приложува времените ситуации на подизведувачот кои претходно ги одобрил. 4.4.3 Доколку не е предвидено директно плаќање на подизведувачите, договорниот орган бара од носителот на набавката да му достави писмена изјава од подизведувачот, дека подизведувачот е исплатен за изведените работи, во рок од 60 дена од денот на исплаќање на фактурата од страна на договорниот орган на носителот на набавката. 4.4.4 Во случај на вклучување нови подизведувачи, носителот на набавката и договорниот орган постапуваат согласно член 118 став 3, 4, 5, 6 и 7 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Р.М бр.24/2019).

Related to Подизведување

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • Гаранции и авансно плаќање IV.1.1) Изјава за независна понуда: Да IV.1.2) Гаранција на понудата: Не IV.1.3) Изјава за сериозност: Да IV.1.4) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Не IV.1.5) Авансно плаќање: Не IV.1.6) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Авансно плаќање 7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ Договорот се склучува за временски период 12 (дванаесет) месеци од денот на потпишувањето на Договорот од страна на двете договорни страни.