Работниот однос кој е предмет на овој договор е е заснован во склоп на пилот мерката „Да ја направиме пријавената работа привлечна за работниците и работодавачите“ која ХОТАМ ја спроведува во склоп на проектот „Платформа за вработување и социјални...
Врз основа на член 13, 14 став 2, 15 и, 28 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија бр. 62/05...27/16), работодавачот_________________со седиште на ул.______________, МБ ________ (во натамошниот текст:работодавач) и работникот _________________ од _________, со живеалиште на ул. _______________________________, ЕМБГ ________________ (во натамошниот текст: работник), на ден ___________ година го склучија следниот:
на определено време за вршење итни неодложни работи
Општи одредби
Член 1
Со овој Договор се уредуваат правата, обврските и одговорностите од работниот однос меѓу работникот и работодавачот.
Работниот
однос кој е предмет на овој договор
е
е заснован во склоп на пилот мерката
„Да ја направиме пријавената работа
привлечна за работниците и работодавачите“
која XXXXX ја спроведува во склоп на
проектот „Платформа за вработување и
социјални работи“ - ESAP2
е
финансиран од Европската Унија и
имплементиран од страна на Меѓународната
организација на трудот (МОТ).
Член 2
Работникот заснова работен однос на определено време во траење од _____ денови, почнувајќи од __________ година, до _________ година.
Работниот однос работникот го заснова со полно работно време од 40 часа неделно, заради зголемен обем на работа на работно место _____________________________ (се наведува краток опис на работите кои ќе ги врши работникот).
Работните задачи, работникот ќе ги извршува во _____________ (се наведува местото, односно градот).
Во случај на потреба, работникот е согласен да извршува и други работни задачи на секое работно место кое одговара на неговиот степен на стручна подготовка.
Неделното работно време е распоредено во ___ работни дена од понеделник до _____, по ____ часа на ден, од ________ часот до _________часот.
Распоредот на работното време на работникот е во согласност со Одлуката за распоред и прераспределба на работното време на работодавачот.
Обврски на работникот
Член 3
Работникот ги прифаќа обврските што произлегуваат од Законот за работните односи, колективниот договор и општите акти на работодавачот, а особено:
работите да ги извршува совесно, навремено и квалитетно, а средствата за работа да ги користи економски, целесообразно и одговорно и да остварува позитивни резултати во работата;
да се придржува кон пропишаното работно време и пропишаните мерки за заштита при работа;
да ги почитува општите и поединечните акти, наредби, барања, упатства и одлуки на работодавачот, непосредниот раководител и органите на управување;
да се воздржува од сите постапки кои со оглед на природата на работата се штетни или би ги повредиле интересите на работодавачот;
За времетраење и после завршување на работниот однос ќе го почитува принципот на законска забрана на конкурентско дејствување и ќе бара согласност од работодавачот за сите работи кои ќе ги врши за своја цел или за туѓа сметка, а кои спаѓаат во дејноста на работодавачот или би значеле негова конкуренција;
правилно и совесно да се однесува спрема странките и останатите вработени, со своето однесување да го чува угледот на работодавачот и
не смее да ги користи за своја сопствена употреба или да ги предаде на трето лице податоците што се сметаат за деловна тајна и кои му биле доверени и со кои бил запознат на друг начин.
Обврски на работодавачот
Член 4
Работодавачот ги прифаќа обврските што произлегуваат од Законот за работните односи, колективниот договор и општите акти, а особено прифаќа:
да
му
ги
обезбеди работа за која се договориле,
потребните услови за работа и за
извршување на преземените работни
задачи;
да му го обезбеди пропишаното работно време,
да му обезбеди пропишани средства за заштита при работа и други услови за работа и права од работен однос во согласност со закон и колективен договор;
да му обезбеди редовна плата и исплата на други додатоци, надоместоци и примања во согласност со закон и колективен договор и општите акти на работодавачот;
да го информира работникот за ризичните работни места и посебни стручни квалификации или познавања или неопходен посебен медицински надзор во согласност со закон, со наведување на посебните ризици кои според законските прописи можат да бидат последица од работа;
да ја штити и почитува личноста и достоинството на работникот и неговата приватност.
Права на работникот
Член 5
За
извршената
работа, работодавачот на работникот ќе
му се
исплатува
основна плата во бруто износ од
_______________ денари.
Работникот има право на додатоци на плата, дел од плата за работна успешност, надоместоци на плата и надоместок на трошоци поврзани со работата што ја извршува, согласно ЗРО, колективен договор, односно акт на работодавачот.
Работодавачот се обврзува на работникот да му ја исплаќа платата најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.
Член 6
Работникот има право на пропорционален дел на годишен одмор, од по два дена за секој месец работа.
Работникот има право на неделен одмор, во траење од најмалку 24 часа непрекинато, плус 12 часа од дневниот одмор.
Работникот
има право на дневен
одмор
дневна
пауза.
Должината
на дневниот
одмор
дневната пауза изнесува 30 минути во
текот на работниот ден.
Престанок на важноста на договорот
Член 7
Овој Договор престанува со истекот на времето за кое е склучен.
Договорот може да се раскине со спогодба на страните и пред истекот на времето за кое е склучен.
Важноста на договорот за вработување може да престане и со отказ од страна на работникот или работодавачот во согласност со закон, колективен договор и општите акти на работодавачот.
Општи акти на работодавачот
Член 8
Условите за работа на работникот, се уредени во следниве општи акти на работодавачот:
- Правилник за организација на работа и систематизација на работните места;
-
Правилник за
заштита
безбедност и здравје при работа.
Работодавачот го запознава работникот со правата и обврските содржани во општите акти, на денот на потпишување на договорот.
Завршни одредби
Член 9
За се што не е предвидено со овој договор ќе се применуваат соодветните одредби од Законот за работните односи.
Член 10
Договорот е склучен во 2 (два) истоветни примероци, од кои по еден за работникот и работодавачот.
Работник Работодавач
________________ _____________