Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје со седиште на Бул.Илинден број 1, 1000 Скопје, тел.број 02 3109 060, факс 02 3215 128, www.uniqa.mk.
Услови за дневно комбинирано осигурување на моторни возила
Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје со седиште на Xxx.Xxxxxxx xxxx 0, 0000 Xxxxxx, тел.број 00 0000 000, факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx.
Овие услови се донесени на редовна седница на Управниот одбор одржана на 04.09.2024 година и со одлука број 0202-75/1 од 04.09.2024 година се применуваат од 09.09.2024 година
Воведни одредби
Овие услови, во зависност од содржината на договорот за осигурување, се применуваат на:
1. Каско осигурување на моторни возила
Одделните изрази употребени во овие услови ги имаат следните значења:
1. Осигурувач - друштво за осигурување УНИКА АД Скопје;
2. Договорувач на осигурување - лице кое со осигурувачот склучило договор за осигурување;
3. Осигуреник - лице чиј предмет, односно имотен интерес е осигурен и на кои му припаѓаат правата од осигурување;
4. Премија - износ што се плаќа по договорот за осигурување;
5. Сума на осигурување - износ на кој возилото, предметот односно имотниот интерес е осигурен;
6. Осигурен случај - настан кој може да доведе до остварување на оштетно побарување;
7. Полиса - исправа за договорот за осигурување.
8. Интернет продажба-продажба на осигурување преку услуги на информатичко општество што се обезбедуваат за надомест-премија на далечина без истовремено присуство на договорните страни,со користење на електронски средства и на лично барање на договорувачот на осигурување или осигуреникот.
9.Сообраќајна незгода е настан на патот или на друга сообраќајна површина (излегување на возилото од гаража, двор, паркиралиште, стојалиште, двор, некатeгoризиран пат или од површина на која не се одвива сообраќај на возила) во кој учествувало најмалку едно возило и во кој е предизвикана материјална штета или најмалку едно лице е повредено, загинало или од последиците на таа сообраќајна незгода починало во рок од 30 дена.
I Општи одредби
Член 1
Почеток и престанок на обврските на осигурувачот
(1) Договорот за осигурување е склучен кога Осигурувачот по барање на договорувачот ке ја издаде полисата за осигурување.
(2) Oбврските на осигурувачот, односно почетокот на осигурувањето од договорот за осигурување започнуваат по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток на траење на осигурувањето, ако до тој ден е платена договорената премија, доколку поинаку не е договорено.
Последици од неплаќање на премијата :
• Бидејќи е договорено премијата да се плаќа при склучувањето на договорот, обврската на осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува наредниот ден од денот на уплатата на премијата.
(3) Обврските на осигурувачот престануваат по истекот на 24 часот на денот што во исправата за осигурување е означен како ден на истек на осигурување.
(4) Договорот за осигурување кој е на определен рок на траење, се склучува за период на траење изразен во денови/
(5) Осигурувачот има право да одбие склучување на договор за осигурување. Доколку договорувачот ја има платено премијата а осигурувачот одбие склучување на договор за осигурување, осигурувачот ќе изврши поврат на платената премија.
Член 2
Влијание на промена на сопственоста на возилото врз договорот за осигурување
(1) Со промена на сопственоста на осигуреното возило, договорот за осигурување престанува во 24 часот од денот кога новиот сопственик го презел возилото.
(2) Во случај на промена на сопственост на осигурено возило
финансирано на лизинг (целосна исплата на лизингот во рамките на скаденцата), осигурувањето не престанува со извршената промена на сопственост туку осигурителното покритие завршува по истекот на 24 час од денот кој е наведен во полисата како крај на осигурувањето. Во ваков случај после извршена промена на сопственост правата од полисата припаѓаат на новиот сопственик.
(3) Поранешниот сопственик нема право на враќање на премијата за неискористеното време.
(4) Доколку се промени сопственоста на возилото во кругот на потесното семејство (xxxxxx другар, деца и родители), договорот за осигурување преминува на новиот сопственик.
(5) Одредбите од овој член се користат и тогаш кога со една полиса се осигурени повеќе возила.
Член 3
Плаќање на премија
(1) Премијата за осигурување договорувачот на осигурувањето ја плаќа електронски пред склучувањето на договорот.
(2) Ако премијата се плаќа со посредство на Пошта или Банка кај која се води сметката на осигурувачот,ќе се смета дека премијата е платена кога до банката кај која се води сметката на осигурувачот ќе пристигне парична дознака во корист на осигурувачот.
Член 4
Враќање на премија
(1) Ако договорувачот побара да се сторнира полисата за осигурување, а тоа го стори најмалку 24 часа пред започнување на нејзината важност, осигурувачот ќе ја сторнира полисата најдоцна во рок од 1 работен ден и ке изврши поврат на платената премија .
(2) Договорувачот може да побара откажување од склучената полиса за осигурување и по рокот наведен во точка 1 , но не подоцна од датумот на почеток на осигурувањето, но во тој случај при повратот на премијата ке му се наплатат банкарските трошоци и административните трошоци на Осигурувачот.
(3) Ако договорувачот побара да се сторнира полисата за осигурување, а тоа го стори во рамките на периодот на важност на полисата за осигурување, осигурувачот ќе ја сторнира полисата најдоцна во рок од 1 работен ден и ќе задржи само премијата за изминатиот период на осигурување, додека за сторнираниот период ќе изврши поврат на премијата.
Член 5
Обврски на осигуреникот кога ќе настане осигурен случај
(1) Кога ќе настане осигурен случај врз основа на кој се бара надомест за осигурување, осигуреникот е должен:
1. Веднаш да ги преземе сите мерки кои се во негова можност за отстранување и намалување на штетата, оштетениот осигурен предмет да го обезбеди од натамошни оштетувања;
2. Веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, по дознавањето на штетата, да му пријави на осигурувачот дека на осигуреното возило настанала штета со остварување на осигурен случај и колку е можно побргу, а најдоцна во рок од три дена, писмено да ја потврди пријавата;
- Оштетеното лице или корисникот на осигурување го доставува оштетното побарување до Друштвото за осигурување во писмена форма,на образец предвиден од осигурувачот-Пријава на штета.
- Оштетното побарување може да се поднесе лично или преку полномошник ,директно во архивата на Друштвото на адресата на нејзиното седиште или во било која подружница на Друштвото.
- Оштетното побарување може да се поднесе и преку пошта или по електронски пат на следната емаил адреса: xxxx@xxxxx.xx
3. Во сите случаи предвидени со прописите, а особено кога штетата е предизвикана од пожар, експлозија, и/или сообраќајна незгода,
осигуреникот е должен
• задолжително да ги пријави сите штетни настани на надлежните органи за внатрешни работи, а со цел извид на штетниот настан од страна на службени лица од лице место за време на случување на сообраќајната незгода/штетниот настан, и
• на осигурувачот му достави Записник за увид од лице место, освен кога се работи за мали оштетувања кога возилото било паркирано или при паркирање на паркинг простор ( мали гребатинки на каросеријата или мали оштетувања - брис на браниците на возилото )
3 а) Осигуреникот е должен да состави и потпише европски извештај, само под услови кои се дефинирани согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
3 б) Доколку осигуреникот плати соодветен доплаток на премија кој е наведен на самата полиса, истиот нема обврска да достави Записник од извршен увид на лице место од надлежни органи за внатрешни работи за штета настаната како последица на сообраќајна незгода во која е настаната мала материјална штета и за која се исполнети условите од ЗБСП за пополнување на Европски извештај.
Во ваков случај останува обврската на осигуреникот задолжително да пријави на надлежните органи за внатрешни работи, доколку штетата е настаната како последица на сообраќајна незгода во која е загинато или повредено лице или настаната голема материјална штета, како и во случаите кога настанала мала материјална штета, а не се исполнети условите за пополнување на европски извештај согласно одредбите од ЗБСП, или доколку штетата е настаната од удар од или во животно на јавните патишта каде е предвидено плаќање на патарина.
4. Веднаш по настанувањето на осигурениот случај, односно кога тоа е можно на осигурувачот да му даде попис на уништените, односно оштетените ствари со приближно назначување на нивната вредност;
5. До увидот на оштетувањата од страна на претставникот на осигурувачот да не ја промени положбата на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената е нужна во јавен интерес или поради смалување, односно спречување на зголемување на штетата;
(2) Осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги даде сите податоци со кои располага а кои се неопходни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата;
(3) Ако осигуреникот не ја изврши во предвиденото време својата обврска од став 1 точка 1 и 2 од овој член, а за тоа нема оправдување, должен е да ја надомести на осигурувачот штетата која тој поради тоа ја имал.
(4) Доколку осигуреникот не ги приложи бараните податоци и докази се смета дека не го докажал настанувањето на осигурителниот случај, односно висината на штетата.
(5) Кога договорот за осигурување е склучен преку осигурително брокерско друштво осигуреникот може да побара помош од страна на осигурителното брокерско друштво во случај на настанување на осигурениот случај.
Член 6
Процена на штета и вештачење
(1) По приемот на пријавата за настанатиот осигурен случај осигурувачот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, да пристапи кон утврдување и процена на штетата. Ако тоа не го направи, осигуреникот може да пристапи кон проценка и отстранување на штетата, под услов претходно да обезбеди доказ во поглед на настанување на осигурениот случај и обемот на штетата.
(2) Во случај договорените страни да не се согласат при заедничкото утврдување и процена на штетата, секоја од договорните страни може да побара штетата да се утврди и процени од комисија на стручњаци (вештачење) при што секоја од договорените страни писмено го именува својот вештак. За вештаци можат да се именуваат лица кои не се во работен однос со осигурувачот, односно осигуреникот и договорувачот на осигурувањето. Пред почетокот на постапката на вештачење, двата вештака именуваат трет вештак за претседател.
(3) Предмет на вештачење може да бидат само спорните моменти во
поглед на настанување на осигурениот случај, обемот на оштетување и висината на штетата. Кои спорни моменти ќе бидат предмет на вештачењето, за секој случај поодделно, ги одредуваат осигуреникот и осигурувачот со писмен договор за вештачење.
(4) Секоја договорна страна ги сноси трошоците на својот вештак. Трошоците на претседателот подеднакво ги сносат двете страни.
(5) Наодот на вештаците е конечен и ги обврзува договорните страни, а може да се побива само во случај на пресметковни грешки.
(6) Друштвото е должно најдоцна во рок од 14 дена од денот на поднесување на барањето за надомест на штета да провери дали кон барањето за надомест е доставена потребната документација за реализација на оштетното побарување и да изврши увид и проценка на оштетувањата.Доколку барањето е некомплетно ,осигурувачот во рокот од 14 дена, по писмен или електронски пат е должен до осигуреникот или од него овластено лице, да побара да се комплетира барањето .
(7) Осигурувачот може да донесе одлука за решавање на штетата и во случај кога осигуреникот не постапил по најмалку две последователни барања за доставување на дополнителна документација од став 6 на овој член,но ваквата одлука не може да биде донесена во рок пократок од 90 дена од денот на поднесување на барањето за штета.
Член7
Договорен самопридржај (франшиза)
(1) Ако со полисата за осигурување е договорено осигуреникот да сноси еден дел од штетата (договорен самопридржај - франшиза), кога ќе настане осигурен случај, надоместот се утврдува така што на товар на осигуреникот паѓа делот на штетата во висина на договорениот самопридржај.
(2) Доколку осигуреникот пријави две или повеќе штети за исто возило настанати во период од една година, износот на штетата се намалува :
• Кај втора штета 10 %
• Трета штета 20 %
• Секоја наредна штета за дополнителни 10 %
(3) Доколку осигурување осигуреникот пријави две или повеќе штети за кршење и оштетување на стакла за исто возило настанати во период од една година, износот на штетата се намалува :
• Kај втора штета 20 %
• Кај трета штета 30%
• Секоја наредна штета за дополнителни 10 %
(4) Износот на штета од ставот (2) и (3) , дополнително се намалува за висината на договорениот самопридржај утврден со полисата за осигурување согласно став (1) на овој член.
Член8
Правна положба по настанување на осигурен случај
(1) По настанување на осигурен случај и исплата на надомест од осигурување, ако се однесува за оштетување на возило (делумна штета), возилото останува и понатаму осигурено на неговата стварна вредност во смисла на овие услови.
(2) Во случај на уништување на возилото (тотална штета) осигурувањето престанува.
(3) Исклучително ако штетата е утврдена како тотална од економски причини (нерентабилна поправка на возилото) по извршената поправка на возилото, по извршен преглед возилото може со нова полиса да се осигура од каско ризици.
(4) Одредбите од став 1, 2 и 3 од овој член сходно се применуваат и на другите осигурени предмети, освен кај оние за кои поинаку е договорено.
Член 9
Писмена форма
(1) Договорувањата што се однесуваат на содржината на договорот за осигурување полноважни се само ако се склучени во писмена форма.
(2) Сите известувања и изјави што се даваат по одредбите од договорот за осигурување мора да бидат дадени во писмена форма, со исклучок на известувањата на осигурувачот според член 10 од овие услови.
Член 10
Измена на условите за осигурување и тарифата на премии (1)Ако осигурувачот за времетраењето на договорот за осигурување, ги измени условите за осигурување или тарифата на премии, тие се применуваат од следниот период на осигурување (прво наредно скаденцирање).
Член 11
Територијално важење на осигурувањето
(1) Осигурувањето е во важност за време додека возилото се наоѓа на територијата на Република Северна Македонија и останатите европски земји, доколку поинаку не се договори.
Член 12
Соосигурени лица
(1) Освен осигуреникот, кој не е правно лице, осигурени се и лицата на кои осигуреникот им го препуштил управувањето на осигуреното возило.
(2) Не се смета за осигурено лице, лицето што без писмено овластување од осигуреникот го користело, односно управувало осигуреното возило (освен за брачен другар, деца и родители на осигуреникот)
(3) Знаењето и однесувањето на соосигуреното лице се смета како знаење и однесување на осигуреникот.
(4) Правото на осигурувачот по основ на суброгација (регрес) не преминува спрема лицето што го управувало возилото по овластување на осигуреникот ( освен во случај на настанување на осигурен случај согласно став (31 и 32) од членот 18 од овие услови).
Член 13
Надлежност во случај на спор
Во случај на спор меѓу договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот и осигурувачот, месно е надлежен Основниот граѓански суд Скопје.
Член 14
Обем на осигурување
Осигурувањето може да биде склучено како:
1. Дневно каско осигурување од ризици опфатени со член 15 и 16 од овие услови;
II Посебни одредби
Услови за дневно каско осигурување на моторни возила
Член 15
Предмет на каско осигурување на моторни возила (1)Предмет на осигурување се сите видови моторни возила кои не се постари од 10 години, (во понатамошен текст “возила.
(2)За стандарно испорачани делови од производителот се сметаат составните делови како фабрички вградена опрема, систем или самостојна техничка единица која како составен дел на определен вид, тип и модел на возило се наведени во договорот за осигурување како и законски пропишаната опрема на возилото.
(3) Доколу не е посебно договорено, осигурувачот не е во обврска за исплата на штета за кровно стакло,блиндирано стакло и други надстандардни вложувања во возилото.
Член 16
(А) Дневно каско осигурување
Со дневно каско осигурување се надоместуваат штетите што се предизвикани од следните ризици:
1. Сообраќајна незгода, како на пример: превртување, судар, удар, лизгање, и сл.;
2. Паѓање на некој или удар од некој предмет
3. Пожар;
• Не се надоместува намерно подметнување на пожар, или пожар кој е настанат надвор од возилото или е предизвикан од трето лице
4. Удар на гром;
5. Експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија;
• Не се надоместува намерно предизвикување експлозија, или експлозија настаната надвор од возилото или предизвикана од трето лице
6. Луња;
Под луња се смета ветер со брзина од 17,2 м/сек., Односно 62 км.на час
(јачина од 8 степени по бофоровата скала) или повеќе;
7. Град;
8. Снежна лавина;
Со осигурувањето се опфатени и штети предизвикани од дејство на воздушен притисок од снежни лавини.
9. Паѓање на воздушни летала;
10. Оштетување на тапацирот во осигуреното возило предизвикано при давање помош на лица кои се повредени во сообраќајна несреќа или на некој друг начин;
11. Намерно предизвикување на штета на осигурениот предмет со цел да се спречи поголема штета на тој или друг предмет или на лица;
12. Поплава, порој и високи води.
Под поплава се смета стихијно, неочекувано поплавување на терен од постојани води (реки, езера, море и др.) Поради тоа што водата се излила од коритото или пробила одбранбен насип или брана, изливање на вода поради вонредно висока плима и бранови на море и езера со необична јачина и од надојдување на вода од вештачки езера.
Под поплава се смета и неочекувано поплавување на теренот поради нагло формирање на големи количества на водена маса која настанала како последица на атмосферски паѓања.
Под порој се смета стихијно неочекувано поплавување на терен со водена маса која се формира на надолнини, поради силни атмосферски појави и се слива по улици и патишта.
Под висока вода се смета:
• Исклучителна појава на невообичаен пораст на водостојот во неочекувано време,
• Подземна вода како последица на високи води.
Обврската на осигурувачот за штети од високи и подземни води како нивни последици започнува со порастот на високите води над однапред утврдени месечни коти на водостој или протек на измерен и според покажувачот на водостојот, на најблиското место на штетата.
Член 17
Губење на правата од осигурување
(1) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести штетите кои не се предизвикани од ризиците од член 16 од овие услови, како ни штетите што настанале:
1. Поради дефект за време на движење на возилото (таканаречени погонски штети), како на пример поради: грешка во материјалот, истрошеност на материјалот, лошо ракување, оштетување на федери и амортизери, продупчување, пресекување или прснување на надворешна или внатрешна гума, оштетување на тркало поради возење со празни гуми, недоволно подмачкување, недостаток на вода во ладилникот, оштетување на електрична инсталација, оптоварување преку дозволена носивост и други погонски штети.
2. Поради смрзнување на течноста во ладилникот или блокот на моторот;
3. На моторот или други склопови на возилото, како последица на губење на масло или течност од ладилникот во текот на продолжувањето на возењето после оштетување на возилото;
4. Со губење на погонски материјал поради остварен осигурен случај;
5. Со губење на масло од моторот, диференцијалот и менувачот и течност за ладење;
6. Од товарот што се превезува со возило, освен во случај на сообраќајна незгода;
7. Од товар при натовар и истовар
8. Поради тоа што возилото е ставено во погон пред конечната поправка, освен ако се работи за штета настаната по привремената поправка што треба да овозможи движење или влечење на возилото до работилницата која треба да изврши друга привремена или конечна поправка;
9. Поради техничка неисправност на возилото, со исклучок ако техничката неисправност настанала ненадејно во текот на возењето и предизвикала остварување на ризик од член 16 на овие услови, оптоварување преку дозволената носивост, истрошеност на гуми преку пропишана граница, како и во други случаи во кои штетата настанала како исклучива последица
на непридржување или повреда на одредбите за заштитни мерки;
10. За време на превезувањето со друго превозно средство;
11. Посредно, со остварување на осигурениот случај, како: загуба на заработувачка, денгуба, казна, трошоци за користење на изнајмено возило, плаќање по основ на одговорност;
12. Поради намалување вредноста на возилото по поправка која е извршена во врска со остварениот осигурен случај;
13. За време додека возилото е мобилизирано или реквирирано од страна на воени или цивилни органи во мирновременски услови од моментот на стигнување на првото одредено место, до моментот на преземање на возилото;
14. Поради воени операции или побуни.
15. поради вода која во текот на возењето ќе продре во просторот за согорување на моторот на возилото,
16. како последица на кривично дело затајување
17. како последица на измама извршена од страна на осигуреникот или лицето на кое осигуреникот му го дал осигуреното возило на управување и употреба;
18. поради замрзнување на разладна течност во системот за ладење на моторот.
19. поради дефект на погонска единица мотор менувач поради несоодвено одржување на единицата
20. Доколку осигуреникот не ја пријави штетата на денот на незгодата во надлежниот орган за внатрешни работи и/или на осигурувачот не му достави Записник за увид на лице место согласно член 5 од овие услови 21.Штети на деловите на возилата на кои се врши поправка поради нестручно извршена поправка, миење и подмачкување на возилото 22.Доколку штетатата настанала од ризици неименувани со овие услови
23. Штети од поплави предизвикани со излевање на канализациона мрежа 24.Штети на возила додека се наоѓаат на простор помеѓу поток, односно река и насип, односно во живо или суво корито на река или поток,
Во случаи од алинејата 24 од овој став осигурувачот не е во обврска да надомести штета која настанала со движење на возилото низ поплавено подрачје, речно корито или поток и кога на возачот му било познато дека се движи во пресрет на стихијно дејство на вода.
25.Штети настанати при обид да се стартува/управува возило во случај на поплава/високи води.
26. Дополнително вградени пневматици, бандаши и останата вонстандардна опрема ( осигурувачот е во обврска да надомести само фабрички/стандардни вградени пневматици/бандаши и опрема, или опрема со кои возилото е примено во осигурување)
27. Штети причинети при учество на возилото во натпревари заради постигнување најголема или просечна брзина, рели-натпревари или возење за оцена вклучувајќи го и службениот тренинг за тоа
28. Штети што настанале надвор од територијата на Европа
29. Осигурувачот не е во обврска да надомести штета која е настаната:
• Доколку возачот или осигуреникот не поседува воопшто возачка дозвола,или управува со возило без соодветна возачка дозвола за управување на тој вид на возило или на осигуреникот или возачот возачката дозвола му била одземена или привремено одземена, односно се извршувала определена казна или заштитна мерка за забрана на возење на возило од определен вид или категорија, односно заштитна мерка на забрана на употребата на странска возачка дозвола на територијата на Република Северна Македонија, заштитна мерка одземање на возачка дозвола или казна на престанување на важењето на возачката дозвола;
Ќе се смета дека возачот го управува возилото без возачка дозвола доколку станува збор за возач - почетник и се исполнети условите согласно член 277 од ЗБСП.
30. За време додека со возилото управува лице под дејство на алкохол, дрога или други наркотици. Во смисла на овие услови се смета дека:
• Возачот е под дејство на алкохол ако анализа на крвта или на крвта и урината или со друг метод за мерење на количеството на алкохол
во организмот, ќе се утврди дека содржината на алкохолот во крвта изнесува повеќе од 0.50 g/kg или ако присуството на алкохол во организмот е утврдено со соодветни средства или со апарати за мерење на алкохолизираноста (алкометар и друго), што одговара на количества поголеми од 0.50 g/kg или кај кое без оглед на содржината на алкохол во крвта, со стручен преглед ќе се утврди дека покажува знаци на алкохолна растроеност.
• Ке се смета дека возачот е под дејсво на алкохол доколку да започне управување со возило, а во организмот има алкохол повеќе од 0,09 g/ kg или ако покажува знаци на алкохолна растроеност:
◦ возач-почетник согласно со одредбите од ЗБСП ,
◦ возачот на моторно возило од категориите: „БЕ“, „Ц1“,
„Ц1Е“, „Ц“, „ЦЕ“, „Д1“, „Д1Е“, „Д“ и „ДЕ“ - додека управува со возило од таа категорија,
◦ возачот на возило со кое се врши јавен превоз - додека со тоа возило врши јавен превоз,
◦ возачот на возило на кого управувањето со возило му е основно занимање - додека управува со возилото вршејќи ги работите од ова занимање,
x возачот инструктор и кандидатот за возач
◦ за време на оспособување во практичното управување со возило и
• Возачот не смее да управува ниту да започне со управување ниту да спороведува практичен дел од испит ако во организмот има алкохол или ако покажува знаци на алкохолна растроеност согласно одредбите во член 228 од ЗБСП;
• Ако алкохолниот тест е позитивен, а не се погрижи со анализа точно да се утврди степенот на неговата алкохолисаност, освен во случај кога земањето на крв е штетно за неговото здравје (на пр. Хемофилија);
• Ако по сообраќајната незгода избега или одбие да се подвргне на испитување на неговата алкохолисаност, или консумира алкохол и го оневозможи утврдувањето на количината на алкохол во крвта;
• Возачот е под дејство на дрога или други наркотици ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на пореметување поради употреба на дрога или други наркотици, како и ако по сообраќајната незгода избега или одбие да се подвргне на испитување неговата дрогираност.
31. Осигурувачот ја покрива и штетата на осигуреникот кој се занимава со давање на возила под закуп или наем(рент а кар) , ако осигурениот случај го предизвикал возач кој не е вработен при осигуреникот, а возилото го управувал под дејство на алкохол, дрога, психоактивни лекови или други психоактивни материи.
Во овој случај, со исплатата на надоместокот од осигурување преминуваат врз осигурувачот сите права на осигуреникот до висината на исплатениот надомест спрема лицете кое по која и да е основа е одговорно за штетата .
32. Осигуреникот исто така ги губи правата од осигурување ако штетата е причинета намерно, или со измама од страна на договорувачот на осигурување, и другите соосигурени лица од член 12 од овие услови, а не се работи за лице за чии постапки осигуреникот одговара по било кој основ.
33. Осигуреникот ги губи правата од осигурување доколку осигуреното возило има фалсификуван број на шасија, односно има број на шасија кој што не одговара на стандардите на производителот.
34. Осигуреникот ги губи правата од осигурување доколку доколку осигуреникот или возачот ги прекршил техничките прописи и упатствата на производителот за одржување и користење на осигуреното возило или возилото го користел за поинаква цел од онаа што е определена во договорот за осигурување
Член 18
Пресметување на премија
(1) За утврдување на премијата меродавна е набавната цена на ново возило, пазарната цена на возилото или музејска вредност изразена во денари во моментот на склучување на договорот за осигурување.
1. Набавна цена на ново возило е цената на производителот зголемена за давачките (транспортни трошоци, данок, царина и сл.) А за следниот период на осигурување (една година) набавната цена на денот на обнова на осигурувањето .Ако се работи за возило што го нема во продажба, ниту во каталогот за ориентациони цени на моторни возила неговата набавна цена се утврдува според набавната цена на слично, односно сродно возило.
2. Xxxxxxx цена на возило представува набавната цена намалена за пресметаната техничка амортизација до моментот на склучување на осигурувањето.
3. Возила со музејска вредност, трофејни возила, возила составени од делови на две или повеќе возила и сл. Се осигуруваат на сума на осигурување со посебна спогодба.
Член 19
Утврдување (процена) на висина и надомест на штета
(1) Висината на штетата се утврдува:
1. Кај уништување и нестанување на возило (тотална штета) осигурано на новонабавна вредност, висината на штетата се утврдува според денарската сума на осигурување на која е осигурено возилото намалена за износот на севкупната амортизација на возилото по сите основи и пазарната вредност на остатоците на возилото.
Амортизацијата и пазарната вредност на остатоците на возилото се утврдуваат спрема актите на осигурувачот.
Ако новонабавената вредност на возилото со сите дополнителни давања (транспортни трошоци, царина, данок и сл.) е помала од денарската сума на која е осигурено возилото, висината на штетата се утврдува кога од новонабавената вредност се одбие износот на амортизацијата на возилото и износот на остатоците на возилото.
2. Кај уништување и нестанување на возило (тотална штета) осигурано на пазарна вредност, висината на штетата се утврдува според денарската сума на осигурување на која е осигурено возилото намалена за износот на на амортизација на возилото од моментот на склучување на осигурувањето до денот на настанување на штетата и пазарната вредност на остатоците на возилото.
Амортизацијата и пазарната вредност на остатоците на возилото се утврдуваат спрема актите на осигурувачот.
Ако утврдената пазарна вредност на возилото на денот на склучување на осигурувањето е помала од денарската сума на која е осигурено возилото, висината на штетата се утврдува кога од пазарната вредност се одбие износот на амортизацијата (пересметан од денот на склучување на осигурување до денот на штетата) на возилото и износот на пазарната вредност на остатоците на возилото.
(2) Кај оштетување на возила (делумна штета) осигурани на новонабавна вредност висината на штетата се утврдува според износот на трошоците за поправка, намалени за пазарна вредност на остатоците кои се заменуваат. Во трошоци за поправка се сметаат и трошоци за демонтажа, монтажа и превоз.
Висината на штетата може спогодбено да се утврди со пресметка за трошоци на поправката.
Од износот на трошоците за набавка на нови делови заради замена на оштетените и износот на трошоците за лакирање не се одбива соодветен износ поради истрошеност (амортизација), освен кога наместо уништените, односно оштетените, се набавуваат нови гуми, акумулатори или церада, и тоа во процент во кој овие делови се амортизирани.
Во колку за поправка на возилото нема делови во Република Северна Македонија осигурувачот е во обврска да ја надомести цената од ценовникот на производителот на возилото зголемена за соодветни давања (царина, данок и сл.).
(3) Кај оштетување на возила (делумна штета) осигурани на пазарна вредност висината на штетата се утврдува според износот на трошоците за поправка, и пазарна вредност на делови за замена. Пазарна вредност се смета вредноста на половни репарирани делови.
Во случај на оштетување на стакла замената не се врши со стакла со лого
од брендот на возилото туку со стакла од ист производител наменети за комерцијална мрежа, или стакла со слични карактеристики од друг производител наменети за комерцијална мрежа.
Во секој случај вредноста на деловите за замена (со исклучок на стаклото) се надоместува до висина на пазарна вредност, но не повеке од 50% од новонавбавната вредност на истото.
Во трошоци за поправка се сметаат и трошоци за демонтажа, монтажа и превоз.
Висината на штетата може спогодбено да се утврди со пресметка за трошоци на поправката.
(4) Ако вредноста на возилото намалена за износот на амортизацијата и износот на вредноста на остатоците на денот на утврдување на висината на штетата е помала од трошоците за поправка, ќе се постапи како возилото да е уништено и штетата ќе се пресмета како тотална (став 1 точка 1 и точка 2 од овој член).
(5)Спасените делови на уништеното, односно оштетеното возило, (остатоците од возилото) остануваат на осигуреникот и нивната вредност се утврдува по пазарна вредност според состојбата во која се наоѓаат во моментот на утврдувањето на висината на штетата и таа вредност се одбива од висината на штетата, доколку странките меѓусебно поинаку не се договорат.
(6) Кај осигурувањето на алат, дополнителна опрема, приклучни уреди, прибор и резервни делови кои не се стандардно испорачани од производителот на возилото, како и радиоапарат, грамофон, магнетофон, касетофон, телевизор и радиостаница, клима уреди и плински уред за движење на возилото и рекламни натписи, штетата ќе се надомести во висина на настанатата штета, а најмногу до висина на сумата на осигурување.
Член 20
Надомест на трошоци во врска со настанат осигурен случај
(1) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести останати трошоци во врска со настанат осигурен случај, освен трошоците за влечење или превоз на оштетеното возило до најблиската сервисна работилница која може да изврши нужна или целосна поправка;
Член 21
Доверливост и заштита на личните податоци (1)Друштвото за осигурување е должно сите податоци за осигурениците и/или други корисници на осигурување со кои се стекнале во текот на вршењето на работи на осигурување, да ги третираат како доверливи податоци.
(2)Обврската за чување на доверливи податоци нема да се применува во следниве случаи:
1) ако податоците се потребни за утврдување на факти во кривични постапки или друга судска постапка и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
2) во случаи предвидени со Законот за спречување перење на пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам;
3) ако податоците се потребни за одредување на правните односи меѓу друштвото за осигурување и негов осигуреник и/или друг корисник на осигурувањето при спроведување на законски постапки;
4) ако податоците се потребни заради извршување на присилни постапки над недвижен имот на осигуреник или друг корисник на осигурувањето, и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
5) ако податоците се побарани од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување или друг надлежен орган за супервизија, а заради спроведување на супервизија во рамките на утврдените одговорности;
6) ако податоците се побарани од страна на даночен орган, а во врска со водење на постапки во негова надлежност и
7) во случаите предвидени со законот кој го уредува задолжителното осигурување.
(3) Осигурувачот постапува исклучиво по поднесено писмено барање од барателот на информацијата
Член 22
Завршни одредби
(1) Во случај кога осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека друштвото за осигурување не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка до
1. Организационата единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување ( комисија за постапување по преставки)
2. Службата за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3. Организацијата за заштита на потрошувачи и
4. Агенцијата за супервизија на осигурување.
Преставката може да се поднесе во писмена форма лично или преку полномошник, директно во архивата на Друштвото на адреса на седиштето , по пошта или електронски пат на маил адресата info@uniqa. mk , или во било која подружници на Друштвото.
Друштвото за осигурување преку воспоставен систем и интерни процедури одлучува по поднесените преставки во рок од 30 дена од денот на поднесување на преставката
Друштвото води регистар на доставени и решени преставки и за истите во законските рокови е должно да ја известува агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Доколку спорот не решен во постапка по приговор ,секоја од страните во спорот може да и предложи на другата страна поведување на постапка за посредување согласно прописите кои ја уредуваат оваа постапка
За сето она што не е регулирано со овие Општи услови, Законот за супервизија на осигурување и Законот за заштите на потрошувачите важат одредбите на Законот за облигациони односи
(2)Согласно со Законот за супервизија на осигурувањето , член 107 и член 108, податоците за осигуреникот и полисата се доверливи. (3)Осигурувачот нема да изврши исплата на надомест на штета или да обезбеди друг вид на надомест ,по основа на оваа полиса, доколку плаќањето на штета или друг вид на надомест e во спротивност и/или го изложи осигурувачот на какво било санкции,забрани,рестрикции и 6 Општи услови за осигурување на живот во случај на смрт или доживување со повеќекратно плаќање на премија ембарго,определени со резолуции на Обединетоте нации, трговски или економски санкции,закони или регулативи на Европската Унија,Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави, или кое било национално законодавство што важи за страните на овој договор.
Член 23
Орган надлежен за супервизија на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување до која осигуреникот ,корисникот или трето лице може да се обрати со допис или барање за заштита на своите права, поднесување на жалби или претставки.
Член 24
Во случај на спор во врска со примената на овие Општи услови во поглед на односите помегу осигурувачот и осигуреникот/корисникот на осигурување или трети лица за извршувањето, обемот и пристигнувањето на обврските ќе се примени Закон за облигациони односи ,Законот за супервизија на осигурувањето , Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила и другите важечки законски и подзаконски акти.