Писмена форма Примери за клаузули

Писмена форма. (1) Договорувањата што се однесуваат на содржината на договорот за осигурување полноважни се само ако се склучени во писмена форма. (2) Сите известувања и изјави што се даваат по одредбите од договорот за осигурување мора да бидат дадени во писмена форма, со исклучок на известувањата на осигурувачот според член 10 од овие услови.
Писмена форма. Договарањата што се однесуваат на содржината на договорот за осигурување согласно овие услови полноважни се само ако се склучени во писмена форма.
Писмена форма. Договорот за осигурување е полноважен само ако е склучен во писмена форма.
Писмена форма. (1) Сите измени на договорот за осигурување што се однесуваат на неговата содржина полноважни се само ако се склучени во писмена форма. (2) Сите известувања и изјави што се даваат по одредбите од договорот за осигурување мора да бидат дадени во писмена форма.
Писмена форма. Спогодбите кои се однесуваат на содржината на договорот за осигурување се полноважни само ако се склучени во писмена форма.
Писмена форма. Договорите за содржината на договорот за осигурување се важечки само ако се склучени во писмена форма.
Писмена форма. Писмената форма ќе се смета за запазена со испраќање на кратка текстуална порака (СМС), порака преку електронска пошта, со притискање на виртуелно копче во Апликацијата или со штиклирање на полето за избор (копче) во Апликацијата или на друг сличен начин, доколку пораката (изјавата) е запишана преку технички средства на начин што овозможува нејзино враќање.
Писмена форма. (1) Договорувањата што се однесуваат на содржината на договорот за
Писмена форма. (1)Договорот за осигурување е полноважен само ако е склучен во писмена форма.

Related to Писмена форма

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите. 3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • Решавање на спорови Сите спорови кои ќе произлезат од овој Договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.

  • Инструкции За Економските Оператори II ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • ПОСТАПКА III.1)Вид на постапка: Отворена постапка III.2)Меѓународна објава: Не III.3)Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена III.4)Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка била реализирана со користење на електронски средства? Не III.5)Дали била користена електронска аукција? Да

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Правниекономскифинансиски И Технички Информации IV.1)Гаранции и авансно плаќање IV.1.1)Изјава за независна понуда:Да IV.1.2)Гаранција на понудата:Не IV.1.3)Изјава за сериозност:Да IV.1.4)Гаранција за квалитетно извршување на договорот:Да [5,00%] IV.1.5)Авансно плаќање:Не IV.1.6)Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда):Не IV.2)Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1)За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2)Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3)Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4)Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5)Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6)Стандарди за управување со животна средина:

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1)Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба