Територијално важење на осигурувањето. Со осигурувањето се опфатени осигурени случаи што ќе настанат на територијата на Република Македонија.
Територијално важење на осигурувањето. Со осигурувањето се опфатени осигурени случаи што настанале на територијата на Република Македонија, а на територијата на други земји само ако тоа посебно се договори или ако тоа е предвидено со посебни одредби, освен доколку не се работи за чисто имотна штета.
Територијално важење на осигурувањето. (1) Осигурувањето е во важност за време додека возилото се наоѓа на територијата на република македонија и останатите европски земји, доколку поинаку не се договори.
(2) Кај осигурувањето на патнички моторни возила и моторцикли осигурувањето од ризикот кражба е во важност доколку осигуреникот плати соодветна премија.
(3) Осигурувањето на возила на работни и други организации кои изведуваат или учествуваат во изведување на градежни, монтажни и слични работи надвор од територијата на република македонија посебно се договара.
Територијално важење на осигурувањето. Осигурувањето е во важност за време додека возилото се наоѓа на територијата на Р. С. Македонија и останатите европски земји, доколку поинаку не се договори.
Територијално важење на осигурувањето. [1] Осигурувањето важи додека осигуреното возило се наоѓа на подрачјето на Европа, освен ако во договорот за осигурување не е поинаку договорено. [2] За возила на организација што изведува или учествува во изведување на градежни, монтажни, истражувачки и слични работи надвор од територијата на Република Северна Македонија, потребно е да се склучи посебно осигурување врз основа на овие Општи услови.
Територијално важење на осигурувањето. (1) Осигурителното покритие, ако поинаку не е договорено, се однесува на територијата на Република Северна Македонија и на земјите членки на Советот на бироа за зелена карта.
(2) За возилата што ги користат македонските работни и други организации за изведување на градежни, монтажни, истражувачки и слични работи вон територијата на Република Северна Македонија, може за време на изведувањето на тие работи, да се склучи осигурување од одговорност по овие услови.
(3) Ако во државата во која настапил осигурен случај, осигурувањето од одговорност е задолжително, се смета дека осигурувањето било договорено на минимална осигурена сума пропишана во таа земја, освен ако покритието од полисата за осигурување е поповолно за осигуреникот.
(4) За возила со странска регистрација осигурувањето важи само на територијата на Република Северна Македонија и не може да се издаде Зелена карта.
Територијално важење на осигурувањето. Со осигурувањето се опфатени само осигурени случаи што ќе настанат на територијата на Република Македонија.
Територијално важење на осигурувањето. Со осигурувањето се опфатени осигурени случаи што ќе настанат на територијата на цел свет.
Територијално важење на осигурувањето. Осигурувањето важи за сите земји во светот, освен ако поинаку не е договорено во полисата за осигурување.
Територијално важење на осигурувањето. Осигурителното покритие, ако поинаку не е договорено, се однесува на територијата на Република Северна Македонија и на земјите членки на Советот на бироа за зелена карта.