Тендерската документација за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на интернет страната на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија: http://www.bregalnica- ncp.mk/javni-povici/.
Р Е О Б Ј А В А
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ, со предмет:
„РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТОЕЧКА ОГРАДА НА ЛОВИШТЕ ПОЛАКИ КОЧАНИ“
Референтен број 03/07/605
Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, ги поканува заинтересираните субјекти да достават понуди во затворен коверт на начин опишан во тендерската документација, не подоцна од 28.09.2020 година до 12:00 часот, адресирани до Фармахем – Програма за зачувување на природата во Северна Македонија, ул. Кичевска бр.1, 1060 Скопје, со назнака "За Јавен повик (Реф. бр. 03/07/605)". Финансиската понуда да биде изразена во МКД (без ДДВ).
Тендерската документација за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на интернет страната на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија: xxxx://xxx.xxxxxxxxxx- xxx.xx/xxxxx-xxxxxx/.
Заинтересираните компании може да поставуваат прашања исклучиво во пишана форма на следнава е-пошта: xxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx најдоцна до 23.09.2020 година.
Програмската активност „РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТЕОЧКА ОГРАДА НА ЛОВИШТЕ ПОЛАКИ КОЧАНИ“ е дел од проектот „Градење на капацитети за одржливо управување со дивечот и во ловиштето Полаки“, кој се спроведува во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од „Фармахем” од Скопје.
ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА
ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ЗА
„РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТОЕЧКА ОГРАДА НА ЛОВИШТЕ ПОЛАКИ КОЧАНИ“
ТЕНДРЕСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Скопје, август 2020 год.
Инструкции за понудувачите
1. Предмет на договорот за јавна набавка
Предмет на договорот за обезбедување на услуги е „Реконструкција на постоечка ограда на ловиштето ПОЛАКИ КОЧАНИ“.
Детален опис на предметот на набавката е даден во техничката спецификација - проектна задача во прилог 1 на оваа тендерска документација.
Предмет на Договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови, во спротивно ќе се смета за неприфатлива
2. Договорен орган
Договорен орган е Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од „Фармахем”, со седиште на адреса ул. Кичевска бр. 1, 1060 Скопје.
3. Начин за доделување на договорот за обезбедување на услуги
Договорот за обезбедување на услуги ќе се додели со спроведување на постапка согласно Ажурираната методологијата за спроведување постапки за доделување договори која е изработена за потребите на Проектот: Програма за зачувување на природата во Северна Македoнија - фаза 2.
4. Применливи прописи
Оваа постапка се спроведува согласно Методологијата за спроведување на постапки за набавки одобрена од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
5. Гарантен период
5.1. Носителот на набавката гарантира дека изведените работи во времето на примопредавањето се во согласност со договорот, прописите и правилата на струката и дека немаат мани што ја оневозможуваат или ја намалуваат нивната вредност или нивната подобност за редовна употреба, односно, за употребата определена со договорот.
5.2. Гарантниот период за квалитетот на изведените работи изнесува 24 /дваесет и четири/ месеци.
5.3. Гарантниот рок започнува да тече од примопредавањето на објектот или на дел од објектот на кој се изведени работите, а ако користењето на објектот или на дел од објектот започнало пред примопредавањето
- од почетокот на користењето.
5.4.Носителот на набавката е должен во рок од 24 /дваесет и четири / месеци, од денот на примопредавањето на изведениот објект или на дел од објектот на кој се изведени работите, а ако користењето на објектот или на
дел од објектот започнало пред примопредавањето од почетокот на користењето, без надоместок да ги отстранува сите недостатоци кои произлегуваат од нестручно и неквалитетно изведување на работите.
За квалитетот и гаранцијата на вградени материјали што се вградуваат, во поглед на содржината и рокот, важи гаранцијата од производителот, со тоа што Носителот на набавката е должен сета документација за квалитетот
и гаранциите на производителот на материјалите, заедно со упатствата за употреба, да ги прибави и да му ги предаде на Договорниот орган.
5.5. Ако Носителот на набавката не ги отстрани недостатоците во рокот што Договорниот орган ќе му го определи, Договорниот орган може да ги отстрани недостатоците на сметка на Носителот на набавката, со што е должен да постапува како добар стопанственик.
5.6.Носителот на набавката не е должен да ги отстрани оние недостатоци што настанале како последица од нестручно ракување и употреба, односно, не наменско користење на изведените работи-објектот или на дел од изведените работи-објектот.
Напомена: Сите понуди кои содржат пократок и поинаков гарантен период од предвидениот, ќе се отфрлат како неприфатливи.
6.Гаранција за квалитетно извршување на договорот
6.1. Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10 % (десет проценти) од вредноста на договорот.
6.2. Гаранцијата од точка 6.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
6.3. Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност до целосното реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
6.4. Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
6.5. Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка.
6.6. Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува по добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот во рок определен од договорниот орган со известувањето.
6.7. Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во седиштето на договорниот орган.
6.8. Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести носителот на набавката.
6.9. Доколку договорот е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на договорот.
6.10. Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.
7. Право на учество
Право да достави понуда има секое заинтересирано правно лице од Република Северна Македонија регистрирано за извршување на работи поврзани со темата на постапките за доделување договори.
Понудувачите што имаат една или повеќе негативни препораки, како и групите понудувачи со негативна препорака, немаат право на учество или ќе бидат изземени од процесот. Негативните препораки може да се дадат или од страна на донаторот или од бирото за јавни набавки.
Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма.
Групата на понудувачи треба да назначи претставник што ќе има овластување да ги извршува сите деловни активности за и во име на која било страна и на сите страни од групата на понудувачи во текот на постапката за доделување на договор и во текот на извршувањето на договорот, во случај истата да биде избрана.
Во случај на понуда од група на понудувачи, претставникот на групата со својата понуда треба да достави и писмено овластување потпишано од сите членови на групата на понудувачи со кое тие го овластуваат претставникот да поднесе понуда и да ги презема сите права и обврски во нивно име и за нивна сметка. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
Понудувачот во рамките на истата постапка за доделување на договор може да учествува само со една понуда. Сите понуди каде еден понудувач се јавува во повеќе од една самостојна и/или групна понуда ќе бидат отфрлени.
Лица што учествувале во изготвување на документацијата за постапката за доделување договор не може да учествуваат како понудувачи или членови на заедничка група во постапката за доделување договор.
8. Трошоци за поднесување на понуда
Понудувачот е одговорен за сите трошоци поврзани со подготовка и поднесување на понудата. Договорниот орган што го доделува договорот нема одговорност за овие трошоци без оглед на исходот од постапката за доделување на договорот.
9. Разлики во цена (корекција на цени)
Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за цело времетраење на договорот за набавка.
10. Спречување на судир на интереси
Понудувачот не смее, при извршување на договорот, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапката за доделување договор, во текот на спроведувањето на договорот. Во таков случај, договорниот орган што го доделил договорот има полно право истиот да го раскине.
11. Појаснување, изменување и дополнување на проектната задача
11.1. Секое барање, информација и објаснување за проектната задача и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на xxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx. ПЗП ќе одговори во рок од 1 ден од
приемот на пораката. Прашања може да се поставуваат најдоцна 6 дена пред истекот на рокот за доставување на понудите.
11.2. Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија-фаза 2, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни проектната задача која ќе ја објави на ист начин како и претходната проектна задача –јавен повик.
12. Квалификации на понудувачите
I Формални барања
• Почитување на рокот за поднесување на понуди – понудите мора да се достават во наведениот рок;
• Почитување на формата – понудите мора да се достават на образецот кој е даден во Прилог 2 на Тендерската документација.
II Определување на соодветноста – Следните критериуми за соодветност мора да бидат исполнети. Во спротивно, понудата нема да се разгледува:
• Лична состојба;
• Способност за вршење на професионална дејност;
• Техничка или професионална способност;
• Економска и финансиска состојба;
• Стандарди за системи за квалитет и управување со животната средина.
13. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
13.1. Докажување на лична состојба
За докажување на својата лична состојба, понудувачот доставува Xxxxxx за докажување на спсобност (дадена во прилог 5) или ги доставува следниве документи:
- изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена привремена забрана за вршење одделна дејност.
Документите од точка 13.1 не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија потврдена од понудувачот.
13.2. Способност за вршење на професионална дејност
За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, понудувачот треба да достави документ за регистрирана дејност / Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран, во оригинал или копија заверена од понудувачот со печат и со потпис на одговорното лице со назнака „Верно на оригиналот“.
- економскиот оператор треба да има соодветна Лиценца „А“ за изведување на градби од втора категорија, согласно Законот за градење.
13.3. Докажување на техничка или професионална способност
Понудувачот го докажува исполнувањето на техничката или професионална способност со задолжително доставување на следнава документација:
- профил на економскиот оператор;
- референтна листа на спроведени проекти исти и/или слични на предметот на набавка;
Понудувачот треба да има минимум 30 вработени лица, да располага со соодветен стручен технички персонал за реализација на предметната набавка од кој најмалку :
• Еден градежен инженер со овластување А за изведба
• Еден Геометар со Овластување од геодезија
• Најмалку еден градежен техничар
• Најмалку 4 ракувачи на градежни машини, со сертификати за стручна оспособеност за ракување
• Најмалку 4 ракувачи на товарни возила
• Најмалку 5 бравари – со атести за заварување
Понудувачот треба да располага со потребната опрема за предметната набавка од кој најмалку:
• Бетонска база со капацитиет од минимум 80м3/час со А интегрирана еколошка дозвола
• Најмалку 3 мешалки за бетон
• Најмалку 1 булдожери
• Најмалку 4 камиони кипери
• Најмалку 2 ровокопачи-натоварувачи
• најмалку 1 багери
• најмалку 1 вибро ваљак
• најмалку 1 вибронабивач
• најмалку 1 геодетски апарат
13.1 Докажување на економската и финансиската состојба
Понудувачот ја докажува еконимската и финансиска состојба со доставување на финансиски извештаи за последните 3 години.
Минимални услови за утврдување на еконимската и финансиската состојба на економскиот оператор се:
- Најмалку еден реализиран договор, сличен на предметот на набавка со вредност не помала од 10.000,000,00 денари.
- Економскиот оператор да има остварено минимален приход од најмалку 70.000.000,00 денари, просечно во последните три години (2017, 2018 и 2019 година).
13.5 Докажување на стандардите за системи за квалитет и управување со животната средина
За да докаже дека спроведува соодветни системи за квалитет и управување со животната средина, економскиот оператор треба да достави валидни сертификати за системи за квалитет и сертификати за управување со животната средина.
За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на стандардите за системи на квалитет, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве стандарди:
- ИСО 9001:2015
За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на стандардите за управување со животната средина, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве стандарди:
- ИСО 14001:2015
- OHSAS 18001:2007
14. Содржина на понудата
14.1. Начин на изготвување на понудата
Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во проектната задача. Понудата мора да ги содржи сите елементи кои се предвидени во образецот на понуда во прилог на оваа тендерска документација. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува одговорното лице на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
14.2. Елементи на понудата
Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната проектна задача и се состои од следниве елементи:
▪ Изјава со потпис и печат дека понудувачот ги разбира и прифаќа сите барања во објавениот повик;
▪ документи заради докажување на личната состојба, професионална дејност, техничка или професионална способност, економска и финансиска состојба и стандарди за системи за квалитет и управување со животната средина;
▪ техничка понуда
▪ финансиска понуда (Прилог 3 – Финансиската понуда мора да се пополни без никакви измени на нејзината форма. Во спротивно понудата може да биде отфрлена како неприфатлива)
▪ писмено овластување за претставникот на групата економски оператори (само за група на економски оператори).
Понудувачот, понудата ја изготвува и доставува врз основа на образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
Понудувачот задолжително треба да ги користи обрасците дадени во оваа тендерска документација при што тие мора да се пополнети без никакви измени на нивната форма. Во спротивно понудата може да биде отфрлена како неприфатлива.
14.3. Јазик во понудата
Понудата, како и целосната кореспонденција и документација во врска со понудата се доставуваат на македонски јазик.
14.4. Цена во понудата
▪ Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти што се јавуваат кај понудувачот (вклучувајќи и можни увозни царински давачки) при извршување на услугата и таа мора да биде изразена без ДДВ, што се пресметува одделно;
▪ Цената мора да биде напишана и со цифри и со букви;
▪ Во случај на не совпаѓање на цената напишана со бројки и онаа со букви ќе се земе предвид цената напишана со букви;
▪ Во случај на аритметички грешки, членовите на Комисијата за евалуација ќе решат која цена ќе се земе во предвид;
▪ Во случај цената да е повисока од предвидената, но понудувачот да ги исполнува сите други критериуми за евалуација, Комисијата за евалуација може да одлучи да ја поништи постапката или да преговара со понудувачот да ја намали цената на понудата;
▪ Во случај да двајца од понудувачите имаат иста понудена цена Комисијата за евалуација ќе ја земе в предвид понудата која е доставена прва согласно приемот во архивата, датум и час.
14.5. Валута на понудата
Цената во понудата се изразува во македонски денари (МКД).
14.6. Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува 60 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои
содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од проектната задача ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
14.7. Поднесување на понудата
Понудувачот подготвува еден оригинален примерок во писмена форма и еден електронски примерок од понудата спакувани во еден коверт. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува одговорното лице на понудувачот или овластено лице од страна на понудувачот.
14.7.1 Краен рок за доставување на понудите
Краен рок за доставување на понудите 15.09.2020 година до 16.00 часот.
Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на понудувачот неотворена.
14.7.2 Адреса за доставување на понудите
Понудите се доставуваат на следнава адреса:
Фармахем
Програма за зачувување на природата во Северна Македонија ул. Кичевска бр. 1, 1060 Скопје,
со назнака "За јавен повик бр. (03/07/563)"
14.8 Принцип на една понуда
Едно правно или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.
15. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
13.1. Отворање на понудите
15.1.1. Отворањето на понудите нема да биде јавно. Нив ги отвора Комисија за евалуација.
15.1.2. Во текот на отворањето на понудите се води записник.
15.2. Евалуација на понудите
15.2.1. Модел за оцена на понудувачите и понудите
Комисијата за евалуација ги оценува понудувачите и понудите врз основа на следниов модел:
ФОРМАЛНИ БАРАЊА (ЕЛИМИНАЦИОНИ) | |
Понуда поднесена во бараниот рок | Да/Не |
Комплетна понуда | Да/Не |
КРИТЕРИУМИ ЗА СООДВЕТНОСТ (ЕЛИМИНАЦИОНИ) | доставени | валидни |
Докази за утврдување на лична состојба (се оценува способноста за сите барања и услови, посебно) | Да/Не | Да/Не |
Докази за утврдување на способност за вршење професионална дејност - ДРД образец - Соодветна лиценца за изведба | Да/Не | Да/Не |
Докази за утврдување на техничката или професионалната способност (се оценува способноста за сите барања и услови, за економскиот оператор) | Да/Не | Да/Не |
Докази за утврдување на економска и финансиска состојба | Да/Не | Да/Не |
Докази за утврдување стандарди за системи за квалитет и управување со животната средина | Да/Не | Да/Не |
КРИТЕРИУМ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР Економски најповолна понуда | 100 бодови |
Елемент 1 - Квалитет | 40 бодови |
Елемент 2 – Цена | 60 бодови |
Понудувачот мора во целост да се придржува кон формалните барања и критериумите за соодветност, во спротивно понудата нема да се разгледува.
1) Карактеристики на квалитет (Техничка понуда)
Бодовите за техничката понуда (квалитет) се оценуваат врз основа:
• Број на реализирани проекти за градежни работи или проекти од сличен вид
Доказ: Xxxxxxx/препораки за реализирани проекти
Понуден бр. на слични реализирани проекти ∗ Максимален број
Број на бодови =
бодови Максимално докажани бр. на слични проекти/работи
2 ) Финансиска понуда
• Цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови (максималниот утврден) ќе добие понудата која има најниска понудена цена. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:
Број на бодови =
Најниска понудена Максимален број
)
цена (без ДДВ ∗ бодови
Понудена цена (без ДДВ)
15.2.2. Договорот ќе му биде доделен на понудувачот со економски најповолна понуда, односно понудувачот што добил најмногу бодови од сите поделементи од елементот економски најповолна понуда.
15.2.3. Ако е пристигната само една понуда, тогаш таа мора да ги исполнува минималните бодови за елементот од критериумот економски најповолна понуда за да биде избрана за склучување на договор;
15.2.4. Доколку во текот на постапката за доделување договор, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на планираните средства, договорниот орган ќе преговара со понудувачот или ќе ја поништи постапката;
15.2.5. Избраниот понудувач ќе биде запознаен со конечната одлука по писмен пат, во рок од 5 дена од донесувањето на одлуката;
15.2.6. Понудувачите што не биле одбрани ќе бидат запознаени по писмен пат, по потпишување на договорот со избраниот понудувач;
15.2.7. Понудувачите што не биле одбрани немаат право на жалба;
15.2.8. Информацијата за избраниот понудувач ќе биде објавена на интернет страницата на договорниот орган - Програма за зачувување на природата во Северна Македонија-фаза 2.
15.3. Доверливост на процесот на евалуација на понудите
13.3.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на понудувачите или на кои било други лица што не се службено вклучени во процесот.
15.4. Појаснување на понудите
13.4.1 Поднесување дополнителни документи по истекувањето на рокот не се прифаќа.
13.4.2. Доколку има потреба, Комисијата за евалуација може да побара појаснувања за понудата. Барањето мора да се испрати по електронска пошта, а одговорот на понудувачот мора да биде одговор директно до испраќачот.
16. ДОДЕЛУВАЊЕ И СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
16.1. Нацрт-одлуката за избор на најповолен понудувач ја донесува Комисијата за евалуација заедно со извештајот за евалуацијата, се испраќа до Координаторот на ПЗП- фаза 2 на одобрување. Доколку
Координаторот на ПЗП- фаза 2 не се согласува со донесената одлука од страна на Комисијата за евалуација, комисијата ќе мора повторно да ги разгледа и оценува пристигнатите предлози и да излезе со друг најповолен понудувач. Конечната одлука за избор на најповолен понудувач, по одобрување на Координаторот на ПЗП- фаза 2, ја донесува Договорниот орган.
16.2. Договорниот орган, по донесување на конечната одлука за избор на најповолен понудувач, договорот му го доделува на понудувачот чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
16.3. Договорниот орган ќе го достави договорот до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување.
16.4. Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот во рок од 7 (седум) календарски дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице.
17. Рок на испорака на стоките / за извршување на услугата / за завршување на работите
Носителот на набавката е должен да ги испорача стоките / изврши услугите / заврши работите кои се предмет на договорот во рок од 1 месец (30 календарски денови) од денот на склучување на договорот за јавна набавка.
18. Начин на плаќање
Исплата на финансиските средства за потребите на оваа програмска активност од Фармахем - ПЗП фаза 2 кон правниот субјект ќе се врши на следниот начин:
1. Со доставување на прва фактура за авансна исплата по потпишување на договорот, најмногу до 40% од вкупната вредност на договорот;
2. Со доставување на конечна фактура со Завршен наративен извештај (претходно одобрен од страна на ПТК), на остатокот од 60% од вкупната вредност на Договорот.
Фармахем на економскиот оператор ќе му ја исплати фактурираната вредност без ДДВ најдоцна во рок од 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на приемот на фактурата во Архивата.
Проектот во рамките на кој се реализира оваа јавна набавка е финансиран од Швајцарската конфедерација и е регистриран во Централната база на податоци на базата на Република Северна Македонија за странска помош (CDAD). Во Договорот помеѓу Владата на РСМ и Владата на Швајцарската конфедерација стои клаузулата дека донираните средства не можат да се користат за плаќање на јавни давачки во РСМ, па според тоа проектот е ослободен од ДДВ и вредноста на договорот за јавна набавка, на носителот на набавката од страна на Фармахем ќе му биде исплатена без вклучен ДДВ.
19. Поништување на постапката за доделување на договор
Постапката на доделување на договор може да се поништи во случај кога:
• Не е пристигната ниедна понуда;
• Ниедна понуда не ги исполнува условите за евалуација;
• Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 14.4 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот.
Прилог 1 - II Техничка спецификација- проектна задача
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА
„РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТOЕЧКА ОГРАДА НА ЛОВИШТЕ ПОЛАКИ КОЧАНИ“
август, 2020 година
Содржина
1.1 Краток опис на проектот 4
2.2 Техничка спецификација 7
1. Вовед (за Програмата)
Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 (во понатамошниот текст Програмата) е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од страна на Фармахем, Скопје. Програмата е креирана со цел да ѝ помогне на Република Северна Македонија во зачувување на големата биолошка разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо користење и управување. Времетраењето на втората фаза на програмата е од 2017 до 2020 година.
Главната цел на Програмата ќе придонесе Брегалничкиот регион да ги сочува природните вредности и промовира одржлив и инклузивен социо-економски развој. На оваа генерална цел се работи преку сосредоточување на следните резултати:
• Институциите на сите нивоа ефикасно го спроведуваат националното законодавство за зачувување на природата и интегрирано управување со природните ресурси;
• Регионален пристап за зачувување на природата и одржлив развој на брегалничкиот регион е прифатен и применет од страна на различните заинтересирани страни;
• Населението и МСП од брегалничкиот регион нудат еко-туристички активности/услуги и продаваат производи што се добиени на одржлив и социјално инклузивен начин.
Главни партнери во втората фаза на Програмата, коишто ги спроведуваат програмските активности се: Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП „Национални шуми“, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг
„Ханс Ем“ во Скопје, Македонско еколошко друштво и Универзитетот за применети науки во Берн, Швајцарија.
Стратешки партнер на Програмата е Центарот за развој на Источен плански регион (во понатамошниот текст ЦРИПР), установа која ги претставува и застапува општините во ИПР и нивните интерес.
Повеќе информации за Програмата може да се добијат на xxx.xxxxxxxxxx-xxx.xx.
1.1 Краток опис на проектот „Градење на капацитети за одржливо управување со дивечот во ловиштето Полаки“
Државно ловиште „Полаки“ – Кочани спаѓа во Брегалничко ловностопанско подрачје-ловен реон Кочани. Ловиштето се простира врз делот од јужните падини на Осоговските планини. Со ловиштето управува ЈП Национални шуми.
Основна цел на проектот Градење на капацитети за одржливо управување со дивечот во ловиштето Полаки е закрепнување и подобрување на состојбата со диви животни на Осоговските Планини преку подобрување и следење на популацијата на копитарите и имплементирање на одржливи практики на ловен туризам.
Со реализација на проектните активности ќе се постигнат следните резултати:
- Обезбедени услови за подобрување на популациите на диви животни на Осогово преку подобрување на состојбата со копитарите во ловиштата со кои управува ЈПНШ и ослободување на единки надвор од оградениот простор;
- Подобрен систем за мониторинг на диви животни во просторот со кој управува ЈПНШ на Осоговските Планини;
- Подобрени услови за одгледување на копитари во оградениот простор на ловиштето „Полаки“, преку зајакнување на техничките и човечките ресурси
- Зајакнати капацитети на вработените во ловиштето за имплементирање на практики за одржлив ловен туризам;
- Подобрена инфраструктурата за заштитата на фауната на копитарите во оградениот простор на ловиштето „Полаки“;
- Подобрена популација на благороден елен преку внесување на нови единки во ловиштето „Полаки“.
За да се подобрат условите за одгледување на копитари на оградениот простор на ловиштето „Полаки“ треба да се подобри инфраструктурата на оградениот простор и да се санира постојната ограда.
2. Проектна задача
2.1 Обем на задачата
Мрежата што треба да се замени се наоѓа на источниот и на јужниот дел од ловиштето со висинска разлика од највисоката точка од околу 1200 м надморска височина до најниската точка со надморска висина од околу 800 м.Конфигурацијата на теренот е различна од благо стрмна до многу стрмна.
На Мапата на ловиштето се претставени точките на интервенција.
Пристапот до ловиштето е со асфалтиран пат до главната капија на ловиштето и асфалтниот пат се протега долж источниот дел од ловиштето но не поминува покрај самата ограда така да асфалтниот пат е на раздалеченост од оградата од 20м до најдалекиот дел од околу 500 м од оградата. Јужниот дел од оградата се наоѓа на благо стрмен и многу стрмен дел и до него нема асфалтен пат, така да дотурот на жицата до овој дел треба да се врши делумно по планински пат а дел по мали патеки а некаде е на тежок стрмен дел. За подобро снаоѓање на теренот е направена ознака на мрежата која треба да се замени (со ставање на бројки на столбчињата од мрежата) така да подеталниот опис во понатамошниот текст ќе се темели на овие бројки.
За потегот со ознака 1-1 со должина од околу 180 м се потребни 8 столбчиња да се заменат, теренот е пристапен, во близина од околу 20 м од мрежата има планински пат а асфалтниот пат е на 50 м. Овој дел е рамен.
Мрежата со ознака 2-2 се наоѓа на понепристапен терен, шумскиот пат е на 100-200 м од мрежата а должината на потегот е околу 60 м.
Ознаката 3-3 се наоѓа на уште понепристапен дел во продолжение на претходната ознака и на поголема оддалеченост од шумскиот пат.Но овде има можност за дотур на мрежата по пат кој е надвор од ловиштето. Должина на мрежа за замена околу 65 м.
Ознаката 4-4 е во продолжение на мрежата према југ и е на дел од ловиштето каде нема пат во близина, најблискиот шумски пат е на растојание од околу 400-500м. Должината на овој дел е околу 70м.
Ознаката на оградата 5-5 е во должина од околу 1447 м и е во близина на асфалтниот пат.На овој дел од патот треба да се заменат или стават нови 536 столбчиња. Достапноста на оградата е многу поволна заради близината на асфалтниот пат.
Ознаката 6-6 е во правец на југ и е долга 1650 м.Овде во близина нема пат мрежата мора да се дотура по мали патеки.На почетокот мрежата е во близина на асфалтниот пат но понатаму се оддалечува.Најдалекиот дел од мрежата е во стрмен дол и мрежата ја поминува Трканска река (најголемиот дел од годината нема вода) и на овој потег треба да се променат 28 столбчиња.
Најстрмиот дел од оградата е 7-7 во должина од 300м и до овој дел нема пат. Најблискиот шумски пат е на далечина од околу 500м и тоа е шумски пат кој минува низ ловиштето а понатаму до оградата се само шумски патеки. На овој дел треба да се променат 20 столбчиња.
Делот 8-8 е во продолжение и тој е многу стрмен како претходниот дел.Должината на овој дел е 800 метри и пристапот до него е исто како и за делот 7-7.Потребни столбчиња 5.
Делот 9-9 е со должина од 1020 м. Конфигурацијата на теренот е исто така тежок. На почетокот теренот има пристап само со шумска патека а на крајот пристапот е со шумски пат и е со мала стрмост. Почетокот е во делот што се наоѓа Нивичанска река а крајниот дел е кај капијата во месноста Синковица.
Последниот дел 10-10 е во рамен дел во должина од 100 м ,пристапноста е добра има шумски пат до капијата на Синковица и овде се потребни 3 столбчиња.
На дел од оградата таму каде што не е можело да се стави столб односно на местото на столбот имало растечко дрво мрежата е прицврстена на самото дрво.
2.2 Технички спецификации
ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА Реконструкција на постоечка ограда на ловиштето ПОЛАКИ КОЧАНИ | |||||
ед.мера | количина | ед.цена | вкупно | ||
1 | Обележување и исколчување на траса со геометарска снимка | м' | 6.000,00 | ||
2 | Расчистување на траса од нискостеблеста и вискокостеблеста вегетација и грмушки долж обележана траса во тешко пристапен терен | м' | 6.000,00 | ||
3 | Сечење на гранки ( чистење ) со моторни пили на траса и одвоз на материјал до 20км за пристап на механизација до траса | м' | 2.830,00 | ||
4 | Трасирање и пробивање на пристапен пат до места кои не се пристапни за довоз на маханизација и опрема | м' | 2.340,00 | ||
5 | Сечење и вадење на оштетена,корозирана,искината мрежа на висина на 2м и транспорт на истата до депонија до 20км | м' | 412,00 | ||
6 | Демонтирање на стари искршени столбови од бетон со откопување и нивно одложување со транспорт до депонија до 20км. Столбовите се со димензија 10/12/250см. | ком | 600,00 | ||
7 | Набавка,транспорт и монтажа на жичана ограда.Плетивото на оградата да е од поцинкована жица во коцки 60/60mm со дебелина на жицата 2,5мм со висина h=2m | м² | 12.000,00 | ||
8 | Набавка,транспорт и монтажа на АБ столбови 10/12см со висина H=2.5м.Столбовите да се постават во земја 0,50м. | ком | 600,00 | ||
9 | Набавка,транспорт, монтажа и затегнување на три реда обична жица со дебелина 1,8мм на исто растојание. | м' | 18.000,00 |
10 | Набавка,транспорт и монтажа на бодликава жица,поставена на завршниот дел од столбот на висина од 30см.Жицата да е во два слоја исплетена со боцки четири на одредено растојание со дебелина на жица од 2 х 2 мм. | м' | 6.000,00 | ||
ВКУПНО: | 0,00 | ||||
ВКУПНО БЕЗ ДДВ | 0,00 ден. | ||||
ДДВ 18% | 0,00 ден. | ||||
ВКУПНО СО ДДВ | 0,00 ден. |
[меморандум на понудувачот]
Прилог 2 - ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Врз основа на Јавен повик број од страна на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија - фаза 2, за доделување на договор за јавна набавка: „Реконструкција на постоечка ограда на ловиштето ПОЛАКИ КОЧАНИ“ со спроведување на тендерска постапка, согласно Ажурирана методологијата за спроведување постапки за доделување договори одобрена од Швајцарската агенција за развој и соработка, која е изработена за потребите на проектот Програма за зачувување на природата во Северна Македонија - фаза 2, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
1.5. ЕМБС:
1.6.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно со Техничката и Финансиската понуда.
1.7. Нашата понудата е составена од следниве делови:
- пополнет образец на Понуда,
- документи за докажување на личната состојба,
- документ за докажување на способноста за вршење на професионална дејност,
- докази за исполнување на техничката или професионалната способност,
- докази за економска и финансиска состојба
- докази за сертификати за системи за квалитет и управување со животната средина
- Техничка понуда
- Финансиска понуда
- писмено овластување за претставникот на група на економски оператори (доколку станува збор за индивидуален понудувач, оваа алинеја да се избрише).
1.8. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во поканата и документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка, согласно Ажурирана методологијата за спроведување постапки за доделување договори одобрена од Швајцарската агенција за развој и соработка, која е изработена за потребите на проектот Програма за зачувување на природата во Северна Македонија - фаза 2.
Место и датум | Одговорно/Овластено лице (потпис и печат) |
Прилог 3 - ТЕХНИЧКА ПОНУДА
2.1. Согласни сме да ги понудиме следниве услуги: „Реконструкција на постоечка ограда на ловиштето ПОЛАКИ КОЧАНИ“, во согласност со проектната задача, прилог на тендерската документација и самата тендерска документација.
2.2. Се согласуваме со рокот за извршување на услугата утврден во тендерската документација.
2.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација.
2.4. Согласни сме со начинот на извршување на услугата, јазикот на изработка на потребните документи, бројот и начинот за доставување на изработените примероци утврдени во тендерската документација.
2.5. Согласно барањата во тендерската документација ја доставуваме документацијата со која располагаме, а која е потребна за евалуација на техничката понуда (квалитет).
2.7. Нашата техничка понуда е обврзувачка за нас.
2.8. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и техничките спецификации-проектна задача.
2.9. Со ова ја поднесуваме нашата Техничка понуда, изготвена врз основа на тендерската документација.
Место и датум | Одговорно/Овластено лице |
(потпис и печат) |
Прилог 3 - ФИНАНСИСКА ПОНУДА
Реконструкција на постоечка ограда на ловиштето ПОЛАКИ КОЧАНИ | |||||
ед.мера | количина | ед.цена | вкупно | ||
1 | Обележување и исколчување на траса со геометарска снимка | м' | 6.000,00 | ||
2 | Расчистување на траса од нискостеблеста и вискокостеблеста вегетација и грмушки долж обележана траса во тешко пристапен терен | м' | 6.000,00 | ||
3 | Сечење на гранки ( чистење ) со моторни пили на траса и одвоз на материјал до 20км за пристап на механизација до траса | м' | 2.830,00 | ||
4 | Трасирање и пробивање на пристапен пат до места кои не се пристапни за довоз на маханизација и опрема | м' | 2.340,00 | ||
5 | Сечење и вадење на оштетена,корозирана,искината мрежа на висина на 2м и транспорт на истата до депонија до 20км | м' | 412,00 | ||
6 | Демонтирање на стари искршени столбови од бетон со откопување и нивно одложување со транспорт до депонија до 20км. Столбовите се со димензија 10/12/250см. | ком | 600,00 | ||
7 | Набавка,транспорт и монтажа на жичана ограда.Плетивото на оградата да е од поцинкована жица во коцки 60/60mm со дебелина на жицата 2,5мм со висина h=2m | м² | 12.000,00 | ||
8 | Набавка,транспорт и монтажа на АБ столбови 10/12см со висина H=2.5м.Столбовите да се постават во земја 0,50м. | ком | 600,00 |
9 | Набавка,транспорт, монтажа и затегнување на три реда обична жица со дебелина 1,8мм на исто растојание. | м' | 18.000,00 | ||
10 | Набавка,транспорт и монтажа на бодликава жица,поставена на завршниот дел од столбот на висина од 30см.Жицата да е во два слоја исплетена со боцки четири на одредено растојание со дебелина на жица од 2 х 2 мм. | м' | 6.000,00 | ||
ВКУПНО: | 0,00 | ||||
ВКУПНО БЕЗ ДДВ | 0,00 ден. | ||||
ДДВ 18% | 0,00 ден. | ||||
ВКУПНО СО ДДВ | 0,00 ден. |
Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува:
[со бројки]
денари.
[со букви] Вкупниот износ на ДДВ изнесува денари.
3.2. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
3.3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
3.4. Со ова ја поднесуваме нашата Финансиска понуда, изготвена врз основа на тендерската документација.
Место и датум | Одговорно/Овластено лице (потпис и печат) |
Прилог 4 – Изјава за докажување на способноста
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека за
[се наведува назив на економскиот оператор]
не постојат причини за исклучување од постапката, како и дека во целост ги исполнува бараните услови за утврдување на способноста наведени во тендерската документација реализација на предметот на набавката по Јавен повик бр. 03/07/605 за доделување на договор за јавна набавка за „Реконструкција на постоечка ограда на ловиштето Полаки - Кочани“ објавен од страна на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија - фаза 2.
Истовремено изјавувам дека ги имам на располагање сите потребни документи за докажување на исполнувањето на бараните услови, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум Одговорно лице
(потпис)