Contract
Здружение __________________
_____________________________
С К О П Ј Е
Бр.________/_______20__ год.
Склучен на ден----------------------------помеѓу
________________________________________________________________ (во натамошен текст: рабодавач) ул._______________ бр._____од _______, ЕДБ: ЕМБС_____________ преставувано од ___________________, од една страна, и
__________________________ со стан на ул.________________бр._____ од__________, со ЕМБГ:___________________(во натамошен текст: работник) од друга страна, склучија
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој договор се уредуваат правата, обврските и одговорностите од работниот однос меѓу работодавачот и работникот.
Работникот стапува на работа на ден __________________(на пр. денот на склучувањето на договорот или некој друг, нареден ден). Од денот на стапување на работа, работникот започнува да ги остварува правата, обврските ии одговорностите од работниот однос, утврдени со овој договор, ЗРО, другите закони, колективните договори и актите на работодавачот.
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Член 2
Работникот заснова работен однос на работното место_____________________
(назив на работното место, со краток опис на работата што ќе ја врши).
За вршење на работата на работното место од ставот 1 на овој член е утврден____степен на стручна подготовка, согласно закон, колективен договор или актот на работодавачот.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА РАБОТНИОТ ОДНОС
Член 3
Работникот работниот однос го заснова на неопределено време (или определено време во траење од ______________________-максимум 5 години).
Работникот работните задачи ќе ги извршува во деловните простории на работодавачот, во местото на неговото седиште (или друго место - се наведува точното место на вршење на работата).
РАБОТНО ВРЕМЕ
Член 4
Работникот заснова работен однос со полно работно време во траење од 40 часа неделно (или скратено работно време во траење од_______часа неделно).
Полното работно време од ставот 1 на овој член е рамномерно распоредено во 5 работни дена во неделата со по 8 часа дневно работно време (или во 4 или 6 работни дена, со рамномерно или нерамномерно распоредување на дневното работно време).
Денови на неделниот одмор се сабота и недела (или петок, сабота и недела/или само недела).
Во случај на времено прераспоредување на работното време утврдено во овој член, работникот ќе биде писмено известен најмалку еден ден пред тоа.
ОБВРСКИ НА РАБОТНИКОТ
Член 5
Работникот се обврзува да ги извршува обврските што произлегуваат од Законот за работните односи, законските и други прописи, колективните договори и актите на работодавачот, а особено:
работите да ги обавува совесно, навремено и квалитетно, почитувајќи ја организацијата на работа и деловната активност на работодавачот;
да ги почитува општите и поединачните акти, наредби, упатства и одлуки на работодавачот, органите на управување и непосредниот раководител;
средствата за работа да ги користи економично, целесобразно и одговорно;
да се придржува кон пропишаното работно време и пропишаните мерки за заштита при работа;
да се придржува кон дадените овластувања, да не ги злоупотребува и пречекорува;
не смее да ги искористи за своја сопствена употреба или да ги предаде на трето лице податоците што се сметаат за деловна тајна на работодавачот (податоци кои со посебен акт ќе ги определи работодавачот и кои му биле доверени на работникот или со кои бил запознаен на друг начин);
да работи на своето образование и стручно усовршување за потребите на работодавачот, како и заради зачувување на своето работно место;
со своето однесување да го чува угледот на работодавачот, правилно и совесно да се однесува спрема останатите работници (и/или спрема странките, доколку работи со нив);
да го почитува принципот на забрана на конкуренција и да бара согласност од работодавачот за вршење или склучување на секоја работа преземена за своја или туѓа сметка, во рамките на делокругот на работодавачот;
да го известува работодавачот за сите заканувачки опасности по животот или здравјето или за настанување на материјална штета, што ги дознал при работата и кои би можеле да настанат кај работодавачот или трети лица и
(може да се наведат и други обврски на работникот, во согласност со законот, колективен договор, или специфичните услови на неговата работа, на пр. почитување на договорна забрана за конкурентско дејствување согласно член 37, став 4).
Со потпишувањето на овој договор, Работникот потврдува дека е запознаен со работните обврски кои се пропишани за работното место на кое е распореден, дека примил извадок од Актот за систематизација, дека е запознаен со мерките за безбедност и здравје и заштита при работа, со сите опасности при работењето и со правата и обврските во врска со заштитата при работа и условите за работа.
ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ
Член 6
Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди;
средства, работен материјал и други потребни услови за извршување работа за работното место од членот 2 на овој договор;
соодветна месечна исплата на плата во парична форма, во износ пропорционален на основната плата, работната успешност и додатоците на плата согласно со прописите и овој договор;
работно време, одмори, паузи и отсуства од работа согласно со прописите и овој договор;
безбедни услови за работа, во согласност со посебните прописи за заштита при работата;
заштита на личните податоци на работникот и заштита и почитување на личноста, достоинството и приватноста на работникот;
надоместување на трошоците поврзани со работа, во согласност со закон и колективниот договор;
стручно усовршување, преквалификација или доквалификација во согласност со потребите на работното место на кое врши работни задачи како и заради зачувување на работното место (и во други случаи утврдени со законот и другите прописи);
навремено информирање за сите работи од интерес за ефикасно вршење на неговите работни задачи и за успешно функционирање на работодавачот и
(други обврски на работодавачот што произлегуваат од закон, колективните договори и актите на работодавачот, на пример, за ноќна работа, прекувремена работа и друго).
ОСНОВНА ПЛАТА НА РАБОТНИКОТ
Член 7
На работникот се определува основна нето плата во износ од _________ денари.
Нето плата се зголемува за 0,5% како додаток за секоја започната година.
Плата се пресметува и исплатува најмалку еднаш месечно.
Платата за исплата се префрла на трансакциона сметка.
На работникот секој месец му се издава потврда за пресметана бруто плата, даноци, придонеси, одбитоци и плата за исплата.
НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА
Член 8
Работникот има право на надоместок на платата во случаите на отсутност од работа поради користење на годишниот одмор, платениот вонреден одмор до 7 дена во годината, дообразување, празниците, работа во слободните денови, боледување и во случаите кога работникот не работи од причини на страна на работодавачот, како и на другите надоместоци кои му припаѓаат за вршење на работата според закон и колективен договор.
Работникот има право и на надомест на трошоците поврзани со работа, согласно колективен договор.
ГОДИШЕН ОДМОР
Член 9
Работникот има право на платен годишен одмор во траење од ________(20-26) работни дена според времето поминато во работен однос, условите за работа и други критериуми утврдени со колективниот договор. Траењето се утврдува со решение на работодавачот.
Ако работникот во календарската година во која склучил работен однос нема 6 месеци стаж, има право на користење на пропорционален дел на годишниот одмор во вкупно траење од по 1/12 од __(на пр. од 6 работни дена) за секој месец работа.
ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Член 10
Овој договор може да престане на начин и под услови утврдени во законот.
Во случај на отказ на договорот од страна на работникот или на работодавачот, отказниот рок трае 30 дена.
Член 11
Договорот е склучен во 2(два) еднакви примероци од кои еден за работодавачот, еден за работникот (односно во 3 примероци за договорите што се доставуваат на заверка до Агенцијата за вработување или до инспекцијата на трудот - договор за работа на куќни помошници и договор за вршење работа дома).
Работник Работодавач
___________ ___________
Напомена: Со договорот за вработување може да се уредат и низа други
прашања, специфични за определено работно место. На
пример: приправнички стаж, пробна работа, упатување на
работа во странство и друго.
1 Овој образец претставува само насока за уредување на работните односи и може да се менува и усогласува согласно специфичностите на работниот однос. Деловите означени со плава боја претставуваат упатства и насоки како може да се уредат определени членови.
4