Contract
Врз основа на членовите 13, 14, 15 и 28 од ЗРО и Општиот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството, двете договорни страни __________________________________ ул._______________ бр.____, застапувано од ____________, како управител, од една страна (во понатамошниот текст-Работодавач)
и __________________________________ ул._____________ бр.____, со ЕМБГ_______________ (во пон.текст како Работник), од друга страна
на ден ______________ година, во Скопје го склучија следниот:
I. Општи одредби
Член 1
Со овој договор се утврдуваат меѓусебните права, обврски и одговорности од работниот однос помеѓу Работодавачот и Работникот
Со овој договор, Работникот заснова работен однос за работното место фоторепортер/снимател на неопределено време, почнувајќи од ___________, (/определено време сметано од ______________ до ________ год.)
Местото на работа на Работникот е во ________, во деловните простории на Работодавачот, а во случај на потребите на Работодавачот, може да се определи и некои друго место на подрачје на Република Македонија или во странство (службен пат).
Покрај работите наведени во овој Договорот за вработување, Работодавачот го задржува правото во секое време да му додели на Работникот, работа која не е предвидена со овој договор, но е во рамките на неговата стручна подготовка, образование и квалификации, врз основа на писмен акт и во согласност со закон.
II. Права и обврски на работникот
Член 2
Во согласност со правата и обврските на Работникот, кои произлегуваат од овој Договор, Работникот се обврзува да ги стави на располагање на Работодавачот сите свои работни потенцијали, како и да се придржува до меѓународните и домашни професионални стандарди.
Работникот распореден на работното место фотограф/снимател ќе ги извршува следните работи:
- да ги врши сите работи од неговиот делокруг на работење, а согласно актот за систематизација на работодавач;
- да ги превземе сите дејствија за заштита, унапредување, развивање и проширување на реномето на работодавач;
- да врши други работи по налог на управителот или непосредниот раководител, кои не влегуваат во описот на работни задачи за неговото работно место, но одговараат на степенот на негова стручна подготовка и стекнатото искуство;
- фоторепортерот/снимателот се труди фотографиите/снимките што ги објавува да имаат ексклузивитет, но и да бидат навремено објавени;
- да поседува способност да ги долови важните моменти, со што нема да постои потреба од поголема преработка на материјалот,
- да обезбедува фотографии/снимки од областа/темата која нему му е доделена
- да учествува во тимска работа и во работи кои бараат зголемен ангажман.
Стручно и совесно да ја врши работата предвидена во претходните ставови од овој член.
Член 3
Работникот се обврзува дека ќе ги почитува и штити авторските права.
Работникот не смее со објавување на фотографиите/снимките, истите да ги користи со цел да одговараат на неговите лични лукративни цели, комерцијални или политички интереси. Тој се обврзува дека нема да бара или да прими било каква материјална или друга корист, со цел да го објави материјалот на одреден начин за одредена појава, настан, личност или слично.
Работникот се обврзува дека ќе ги почитува личноста и достоинството на трети лица и дека ќе се воздржува од секакви дејствија и објави, кои би значеле клевета или навреда кон трети лица.
Член 4
На работникот не може да му престане работниот однос или да му се намали платата, ниту пак да му се загрози положбата што ја има во редакцијата, заради:
- изнесени вистинити тврдења во јавност;
- ако одбие да изврши налог, со кој се кршат законските и етички правила на професијата или налогот би бил спротивен на уредувачката концепција во согласност со јавниот интерес;
- заради мислење кое надвор од медиумот, го изразил како свој личен став
- или доколку членува во синдикат и учествува во синдикални активности.
Член 5
Работодавачот се обврзува да му обезбеди неопходна правна и материјална помош на работникот, доколку во извршувањето на своите професионални должности, тој е директно или индиректно изложен на насилство, закани, притисоци, навреди и други негативни влијанија, вклучително, и на судски и други постапки пред државните органи, а со цел да го попречат од извршувањето на својата професија.
Работодавачот не е должен да постапи согласно претходниот став на овој член, во случај кога работникот во својата работа не ги почитувал уставните и законските норми, професионалните и етичките стандарди на професијата.
Член 6
Работникот се согласува дека уредникот може, без негова согласност, да ги изврши вообичаените интервенции во фотографијата/снимката за кои е тој автор.
Доколку уредничките интервенции наведени во претходниот став на овој член се такви што драстично ја менуваат фотографијата/снимката на работникот кој ја потпишува истата, овие интервенции не можат да се извршат без согласност на авторот.
Член 7
Работникот има право да се спротивстави на менување на делото што може да наштети на неговата личност, чест и углед, како и на уништување на делото и има право да побара истите да не ги потпише или да изврши повлекување на фотографијата, видеото или снимениот запис.
Член 8
Фоторепортерот/снимателот нема право да потпишува фотографија, аудио или видео-снимка во која не учествувал, односно која не ја создал.
III. Плата и награди за остварени резултати
Член 9
Работодавачот се обврзува да му обезбеди на работникот соодветна исплата на месечна бруто плата (нето плата, персонален данок на доход и придонеси за задожително социјално осигурување) во износ од ______________ денари ( кој износ ќе се менува согласно законските прописи за висината на годишното лично ослободување и променливите стапки на задолжителното социјално осигурување). На наведената основица се пресметува додаток за минат труд во висина од 0,5 % од платата за секоја година работен стаж, а најмногу до 20%.
Работодавачот е должен на работникот да му достави заверена писмена пресметка за пресметаните и уплатените придонеси, најдоцна 15 дена од денот на исплата на плата или дел од плата и да му достави збирен годишен извештај по истекот на годината најдоцна до 15 ти февруари наредната година.
Работникот има право на додатоци и надоместоци на плата за прекувремени саати, работа во смени, деновите на годишен одмор, платено отсуство, државни и верски празници пропишани со Закон, боледување до 21 ден и други случаи определени со Закон и општ колективен дговор.
IV. Надоместување на трошоци поврзани со работата
Член 10
Работникот има право на надоместок на трошоци за службени патувања во земјата и странство, како и стварно направените трошоци кои се однесуваат на патните трошоци во висини утврдена со Одлука на работодавач.
Работникот има право и на надомест на останати трошоци поврзани со работата, како и определени награди утврдени со Закон
V. Работно време, годишен одмор, заштита на работа
Член 11
Работникот ќе работи со полно работно време од 40 часа неделно.
Во текот на работата со еднократно полно работно време, работникот ќе има право на пауза во траење од 30 минути.
Неделниот одмор работникот ќе го користи во недела. Доколку заради потребите на работниот процес работникот мора да работи во недела, ден за неделен одмор ќе му се осигура во првата недела по работата за време на неделниот одмор. На работникот му следува надоместок на плата, за работа во ден на неделен одмор, согласно општиот колективен договор.
Член 12
Работникот има право на годишен одмор во траење од 20 до 26 работни дена, според времето поминато во работен однос и други критериуми утврдени согласно законските прописи и посебните акти на Работодавачот. Траењето се утврдува со Решение на Работодавачот.
Работникот има право на отсустност од работа во текот на годината во случаите утврдени како платени отсуства со Закон, до 7 работни дена за случаи утврдени со Закон и колективен договор, со тоа што одобрението за користење на истите го дава Работодавачот со Одлука.
Работникот има право на заштита при работа, право на здравствена заштита во случај на болест, намалување или губење на работната способност и инвалидност, како и други облици на социјална сигурност во согласност со Закон.
VII. Авторски права
Член 13
Кога работникот во својата работа, при исполнување на своите работни обврски или по упатство на работодавачот ќе создаде авторското дело, согласно овој договор, материјалните права на авторот на тоа дело, исклучиво му се пренесуваат на работодавачот за време од три години по завршувањето на делото и само за територија на Р. Северна Македонија.
По истекот на рокот од ставот (1) на овој член, материјалните права од авторското дело, му припаѓаат на работникот, со тоа што работодавачот може да побара нивно повторно исклучиво пренесување, доколку му плати на работникот надоместок за секој одделен вид материјално право, врз основа на склучен договор за пренос на авторски права.
Работодавецот е должен, да му исплатува на работникот, соодветен надомест за амортизација на опремата што е приватна сопственост на работникот, а се користи за извршување на работните задачи согласно Правилник за изнајмување на опрема, врз основа на кој, се утврдува висината на надоместокот.
VIII. Отказ на договорот за вработување
Член 14
Работниот однос на работникот заснован со овој договор за работа престанува со отказ од страна на работодавач ако работникот е неспособен да ги изврши работните задачи утврдени со овој договор за работа, поради кршење на работната дисциплина и работниот ред, поради неисполнување на обврските утврдени со него или поради други причини предвидени во Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
Условите под кои на работникот му престанува работниот однос согласно став 1 на овој член се утврдени во овој Договор, Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството со кои работникот е запознаен во целост пред потпишувањето на овој договор за работа.
Во случај кога Работодавачот го откажува договорот за вработување, отказниот рок се утврдува со Закон.
Кога работникот го откажува договорот за вработување, должен е писмено да го извести работодавачот и отказниот рок во овој случај не може да трае повеќе од 15 дена. Работникот и работодавач може да се спогодат отказниот рок да трае пократко или договорот за вработување да го откажат веднаш, без отказен рок.
IX. Деловна тајна
Член 15
Работникот е должен со сите вработени лојално да соработува.
Лојалната соработка подразбира обврска да не се даваат на увид информациите за работодавецот, кај кого е вработен и кои претставуваат деловна тајна, или ако таквото давање на информации би можело да им наштети на интересите на работодавецот.
Работникот ќе ја штити деловната тајна на работодавецот и личната тајна на соработниците.
Под деловна тајна се подразбираат сите програми, планови и податоци што не се јавно објавени или кои не се правно заштитени (знаење и искуство, незаштитено право од индустриска сопственост и друго).
X.Завршни одредби
Член 16
(1) Сите спорови кои можат да произлезат во врска со примената на овој Договорот, страните ќе настојуваат да ги разрешат договорно, а во спротивно месно надлежен ќе биде Основниот Граѓански Суд – Скопје.
(2) Овој договор е составен во три еднакви примероци, од кои еден му се врачува на Работникот и се применува од денот на неговото потпишување.
За Работодавач: Работник:
____________ _____________