ContractПосебни Услови За Осигурување На Тутун • February 22nd, 2012
Contract Type FiledFebruary 22nd, 2012ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ТУТУН СО ПРОЦЕНКА ВО ЗЕЛЕНА СОСТОЈБА И НАДОМЕСТ НА ЗАГУБА СО КВАЛИТЕТ И КОЛИЧИНА Одделни изрази во овие услови го имаат следното значење:Откупувач – деловна организација која склучува договор за производство на тутун, откупува суров, неферментиран тутун во лист, пресметува и наплатува премија при откуп и ја исплаќа на осигурувачот.Договор - писмен документ со кој се уредени меѓусебните односи помеѓу осигурувачот, договорувачот и осигуреникот.Мерила за класификација на тутун –пропис врз основа на кој се врши откуп на суровиот неферментиран тутун во лист по квалитетни својства за секој тип и сорта тутун.Инсерција (берба, рака и сл.) - група на тутунски лисја со исти квалитетни својства, на тутунски стебла, во однос на целосната берба на стракот (подбир, надбир, `долен среден`, `горен среден`, кај ароматичните сорти `подврв` и `врв`).Идеална класа – највисок квалитет на тутунови лисја во која може една инсерција од тутуновите лисја да биде откупена, а спор