Алтернативна понуда “ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
Осигурувач САВА осигурување x.x. Скопје
Носител на набавката “ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
Осигуреник лице чиј имот и/или имотен интерес се осигурува. Договорувачот на осигурувањето и осигуреникот претставуваат исто лице, освен кај осигурување за туѓа сметка;
Прифатлива понуда “ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
Економски оператор “ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
Понудувач “ е секој економски оператор кој поднел понуда;
Тендерска документација “ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
Понуда “ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
Полиса исправа за склучениот договор за осигурување;