БУЧАВА И ВИБРАЦИИ Примери за клаузули

БУЧАВА И ВИБРАЦИИ. 9.1 Вовед 108 9.2 Постојна животна средина 109 9.3 Влијанија од предложениот објект Development 109
БУЧАВА И ВИБРАЦИИ. Пред-конструктивна и конструктивна фаза
БУЧАВА И ВИБРАЦИИ. Влијание врз нивото на бучавата од градежната машинерија и возилата. Прегради/бариери за заштита од бучава за работа ноќе што предизвикува бучава и за работа подолга од еден ден на иста локација/област. Изведби/работи со силна бучава (на пр. минирање; набивање колци; уривање итн.) внимателно ќе се спроведуваат, а бучавата ќе се ограничи на изворот колку што е тоа можно. Таму каде што тоа е потребно градежната опрема ќе се усогласи со релевантните стандарди за емисија на бучава. Целата опрема ќе биде опремена со уреди за намалување на нивото на бучавата, Редовно одржување на возилата и машинеријата. Ограничување на работното време на градежната работа од 07.00 ‐19.00 часот. Планот за управување со сообраќајот при изградба ќе го утврди ограничувањето на брзината на движење на градежните возила и ќе го организира сообраќајот за да се одбегнат местата со поголема населеност. Локалните жители ќе бидат известени за планираните изведби. Бучната опрема ќе биде поставена колку што е можно подалеку од населените или од другите чувствителни рецептори. Ќе се врши надзор врз влијанието од вибрациите и ќе се надоместат сите материјални штети врз куќите, градбите и инфраструктурата за кои ќе биде докажано дека се предизвикани од работата и ќе се изврши нивна поправка. Опремата за превоз на земјата ќе се постави колку што е можно подалеку од рецепторите чувствителни на вибрации. Работата што предизвикува вибрации ќе се организира на начин на кој нема да предизвика значителни кумулативни влијанија од вибрациите. Умерено негативно
БУЧАВА И ВИБРАЦИИ. Влијание врз нивото на бучавата поради работата на возовите (со дизел влеча). Во текот на работата на дизел возовите во Делница 1, ќе се постават мерки за ублажување на бучавата по должина на трасата (на пр. Череско село, Лопате, Резановце, Средорек, Xxxx Xxxx, Проевце, Кумановска бања, Шупли камен и Довезанце). Деталната студија за бучава и вибрации од железницата ќе биде завршена во текот на фазата на проектирање за да се подобрат и оптимизираат мерките за ублажување на последиците од бучавата. Малку негативно
БУЧАВА И ВИБРАЦИИ. Влијание врз нивото на бучавата (електрична влеча). Вознемирување на жителите и оштетување на објектите предизвикано од вибрации при сообраќање на возовите. Како дополнение на мерките за ублажување на бучавата применети во Делница 1, мерките за ублажување ќе бидат поставени во: Крилатица/Кетеново, Одрено, Петралица и Талиминци во Делница 2 и во Крива Паланка и Жидилово во Делница 3. Деталната студија за бучава и вибрации од железницата ќе биде завршена во текот на следната фазата на подготовка на проектот. Малку негативно Природа Измени во природното опкружување со присуството на железницата. Засадување растенија во околината. Соодветно проектирање на железницата за да се вклопи во природната средина (на пр. обликување на теренот; внимателно проектирање на вијадукти, мостови и влезови на тунели, употреба на градежни материјали што добро се вкопуваат во околниот пејзаж; проектирање депонии така да бидат интегрирани во околниот пејзаж; садење вегетација врз затворени депонии; враќање во првобитната состојба на рововите за ископ и употреба на локални архитектонски обележја. Умерено негативно
БУЧАВА И ВИБРАЦИИ 

Related to БУЧАВА И ВИБРАЦИИ

  • Способност На Економските Оператори 6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • Право на учество 1.9.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество. 1.9.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка. 1.9.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката. 1.9.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот. 1.9.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи. 1.9.6 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор: 1.9.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање. 1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2. 1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и 4.9 од Инструкциите за понудувачите.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Клучен персонал Понудувачот мора да прикаже дека ќе има соодветно квалификуван (и во соодветен број) Клучен персонал, како што е прикажано во табелата подолу, кои се потребни за изведба на Договорот. Понудувачот ќе обезбеди детали за клучниот персонал и другите клучни лица кои Понудувачот смета дека се соодветни, заедно со нивните академски квалификации и работно искуство. Понудувачот ќе ги пополни релевантните обрасци дадени во Поглавје IV, Обрасци на понудата. Изведувачот ќе побара согласност од Работодавачот доколку треба да направи замена на клучниот персонал (Посебни услови на договорот 9.1).

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) . 4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. 4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.