Заклучок. Тим од консултанти за животна средина, специјализирани во своите области, ја испитаа постојната животна средина и предлогот за изградба на ПСОВ и притоа не беа откриени негативни ефекти за животната средина. Сепак, локалното население може да чувствува одредено вознемирување во текот на 18 месечниот период на договорот предвиден за изградба и во договорните документи ќе се предвидат мерки за ублажување (опишани во Студијата за оцена на влијанијата врз животната средина. Барањата за мониторинг се во согласност со законската регулатива и ќе се применуваат за да се обезбеди придржување кон спецификацијата за ефикасност во работата. Се заклучува дека ПСОВ ќе има позитивно влијание на животната средина.
Заклучок. Генерална констатација е дека градот Скопје, поточно неговата управа настојува да ги следи модерните позитивни текови за енергетска заштеда во јавното осветление. Се прави редовно одржување на уличното светло, се заменуваат живините сијалици со натриумови, се размислува за набавка на софтвер за менаџмент со јавното светло. Сепак значителниот број од 1038 присутни високопритисни живини сијалици укажува дека таа тенденција мора да продолжи. Притоа градот треба да рзмислува и во правец на поставување на други типови светилки како компактни флуо и LED на оние сообраќајници или површини кои не бараат висок степен на осветленост, како на пример сервисни улици, паркинзи, кеј и градски парк. Кејот и паркот се интензивно искористени од пролет од есен првенствено од пешаци или велосипеди за кои нема потреба од значително осветлување. Паркинзите и сервисните улици исто не бараат висок степен на осветленост поради ниската брзина на движење на возилата, а и поради тоа што се претежно оптоварени дење. Дел од мостовите исто така може да бидат осветлени со LED светилки.
Заклучок. 175 ПРИЛОЗИ 179 Прилог 1 – Договор за факторинг 179 Прилог 2 – Договор за факторинг 182 Прилог 5 – Известување за отстапување на побарувања 190 Користена литература 191 References 191 Овој научно, истражувачки труд има за цел да го претстави и објасни факторингот како алтернативен модел на финансирање на стопанството. Овој труд, исто така, се обидува научно да го истражи овој правен институт и да ја истакне неговата економска улога, преку укажување на предностите и недостатоците на овој модел на финансирање, како и да го прикаже неговиот статус во светот и во Македонија. Доброто корпоративно управување и професионален финансиски менаџмент може да придонесат за воспоставување на таква бизнис стратегија (во смисла на: стратегија во однос на потенцијалните ризици, системите за управување со ризиците и мониторинг, инвестициски стратегии, интервенции, итн.) која ќе ја направи компанијата отпорна на неочекувани и непредвидливи промени и тоа, како во нејзината постојна средина, така и на глобалниот пазар и навремено постапување, кое ќе придонесе за побрзо закрепнување од ефектите на кризата и минимизирање на бизнис загубите. Иницијативата за развој на трговските друштва во Република Македонија го вклучува и подржува развојот на малите и средните компании, како и на поединците и институциите што ги опслужуваат потребите на малите и средните компании и креираат амбиент за развојот на овој сектор. Целта на ова истражување е утврдување на потенцијалот на пазарот за факторинг со цел да се развијат нови финансиски алтернативи за компаниите во Македонија.
Заклучок. Подготовката за вкрстено испитување на сведок не треба да биде бесцелна вежба. Тоа не значи дека секогаш кога бранителот вкрстено испитува сведок, тој целосно ќе ја оствари целта. Сепак, ќе се прават помалку грешки доколку бранителот одвои време за да го запознае својот случај. Сесијата на изнесување идеи, консултации со клиентот и со сведоците, идентификување на силните и на слабите страни во случајот на спротивната страна, средба со сведоците на спротивната страна и подготвување за вкрстено и концизен начин, ќе дадат подобри резултати. Вкрстеното испитување на еден сведок секогаш треба да биде насочено и ориентирано кон една цел.
Заклучок. На крајот треба да се разбере дека дискредитирањето е само еден сегмент од вкрстеното испитување. Подготовката за дискредитација не се разликува од онаа која се бара за вкрстеното испитување на сведоците. Темелната анализа на случајот, познавањето и идентификацијата на точките кои бранителот сака да ги воспостави преку дискредитација и стратегијата за остварување на овие цели се основните елементи за успешна дискредитација на кој било сведок изведен пред суд.
Заклучок. Бранителот треба да му каже на судијата што е тоа што тој го бара. Треба да биде наведено во краток пасус. Пример: „Фактите покажуваат дека обвинетиот Н.Н. бил испрашуван од страна на ОТП без присуство на бранител, дури и откако обвинетиот Н.Н. изрично побарал да се консултира и да добие помош од својот бранител. Во согласност со член 63 (А) и член 92, ваквото однесување на ОТП е недозволено и спротивно на законот. Затоа, изјавата на обвинетиот Н.Н. која била изнудена на начин што е забранет со Деловникот за работа на судот, треба да се укине и воопшто не треба да се разгледува од страна на судскиот совет“
Заклучок. Главната анализа претставена во овој труд се однесува на запознавање со Законот за енергетика од 2011 година (Сл. Весник на РМ, 2011) [4], со кој општините добија обврска да донесат тригодишни програми за ЕЕ, годишни планови и да достават информација за спроведување на програмите во претходната година до Агенцијата за енергетика. Претставено е по кои точки треба да се води програмата и на кој начин АЕРМ го издава своето мислење за истите. Заклучно со периодот на истражувањето од 80 општини во Р. Македонија и Градот Скопје како посебна административна единица предадена програма имаат 54 општини (изразено во проценти тоа е 66%). Од предадените 54 програми, позитивно мислење имаат добиено 29 програми (53%), негативно мислење или програма која е стара и е усвоена само од Советот на Општината имаат 10 општини (18%), а дополнување во програмата е побарано од 17 општини (30%). Општина Карпош е исклучок бидејќи, во рамки на овие три години, во два наврати има доставено програма. Едната, во 2011, е програма согласно старата позитивна законска регулатива, а потоа, во 2013, поднесена е програма која добила позитивен статус. Предвид е земена програмата од 2013 година. Опсегот на постигнати заштеди на Општините со програмите за Енергетска Ефикасност е од 10 до 45%. Во првата година од донесувањето на Законот за Енергетика (Сл. Весник на РМ, 2011) [4] биле доставени најмал број програми за ЕЕ, а прогрес веќе се забележува во 2012 и 2013 година со двократно поголем број на предадени програми и воедно зголемување на позитивниот статус. На локалната самоуправа и одговара да има потврда од АЕРМ, бидејќи со таква референца се подобруваат аспектите при аплицирање за грантови или други субвенции, а исто така со подобрување на програмите се подобрува и влијанието врз животната средина. Се признава придонесот на општините во почитувањето на законската обврска и составувањето на програмите бидејќи со спроведување на мерките на локално ниво директно се влијае врз постигнување на зададените национални цели. Идна препорака е општините кои немаат програма за ЕЕ детално да ги анализираат веќе донесените, особено програмите со позитивно мислење, да се советуваат со Општините кои имаат програма или со експерти од областа на енергетиката кои можат да помогнат во составувањето на истата.
Заклучок. Имајќи ги во предвид висината на приходите на старите лица и добиените цени на услуги по корисник тешко возможно е секое старо лице само да ги подмирува трошоците за користење на овие услуги. Затоа се препорачува да се разгледа можноста за изнаоѓање дополнителни извори на финансирање на трошоците за субјектите кои ги даваат овие услуги.
Заклучок. ⮚ Со зголемување на бројот на контроли се обезбеди подобро работење на ПЗУ Аптеки, усогласување на работата со одредбите од договорот со Фондот, а со тоа подобра снабденост на осигурениците со лекови на рецепт од Листа на лекови на кои паѓаат на товар на Фондот.
Заклучок. ▪ Топологија ▪ Преносната мрежа е технички добро развиена и во солидна состојба, потребни зајакнувања на одредени 110 kV коридори ▪ Краткорочни мерки ▪ Балансирање и минимизирање на отстапувањата на системските корисници ▪ Среднорочни мерки ▪ Подобрена прогнозата на производство од ВЕЦ и СЕЦ ▪ Регионална соработка со ПСО-и за прекугранична размена на регулациски резерви ▪ Долгорочни мерки ▪ Реализација на проектите за хидро и гасни централи и енергетски складишта ▪ Целосно функционална регионална платформа за балансирање