Високонапонска опрема Примери за клаузули

Високонапонска опрема. Во склоп на јавната набавка за реконструкција на ТС Кавадарци, предвидена е и набавка, испорака и монтажа на комбинирани мерни трансформатори 110 kV за двете трафо полиња. Комбинираните мерни трансформатори треба да бидат нови, проектирани, произведени и испитани во согласност со барањата за комбинирани мерни трансформатори наведени во МКС EN 61869(или еквивалентен). Комбинираните мерни трансформатори треба да се еднофазни, индуктивни, во маслена изведба, херметички затворени за надворешна монтажа. Внатрешната изолација треба да е вакуумски импрегнирана хартија во изолационо масло (инхибирано) и истото не смее да содржи PCB (polychlorinated biphenyl) и PCT (polycholrinated terphenyl). Изолационото масло треба да ги исполнува барањата според МКС EN 60296 (или еквивалентен). Комбинираните мерни трансформатори треба да се со доверлив, без потреба за одржување, експанзионен систем. Изолаторите на мерните трансформатори треба да се од порцелан со квалитет С130. Сите метални делови на трансформаторите треба да се изработени од материјал отпорен на корозија или да се заштитени со квалитетна антикорозивна заштита (топло поцинкување и бојадисување). Сите надворешни завртки, навртки и подлошки треба да се од челик отпорен на корозија. На трансформаторите треба да бидат изведени вентили за испуштање на маслото и за земање примероци од истото. Нивото на масло во трансформаторите треба да биде видливо од земја. Секундарните гранки на напонскиот и струјниот дел на мерните трансформатори треба да бидат изведени во посебни приклучни кутии. Приклучните кутии треба да се изведени со степен на заштита IP55. На приклучните кутии да бидат монтирани кабелски уводници. Трансформаторите траба да имаат приклучок за мерење Cx и tan δ. Комбинираните мерни трансформатори треба да имаат можност да се транспортираат во хоризонтална положба. Примарните приклучоци треба да се плочи од алуминиум, со дупки за прицврстување според IEC стандард. Приклучните стегалки треба да се предвидени за вградување во 110 kV построение. Сите влијанија кои се јавуваат во надворешните трафостаници треба да се земени во предвид при проектирањето и производството на приклучните стегалки. Обликот и изборот на материјалот и типот на заштита, треба да се според барањата за електрични и механички карактеристики за приклучни стегалки, земајќи ги во предвид потребниот животен век, електричните и механичките напрегања, атмосферските влијанија, ултравиолетово зрачење и др. Особено внимание треба да се посвети на обл...
Високонапонска опрема 

Related to Високонапонска опрема

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Завршни одредби (1) Во случај кога осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека друштвото за осигурување не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка до:

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.

  • Правниекономскифинансиски И Технички Информации IV.1)Гаранции и авансно плаќање IV.1.1)Изјава за независна понуда:Да IV.1.2)Гаранција на понудата:Не IV.1.3)Изјава за сериозност:Да IV.1.4)Гаранција за квалитетно извршување на договорот:Да [5,00%] IV.1.5)Авансно плаќање:Не IV.1.6)Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда):Не IV.2)Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1)За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2)Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3)Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4)Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5)Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6)Стандарди за управување со животна средина:

  • Исправка на аритметички грешки 5.3.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин: - ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови, - ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на услуга за одржување на опрема - принтери, скенери и телефонски централи. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тендерската документација и истата е составен дел на тендерската документација.

  • Лична состојба 2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор: - на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација; - кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; - на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; - на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; - кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и - кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.

  • ПОСТАПКА III.1)Вид на постапка: Отворена постапка III.2)Меѓународна објава: Не III.3)Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена III.4)Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка била реализирана со користење на електронски средства? Не III.5)Дали била користена електронска аукција? Да

  • Доделување на договорот за јавна набавка 6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје.