ЗА НАБАВКА НА ПРОЕКТ ЗА ДОМАШНА ПОТРЕБА (ТС 400/110 KV ДУБРОВО, ТС 110/6 KV БУЧИМ, ТС 110/X KV СКОПЈЕ 3)
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА
ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА
/преку ЕСЈН – без е-аукција/
ЗА НАБАВКА НА ПРОЕКТ ЗА ДОМАШНА ПОТРЕБА (ТС 400/110 KV ДУБРОВО, ТС 110/6 KV БУЧИМ, ТС 110/X KV СКОПЈЕ 3)
Скопје, Декември 2020 година
1
Врз основа на член 49 и 81 од Законот за јавните набавки (Службен весник на РМ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
за Поедноставена отворена постапка за набавка на
Проект за домашна потреба (ТС 400/110 kV Дуброво, ТС 110/6 kV Бучим, ТС 110/X kV Скопје 3)
Тендерската документација содржи:
1. Општи информации
2. Појаснување, изменување и дополнување на тендерската документација
3. Подготовка на понудата
4. Поднесување и отворање на понудите
5. Евалуација на понудите
6. Склучување на договорот за јавна набавка или на рамковната спогодба
7. Право на жалба и завршување на постапката за јавна набавка
8. Технички спецификации Прилог 1 – Образец на понуда
Прилог 2 – Детален приказ на единечните цени по позиции и вкупната цена во Excel формат Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата
Прилог 4 – Изјава за докажување на способноста Прилог 5 – Модел на договор за јавна набавка
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски оператори и договорниот орган чиј предмет е снабдување стоки и обезбедување услуги;
„Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки и услуги;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки и услуги;
„Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки, обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
„Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно известување или периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на договорот, обрасците што ги пополнуваат кандидатите или понудувачите, информациите за општоприменливите прописи и сета дополнителна документација;
„Технички спецификации“ се:
- во случај на јавна набавка на стоки или услуги, спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста;
„Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка;
„Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
„Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
„Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги предвидел во тендерската документација, но на поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договориот орган е Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, со седиште на адреса: ул. Максим Горки бр. 4, 1000 Скопје, телефон xx 000 (0) 0000 000, електронска адреса: xxxxxx@xxxxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е:
- за техничкиот дел:
Xxxx Xxxxxxxxxxxx, тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxx@xxxxx.xxx.xx,
Xxxxxxxx Xxxxxxxxx, тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxxxxx.xxxxxxxxx@xxxxx.xxx.xx
Грозданка Xxxxxxxxxx , тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxxxxxxx@xxxxx.xxx.xx,
- за комерцијалниот дел:
Xxxxx Xxxxxxxxxx, тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxx.xxxxxxxxxx@xxxxx.xxx.xx
1.3 Предмет на постапката за јавна набавка
1.3.1 Предмет на постапката за јавната набавка е набавка на услуги: Проект за домашна потреба (ТС 400/110 kV Дуброво, ТС 110/6 kV Бучим, ТС 110/X kV Скопје 3).
Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификации.
1.3.2 Предметот на набавка е неделив.
1.4 Применливи прописи
1.4.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019) и важечките подзаконски акти.
1.4.2 При подготовка на својата понуда, економскиот оператор треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови, заштитата при работа, заштита на личните податоци, облигационите односи, заштитата на потрошувачите. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа), Дирекцијата за заштита на личните податоци (за заштита на личните податоци), Министерството за правда (за облигационите односи), Министерството за економија (за заштита на потрошувачите).
1.5 Општи мерки за спречување на корупцијата
1.5.1 Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.6 Вид на постапка за јавна набавка
1.6.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на поедноставена отворена постапка.
1.6.2 Оваа постапка се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
1.7 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.7.1 Електронска аукција – не се користи
1.7.1.1 Договорот за јавна набавка нема да се додели со користење електронска аукција.
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Достапност на тендерската документација
2.1.1 Тендерската документација е достапна на секој заинтересиран економски оператор преку ЕСЈН во формат кој економските оператори може директно да го користат.
2.2 Појаснување на тендерската документација
2.2.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот „Прашања и одговори“ на ЕСЈН, најмалку 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.2.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.3 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.3.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од 4 (четири) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.3.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните 6 (шест) дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
- членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
- членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
- краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе ја издаде гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот.
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договорот за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2 Посета на локација
3.2.1 Во оваа постапка може да се оствари посета на локација, но истата не е задолжителна. Економските оператори може да извршат технички увид во трансформаторската станица ТС Бучим и ТС Скопје 3. Увидот може да биде извршен од страна на понудувачите, независно едни од други и без присуство на одговорно лице од АД МЕПСО, за што ќе биде потребно да се издадат „дозволи за влез“ во временски рок не подоцна од 15 дена од крајниот рок за доставување на понуди. За добивање на
„Дозвола за влез“ во трафостаницата, заинтересираниот понудувач треба да побара одобрение 2
дена пред вршење на техничкиот увид. Барањето за одобрение за влез во трафостаниците треба да биде доставено во писмена или електронска форма до одговорните технички лица за предметната набавка во АД МЕПСО.
3.3 Трошоци за поднесување на понуда
3.3.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.4 Јазик на понудата
3.4.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.5 Алтернативна понуда
3.5.1 Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуди.
3.6 Цена на понудата
3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.
3.7 Корекција на цени
3.7.1 При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
3.8 Рок, начин и место на извршување
3.8.1 Носителот на набавката е должен услугата предмет на договорот да ја извршува на начин и под услови како што е дефинирано во техничките спецификации.
3.8.2 Носителот на набавката е должен проектите за двете трафостаници да ги заврши во рок од 6 (шест) месеци од денот на потпишување на договорот од двете договорни страни.
3.8.3 Услугата ќе се смета за завршена со потпишување на Записник за извршена услуга од овластените лица на двете договорни страни.
3.8.4 Рокот, начинот и местото на извршување се задолжителни. Сите понуди кои предвидуваат поинаков рок, начин и место на извршување ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.9 Начин и рок на плаќање
3.9.1 Договорниот орган плаќањето го врши вирмански или со дознака (важи за странски понудувач), по целосно реализирање на предметот на набавка, во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, придружена со примерок од Записникот за извршена услуга потпишан од овластените лица на двете договорни страни.
3.9.2 Начинот и рокот на плаќање се задолжителни. Сите понуди кои предвидуваат поинаков начин и рок на плаќање од предвидениот ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.10 Период на важност на понудата
3.10.1 Понудата треба да е со важност од 90 дена. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.10.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.11 Средства за обезбедување 3.11.1 Гаранција на понудата
3.11.1.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.11.1.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
- нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
- ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
- ќе ја потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда,
- ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот.
3.11.2 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
3.11.2.1 Договорниот орган ќе бара од понудувачот чија понуда е избрана за најповолна да обезбеди гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во вид на банкарска гаранција во вредност од 5% од вредноста на договорот за јавна набавка.
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.
[доколку цената на понудата се искажува во евра курсната листа што ќе се користи за евалуације е онаа на Народната банка на Република Македонија, а курсот за размена е оној што важел 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите].
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка.
[доколку предметот на набавка е поделен во делови, цената на понудата се изразува посебно за оној дел за кој се поднесува понудата].
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Оваа документација се доставува во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.10.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 08.02.2021 година до 12.00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
− Образец на понуда (Прилог 1),
− Детален приказ на единечните цени по позиции и вкупната цена во Excel формат (Прилог 2),
− Изјава за сериозност на понудата (Прилог 3),
− Изјава за докажување способност (Прилог 4) или документи за докажување на способност (Документи за докажување на способност од точка 5.2, Документи за докажување на способност од точка 5.3),
− Модел на договор за јавна набавка (Прилог 5).
4.3.2 Понудата задолжително треба да биде комплетна и со сите елементи од точка 4.3.1.
4.3.2.1 Сите понуди кои не се комплетни и на кои им недостасуваат елементи / документи од точка 4.3.1, ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
- ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
- доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
- доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
- доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 08.02.2021 година до 12.00 часот во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација: АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр. 4, Скопје, III кат.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Утврдување способност
5.1.1 Во постапката за јавна набавка ќе може да учествуваат економски оператори за кои, договорниот орган преку придружната документација утврдува:
- дека не постојат причини за исклучување од постапката,
- дека се исполнети условите за квалитативен избор, и тоа:
а) способност за вршење професионална дејност, б) техничка и професионална способност.
5.1.2 Економскиот оператор во прилог на понудата доставува изјава за докажување на способноста или документи за утврдување способност.
5.1.3 Доколку економскиот оператор во прилог на понудата доставува изјава за докажување на способноста, истата треба да биде изработена на образецот даден во Прилог 4 од тендерската документација и да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него.
5.1.4 Пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен да ги достави документите за утврдување способност, доколку не ги доставил со понудата.
5.1.5 Договорниот орган ги прифаќа документите за утврдување на способност од точка 5.1.4 на овој член кои се издадени и по крајниот рок за поднесување на понудите.
5.1.6 Придружната документација се поднесува во скенирана електронска форма.
5.2 Причини за исклучување од постапката
5.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за јавна набавка економскиот оператор:
1) доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик.
2) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
3) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
4) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
5) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
6) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
7) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
5.2.2 Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци.
5.2.3 Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка во случаите доколку:
а) економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со договорниот орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, барање оштета или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган; б) економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за јавна набавка.
5.2.4 За докажување дека не постојат услови за исклучување од постапката, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за докажување на способноста и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста.
5.2.5 Изјавата од алинеја 1 од потточка 5.2.4 ја изготвува самиот економски оператор во електронска форма и ја потпишува со квалификуван сертификат за електронски потпис и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
5.2.6 Потврдите од потточка 5.2.4 ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава овие документи или ако тие не ги опфаќаат сите горенаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
5.2.7 Документите од потточка 5.2.4 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за поднесување на понудите наназад.
5.3 Услови за квалитативен избор
5.3.1 Способност за вршење на професионална дејност
5.3.1.1 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.1.2 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој ги исполнува посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон, а се однесуваат на предметот на набавка.
5.3.1.3 За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
– Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
– Лиценца А за проектирање на градби од прва категорија за правното лице, согласно член16 став 1 од важечкиот Закон за градење.
5.3.2 Економска и финансиска состојба – не се бара
5.3.3 Техничка и професионална способност
5.3.3.1 Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови:
- Да има реализирано најмалку 3 (три) договори за изработка на проекти или ревизии на проекти за изградба или реконструкција на 110 kV полиња или со повисоко напонско ниво, во последните 5 (пет) години.
5.3.3.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 5.3.3.1 со доставување на:
- Листа на извршени услуги во последните 5 (пет) години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување потврда за извршени услуги.
5.3.3.3 Доказите од точка 5.3.3.2, за потточка 5.3.3.1 освен потврдата за извршени услуги ги изготвува и електронски ги потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган.
5.3.4 Користење способност од други субјекти
5.3.4.1 Во постапката за јавна набавка, економскиот оператор може заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на техничката или професионалната способност да ја користи способноста на други субјекти.
5.3.4.2 Економскиот оператор може во постапката за јавна набавка да ја користи способноста на друг субјект за докажување на исполнетоста на условите за квалитативен избор во врска со образовните и стручните квалификации или релевантно стручно искуство само доколку другиот субјект ќе ги изведува работите или ќе ги обезбедува услугите за кои се бара таквата способност.
5.3.4.3 Ако економскиот оператор користи способност на друг субјект, тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните ресурси.
5.3.4.4 Со цел договорниот орган да може да провери дали субјектот чија способност ја користи економскиот оператор ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и дали постојат причини за негово исклучување, економскиот оператор треба да ја достави документацијата наведена во точките 5.2.4, 5.3.1.3 и 5.3.3.2 од оваа тендерска документација.
5.3.4.6 Ако во постапката учествува групата економски оператори, истата може да ја користи способноста на членовите во групата или на други субјекти на начин утврден во точките 5.3.4.2 и
5.3.4.3 од оваа потточка.
5.4 Стандарди за системи за квалитет – не се бара
5.5 Стандарди за управување со животната средина – не се бара
5.6 Критериум за избор на најповолна понуда
5.6.1. Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на: најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот.
5.6.2. За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој поделемент од најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот.
Овој пристап треба да се објасни на следниов начин: Како елементи на најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот се земаат следниве:
• Цена - 80 бодови
• Квалитет - 20 бодови
За елементот цена се утврдени вкупно 80 бодови. При тоа, цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови ќе добие понудата која има најниска понудена цена. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:
Број на бодови = најниска цена (без ДДВ) x максимален број бодови Цена (безДДВ)
Понудата која содржи најниска цена, ќе добие максимален број на бодови за елементот на критериумот цена, останатите понуди ќе добијат пропорционално помалку бодови, пресметени согласно формулата.
За елементот квалитет се утврдени 20 бодови и истиот ќе се пресметува на следниот начин.
Број на бодови = доставени потврди за квалитет x максимален број бодови
Најмногу доставени потврди за квалитет
Понудувачот кој што ќе достави најмногу потврди за извршени услуги ќе добие најмногу бодови, а останатите пропорционално помалку бодови, пресметани согласно формулата.
5.7 Евалуацијата на понудите
5.7.1. Кај поедноставената отворена постапка, комисијата, најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, на ЕСЈН ја проверува листата на издадени негативни референци.
5.7.2. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.7.3 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.7.4. Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.7.5. Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик.
5.7.6 Договорниот орган ќе побара од економскиот оператор, во рок не пократок од 5 (пет) дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на услугите што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
5.7.7 Договорниот орган, ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50% пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20% пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
5.7.8 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.7.9 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.8 Заштита на податоци
5.8.1. Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како деловна тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.8.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.8.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
5.9 Исправка на аритметички грешки
5.9.1 Доколку комисијата утврди дека постојат аритметички грешки исправка се врши на следниот начин:
1) кадешто има неусогласености на износот изразен во зборови и броеви, преовладува износот изразен во зборови, освен ако износот е поврзан со аритметичка грешка;
2) доколку има неусогласености помеѓу единичната цена и вкупната цена, а вкупната цена е резултат на множење на единичната цена и количината, во тој случај преовладува единичната цена, а вкупната цена ќе се коригира, освен ако не постои очигледно поместување на децималната запирка во единичната цена, при што во таков случај важи наведената вкупна цена, а единичната цена ќе се коригира;
3) доколку има грешка во вкупниот износ што соодветствува на додавањето или одземањето на меѓувредностите, преовладува меѓувредноста, а вкупниот износ ќе се коригира и
4) во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на Електронскиот систем за јавни набавки и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда и ќе се измени цената внесена во Електронскиот систем за јавни набавки.
5.10 Поништување на постапката
5.10.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.10.2. Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе ја донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Доколку две или повеќе понуди имаат ист број на бодови, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата на XXXX.
6.1.4 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на договорот или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од 3 (три) дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.3.3 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување, откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.3.4 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка и да му го врати на договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање.
6.3.5 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка
6.3.4 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и ќе објави негативна референца.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи.
6.5 Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност
6.5.1 Во текот на реализацијата на договорот може да дојде до негово менување согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2 Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3 Кај поедноставената отворена постапка, жалба се изјавува во рок од 5 (пет) дена, од денот на:
1. објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
2. објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
3. отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
4. прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
7.1.4 Жалителот кој пропуштил да изјави жалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1 Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
Изработил: Xxxxx Xxxxxxxxxx
Проверил: Xxxxx Xxxxxxxxxxx
8. Технички спецификации
1. Предмет на набавката
Изработка на Основен проект за изградба за ново 110 kV поле за домашна потреба во ТС Скопје 3 и Основен проект за изградба за ново 110 kV поле за домашна потреба во ТС Бучим.
2. Обем на набавката
Изработка на Основен проект со спецификации и предмер пресметка, во согласност со Законот за градење на Р. С. Македонија
3. Технички карактериситики и основни податоци за проектирање
3.1. Вовед
110/20 kV ТС Скопје 3 се наоѓа на периферијата на Скопје, во населба Нерези, на падините на Водно. Постојната 110 kV постројка има две главни собирници со ACSR спроводник оформени на бетонски портали.
Во минатото трафостаницата обезбедувала домашни потреби со еден трансформатор 20/0.4 kV, 100 kVA. Поради тоа што подолго време 20 kV постројката е вон функција, трафостаницата се напојува од локалната нисконапонска мрежа. Бидејќи локалната нисконапонска мрежа е со ниска доверливост, чести се долготрајни прекини со напојување на трафостаницата со домашни потреби. Поради то треба да се изработи проект за ново 110 kV поле за напојување на домашни потреби преку напонски трансформатори со голема моќност. Старото напојување предвидено е да се задржи како резервно и да се вклучува повремено, кога новото поле треба да се исклучи поради одржување. Со оглед на фактот дека двете напојувања не смее во никој случај да се вклучат истовремено, изборот на напојување треба да се врши преку изборна преклопка 1-0-2.
Новото поле треба да се вклопи во постоечката 110 kV разводна постројка. Новото поле е планирано да се изгради на резервно поле бр. . Резервното поле е под главните собирници. Полето треба да се проектира за комплетно вклопување во проектираните принципи и функции кои се применети во трафостаницата, така да се добие една заедничка хомогена целина.
110/20 kV ТС Бучим се наоѓа во близина на Радовиш, во кругот на рудникот за бакар Бучим. Постојната 110 kV постројка има две главни собирници со ACSR спроводник оформени на бетонски портали.
Во моментот трафостаницата обезбедува домашни потреби со еден трансформатор 6/0.4 kV, 100 kVA. Бидејќи 6 kV постројка е сопственост на рудникот Бучим, потребно е да направи раздвојување на потрошувачите при што домашните потреби на МЕПСО да се напојуваат од ново 110 kV поле за напојување на домашни потреби преку напонски трансформатори со голема моќност. Старото напојување предвидено е да се задржи како резервно и да се вклучува повремено, кога новото поле треба да се исклучи поради одржување. Со оглед на фактот дека двете напојувања не смее во никој случај да се вклучат истовремено, изборот на напојување треба да се врши преку изборна преклопка 1-0-2.
Новото поле треба да се вклопи во постоечката 110 kV разводна постројка. Новото поле е планирано да се изгради на резервно поле бр. . Резервното поле е под главните собирници. Полето треба да се проектира за комплетно вклопување во проектираните принципи и функции кои се применети во трафостаницата, така да се добие една заедничка хомогена целина.
3.2. Електричен дел
Амбиенталните услови, меродавни за проектирање на новите 110 kV полиња во ТС Скопје 3 и ТС Бучим се следните:
- Максимална амбиентна температура +40 ºC
- Минимална амбиентна температура -30 ºC
- Релативна влажност на воздух ≥ 90%
- Надморска висина до 1000 m
- Брзина на ветер (максимална) 35 m/s (~ 126 km/h)
- Сеизмичка активност IX степени EMSC-98
- Степен на загаденост Средна (3тониво) ≥ 25 mm/kV
- Загадувач прашина
- Фактор на сигурност за статички сили на опремата 2.5
- Фактор на сигурност за динамички сили на опремата 1.25
3.2.1. Струи на куси врски
Карактеристиките на високо-напонската опрема треба да бидат избрани и проверени според податоците за очекуваните струи на куси врски во ТС Скопје 3 и ТС Бучим за 2020 година:
Струи на куси врски за ТС Скопје 3 за 2040 година | |||||
Субтранзиентни струи на куса врска | Транзиентни струи на куса врска | Трајни струи на куса врска | |||
Еднополна куса врска | Xxxxxxxx куса врска | Еднополна куса врска | Триполна куса врска | Еднополна куса врска | Триполна куса врска |
110 kV собирници | |||||
13604 А | 13701 А | 13247 А | 13578 А | 11040 А | 12710 А |
Струи на куси врски за ТС Бучим за 2040 година | |||||
Субтранзиентни струи на куса врска | Транзиентни струи на куса врска | Трајни струи на куса врска | |||
Еднополна куса врска | Xxxxxxxx куса врска | Еднополна куса врска | Триполна куса врска | Еднополна куса врска | Триполна куса врска |
110 kV собирници | |||||
10086 А | 9279 А | 9851 А | 9211 А | 9159 А | 8999 А |
3.2.2. Координација на изолација 110 kV Систем
- Номинален напон на системот: 110 kV
- Највисок напон на системот: 123 kV
- Фреквенција: 50 Hz
- Неутрална точка: директно заземјена
- Максимално дозволено времетраење на грешка: ≤ 500 msec
- Шема на работа на прекинувачите: 1 полно и 3 полно
Стандардни нивоа на изолација на опремата:
- Ударен испитен напон: 550 kV
- Доведен напон со индустриска фреквенција: 230 kV Координација на изолација: МКС EN 60071-1 и 60071-2
Сопствени потреби, AC напон
- Номинален напон на системот 400/230 V
- Максимално дозволени промени: + 10% -15%
- Конфигурацијја на системот: 3 фазен, 4 проводници
- Испитен напон: 2.5 kV (1 min.)
- Неутрална точка: директно заземјена
- Систем на заземување TN-C
Сопствени потреби, DC напон
DC напон за управување, заштита и сигнализација
- Номинален напон на системот: 220V ± 10%
- Капацитет деклариран на време од: 10 h
- Испитен напон: 2 kV (1 min.)
- Минимален отпор на изолација: 200 kΩ.
3.2.3. 110 kV построение
110 kV поле да биде од отворен тип, воздушно изолирано. Полето треба да ја има следната високонапонска и нисконапонска опрема:
• 2 (два) собирнички раставувачи за главни собирници
• 3 (три) (енергетски) сервисни, напонски мерни трансформатори со голема моќност, за сопствени потреби
• Потпорни изолатори (доколку има потреба)
• Приклучен ормар за напонски трансформатори со голeма моќност.
3.2.4. 0.4 kV построение за сопствени потреби
За новите полиња за сопствени потреби на ТС Скопје 3 и ТС Бучим, на постоечките табли за напојување со AC напон, треба да се предвиди следното:
• Приклучување на постоечката AC разводна табла 400/230 V, 50 Hz со еден доводен кабелски приклучок, од ормарот на 110 kV енергетски напонски мерни трансформатори.
• Мултифункционален уред за пгонски мерења (напони, струи, моќности)
• Изборна гребенеста преклопка.
• Струјни мерни трансформатори за полуиндиректно мерење на електрична енергија (за броило) и за погонски мерења.
• Автомат за напојување на потрошувачите во новите 110 kV полиња (грејачи, осветление и сл.)
3.2.5. Напојување со DC напон
За напојување на круговите за управување, заштита и сигнализација предвидено е да се користи постоечкиот развод DC: напон. За новото поле треба да се предвидат автомат и осигурувачи за DC напон. При проектирање да се следи постоечката логика во објектите.
3.2.6. ВИСОКОНАПОНСКА ОПРЕМА
3.2.6.1. Општо
Опремата треба да е проектирана и произведена во согласност со најновите МКС EN стандарди.
• Високонапонските апарати треба да гарантираат сигурност во работата при сите климатски и временски услови кои можат да се јават на местото на вградување.
• Високонапонските апарати треба да се проектирани така шти ќе го намалат ризикот од случајни куси врски поради животни, птици и инсекти.
• Секундарните приклучоци на високонапонските апарати треба да се механички заштитени.
• Секој апарат да е опремен со соодветен грејач со температурна контрола..
• Опремата да е предвидена за заземјување.
• Сите апарати, врски и кабли треба да се огноотпорни.
3.2.6.2. Раставувачи:
Раставувачите треба да се за надворешна монтажа со централно отворање (centre break). Раставувачите треба се проектирани за номиналните струи.. Раставувачите треба да ги задоволуваат барањата наведени во МКС EN 62271-1, МКС EN 62271-102 и други релевантни МКС EN стандарди. Раставувачите треба да се со моторен и рачен погон.
3.2.6.3. Напонски мерни трансформатори со голема моќност
Напонските трансформатори треба да се индуктивен тип еднофазни, за надворешна монтажа. Треба да се херметички затворени, со доверлив експанзионен систем. Внатрешната изолација да е масло-хартиена. Напонските трансформатори треба да се проектирани и произведени според МКС EN 61869.
3.2.6.4. Ормар за напонски мерни трансформатори со голема моќност
Ормарот за напонски трансформатори со голама моќност треба да е монтиран на носачот на средниот пол со целокуната потребна опрема (MCCB, типкала за управување со раставувачите и MCCB, мерни инструменти (амперметар, волметар), метални кабелски уводници, приклучни стегалки и др).
3.2.6.5. Нисконапонски прекинувач (MCCB)
За заштита на кабелот од ормарот на напоснките трансформатори до таблата за AC развод во командна зграда треба да се предвиди нисконапонски прекинувач со вградена заштита од претовар и заштита од куса врска.
3.2.6.6. Струјни мерни рансформатори
Да се предвидат нисконапонски струјни трансформатори за секоја фаза. Струјните трансформатори да бидат со номинална струја 5 А, со фактор на сигурност FS 5. Класата на точност за мерење енергија да биде 0,2, а за погонските мерења 0,5. Моќностите на јадрата да се одредат според МКС EN 61869-2 ( ).
3.2.6.7. Приклучни стегалки
Приклучните стегалки треба да се предвидени за вградување во 110 kV построение. Сите влијанија кои се јавуваат во надворешните трафостаници треба да се земени во предвид при проектирањето и производството на приклучните стегалки.
Обликот и изборот на материјалот и типот на заштита, треба да се според барањата за електрични и механички карактеристики за приклучни стегалки, земајќи ги во предвид потребниот животен век, електричните и механичките напрегања, атмосферските влијанија, ултравиолетово зрачење и др.
Особено внимание треба да се посвети на обликот на приклучните стегалки како би се обезбедило минимално загревање при номинални струи. Приклучните стегалки треба да се проектирани и произведени на начин што ќе овозможи нивна контрола со термографско испитување.
Завртките, навртките и подлошките треба да се челични (топло поцинкувани), со квалитет 8.8 или од не`рѓосувачки челик со квалитет 80 според DIN EN 20898.
3.2.6.8. Носачи на опрема
Носачите на опремата треба да се со димензии кои ќе ги задоволат минималните безбедносни барања за растојание помеѓу фазите како и помеѓу фаза и земја. Носачите да бидат железни, заштитени од корозија со топло поцинкување.
3.2.7. УПРАВУВАЊЕ
3.2.7.1. Општи барања
Во ТС Скопје 2 и ТС Бучим управувањето со опремата е класично, т.е. со командо- потврдни склопки од командната табла во главната зграда на објекот. Со проектот треба да се предвиди соодветно управувањето со новите полиња кое треба да биде на ист начин како и со останатите полиња во ТС, т.е. со командно-потврдни склопки.
3.2.7.2. Управување
Управувањето со опремата во полето треба да овозможи управување со целокупната високонапонска опрема во него. Управувањето е поделено во следните нивои:
• Локално од самата примарна опрема,
• Локално од ормарот за напоснки трансформатори
• Xxxxxxxxxx, од командната просторија во трафостаницата
Системот за управувањето треба да овозможува:
• Управување и надзор на полето,
• Блокади и деблокади помеѓу опремата,
• Мерење
• Дојава на аларми
3.2.7.3. Сигнализација и аларми
Со проектот да се предвиди светлосна сигнализација и алармирање на персоналот за:
• Грешки во опремата (испади на автомати и сл.);
Секој аларм треба да е проследен со звучен сигнал (да се искористи системот за алармирање во објектите).
3.2.7.4. Погонски мерења
Со проектот да се предвидат следните погонски мерења во реално време (на командна табла):
• Мултифунционален уред за мерење на P, Q, S, U, I, (и cosφ) (мерењето да биде на ниска страна на напонските трансформатори за домашна потреба)
3.2.8. МЕРЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
се предвиди мерење на електрична енергија на новите полиња. Мерењето на енергија да биде на ниска страна. Броилото да се смести во командна зграда. Мерењето да биде полуиндиректно, со употреба на струјни трансформатори за 0.4 kV.
Броилото треба да се поврзе со системот за аквизиција на броила на АД МЕПСО, односно да се обезбеди далечинско отчитување од системот за аквизиција на броила.
Броилото треба да е повеќефункционално, трифазно, 4 тарифно, двонасочно со следните карактеристики:
• In=5A, Un=230 V
• Класа на точност: активна 0.5, реактивна 1(2);
• Да има комуникациска порта RS485;
• Да има комуникациски протокол за далечинско отчитување IEC 1107/VDEW-2;
Броилото треба да е поврзано на засебни јадра за мерење во струјните мерни трансформатори.
• К-ки на СМТ: In = 5A; класа 0,2; FS=5; Sn = според пресметка; (Едно јадро за броило, едно јадро за мултифункционален инструмент на командна табла);
3.2.9. КАБЛИ
3.2.9.1. Енергетски кабли
Сите енергетски кабли треба да бидат NYY.
3.2.9.2. Сигнални кабли
Сите сигнални кабли треба да бидат NYCY.
3.2.9.3. Комуникациски кабли
Комуникацискиот кабел треба да биде LYCY, 4 x 0.75mm2.
3.2.10. ЗАЗЕМЈУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ГРОМ
3.2.10.1. Заземјување
Проектирањето на заземјувањето да се изведе врз основа на струја на грешка (I1F), и дозволениот напон на допир и чекор. Постоечкото заземјувањето е здружено (работно и заштитно заземјување).
Заземјувањето на новото поле треба да се поврзе на постојното заземјување на ТС Скопје 3 и ТС Бучим. Спојните врски на заземјувачот да се изведат со кадвел спојници.
На здружениот заземјувач треба да се поврзани:
• Сите метални делови од електричната опрема кои при нормална работа не се под напон и кај кои при случај на грешка може да се појави напон;
• Примарните намотки на напонските мерни трансформатори;
• Секундарните кругови од струјните и напонските мерни трансформатори;
• И се она што е со проектот предвидено.
3.2.10.2. Заштита од удар на гром
Системот за заштита од гром е изведен и постоечки.
3.3. ГРАДЕЖЕН ДЕЛ
Градежниот проект треба да се изработи врз основа на податоците добиени од електротехничкиот проект (диспозиција на носачи и темели, товари, потребни висини и димензии на опрема). Истиот треба да биде направен согласно важечкиот Закон за градење и Правилникот за содржина на проектите,означување на проектот и начинот на заверка на проектотод страна на одговорните лица. Сите градежни работи кои се однесуваат на изградбата на полето треба да бидат вклучени во проектот со сите неопходни описи, ситуационо решение, пресметки и детални цртежи.
Носачите на опрема се наменети за носење на електро опремата и да бидат димензионирани според товарите добиени од електро проектот. При тоа треба мора да се задоволат напрегањата, стабилноста и механичката отпорност на секој елемент и на целокупната конструкција. Истите треба да се проектираат од челик Ѕ235 JR . Носачи може да се проектираат како решеткасти или со квадратен или кружен напречен пресек. Анкерите и завртките да се класа 8.8. Носачите да се заштитат од корозија со со топлопо цинкување. Минималната дебелина на превлаката да е 160µm.
Фундаментите за носачите на опрема за 110 kV полето треба да се армирано бетонски изработени со МБ30. За одредување на носивоста на тлото и утврдување на тип на тмели и за изработка на проектот неопходно е да се направат геомеханички истражни работи и лабараториски испитувања на тлото во ТС Скопје 3 и ТС Бучим и да се направат Елаборати.
Фундаментите треба да се од армиран бетон, проектирани според носивоста на тлото и да можат да ги издржат сите напрегања од опремата. Коефициент на стабилност против превртување да е најмалку 1.5. Горната ивица на фундементот треба да е 250- 350 mm над нивото на земјата и да е со пад заради одводнување.
Проектната документација треба да е во согласност со националните важечки прописи и стандарди (каде што можат да се применат) и интернационални важечки стандарди (EN, DIN). Не се дозволува примена на различни стандарди за иста конструкција.
3.4. ДОКУМЕНТАЦИЈА
Основниот проект да биде изработен во целост според важечките технички прописи и препораки за ваков вид објекти.
Основниот проект да се изработи во два отпечатени примероци на македонски јазик и во електронска везија на USB/CD во *.pdf и *.dwg формат, потпишани од овластено лице со валиден дигитален сертификат.
4. Обврски на Носителот на набавката:
За извршување на предметната набавка, Носителот на набавката ги има следниве обврски:
• да има/обезбеди доволен број на квалификуван технички персонал, во согласност со обемот на предметот на набавката (одговорни проектанти за електро дел, градежен дел и геотехника со овластување А за проектирање, стручни соработници за електро, градежен дел, геотехнички дел и др.).
• за потребите на проектирање да изврши геомеханички истражни работи на тлото во ТС Скопје 3 и ТС Бучим и лабараториски испитувања.
• да изврши корекции на проектната документација по евентуало дадени забелешки од интерната ревизија од АД МЕПСО.
5. Обврски на Договорниот орган:
• да ја стави на располагање целокупната техничка документација за далекуводите со која располага,
• да определи одговорни технички лица за следење на постапката при извршувањето на услугите од предметот на набавката,
• да учествува во сите фази на проектирање и одобрување на техничка документација,
• да подготви Проектна програма како основ за проектирање,
• да изврши интерна ревизија на Проектот,
• да го усвои и одобри Проектот.
6. Рокови за изршување на услугата
Вкупниот рок за извршување на услугата изнесува шест (6) месеци од потпишување на договорот.
7. Табела со количини
Ред. бр. | ПОЗИЦИЈА | Един. Мера | Количина |
1 | Изработка на Основен проект за изградба на ново 110 kV поле во ТС Скопје 3 | комплет | 1 |
2 | Изработка на Основен проект за изградба на ново 110 kV поле во ТС Бучим | комплет | 1 |
Изработил: Xxxx Xxxxxxxxxxxx
Проверил: Xxxxx Xxxxxxxxx
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот објавен од страна на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, за набавка на услуги: Проект за домашна потреба (ТС 400/110 kV Дуброво, ТС 110/6 kV Бучим, ТС 110/X kV Скопје 3) со спроведување на поедноставена отворена постапка, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
I.5. Матичен број:
Дел II – Техничка понуда
II.1. Согласни сме да ги понудиме предметните услуги, согласно техничката спецификација од тендерската документација.
II.2. Ги прифаќаме рокот, начинот и местото на извршување услугите утврдени во тендерската документација и моделот на договор.
Дел III – Финансиска понуда
III.1.1. Вкупната цена на нашата понуда (вкупната вредност од Excel табелата), вклучувајќи ги сите
трошоци, попусти и увозни царини, без вклучен ДДВ, изнесува денари / евра (со бројки),
(домашниот понудувач цената ја изразува во денари, а странскиот понудувач во евра)
(со букви). (странскиот понудувач цената на понудата ја пишува со букви на англиски јазик)
Вкупниот износ на ДДВ изнесува денари.
Во прилог на овој образец на понуда е:
- Детален приказ на единечните цени по позиции и вкупната цена во Excel формат.
III.2. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација и моделот на спогодба.
III.3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
III.4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме одредбите дадени во моделот на спогодба за јавна набавка.
Место и датум | Одговорно лице* (потпис) |
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Прилог 2 – Детален приказ на единечните цени по позиции и вкупната цена во Excel формат *
*Деталниот приказ на единечните цени по позиции и вкупната цена во Excel формат се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име и презиме на
одговорното лице]* врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
изјавувам дека нема да ги преземам дејствијата од став 6 на член 101 од Законот за јавните набавки во постапката која се спроведува по огласот за доделување на рамковна спогодба за јавна набавка број за набавка на услуги: Проект за домашна потреба (ТС 400/110 kV Дуброво, ТС 110/6 kV Бучим, ТС 110/X kV Скопје 3) објавен од страна на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост Скопје и дека понудата е правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Место и датум | Одговорно лице** (потпис) |
*Xxxxxxxx ја дава одговорното лице на понудувачот [се наведува полното име и презиме на одговорното лице].
**Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 4 – Изјава за докажување на способноста
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека за
[се наведува назив на економскиот оператор] не постојат причини за исклучување од постапката, како и дека во целост ги исполнува бараните услови за утврдување на способноста наведени во тендерската документација за поедноставената отворена постапка за набавка на услуги: Проект за домашна потреба (ТС 400/110 kV Дуброво, ТС 110/6 kV Бучим, ТС 110/X kV Скопје 3) која се спроведува по оглас бр. [се наведува бројот на огласот] објавен од страна на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје.
Истовремено изјавувам дека ги имам на располагање сите потребни документи за докажување на исполнувањето на бараните услови, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум | Одговорно лице (потпис) * |
*Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 5 – МОДЕЛ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА *
Склучен во Скопје во 2020 година, помеѓу:
Договорни страни:
1. Оператор на електропреносниот систем на Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем на Македонија во државна сопственост Скопје, ул. Максим Горки бр.4 Скопје, застапувано од Генералниот директор Xxxxxxxx Xxxxxxxx, како корисник на услуги, во понатамошниот текст Договорен орган, од една страна и
2. , ул бр. , , застапувано од одговорното лице како давател на услуги, во понатамошниот текст Носител на набавката, од друга страна.
Предмет на договорот
Член 1
Предмет на овој договор е јавна набавка на услуги: Проект за домашна потреба (ТС 400/110 kV Дуброво, ТС 110/6 kV Бучим, ТС 110/X kV Скопје 3), се во согласност со тендерската документација, техничките спецификации и понудата на Носителот на набавката по спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2020.
Основ на договорот
Член 2
Основ на овој договор е спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2020.
Понудата на Носителот на набавката, тендерската документација и техничките спецификации по спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2020 се составен дел на овој договор.
Носителот на набавката е врзан за понудата, тендерската документација и техничките спецификации и истите се во важност за целото времетраење на овој договор.
Количини и единечни цени
Член 3
Количините и цените на услугите предмет на овој договор, во денари/евра, се:
Ред Бр. | Опис | Единечна мера | Количина | Единечна цена без ДДВ | Вкупна цена без ДДВ | ДДВ |
1 | Изработка на Основен проект за изградба на ново 110 kV поле во ТС Скопје 3 | комплет | 1 | |||
2 | Изработка на Основен проект за изградба на ново 110 kV поле во ТС Бучим | комплет | 1 | |||
ВКУПНО: |
Единечните цени од став 1 на овој член се фиксни за целото времетраење на овој договор и не подлежат на измени до крајот на неговото исполнување.
Во цената се вклучени сите трошоци.
Вредност на договорот
Член 4
Вкупната вредност на овој договор изнесува:
-Вкупно без ДДВ ,00 денари
-ДДВ ,00 денари Вкупно со ДДВ ,00 денари
Со зборови: денари со вклучен ДДВ.
Вкупната вредност е фиксна за цело времетраење на овој договор и истата не подлежи на измени до крајот на неговата реализација.
Времетраење на договорот
Член 5
Овој договор се склучува за определен временски период, сметано од денот на неговото потпишување од двете страни, па се до исполнувањето на предметот на договорот, но не подолго од 9 (девет) месеци дена од денот на неговото склучување.
Права и обврски на договорните страни
Член 6
Правата и обврските на договорните страни кои произлегуваат од овој договор стапуваат во сила од денот на потпишувањето на договорот од двете договорни страни.
Двете страни се должни да ги извршуваат своите обврски и се одговорни за нивно исполнување.
Двете страни се должни да се воздржуваат од постапките со кои можат на другата страна да и предизвикаат штета.
Член 7
Носителот на набавката се обврзува услугите предмет на овој договор да ги извршува навремено и квалитетно.
Носителот на набавката е должен при извршувањето на обврската да постапува со внимание на добар стопанственик и со внимание на добар стручњак.
За извршување на предметната набавка, Носителот на набавката ги има следниве обврски:
- да има/обезбеди доволен број на квалификуван технички персонал, во согласност со обемот на предметот на набавката (одговорни проектанти за електро дел, градежен дел и геотехника со овластување А за проектирање, стручни соработници за електро, градежен дел, геотехнички дел и др.),
- за потребите на проектирање да изврши геомеханички истражни работи на тлото во ТС Скопје 3 и ТС Бучим и лабараториски испитувања,
- да изврши корекции на проектната документација по евентуало дадени забелешки од интерната ревизија од АД МЕПСО.
Член 8 Договорниот орган ги има следниве обврски:
- да ја стави на располагање целокупната техничка документација за далекуводите со која располага,
- да определи одговорни технички лица за следење на постапката при извршувањето на услугите од предметот на набавката,
- да учествува во сите фази на проектирање и одобрување на техничка документација,
- да подготви Проектна програма како основ за проектирање,
- да изврши интерна ревизија на Проектот,
- да го усвои и одобри Проектот.
Рок, начин и место на извршување
Член 9
Носителот на набавката е должен услугата предмет на договорот да ја извршува на начин и под услови како што е дефинирано во техничките спецификации.
Носителот на набавката е должен проектите за двете трафостаници да ги заврши во рок од 6 (шест) месеци од денот на потпишување на договорот од двете договорни страни.
Услугата ќе се смета за завршена со потпишување на Записник за извршена услуга од овластените лица на двете договорни страни.
Договорниот орган ги задолжува и овластува лицата и да ја следат реализацијата на овој договор.
Начин и рок на плаќање
Член 10
Договорниот орган плаќањето го врши вирмански или со дознака (важи за странски понудувач), по целосно реализирање на предметот на набавка, во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, придружена со примерок од Записникот за извршена услуга потпишан од овластените лица на двете договорни страни.
Носителот на набавката, фактурата, со прилог Записникот за извршена услуга потпишан од овластените лица на двете договорни страни, ги доставува на Договорниот орган на следната адреса: АД МЕПСО – Скопје, ул. Максим Горки бр.4, 1000 Скопје, Сектор за финансиски работи, Оддел за комерцијални работи, со назначување на бројот и датумот на договорот за јавна набавка, како и количини и единечни и вкупни цени, со посебно искажан ДДВ.
Договорниот орган го задржува правото да ја врати фактурата доколку не е комплетна и да поднесе рекламација на пресметката на фактурата во рок од 8 дена, сметано од денот на приемот на фактурата.
Гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот
Член 11
Носителот на набавката е должен веднаш, а најдоцна во рок од 7 дена од денот на потпишувањето на договорот, да му достави на Договорниот орган банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во висина од 5% од вкупната вредност на договорот без ДДВ.
Гаранцијата се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Сите трошоци и провизии при обезбедувањето и проследувањето на банкарската гаранција се на терет на налогодавачот. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
Гаранцијата треба да биде неотповиклива, безусловна и платива на прв писмен повик.
Гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот треба да е со важност до целосно реализирање на договорот.
Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот треба да биде во валутата на која гласи договорот.
Гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта, преку една од банките на корисникот или лично на лицето за контакт за комерцијалниот дел од точка 1.2.2 од тендерската документација.
Во случај кога е продолжен рокот за реализација на договорот или е зголемена неговата вредност, Носотелот на набавката соодветно треба да ја продолжи важноста и вредноста на гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот.
Гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што Договорниот орган писмено ќе го извести Носителот на набавката.
Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на договорот.
Гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката лично во седиштето на Договорниот орган или по пошта на негово писмено барање.
Доверливост на податоци
Член 12
Договорниот орган се обврзува да ги заштити информациите кои Носителот на набавката ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон Договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично).
Носителот на набавката се обврзува:
- добиените податоци да не ги дистрибуира, објавува и става на располагање на трети лица и страни. Добиените податоци да ги третира како доверливи и тајни во согласност со барањата на сопственикот на податоците.
- да не ги злоупотребува деловните тајни и информациите кои што се добиени за изработка на предметот на договорот заради стекнување на деловна и материјална корист, како и заради превземање на дискриминаторски дејствија во корист на трети лица и страни.
Виша сила
Член 13
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на овој договор до кое би дошло заради виша сила.
Ако една од договорните страни е спречена во исполнувањето на своите обврски заради виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на вишата сила договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
Подизведување и подизведувачи
Член 14
Носителот на набавката може за време на извршувањето на договорот за јавна набавка, од Договорниот орган да побара:
- промена на подизведувачите за оној дел од договорот кој претходно го отстапи на подизведувачи,
- воведување еден или повеќе нови подизведувачи чиј вкупен удел не смее да надмине 30% од вредноста на договорот, без вклучен ДДВ, без оглед дали претходно отстапил дел од договорот на подизведувачи или не,
- преземање на извршувањето на дел од договорот за јавна набавка кој претходно го дал на подизведувач.
Во случај на вклучување нови подизведувачи, Носителот на набавката, заедно со барањето, ги обезбедува податоците и документите од точка 4.4 од тендерската документација.
Договорниот орган нема да го одобри барањето на Носителот на набавка:
- доколку Xxxxxxxxx на набавката во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот кој го менува, а новиот подизведувач не ги исполнува истите услови или постојат причини за исклучување,
- ако Xxxxxxxxx на набавка во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот за да ја докаже својата способност, а самиот Xxxxxxx на набавката не ги исполнува тие услови или ако тој дел од договорот е веќе извршен.
Договорниот орган може да го одбие предлогот за замена на подизведувач, односно вклучување нов подизведувач, доколку тоа може да влијае на непреченото изведување или завршување на работите.
За одбивањето на подизведувачот, Договорниот орган го известува Носителот на набавката во рок од десет дена од денот на приемот на барањето.
Директното плаќање на подизведувачот е задолжително за Договорниот орган и за Носителот на набавката доколку подизведувачот побарал директно плаќање согласно со условите од Законот за јавните набавки, при што:
- подизведувачот приложува согласност врз основа на која обврските на Носителот на набавката ќе ги покрие Договорниот орган,
- Носителот на набавката, во прилог на неговата фактура ги приложува фактурите на подизведувачот кои претходно ги одобрил.
Договорниот орган ќе бара од Носителот на набавката да му достави писмена изјава од подизведувачот, дека подизведувачот е исплатен за набавените стоки, во рок од 60 дена од денот на исплаќање на фактурата од страна на Договорниот орган на Носителот на набавката.
Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
Раскинување и санкции за прекршување на договорот
Член 15
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот без отказен рок.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски бара продолжување на исполнување на обврската или раскинување на договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање, по писмен пат.
Кога Носителот на набавката ќе задоцни со реализацијата на овој договор во определениот рок, Договорниот орган преку овој договор и без дополнително писмено известување, му определува дополнителен примерен рок од 45 дена, за исполнување на обврската, за што се определува договорна казна во висина од 0,111% од вкупната вредност на овој договор за секој ден задоцнување, но не повеќе од 5% од вкупната вредност на овој договор, без ДДВ. Евентуалната договорна казна ќе се наплати со намалување на износот за плаќање по фактурата на Носителот на набавката.
Кога Носителот на набавката нема да ја исполни својата обврска за реализација на овој договор и во дополнително определениот рок согласно ставот 3 од овој член, или нема да исполни било која друга обврска по овој договор, или Договорниот орган го раскине договорот по вина на Носителот на набавката, Договорниот орган ја наплаќа гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот.
Договорниот орган го задржува правото да бара и надомест на штета што би ја претрпел поради тоа, согласно Законот за облигационите односи.
Закон во сила и спорови
Член 16
За се што не е регулирано со овој договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и другите позитивни законски прописи во РС Македонија.
Член 17
Двете страни се согласни сите евентуалните спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој договор, да ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Доколку тоа не е можно, спорот ќе го решава стварно и месно надлежниот суд во Скопје.
Завршни одредби
Член 18
Составен дел на овој договор се следнитe прилози, и тоа:
- тендерската документација,
- техничките спецификации x
- понудата на Носителот на набавката.
За сите права, обврски и одговорности кои произлегуваат за договорните страни, а кои не се наведени во договорот, соодветно ќе се применуваат одредбите содржани во прилозите (наведени во став 1 на овој член) кои се составен и интегрален дел на овој договор.
Член 19
Измени и дополнувања на договорот може да се вршат со заедничка согласност на двете договорни страни по писмен пат.
Договорот може да се менува со Xxxxx само во согласност со одредбите на Законот за облигационите односи, Законот за јавните набавки и тендерската документација.
Член 20
Ниту една страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна, без взаемна писмена согласност.
Член 21
Овој договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци, од кои 4 (четири) за Договорниот орган и 2 (два) за Носителот на набавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН НОСИТЕЛ НА НАБАВКАТА АД МЕПСО
Генерален директор
--------------------------------
Xxxxxxxx Xxxxxxxx
----------------------------
* Моделот на договор за јавна набавка задолжително треба да се достави потпишан електронски заедно со понудата