ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Примери за клаузули

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ. Составен дел на овој договор се следните прилози, и тоа: - тендерската документација, - техничките спецификации, и - понудата на Носителот на набавката. За сите права, обврски и одговорности кои произлегуваат за договорните страни, а кои не се наведени во договорот, соодветно ќе се применуваат одредбите содржани во прилозите (наведени во став 1 на овој член) кои се составен и интегрален дел на овој договор.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ. За решавање на споровите меѓу потписниците на овој Колективен договор што не можат да се решат со меѓусебно договарање, се формира комисија за усогласување. Секој од учесниците именува по два члена во комисијата за усогласување.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ. Постапките од областа на работните односи кои се започнати пред денот на влегување во сила на овој колективен договор, ќе се завршат согласно прописите кои важале до денот на влегување во сила на овој колективен договор.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ. Член 74 Овој Колективен договор се склучува за време од две години. Важењето на овој Колективен договор се продолжува за исто време доколку страните во него склучат Спогодба за продолжување најдоцна 30 дена пред истекот на неговото важење. Ако важењето на Колективниот договор не се продолжи во рокот од став 1 на овој член, неговите одредби се применуваат до склучувањето на нов колективен договор. Член 75 Учесниците во овој Колективен договор можат да вршат измени и дополнувања на начин и постапка определени со Законот за работни односи и Општиот колективен договор за стопанството на Република Македонија. Член 76 Постојните акти на работодавачите остануваат во примена доколку не се во спротивност со овој Колективен договор, односно треба да се усогласат со неговите одредби во рок од 6 месеци од денот на неговото објавување во "Службен весник на РМ". Член 77 Со денот на влегувањето во сила на овој Колективен договор, престанува да важи Колективниот договор на претпријатијата за професионално оспособување и вработување на инвалиди во Република Македонија ("Службен весник на РМ" бр.44/1994). Член 78 Овој Колективен договор стапува во сила со денот на склучувањето, а ќе се применува од денот на неговото објавување во "Службен весник на РМ".
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ. Овој Договор се смета за склучен и стапува во сила на денот на неговото потпишување од двете договорни страни, односно на денот кога е потпишан од договорната страна која последна го потпишала, во случај договорот да не е потпишан во ист ден од двете договорни страни и важи до неговата целосна реализација.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ. Деловна тајна / банкарска тајна и пренос на права Член 37 Xxxxxxx е должна, согласно важечката регулатива, како и согласно деловна / банкарска тајна да ги чува сите податоци, информации, факти и околности кои што ги добила врз основа на обезбедувањето на услугите од овие Општи услови. Банката, податоците кои претставуваат банкарска / деловна тајна е овластена да ги открие единствено само во оние случаи и на оние лица и субјекти како што е предвидено со важечките прописи.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ. Член 135 Постапката од областа на работните односи започнати пред влегување во сила на овој колективен договор, ќе се завршат во согласност со прописите кои биле во сила и се применувале до моментот на влегување во сила на овој колективен договор. Член 136 За следење на примената на овој колективен договор, Министерството и Синдикатот формираат заедничка комисија за следење, примена и толкување на одредбите на овој колективен договор, на паритетна основа. Член 137 Овој колективен договор се склучува за период од две години. Важноста на овој колективен договор може да се продолжи со писмена согласност на потписниците на колективниот договор, најдоцна 30 дена пред истекот на важноста на колективниот договор. По истекот на рокот од ставот 1 на овој член, одредбите на колективниот договор се применуваат до склучувањето на нов колективен договор. Член 138 Во текот на траењето на овој колективен договор, секоја страна потписник, може да предложи изменување и дополнување на колективниот до говор. Предлогот за изменување и дополнување во писмена форма, се доставува до другата страна потписник на овој колективен договор, која е должна да се произнесе во рок од 30 дена од денот на приемот на предлогот од став 1 на овој член. Ако другата страна потписник на овој колективен договор, не се произнесе по предлогот во рокот утврден во став 2 на овој член, страната предлагач, може да започне постапка пред Арбитражниот совет од член 134 на овој колективен договор. Член 139 Со влегување во сила на овој колективен договор, престанува да важи Колективниот договор за уредување, односно доуредување на правата, обврските и одговорностите од работен однос во Министерството за одбрана („Службен весник на Република Македонија“бр.78/2002). Член 140 Овој колективен договор се регистрира во министерството надлежно за работите од областа на трудот. Член 141 Овој колективен договор влегува во сила со денот на склучувањето, а ќе се применува од денот на неговото објавување во „Службен весник на Република Македонија“.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ. Владата ќе именува директор на Советот во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Советот започнува со работа од денот на именувањето на директорот на Советот. Изборот на помирувачите и арбитрите и нивниот упис во Именикот, во согласност со овој закон ќе се изврши во рок од три месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон. Одредбите на овој закон кои се однесуваат на постапката за мирно решавање на работните спорови ќе се применуваат од 1 јануари 2008 година.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ. Член 118 Овој колективен договор е склучен на неопределено време и неговото важење може да престане со спогодба на учесниците кои го потпишале. Член 119 За толкувањето на одредбите на овој колективен договор се формира комисија по потреба, составена од: двајца претставници од Министерството за здравство, двајца претставници од Самостојниот синдикат на клинички центри и други здравствени организации во Република Македонија и еден претставник од работодавецот. Член 120 Измените и дополнувањата на овој колективен договор ќе се вршат на начин и постапка предвидена за негово донесување, а и по итна постапка заради усогласување со важечките законски прописи и измени што тие ќе ги претрпат.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ. Член 35 Овој колективен договор на ниво на работодавец е склучен на неопределено време, а неговото важење може да престане со спогодба на учесниците што го потпишале. Член 36 За решавање на спорни прашања меѓу учесниците во овој колективен договор што не можат да се решат со меѓусебно спогодување се формира комисија за усогласување. За спорни прашања во смисла на став 1 од овој член се смета правен или друг вид спор (ако се повредени интересите на учесниците) кој произлегува од овој колективен договор, како и спорно прашање што ќе настане како последица од неприфаќањето на предлогот за измени и дополнувања на колективниот договор. Член 37 Комисијата за усогласување е составена од пет (5) члена. Секој од учесниците именува по два члена во комисијата за усогласување и еден член од Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Членовите на комисијата спогодбено именуваат од редот на членовите делегирани во комисијата. Член 38 Постапката на усогласување започнува по барање на еден од учесниците. Барањето за спорните прашања се изготвува во писмена форма. Секое усогласување што ќе го постигнат учесниците, мора да биде во писмена форма. Донесените решенија во постапката за усогласување се задолжителни за учесниците во колективното договарање. Член 39 Учесниците можат во секое време да предложат измени и дополнувања на колективниот договор. Предлогот образложен во писмена форма се доставува до другиот учесник, кој е должен да се изјасни по предлогот во рок од 30 дена. Во случај еден од учесниците да не го прифати предлогот за измени или не се изјасни по предлогот во рокот од претходниот став, a no претходно неуспешно усогласување, учесникот - предлагач може да започне постапка пред арбитража. Член 40 Ако постапката за усогласување е неуспешна за спорното прашање или ако настане спор во спроведување на одредбите од колективниот договор, спорот ќе се разреши пред арбитражата. Бројот на арбитрите е непарен, а комисијата е составена од пет (5) члена. Секој од учесниците именува по два арбитри од кои најмалку еден дипломиран правник, а петиот се именува заеднички по договор. Претседателот на арбитражата го именуваат арбитрите спогодбено. Арбитражата одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број членови. Член 41 За толкувањето на одредбите на овој колективен договор се формира комисија по потреба, составена од: - двајца претставници од Министерството за здравство, двајца претставници од Самостојниот синдикат на клинички центри и други здравствени организации во Ре...