Common use of Вовед Clause in Contracts

Вовед. Општите услови за засновање претплатнички однос и за користење на услугите на Македонски Телеком АД Скопје (во понатамошниот текст: Општи услови), ги содржат и ги регулираат општите услови на Стандардниот претплатнички договорот за засновање претплатнички однос за обезбедување пристап кон јавната комуникациска мрежа и користење на јавните електронски комуникациски услуги на Македонски Телеком (во понатамошниот текст: Договорот), вклучувајќи ги правата и обврските на договорните страни. Овие Општи услови се во согласност со Законот за електронските комуникации, Правилникот за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ќе ги објавува Агенцијата за електронски комуникации (во понатамошниот текст: Правилникот), како и со другите релевантни правила и прописи. Македонски Телеком АД Скопје (во понатамошниот текст: Македонски Телеком) може, особено доколку тоа го налагаат пазарните услови или законската регулатива, да ги промени и/или дополни овие Општи услови. Овие Општи услови и нивните измени се достапни на увид на секое продажно место на Македонски Телеком, како и на веб-страницата xxx.xxxxxxx.xx. Како составен дел на овие Општи услови се сметаат електронските записи од евиденцијата на Македонски Телеком за извршено активирање и деактивирање на определени основни и дополнителни комуникациски услуги, како и записите за извршено активирање и деактивирање по пат на јавување на бесплатниот телефонски број 122 на Контакт центарот на Македонски Телеком. Овие Општи услови ќе се применуваат со денот на нивното објавување на веб-страницата xxx.xxxxxxx.xx и ќе се однесуваат на сите претплатници, кои се крајни корисници на јавните електронски комуникациски услуги на Македонски Телеком по тој датум. Врз основа на однапред познати услови и критериуми, претплатник може да склучи и дополнителни комерцијални договори за користење на услугите на Македонски Телеком, со кои можaт да бидат предвидени права и обврски кои се поинакви од наведените во важечките Општи услови.

Appears in 4 contracts

Samples: www.telekom.mk, www.telekom.mk, www.telekom.mk

Вовед. Општите услови за засновање на претплатнички однос и за користење на услугите на Македонски Телеком АД - Скопје (во понатамошниот текст: Општи услови), ги содржат и ги регулираат општите услови на Стандардниот претплатнички договорот Договорот за засновање на претплатнички однос за обезбедување пристап кон јавната комуникациска мрежа и користење на јавните електронски комуникациски услуги на Македонски Телеком АД - Скопје (во понатамошниот текст: Договорот), вклучувајќи ги правата и обврските на договорните Договорните страни. Овие Општи услови се во согласност со Законот за електронските комуникации, комуникации Правилникот за видот и содржината на податоците и информациите за што операторите на јавни комуникациски мрежи и/или давателите на јавни комуникациски услуги се должни да ги објават во врска со општите услови во однос за пристап и користење, цените и тарифите и параметрите за квалитет на пристапот и користењето на јавните јавни комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ќе ги објавува Агенцијата за електронски комуникации (во понатамошниот текст: Правилникот), како и со другите релевантни правила и прописи. Овие Општи услови влегуваат во сила на денот на донесувањето од страна на Главниот извршен директор на Македонски Телеком АД - Скопје. Македонски Телеком АД - Скопје (во понатамошниот текст: Македонски Телеком) може, особено доколку тоа го налагаат пазарните услови или законската регулатива, да ги промени и/или дополни овие Општи услови. Овие Општи услови и нивните измени се достапни на увид на секое продажно место на Македонски ТелекомТелеком АД - Скопје, како и на веб-страницата xxx.xxxxxxx.xx. Како составен дел на овие Општи услови се сметаат електронските записи од евиденцијата на Македонски Телеком АД - Скопје за извршено активирање и деактивирање на определени комуникациски основни и дополнителни комуникациски услуги, како и записите за извршено активирање и деактивирање по пат на јавување на бесплатниот телефонски број 122 171 на Контакт центарот на Македонски ТелекомТелеком АД - Скопје. Овие Општи услови ќе се применуваат со денот на нивното објавување на веб-страницата xxx.xxxxxxx.xx и ќе се однесуваат на сите претплатници, кои се крајни корисници на јавните електронски комуникациски услуги на Македонски Телеком АД - Скопје по тој датум. Врз основа на однапред познати услови и критериуми, претплатник може да склучи и дополнителни комерцијални договори за користење на услугите на Македонски Телеком, со кои можaт да бидат предвидени права и обврски На постојните претплатници кои се поинакви корисници на услугите, овие Општи услови ќе се применуваат во рок од наведените во важечките 30 дена од денот на нивното објавување. Овие Општи условиуслови се применуваат на територијата на Република Македонија.

Appears in 2 contracts

Samples: www.telekom.mk, www.telekom.mk