Вода од водоводни цевки Примери за клаузули

Вода од водоводни цевки. Вода од водоводни цевки ќе се смета директното протекување на вода која истекува од водоводни цевки, вентили или опрема која е поврзана со истите. Исто така се осигурува од опасности кои се случуваат како неизбежна последица од настанатиот осигурен случај. Осигурителната полиса за згради дава покритие и од следните опасности: • опасности од замрзнување на водоводни цевки, спојки и приклучна опрема; • кршење и напукнување на водоводни цевки; • осигурување од опасност на надворешниот дел од зградата, која е предмет на осигурување, од замрзнување и напукнување на цевките за снабдување и испуштање на вода, само доколку истите се користат за снабдување на осигурената зграда и се наоѓаат на осигуреното место, во секој случај само до влезната водоводна шахта во должина до 10 метри од страна на објектот; Осигурителната полиса исто така ги покрива следните трошоци: • трошоци кои произлегуваат од опасности од замрзнување; • трошоци при откривање на штетата односно трошоци кои настануваат при лоцирање на местото на осигурениот случај, вклучувајќи ја и штетата која настанала притоа; • трошоци при отстранување на пречки кај доводните и одводните цевки внатре и надвор од зградата на осигурениот простор, само до влезната водоводна шахта, од страна на објектот.

Related to Вода од водоводни цевки

  • ДОГОВОРЕН ОРГАН I.1) Податоци за договорниот орган

  • Општи одредби (1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на штедачи од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на штедачи од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).

  • Применливи прописи 1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 27/15, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17, како и донесените подзаконски акти.

  • Општи Информации 1.1 Договорен орган:

  • ПОСТАПКА III.1)Вид на постапка: Отворена постапка III.2)Меѓународна објава: Не III.3)Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена III.4)Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка била реализирана со користење на електронски средства? Не III.5)Дали била користена електронска аукција? Да

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е часот. година, во

  • Завршни одредби (1) Во случај кога осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека друштвото за осигурување не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка до:

  • Лична состојба 2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор: - на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација; - кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; - на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; - на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; - кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и - кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.

  • Право на учество 1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.