Детален проект и изградба Примери за клаузули

Детален проект и изградба. Фаза 5: Оперативност. Во текот на Фаза 1 (август ‐ октомври, 2010), Консултантот, со помош на информациите добиени од голем број различни и релевантни извори, детално го анализира историјатот на проектот. Имајќи за цел да добие јасна слика за неговата сложеност, сегашната состојба и потребните понатамошни интервенции, и со цел прво да се подготви методологија која точно ќе го одреди обемот на работите на проектот, а понатаму и негова лесна и сигурна имплементација, Консултантот ги утврди сите релевантни институции во Македонија. Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно планирање, ЈП Македонски железници – Инфраструктура одставувале информации на начин кој е можен во тендерската фаза, главно преку барања за појаснување. Исто така, Консултантот собрал дополнителни информации од локалните експерти за кои, во случај на одобрување, се планира да работат на проектот, како и од локалните експерти кои веќе работеле со Консултантот на претходните проекти во Македонија. Средби одржани до денес со: • Бугарски претставници на Министерството за Транспорт • Компанијата за железничката инфраструктура • Проект за модернизација на железничката линија Радомир‐Ѓуешево • Министерство за животна средина и просторно планирање • Општини долж северо‐источниот регион • Состаноци со јавноста за одредување на обемот на проектот на 4‐5 мај 2011 во Куманово, Кратово, Ранковце и Крива Паланка „Дневник“. Планот за вклучување и проектните летоци ќе бидат на располагање на англиски и македонски на следните веб страни: xxxx://xxx.xxx.xxx.xx , xxxx://xxx.xxxxx.xxx.xx и xxxx://xxx.xx.xxx.xx. Овие линкови ќе бидат ставени на веб страните на општините. За повеќе детали ве молиме повикајте се на поглавје 5.2 Објавување на информации. На почеток на март 2012 се очекува да и биде објавена на јавноста Нацрт студијата за ОВЖСО. Рокот за давање на коментари ќе биде во времетраење од 120 дена, што дава сигурност дека сите засегнати страни ќе имаат можност да ги искажат своите ставови. Во првите 30 дена ќе се организираат јавни расправи. Јавноста ќе биде дополнително информирана за договорените датуми. По завршувањето на рокот за објавување и давање коментари, Xxxxxxxxx за ОВЖСО ќе биде надополнета за да ги прикаже коментарите дадени од засегнатите страни и информациите за тоа како биле земени во предвид коментарите а конечната одлука ќе биде јавно објавена преку истиот медиум. Дополнително, во текот на понатамошната работа коментарите ќе се употребуваат за деталн...

Related to Детален проект и изградба

  • Применливи прописи 1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 27/15, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17, како и донесените подзаконски акти. 1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и прописите кои ја регулираат материјата која е предмет на набавка. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Авансно плаќање 7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.

  • Гаранции и авансно плаќање IV.1.1) Изјава за независна понуда: Да IV.1.2) Гаранција на понудата: Не IV.1.3) Изјава за сериозност: Да IV.1.4) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Не IV.1.5) Авансно плаќање: Не IV.1.6) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 28.01.2019 година, до 11:00 часот. 4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx. 4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.

  • Склучување на договорот за јавна набавка 6.4.1 Договорниот орган ќе го достави Договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување. 6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише Договорот за јавна набавка и истиот да му го врати на Договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање на Договорот. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од Договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган. 6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише Договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на Договорот и да ја објави негативната референца.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1)Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба